канонизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Oct 2022 17:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канонизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова провокација: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, Бугарија рече дека тој бил Бугарин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/#respond Sun, 16 Oct 2022 17:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746102

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин. Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија. Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса. Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата. -Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго, вели Павлов. Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/feed/ 0
КАНОНИЗАЦИЈА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ ВО ТЕТОВО: Македонскиот просветител и игумен ќе биде прогласен за светител Кирил Лешочки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-vo-soborniot-hram-vo-tetovo-makedonskiot-prosvetitel-i-igumen-kje-bide-proglasen-za-svetitel-kiril-leshochki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-vo-soborniot-hram-vo-tetovo-makedonskiot-prosvetitel-i-igumen-kje-bide-proglasen-za-svetitel-kiril-leshochki/#respond Sun, 16 Oct 2022 10:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=745980

На света божествена литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“, денеска ќе биде канонизиран македонскиот просветител и игумен лешочки Кирил Пејчиновиќ. Чествувањето ќе почне во 7:30 часот со Воскресна утрена богослужба, во 8:30 е пречекот на Архиепископот г.г Стефан и архијереите на МПЦ – ОА, а потоа од 9:00 часот почнува Светата божествена литургија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светител Кирил Лешочки. Верниците ќе имаат можност да пристапат, за време на литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Од Тетовско-гостиварската епархија апелираат за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки. Првата икона со ликот на преподобен Кирил Лешочки е изработена од зографот Кирил Златанов од Скопје. -Автор на архетипната и официјална икона на преподобниот Кирил Пејчиновиќ е Кирил Златанов од Скопје. Иконата е одобрена од комисијата за канонизација на светители на МПЦ. Иконата нема за цел да биде фотографија туку таа го изобразува Обожениот лик на светителот во Царството небесно. Според архетипната икона, се очекува и друго автори зографи да направат икони на преподобен Кирил Пејчиновиќ, информираат од Тетовко-гостиварската епархија. Канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите започна синоќа со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“. – Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија. Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека денеска од 6 до 12 часот околу тетовската соборна црква ќе има посебен сообраќаен и безбедносен режим. Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа во дебарскиот манастир „Свети Јован Бигорски”. Откако татко му го продал имотот во Теарце, задено со Кирил отишле во Света Гора каде што се замонашиле. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму во кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“. Во 1801 година станал игумен на Марковиот манастир во близина на Скопје. Тој го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Отворил манастирско училиште, а тука ја напишал и својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година. Во Марков манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години, по што се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на верниците и отворил училиште во кое го подучувал локалното население. Кирил Пејчиновиќ се упокоил на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор. Големиот македонски просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир, освен „Огледало“, ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanonizacija-vo-soborniot-hram-vo-tetovo-makedonskiot-prosvetitel-i-igumen-kje-bide-proglasen-za-svetitel-kiril-leshochki/feed/ 0
Една година од канонизацијата на Св.Кипријан Слепченски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-kanonizacijata-na-sv-kiprijan-slepchenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-kanonizacijata-na-sv-kiprijan-slepchenski/#respond Mon, 30 Apr 2018 06:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=47726

Првата годишнина од канонизацијата на Св. Кипријан Слепченски ќе биде одбележана денеска во манастирот „Св.Јован Претеча“ во демирхисарското село Слепче. Моштите на светителот ќе бидат изложени од 07:30 часот и пред нив ќе може да се поклони верниот народ и сите добронамерници кои ќе го посетат манастирот, а во 08:45 часот ќе се одржи литургија. Во дворот на манастирската црква ќе се одржи програма во рамки на која во 11 часот ќе се обрати митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. Ќе се одржи рецитал „Св.Кипријан” и пригодна музичка програма. Светиот свештеномаченик Кипријан бил игумен на Слепченскиот манастир повеќе од триесет години во XVIII век. Тој бил добар познавач на словенското писмо и мудар и верен економ на манастирот. Се упокоил на Велигден во 1780 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-godina-od-kanonizacijata-na-sv-kiprijan-slepchenski/feed/ 0