кандидатски листи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Sep 2021 09:40:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кандидатски листи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истече рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/#respond Sun, 12 Sep 2021 06:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=562536

Ноќеска на полноќ истече крајниот рок до кога политичките партии, коалициите и независните кандидати и листи требаше да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври до Општинските изборни комисии (ОИК). Државната изборна комисија (ДИК) најави дека во текот на денов ќе ја соопшти точната бројка на поднесени кандидатски листи за изборите. Откако Општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури и тоа најдоцна до 18 септември, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори. Предвидено е овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи на кандидати за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво да потпишат Кодекс за фер и демократски избори, во организација на Државната изборна комисија, во соработка со Националниот демократски институт. Со Кодексот за фер и демократски избори, што ДИК го усвои на својата седница одржана во петокот, учесниците во изборниот процес ќе се обврзат да ги почитуваат принципите на демократија и доброто владеење, со цел да се зацврстат фундаменталните вредности на демократијата и довербата во изборниот систем. Со Кодексот за фер и демократски избори учесниците во изборниот процес, исто така, ќе се обврзуваат да ги почитуваат законите кои се релевантни за изборите и да не вршат притисок врз гласачите, да не се користи говор на омраза и да не се врши дискриминација врз основа на пол. Паралелно со ова, во ДИК во тек е обука на инструкторите за употребата на апаратите за земење отпечатоци од прстите што ќе се користат на локалните избори за биометриска идентификација на гласачите. За таа цел во текот на денешниот ден во земјава треба да тристигнат тројца обучувачи од Германија, кои ќе ја спроведат обуката. Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ. Изборите ќе се одржат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/feed/ 0
На изборите на 15 јули ќе настапат 15 коалиции со 1.598 кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-izborite-na-15-juli-kje-nastapat-15-koalicii-so-1-598-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-izborite-na-15-juli-kje-nastapat-15-koalicii-so-1-598-kandidati/#respond Thu, 18 Jun 2020 06:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=359284

Во Државната изборна комисија (ДИК) утре носителите на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 15 јули ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска која произлегува од член 8-в од Изборниот законик. ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче. Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА. СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5. Носители на листите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска, во двојката Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев, во четвртата Изборна единица Александар Николоски, во петата Изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски и во Шестата Дафина Стојановска. СДСМ за овие избори направи коалиција со БЕСА, која на кандидатските листи има 14 членови на партијата. Носител на листата на СДСМ и коалицијата во Првата изборна единица е актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски е во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, во Изборната единица четири носител ќе биде лидерот на СДСМ Зоран Заев, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, а носител во Шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами. Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа на партијата во Шестата изборна единица, Талат Џафери во Петата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во Втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми, и во Првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити. ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици. Носител на листата со кандидати за пратеници во шестата изборна единица е лидерот на партијата Мендух Тачи. Во првата изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко. Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во Шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица. По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-izborite-na-15-juli-kje-nastapat-15-koalicii-so-1-598-kandidati/feed/ 0
ДИК на јавна седница ќе одлучува за поднесените листи на кандидати за пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-na-javna-sednica-kje-odluchuva-za-podnesenite-listi-na-kandidati-za-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-na-javna-sednica-kje-odluchuva-za-podnesenite-listi-na-kandidati-za-pratenici/#respond Thu, 19 Mar 2020 11:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=318889

Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 65-тата седница на која, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија. Комисијата, како што е најавено, на денешната јавна седница ќе спроведе и ждрепка за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче. Од ДИК информираат дека, имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот Ковид 19 и воведената вонредна состојба на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите, а ждрепката ќе се врши на јавна седница. Седницата на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-na-javna-sednica-kje-odluchuva-za-podnesenite-listi-na-kandidati-za-pratenici/feed/ 0
ДИК до утре треба да ги потврди кандидатските листи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-do-utre-treba-da-gi-potvrdi-kandidatskite-listi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-do-utre-treba-da-gi-potvrdi-kandidatskite-listi/#respond Mon, 16 Mar 2020 06:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=317006

Државната изборна комисија денеска, а најдоцна утре треба да ги потврди кандидатските листи на коалициите и политичките партии за учество на изборите на 12 април. Кандидатски листи до ДИК поднесоа 15 коалиции и политички партии, а досега е потврдена само листата на партијата Глас за Македонија за пет изборни единици. Според последните измени на Изборниот законик сега постапката поради проверката на кандидатите трае подолго. Уверенијата за неосудуваност и други податоци се проверуваат преку судовите од страна на ДИК и за доставување до ДИК судовите имаат 24 часа да одговорат електронски, а потоа документите да ги достават до Комисијата по пошта. Има рок и за отстранување на неправилностите на листите. Од ДИК велат дека во некои од листите кои допрва треба да се потврдуваат се забележани одредени неправилности, како на пример не е запазена законската одредба за соодност мажи – жени. По потврдувањето на кандидатските листи од ДИК, со жрепка ќе биде одреден редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март. Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-do-utre-treba-da-gi-potvrdi-kandidatskite-listi/feed/ 0
До ДИК доставени кандидатски листи од 15 коалиции и партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/#respond Fri, 13 Mar 2020 10:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=316050

