кандидатури – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиMon, 04 Jul 2022 13:45:28 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngкандидатури – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Истече рокот за поднесување кандидатури за изборите во БиХ
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-izborite-vo-bih/
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-izborite-vo-bih/#respondMon, 04 Jul 2022 13:45:28 +0000https://kurir.mk/?p=699795Денеска истече рокот за поднесување листи на кандидати кои ќе учествуваат на општите избори во Босна и Херцеговина на 2 октомври, потврди Централната изборна комисија, со најава дека по пропишаните проверки, листите на сите партиски кандидати ќе бидат објавени до 18 август.
На листите има илјадници имиња, бидејќи за учество на изборите се пријавиле дури 90 партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.
За изборите одржани пред четири години се кандидираа повеќе од 7.500 луѓе.
Општи избори во БиХ ќе се одржат за членови на Претседателството на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, претседател и потпретседатели на РС, членови на Националното собрание на РС, како и за членовите на кантоналните собранија во БиХ.]]>Денеска истече рокот за поднесување листи на кандидати кои ќе учествуваат на општите избори во Босна и Херцеговина на 2 октомври, потврди Централната изборна комисија, со најава дека по пропишаните проверки, листите на сите партиски кандидати ќе бидат објавени до 18 август.
На листите има илјадници имиња, бидејќи за учество на изборите се пријавиле дури 90 партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.
За изборите одржани пред четири години се кандидираа повеќе од 7.500 луѓе.
Општи избори во БиХ ќе се одржат за членови на Претседателството на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, претседател и потпретседатели на РС, членови на Националното собрание на РС, како и за членовите на кантоналните собранија во БиХ.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isteche-rokot-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-izborite-vo-bih/feed/0СДСМ прифати три кандидатури, едната е отфрлена
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prifati-tri-kandidaturi-ednata-e-otfrlena/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prifati-tri-kandidaturi-ednata-e-otfrlena/#respondSat, 04 Dec 2021 14:15:02 +0000https://kurir.mk/?p=604069Партиските органи на СДСМ прифатија три од поднесените четири кандидатури за претседател на партијата.
Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање.
До партијата доставени беа четири кандидатури од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.]]>Партиските органи на СДСМ прифатија три од поднесените четири кандидатури за претседател на партијата.
Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање.
До партијата доставени беа четири кандидатури од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-prifati-tri-kandidaturi-ednata-e-otfrlena/feed/0Последен ден за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/#respondSat, 11 Sep 2021 06:07:42 +0000https://kurir.mk/?p=562234Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени.
Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.
Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.
Како што информираше членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии.
Кондарко напомена дека ново е тоа што во текстот на кодексот ќе додадат дека се обврзуваат сите учесници кандидати да се воздржат од користење и на говор на омраза и било каква дискриминација по кој било основ посебно на пол и род.
– Сметаме дека со овој кодекс, ние како ДИК покрај законската обврска повикуваме, апелираме на овој начин покрај дневната политика што е неизбежна во секоја изборна кампања, сепак основните вредности на демократијата, владеење на правото од фер и демократското и коректно однесување на сите учесници во изборниот процес, бидејќи и самите учесници покрај организацијата на изборите од наша страна, изборните органи, даваат свој белег на сликата за изборите со начинот на нивното однесување и типот на водење на нивната капања, додаде тој.
На 9 септември на полноќ заврши увидот во Избирачкиот список за локалните избори. ДИК соопшти дека вкупно 14.921 лица извршиле увид во Избирачкиот список до завршување на рокот.
– Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Комисијата, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.
Политичките партии поради деновите на жалост по пожарот во тетовската Ковид болница каде загинаа 14 лица до утре ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори.
Сепак, некои од нив ги објавија и последните имиња за кандидати за градоначалници пред рокот за поднесување кандидатури до ОИК.
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се одржуваат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.]]>Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени.
Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.
Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.
Како што информираше членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии.
Кондарко напомена дека ново е тоа што во текстот на кодексот ќе додадат дека се обврзуваат сите учесници кандидати да се воздржат од користење и на говор на омраза и било каква дискриминација по кој било основ посебно на пол и род.
