Кански фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 06:19:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кански фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна Канскиот филмски фестивал: Златна палма за Мајкл Даглас, овации за Џони Деп (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-kanskiot-filmski-festival-zlatna-palma-za-majkl-daglas-ovatsii-za-dhoni-dep-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-kanskiot-filmski-festival-zlatna-palma-za-majkl-daglas-ovatsii-za-dhoni-dep-video/#respond Wed, 17 May 2023 06:19:45 +0000 https://kurir.mk/?p=835050

Во присуство на голем број филмски ѕвезди свечено беше отворен овогодинешниот 76. Кански филмски фестивал, меѓу кои најголемо внимание привлекоа Џони Деп, Хелен Мирен, Мајкл Даглас, Кетрин Зета Џонс, Ума Турман, Кетрин Денев и многу други. Појавувањето на Деп на првиот ден од фестивалот беше главна вест пред премиерата на неговиот филм „Мадам ди Бари“, во кој тој го игра кралот Луј XV. Тој беше пречекан со овации и транспаренти на кои пишуваше „Да живее Џони“. Во центарот на вниманието беше и Мајкл Даглас, кој доби почесна Златна палма за животно дело за време на свеченото отворање. Тој дојде во Кан со сопругата Кетрин Зета-Џонс и нивната ќерка Керис. За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја освои својата втора Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochna-kanskiot-filmski-festival-zlatna-palma-za-majkl-daglas-ovatsii-za-dhoni-dep-video/feed/ 0
Канскиот фестивал е одложен за крајот на јуни https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kanskiot-festival-e-odlozen-za-krajot-na-juni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kanskiot-festival-e-odlozen-za-krajot-na-juni/#respond Thu, 19 Mar 2020 21:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=319233

Канскиот филмски фестивал е одложен и наместо во мај ќе се одржи кон крајот на јуни, соопштија вечерва организаторите. Еден од најголемите филмски фестивали во светот требаше да се одржи од 12 до 23 мај. Организаторите во соопштение велат дека разгледувале неколку датуми за фестивалот, вклучително и крајот на јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kanskiot-festival-e-odlozen-za-krajot-na-juni/feed/ 0
Македонската кинематографија на 71. Кански филмски фестивал https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskata-kinematografija-na-71-kanski-filmski-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskata-kinematografija-na-71-kanski-filmski-festival/#respond Tue, 08 May 2018 13:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=51600

Со еден филм во официјалната натпреварувачка програма, со четири најнови остварувања што ќе бидат прикажани на филмскиот маркет и со неколку значајни промотивни активности, македонската кинематографија ќе биде дел од 71. Кански филмски фестивал, чиј почеток ќе биде означен вечер. По деветти пат Македонија ќе учествува на филмскиот маркет во Кан со свој промотивен штанд во рамки на Павилјонот на земјите од Југоисточна Европа - SEE Pavilion no. 135, заедно со уште седум земји од регионот, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Кипар. Агенцијата за филм информира дека во официјална фестивалска конкуренција ќе биде прикажан филмот „Дивата круша“ во режија на Нури Билге Џејлан, копродукција меѓу Турција, Македонија, Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска. Фестивалската проекција е закажана за 18 мај во 18 часот во салата „Grand Thatre Lumiere“, а проекциите кои се организирани за новинарите ќе се одржат во салата „Debussy“ во 18:30 и во салата „Bazin“ со почеток во 18:45 часот. На филмскиот маркет ќе бидат прикажани два најнови филма: „Хепинес ефект“ во режија на Борјан Зафировски со проекција на 14 мај со почеток во 9:30 часот во „PALAIS B“ и „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, со проекција на 14 мај со почеток во 12 часот во „PALAIS C“. Освен долгометражните, на маркетот за краткометражни филмови „SHORT FILM CORNER“ ќе учествуваат краткомeтражните филмови „Една“ во режија на Вук Митевски и „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски. Во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која ќе се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови. За унапредување и подобрување на активностите за промоција на Македонија како дестинација за снимање, Агенцијата за филм подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно биле изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. Оваа страница е отворена непосредно пред почетокот на фестивалот. За време на фестивалот е предвидено Агенцијата за филм на Македонија да потпише и договор за меѓусебна соработка на полето на остварување копродукција со Косовскиот филмски центар. Врз основа на претходни договори со Бугарскиот филмски центар исто така подготвен е текст за потпишување договор за меѓусебна соработка на полето на остварување копродукција. Договорот од страна на двете институции, како што се наведува, ќе биде конечно дефиниран, а АФРМ во изминатиов период преку Министерството за надворешни работи почна постапка за верификација]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskata-kinematografija-na-71-kanski-filmski-festival/feed/ 0
Падна забрана: Кој ќе прави селфи на Канскиот фестивал нема да влезе на проекциите https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/padna-zabrana-koj-kje-pravi-selfi-na-kanskiot-festival-nema-da-vleze-na-proekciite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/padna-zabrana-koj-kje-pravi-selfi-na-kanskiot-festival-nema-da-vleze-na-proekciite/#respond Wed, 04 Apr 2018 18:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=36515

На филмскиот фестивал во Кан годинава нема да има новинарски проекции пред свечените премиери, а ќе биде забрането и правење селфи на црвениот тепих, изјави уметничкиот директор на Канскиот фестивал, Тјери Фремо. Тој додаде дека на сите кои нема да ја почитуваат таа забрана, нема да им се дозволи влез на проекцијата на филмот. - Тоа не е убаво. Гротескно е. Сакаме да го вратиме достоинството, рече Фремо. Исто така, истакна дека филмовите кои се во продукција на „Нетфликс“ годинава имаат забрана за учество. Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи од 8 до 19 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/padna-zabrana-koj-kje-pravi-selfi-na-kanskiot-festival-nema-da-vleze-na-proekciite/feed/ 0
Кејт Бланшет претседател на жирито на Канскиот фестивал https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kejt-blanshet-pretsedatel-na-zirito-na-kanskiot-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kejt-blanshet-pretsedatel-na-zirito-na-kanskiot-festival/#respond Thu, 04 Jan 2018 10:38:17 +0000 http://kurir.mk/?p=6352

Австралиската актерка Кејт Бланшет, добитничка на два Оскара, ќе претседава со жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што се одржува од 8 до 19 мај, соопштија организаторите. Блашнет е една од предводничките на борбата против сексуалното вознемирување. Таа заедно со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираа Фондацијата „Готово е“ (Time'Up) за помош на жртвите од сексуално злоставување. Австралиската актерка е 12. жена која ќе претседава со жирито на Канскиот фестивал, четири години по новозеландската режисерка Џејм Кемпион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kejt-blanshet-pretsedatel-na-zirito-na-kanskiot-festival/feed/ 0