кандидатура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 20:19:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кандидатура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајк Пенс се повлекува од претседателската кампања за изборите во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-se-povlekuva-od-pretsedatelskata-kampana-za-izborite-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-se-povlekuva-od-pretsedatelskata-kampana-za-izborite-vo-2024-godina/#respond Sat, 28 Oct 2023 19:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=894104

Поранешниот потпретседател на Соединетите aмерикански држави, Мајк Пенс денеска објави дека ќе се повлече од трката за претседател во 2024 година. Тој ја објави информацијата во Лас Вегас, Невада, за време на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција. Теоријата на Пенс за кандидатурата беше едноставна - тој се раздели со тогашниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година и повторно се фокусираше на клучните конзервативни принципи кои ја основаа модерната Републиканска партија со Роналд Реган, неговиот политички модел, пишува CNN. -Дојдов овде да кажам дека ми стана јасно дека ова не е мое време. Затоа, по долго размислување, решив да ја прекинам кампањата за претседател, рече Пенс на сцената на конвенцијата во Лас Вегас. Пенс не успеа да добие поддршка меѓу голем број републикански кандидати, од кои најголем останува поранешниот претседател Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-se-povlekuva-od-pretsedatelskata-kampana-za-izborite-vo-2024-godina/feed/ 0
Ердоган: Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turtsija-do-oktomvri-nema-da-ja-ratifikuva-kandidaturata-na-shvedska-za-chlenstvo-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turtsija-do-oktomvri-nema-da-ja-ratifikuva-kandidaturata-na-shvedska-za-chlenstvo-vo-nato/#respond Wed, 12 Jul 2023 17:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=855982

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот Парламент најмалку до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Говорејќи пред новинарите во Вилнус по Самитот на НАТО, Ердоган рече дека пратениците се на одмор два месеци, по што „има многу (други) предлог закони за дискусија“. Турција изненадувачки оваа недела по повеќемесечно противење се согласи Шведска да се приклучи на воената алијанса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-turtsija-do-oktomvri-nema-da-ja-ratifikuva-kandidaturata-na-shvedska-za-chlenstvo-vo-nato/feed/ 0
Суд во Бразил му забрани на поранешниот претседател Болсонаро да се кандидира за функција до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/#respond Fri, 30 Jun 2023 18:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=851361

Судски совет денеска изгласа дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема право да се кандидира за функција до 2030 година, бидејќи судиите заклучија дека тој ја злоупотребил својата моќ и неосновано го доведе во прашање електронскиот систем на гласање. Одлуката со која на 68-годишниот Болсонаро ќе му биде забрането да се кандидира до 2030 година, значи дека му е лишена шансата за каква било политичка иднина и можноста да се врати на власт. Четворица од седумте судии на највисокиот изборен суд во земјата се согласија дека Болсонаро ги злоупотребил своите овластувања користејќи владини комуникациски канали за да ја промовира сопствената кампања и да фрли сомнеж врз гласањето. Случајот се фокусира на состанокот на 18 јули 2022 година, кога Болсонаро ги искористи владините службеници, државната телевизија и претседателската палата во Бразилија за да им каже на странските амбасадори дека електронскиот систем за гласање во земјата е наместен. Експертот за изборно право Марлон Реис рече дека Болсонаро ја злоупотребил моќта на својата позиција со свикување на состанокот, бидејќи ги користел владините службеници и владините згради за да победи на изборите и ги идентификувал интересите на земјата со оние на неговата кампања. Болсонаро ќе може да поднесе жалба до Врховниот суд. Тој, исто така, се соочува со други правни проблеми, вклучително и кривична истрага. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sud-vo-brazil-mu-zabrani-na-poraneshniot-pretsedatel-bolsonaro-da-se-kandidira-za-funktsija-do-2030-godina/feed/ 0
Мајк Пенс официјално ја објави својата кандидатура за републиканската претседателска номинација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-ofitsijalno-ja-objavi-svojata-kandidatura-za-republikanskata-pretsedatelska-nominatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-ofitsijalno-ja-objavi-svojata-kandidatura-za-republikanskata-pretsedatelska-nominatsija/#respond Wed, 07 Jun 2023 12:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=843224