– Сметаме дека со овој кодекс, ние како ДИК покрај законската обврска повикуваме, апелираме на овој начин покрај дневната политика што е неизбежна во секоја изборна кампања, сепак основните вредности на демократијата, владеење на правото од фер и демократското и коректно однесување на сите учесници во изборниот процес, бидејќи и самите учесници покрај организацијата на изборите од наша страна, изборните органи, даваат свој белег на сликата за изборите со начинот на нивното однесување и типот на водење на нивната капања, додаде тој.
На 9 септември на полноќ заврши увидот во Избирачкиот список за локалните избори. ДИК соопшти дека вкупно 14.921 лица извршиле увид во Избирачкиот список до завршување на рокот.
– Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Комисијата, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.
Политичките партии поради деновите на жалост по пожарот во тетовската Ковид болница каде загинаа 14 лица до утре ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори.
Сепак, некои од нив ги објавија и последните имиња за кандидати за градоначалници пред рокот за поднесување кандидатури до ОИК.
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се одржуваат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/feed/0Путин го потпиша законот што му овозможува нови две претседателски кандидатури
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-shto-mu-ovozmozuva-novi-dve-pretsedatelski-kandidaturi/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-shto-mu-ovozmozuva-novi-dve-pretsedatelski-kandidaturi/#respondTue, 06 Apr 2021 06:23:02 +0000https://kurir.mk/?p=492874Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот што му дозволува повторно да се кандидира за претседател на Русија. Законот денеска беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесе Тасс.
Бројни одредби од законот се донесени врз основа на амандмани поднесени на Уставот. Еден од новоприфатените амандмани е ограничување на бројот на претседателски мандати за една личност.
Тоа се однесува на актуелниот претседател, без разлика на неговите претходни претседателски мандати, и му овозможува на сегашниот шеф на државата да се кандидира за претседател уште двапати.
Според законот, кандидатот за претседател на Русија може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години и никогаш немал дозвола за државјанство или постојан престој на друга држава.
Ова правило не се однесува на Русите кои претходно имале државјанство на друга држава која била примена во Руската Федерација во согласност со федералното уставно право.]]>Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот што му дозволува повторно да се кандидира за претседател на Русија. Законот денеска беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, пренесе Тасс.
Бројни одредби од законот се донесени врз основа на амандмани поднесени на Уставот. Еден од новоприфатените амандмани е ограничување на бројот на претседателски мандати за една личност.
Тоа се однесува на актуелниот претседател, без разлика на неговите претходни претседателски мандати, и му овозможува на сегашниот шеф на државата да се кандидира за претседател уште двапати.
Според законот, кандидатот за претседател на Русија може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години и никогаш немал дозвола за државјанство или постојан престој на друга држава.
Ова правило не се однесува на Русите кои претходно имале државјанство на друга држава која била примена во Руската Федерација во согласност со федералното уставно право.]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-shto-mu-ovozmozuva-novi-dve-pretsedatelski-kandidaturi/feed/0СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави имињата на кандидатите за претседателските избори
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-vmro-dpmne-kje-gi-objavi-iminjata-na-kandidatite-za-pretsedatelskite-izbori/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-vmro-dpmne-kje-gi-objavi-iminjata-na-kandidatite-za-pretsedatelskite-izbori/#respondTue, 05 Feb 2019 11:45:28 +0000https://kurir.mk/?p=160442Во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи прес конференција за медиуми.
На истата ќе се обрати Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски ќе ги соопшти имињата на лицата кои поднеле кандидатура за да бидат кандидат за претседател на претстојните избори.
Прес-конференцијата можете да ја следите во живот на Фејсбук страната на КУРИР.]]>Во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи прес конференција за медиуми.
На истата ќе се обрати Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мисајловски ќе ги соопшти имињата на лицата кои поднеле кандидатура за да бидат кандидат за претседател на претстојните избори.
Прес-конференцијата можете да ја следите во живот на Фејсбук страната на КУРИР.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledete-vo-zivo-vmro-dpmne-kje-gi-objavi-iminjata-na-kandidatite-za-pretsedatelskite-izbori/feed/0