 До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората. Кандидатски листи за шесте изборни единици и за дијаспората доставиле коалицијата „Никогаш северна, секогаш Македонија“, ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА и партијата Демократи. За шесте изборни единици во земјава кандидатски листи до ДИК доставиле коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија. ДПА доставила кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 3, 5 и 6, а СДУ, ГДУ и Глас за Македонија за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. Твоја партија доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5. Рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април заврши ноќеска на полноќ. По поднесувањето на кандидатските листи, ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени. ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која е воведена со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите. ДИК има пропишано и рокови за отстранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март. Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/feed/ 0
ЗАВРШИ РОКОТ: Партиите ги поднесоа кандидатските листи, ДИК ќе ги соопшти деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-rokot-partiite-gi-podnesoa-kandidatskite-listi-dik-kje-gi-soopshti-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-rokot-partiite-gi-podnesoa-kandidatskite-listi-dik-kje-gi-soopshti-detalite/#respond Fri, 13 Mar 2020 06:22:39 +0000 https://kurir.mk/?p=315847

До Државната изборна комисија  (ДИК) до ноќеска на полноќ кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април поднесоа коалицијата предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, Интегра, СДУ, Работничката партија, ГДУ, Глас за Македонија, партијата Демократи, новата партија Твоја, коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“… Се очекува ДИК денеска да соопшти колку коалиции и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици, како и дали и како ќе се организира гласање во дијаспората. Во однос на гласањето од странство тоа зависи од бројот на прифатени пријави и состојбата со Ковид-19. Најголем дел од коалициите и политичките партии, спорерд најавите од нивните штабови, поднеле кандидатски листи за сите изборни единици, вклучувајќи ја и дијаспората. По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени. ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите. ДИК има пропишано и рокови за остранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Листите што ќе бидат поднесени по рокот ќе бидат отфрлени. Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март. Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ. Коалициите предводени од најголемкте партии убедени во победа, кампањата допрва ќе се менува согласно мерките поради Ковид-19 Дамјан Манчевски од СДСМ и Аријанит Хоџа од Беса синоќа по доставувањето на кандидатските листи истакнаа дека очекуваат оваа најмногубројна и најразнолика коалиција „Можеме“ да победи на претстојните избори. – На оваа листа се 120 имиња одговорни граѓани, кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да направат се за своите граѓани, да се вложат себеси со професионална работа во независен парламент. Ова е најгоелмата коалиција во моментот составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните, иднината за државата, како што се, пред се, членството во НАТО и ЕУ,  економскиот раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и праведна држава и здрава животна средина, истакна Манчевски. Токму тоа се и клучните столбови околу кои се обединиле различни политички партии зад кои, како што истакна Манчевски, застанаа сите етнички заедници во коалицијата „Можеме“ и кои носат уште побрз  напредок на земјата. – Сите политички субјекти  од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа важноста и потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи по вистинскиот пат затоа што сега кога државата е на викстинскиот пат, кога станува член на НАТО и кога следува почеток на преговорите со ЕУ многу е кважно  да продолжиме да чекориме уште посилно по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжи развојот на инфраструктурата, вложувањата во образованието, во социјалата, во здравството. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе  и уште подобро, рече Манчевски Генералниот секретар на Беса Хоџа истакна дека нивната коалиција ќе биде победник на овие избори и дека ќе владее со државата. – Ние очекуваме дека различностите и придобивките што ги нудиме во општеството ќе се сфатат најпозитивно и така победнички ќе владееме, рече Хоџа. По поднесувањето на кандидатските листи генералниот секретар на партијата Игор Јанушев потенцира дека тоа се победнички листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија. – Со ова практично го завршуваме овој дел од предкампањата. Не очекуваат неколку дена што ќе ги поминеме, пред се, во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа, секако, почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската здравствена организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот, рече Јанушев. Во однос на кампњата и мерките за корона вирусот, и Манчевски и Јанушев истакнаа дека за нив, пред се, е најважно здравјето на граѓаните. – Ќе се прилагодиме на условите и на она што во тој момент ќе бидат условите во коишто ќе се води кампањата. Прерано е да се каже уште од сега што ќе се случува тогаш. Ги следиме упатствата, насоките, препораките од страна на Владата и на државните институции, така што каква и да е состојбата ние ќе се прилагодиме на неа. Приоритет е здравјето на граѓаните и каква кампања да се води, пред се, во преден план ќе биде сигурноста, здравјето и безбедноста на граѓаните, а ние ќе најдеме алтернативни начини како нашите пораки да стасаат до нашите сограѓани, рече Манчевски. ВМРО-ДПМНЕ истакна Јанушев бара алтернативни начини како да остане во непосреден контакт со граѓаните, а притоа на прво место е здравјето и животот на граѓаните. – Се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата. Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите до 24 (март), тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа и ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова што се случува во државата, повтори Јанушев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-rokot-partiite-gi-podnesoa-kandidatskite-listi-dik-kje-gi-soopshti-detalite/feed/ 0
Партиите имаат рок до полноќ за доставување на кандидатските листи до ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-imaat-rok-do-polnokj-za-dostavuvanje-na-kandidatskite-listi-do-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-imaat-rok-do-polnokj-za-dostavuvanje-na-kandidatskite-listi-do-dik/#respond Thu, 12 Mar 2020 06:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=315360

Рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени парламентари избори за 12 април завршува вечерва на полноќ. Кампањата за изборите треба да започне на 23 март, но како ќе се одвива изборниот процес во следниот период ќе зависи од одлуките на техничката Влада за спроведување на изборите, имајќи ги предвид околностите и мерките преземени поради сппречувањето на ширењето на корона вирусот во земјата и во светот. Исход за натамошниот тек на изборниот процес се очекува и од денешната средба на премиерот Оливер Спасовски со лидерите на политичките партии. Од овие одлуки, како што велат од ДИК, ќе зависи и нивната натамошна работа. Тие продолжуваат со активностите за организација и реализација на изборите, прилагодувајќи се на укажувањата од Владата и Министерството за здравство. Па така вчера веќе се одложени едукациите на избирачките одбори, а ќе бидат заменети медицинските лица кои се членови во ОИК и ИО. Три партии доставиле кандидатски листи на еден пред завршување на рокот Имајќи го предвид рокот за доставување кандидатски листи до вчера до ДИК свои листи доставиле три политички партии и тоа Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици и Глас за Македонија за пет изборни единици. Државната изборна комисија (ДИК) до вечер на полноќ во своите канцеларии ќе ги прима кандидатските листи кои потоа ќе подлежат на проверка, по што тие треба да се потврдат. Како што веќе објавија, најголемите политички партии и коалиции свои кандидатски листи ќе имаат во сите шест изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ синоќа во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори. Носител листата во Изборната единица еден на оваа коалиција ќе биде професорката Гордана Силјановска, во двојката Владо Мисајловски, во тројката Игор Јанушев, во четвртата Изборна единица Александар Николовски, во петата Изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски и во Шестата Дафина Стојановска. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во своето обраќање при претставуваето на листите кажа дека 95 отсто од кандидатите на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се нови лица. Претходно во понеделникот кандидатите за пратеници ги претстави и СДСМ, која е во коалиција со Беса, а синоќа беше претставена комплетната коалиција „Можеме“. Носител на листата на СДСМ и коалицијата во Првата изборна единица ќе биде актуелниот министер за надворешни работо Никола Димитров, во Втората изборна единица техничкиот премиер Оливер Спасовски во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата, во Изборната единица четири носител ќе биде лидерот на СДСМ Зоран Заев, петката ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, а носител во Шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами. Карактеристично за овие листи е тоа што е запазено правилото половината од кандидатите да бидат жени. ДУИ минатата недела ги соопшти носителите на листите. Претседателот на партијата Али Ахмети ќе биде носител во Шестата изборна единица, претседателот на Парламентот Талат Џафери во Петата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во Втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми, и во Првата изборна единица носител ќе биде партискиот потпретседател, Изет Меџити. Синоќа беше соопштено дека лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе биде носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во Шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица. Најавено е дека комплетните листи со носителите ќе бидат објавени денеска. Тие исто така ќе донесат одлука дали ќе настапат со свои кандидати во ИЕ 4. Демократската партија на Албанците на седница на Централното претседателство одлучи денеска во 18 часот на конвенција да ги соопшти носителите на листите и кандидатите за пратеници за предвремените парламентарни избори на 12 април. ДИК ги проверува кандидатски листи и ги потврдува По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Избворниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите. ДИК има пропишано и рокови за остранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Листите што ќе бидат поднесени по рокот ќе бидат отфрлени. Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Ждрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март. Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-imaat-rok-do-polnokj-za-dostavuvanje-na-kandidatskite-listi-do-dik/feed/ 0
Идната недела ќе се знаат кандидатските листи за претстојните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-kje-se-znaat-kandidatskite-listi-za-pretstojnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-kje-se-znaat-kandidatskite-listi-za-pretstojnite-izbori/#respond Fri, 06 Mar 2020 06:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=312793

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Како што рече во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник. В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера рече дека имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето се уште се во процес на избор за учество на листите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-kje-se-znaat-kandidatskite-listi-za-pretstojnite-izbori/feed/ 0