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година „Секогаш ќе бидам горд на напредокот што го постигнавме заедно за посилна и попросперитетна Америка“, нагласи Пенс во видео пораката, критикувајќи го актуелниот демократски претседател Џо Бајден, но не го именуваше директно Трамп. Многу ретко се случува поранешен потпретседател да се кандидира против претседателот за кој работел. Ова се случило само неколкупати во американската историја. На Пенс му претстои тешка задача бидејќи има поддршка од само 5 отсто од републиканските гласачи, зад Трамп за 44 процентни поени, според анкетата на Ипсос за Ројтерс во мај. Пенс, кој наполни 64 години, ќе се соочи со Трамп и најмалку десет други кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија, што во суштина е битка меѓу двајцата фаворити, Трамп и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис. Пенс им се приклучува на се поголемиот број републикански кандидати, меѓу кои се Трамп, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-ofitsijalno-ja-objavi-svojata-kandidatura-za-republikanskata-pretsedatelska-nominatsija/feed/ 0
Гувернерот на Флорида, Де Сантис се вклучи во републиканска претседателска трка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-de-santis-se-vkluchi-vo-republikanska-pretsedatelska-trka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-de-santis-se-vkluchi-vo-republikanska-pretsedatelska-trka/#respond Thu, 25 May 2023 06:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=838394

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис вчера поднесе документи до Федералната изборна комисија за претседателска кандидатура за изборите во 2024 година. Со тоа Де Сантис ќе биде најголемиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Де Сантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард. Покрај тоа, тој беше во американската морнарица и учествуваше во воената интервенција во Ирак. По активната служба, Де Сантис работеше како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес првпат влезе во 2012 година. Тој првпат стана гувернер на Флорида во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-de-santis-se-vkluchi-vo-republikanska-pretsedatelska-trka/feed/ 0
ДеСантис денеска и официјално ја објавува кандидатурата за американските избори во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desantis-deneska-i-ofitsijalno-ja-objavuva-kandidaturata-za-amerikanskite-izbori-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desantis-deneska-i-ofitsijalno-ja-objavuva-kandidaturata-za-amerikanskite-izbori-vo-2024-godina/#respond Wed, 24 May 2023 07:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=838125

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска за време на разговор со извршниот директор на Твитер, Илон Маск, ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година, потврдија британските медиуми. ДеСантис со ова и официјално ќе стане најголемиот ривал на поранешниот претседател Доналд Трамп за претседателската кандидатура меѓу републиканците. Маск пренесе твит од новинарот на Фокс Њуз,Бил Мелугин, кој напиша дека републиканскиот гувернер ќе ја објави својата кандидатура за време на денешниот разговор. Веднаш потоа се очекува да биде објавено видео снимено за неговата кампања, пренесува Ен-би-си. Фокс њуз објави дека ДеСантис потоа ќе ги достави потребните документи до Федералната изборна комисија. ДеСантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард. Покрај тоа, тој служел во американската морнарица и учествувал во воената интервенција во Ирак. По активната должност, тој работел како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес првпат влезе во 2012 година. Гувернер на Флорида првпат стана во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desantis-deneska-i-ofitsijalno-ja-objavuva-kandidaturata-za-amerikanskite-izbori-vo-2024-godina/feed/ 0
Проректорката за настава на УКИМ Христина Спасевска поднесе кандидатура за ректор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/#respond Tue, 02 May 2023 14:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=829769

