канистри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 09:09:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канистри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пристигна закани: Ќе поставиме канистри со нервен гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-zakani-ke-postavime-kanistri-so-nerven-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-zakani-ke-postavime-kanistri-so-nerven-gas/#respond Fri, 09 Jun 2023 09:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=843953

Неколку црногорски училишта и градинки утринава добија дојава за подметнати бомби, а како што дознава порталот РТЦГ, заканите повторно дошле преку електронска пошта. Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставата денеска ќе се одржува онлајн, а се откажуваат и екстерните испити по изборни предмети за учениците од деветто одделение. Пријавите пристигнале околу пет часот утринава на адресите на неколку основни училишта во Подгорица. Закани добија и училишта во другите градови. Неколку црногорски училишта, како и Собранието, Вишиот суд и општините вчера добија закани за бомби. Наставата не се одржувала, а зградите биле веднаш евакуирани. Управата на полицијата на Црна Гора вчера извршила увид на објекти за кои биле добиени пријави за поставени експлозивни направи. Извршен е увид на 165 локации и, како што посочуваат, било утврдено дека пријавите се лажни. На е-маил адресите на МВР, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, министерствата и некои медиуми утринава добија закана дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторни направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва и Котор, потврди РТЦГ. Полицијата ги проверува овие пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristigna-zakani-ke-postavime-kanistri-so-nerven-gas/feed/ 0