кандидати за обука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Feb 2022 11:25:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кандидати за обука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кандидати за обука и полагање за директори во основни и средни училишта со отворено писмо до директорката на ДИЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/#respond Sat, 19 Feb 2022 11:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633491

Кандидатите за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште испратија отворено писмо до директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
„Почитувана директорке, Ви пишуваме од име на група на кандидати кои веќе неколку месеци се имаме пријавено за обука и полагање на испит за директори во основно и средно училиште. Имено, согласно посочениот Закон сме пријавени регуларно и ги имаме уплатено потребните средства за реализација на обука и спроведување на испити. Изненадени сме од самоволието и непочитување на позитивните законски прописи иако согласно член 5 од Законот ги исполнуваме условите за спроведување на основна обука и согласно член 8, став 1, цитираме: „Реализацијата на обуката според Програмата, за пријавени кандидати започнува по формирањето на група од десет кандидати, приајвени за обука согласно член 7 од овој закон.“ (Се мисли на Закон за обука и испит за директори на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански Универзитет за доживотно учење). До овој момент според наши сознанија има формирано повеќе од 5 (пет) групи и сите кандидати ги исполнуваат пропишаните услови и веќе ги имаат уплатено потребните средства. Зачудува фактот, што и покрај се’ вие одлучувате да работите спротивно на позитивните законски прописи и да водите самоволие во институција којашто е од клучно значење за образовниот процес во нашата држава. Нашите сознанија ги потврдува и тоа што на веб страницата на ДИЦ во делот на АРХИВА (https://dic.edu.mk/blog/) за периодот од 2019, 2020 и 2021 година никаде немате поставено информација за реализација на обуки за директори на основните и средни училишта. Дополнително на ова ниту пак индивидуално сме добиле повратна информација на поставени прашања во врска со термини за започнување на обуката. Ви укажеме дека ваквото Ваше самоволие и непочитување на законите е на штета пред се’ на децата, а и на штета на целиот образовен процес. Оттука, Ве повикуваме веднаш да почнете да ги почитувате законите и веднаш да започне процесот на обуки за директори. Во спротивно ќе бидеме принудени да преземеме други мерки, да ги известиме надлежните институции за грубото кршење на законите и да ги известиме претставниците на меѓународната заедница. Со почит, Кандидати за обука и полагање на испит“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidati-za-obuka-i-polaganje-za-direktori-vo-osnovni-i-sredni-uchilishta-so-otvoreno-pismo-do-direktorkata-na-dic/feed/ 0