Проректорката за настава на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Христина Спасевска поднесе кандидатура за ректор на УКИМ за мандатниот период 2023-2026 година. Проректорката Спасевска неодамна во изјава за медиум истакна дека во оваа ректорска трка влегува со уверување дека во соработка со професорите, асистентите и студентите може да се направат вистински промени на УКИМ како најстара и најреномирана образовна институција во земјава. Мотив за оваа кандидатура, според Спасевска е подигнување на квалитетот на високото образование, зголемување на реномето на УКИМ и создавање услови за добивање поголем број на меѓународни проекти и создавање европско образование дома. Таа поддршка побара и од колегите професори и студенти, со доставување идеи и предлози кои можат да придонесат кон креирање на сеопфатна програма за УКИМ која нуди решенија на актуелните состојби и придобивки за сите. Д-р Христина Спасевска е професорка на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Последните десетина години посветено работи и како координатор или учесник на повеќе од 20 научноистражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7, ЕУРЕКА, Хоризонт 2020, ИПА и КОСТ, како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија, Светска банка, Централноевропската иницијатива и Министерството за образование и наука, а воедно е и коавтор на повеќе од 80 научноистражувачки и стручни трудови. Во 2019 година добитник е на наградата „13 Ноември” на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Постапката за пријавување на кандидати за ректор на УКИМ започна на 3 април па се до денес, по што ќе следи утврдување на листата на пријавени кандидати, а гласање во единиците на УКИМ е закажано за 30 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/feed/ 0
ФИФА прими четири кандидатури за организација на женскиот Мундијал 2027 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-primi-chetiri-kandidaturi-za-organizatsija-na-zhenskiot-mundijal-2027/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-primi-chetiri-kandidaturi-za-organizatsija-na-zhenskiot-mundijal-2027/#respond Tue, 25 Apr 2023 20:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=827548

Четири кандидатури се поднесени за организација на женското Светското фудбалско првенство во 2027 година, објави денеска ФИФА. Заедничка кандидатура поднесоа САД и Мексико, потоа Холандија, Белгија и Германија, а интерес изразија и Бразил, како и Јужна Африка. Домаќинот на женскиот Мундијал 2027 ќе биде избран во мај 2024 година. „Одушевени сме од покажаниот интерес, и не само затоа што доаѓа од земји членки со силна фудбалска традиција кои претставуваат четири конфедерации, со што се потврдува континуираната популарност на женскиот фудбал ширум светот“, изјави генералната секретарка а ФИФА, Фатма Самура. Годинешното Светско првенство за фудбалерки ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд, од 20 јули до 20 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-primi-chetiri-kandidaturi-za-organizatsija-na-zhenskiot-mundijal-2027/feed/ 0
Кање Вест најави дека пак ќе се кандидира за претседател на САД https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-najavi-deka-pak-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-najavi-deka-pak-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/#respond Tue, 22 Nov 2022 09:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=764592

Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Раперот добитник на Греми рече дека работи на својата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос, јави ДПА. – Благодарам, прифаќам, вели Кање Вест (45) во видеото објавено во неделата, прашан дали официјално ја објавува својата кандидатура. Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави. Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде сред контроверзии поради „неколкукратни антисемитски“ коментари. Инстаграм и Твитер минатиот месец привремено го ограничија пристапот до неговите профили, а „Адидас“ ја прекина соработката со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-najavi-deka-pak-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad/feed/ 0
Симпсонови ја предвидоа новата кандидатура на Трамп за претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/simpsonovi-ja-predvidoa-novata-kandidatura-na-tramp-za-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/simpsonovi-ja-predvidoa-novata-kandidatura-na-tramp-za-pretsedatel/#respond Thu, 17 Nov 2022 17:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=762570

Серијата која ја креираше Мет Гроунинг е повеќе од 3 децении на екраните, а за првпат се емитуваше на 17-ти декември 1989 година, што ја прави најдолговечната американска ТВ серија во ударен термин. Една од најпознатите анимирани серии „Симпсонови“ повторно ги потврди своите прескажувачки способности, бидејќи во епизода од 2015 година ја претскажува кандидатурата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за иден претседател на изборите во 2024 година. Трамп соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година. Еден од сценаристите на анимираната серија „Симпсонови“ Ал Џин, објави на твитер фотографија од кадарот од една епизода во 2015 година, во која се наоѓаат Хомер Симпсон и плакат со „Трамп 2024“). „Како што претскажавме во 2015 “, напиша тој под фотографијата. Инаку, 2015 година е годината кога Трамп првпат се канидираше за претседател на САД. Авторите на серијата „Симпсонови“ во минатото во повеќе наврати предвидоа некои глобални случувања, па многумина веруваат во нивната видовитост. Така, на пример, во 2000 година во САД во епизодата „Барт гледа во иднината“, прикажано е дека Трамп, кој во реалноста во 2016 година, го завршува својот фиктивен мандат и ја уништува Америка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/simpsonovi-ja-predvidoa-novata-kandidatura-na-tramp-za-pretsedatel/feed/ 0