капела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Sep 2022 13:58:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png капела – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Капелата Свети Џорџ во Виндзор: Последното почивалиште на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=734883

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ заедно со нејзиниот сопруг принцот Филип, во нејзиниот сакан замок Виндзор. Историската капела е последното почивалиште за многу од најголемите англиски монарси. Историја на капелата Објектот го започнал кралот Едвард Четврти во 1475 година – биле потребни 50 години да се заврши и капелата конечно ја завршил кралот Хенри Осми, кој имал длабока наклонетост кон Виндзор. Тоа е дом на Редот на Жартиерата и витезите и дамите на жартиерата имаат свои седишта во капелата, означени со натписи, закачени на таванот. Знамето Кралски стандард виси над седиштето на кралицата од почетокот на нејзиното владеење. Тоа е истото седиште на кое Хенри Осми се поклонувал пред 500 години. Мечот на Едвард Трети се чува во капелата Свети Џорџ – тој живеел во замокот Виндзор во четиринаесеттиот век и токму овој крал на Англија го прогласил Свети Џорџ за заштитник на кралското семејство. Неговиот меч бил меѓу предметите спасени од капелата за време на окупацијата на парламентаристите, познати како Тркалезни глави во Англиската граѓанска војна во 1600-тите, кога капелата била многу оштетена. Висок 11 метри и широк речиси девет метри, Западниот прозорец е еден од најголемите во Англија. Стар е повеќе од 500 години, но повторно бил изграден во 1842 година. Хенри Осми го изградил прозорецот над презвитериумот за да може неговата прва сопруга, Катерина од Арагон, да се моли во капелата. Каде ќе биде погребана кралицата Внатре во капелата, на северната страна, се наоѓа Спомен капелата Џорџ Шести. Тука е погребан таткото на кралицата, заедно со нејзината мајка и нејзината сестра Маргарет, која беше кремирана затоа што инаку немаше да има место. Ковчегот на принцот Филип, кој моментално се наоѓа во Кралскиот свод, ќе биде преместен во меморијалната капела за да може двојката да почива заедно. Погребна церемонија Откако ковчегот на кралицата ќе пристигне во Виндзор, погребната кола во поворка ќе пристигне до капелата Свети Џорџ преку Долгата прошетка. Потоа ќе се богослужба во капелата Свети Џорџ која ќе биде пренесувана на телевизија. Подоцна во вечерните часови ќе има приватна погребна служба со членови на кралското семејство. Во текот на богослужбата ќе се одржуваат различни церемонијални традиции кои го симболизираат крајот на владеењето на кралицата, додека таа за последен пат се разделува од својата круна. Кој друг е погребан во капелата? Кралот Хенри Осми е погребан под презвитериумот, со неговата сопруга Џејн Сејмур. Тој имал планови за многу поголема гробница, но умрел пред да биде изградена. Тука е погребан и Чарлс Први – неговиот погреб беше таен по неговото обезглавување. Во оваа гробница се наоѓа и телото на детето на кралицата Ана. Во кралскиот свод се гробниците на Џорџ Трети, како и на таткото на кралицата Викторија, принцот Едвард. Тука се погребани и Џорџ Четврти и Вилијам Четврти, и последниот крал на Хановер, Џорџ Петти. Бабата и дедото на кралицата, кралот Џорџ Петти и кралицата Мери, се погребани во близина на Западната врата. Хенри Шести, единствениот англиски монарх кој исто така бил крунисан за крал на Франција, умрел додека бил затворен во Лондонската кула во 1471 година и бил погребан во опатијата Чертси пред подоцна да биде преместен во капелата. Кралот Едвард Четврти, кој ја почнал изградбата на капелата, бил погребан таму во 1483 година по бурните години на Војната на розите. Во близина на олтарот е ковчегот на Едвард Седми, како и ковчезите на две неидентификувани мали деца, за кои се шпекулира дека се на Принцовите во кулата. Главни настани во капелата во последните години Во капелата се случија голем број историски настани, а последниот беше погребот на принцот Филип минатата година. За време на богослужбата, кралицата мораше да седи сама додека се збогуваше со својот сопруг поради ограничувањата за коронавирусот. Во една посреќна прилика во 2018 година, во капелата се венчаа принцот Хари и Меган Маркл. Таму се венчаа и принцезата Евгенија и Џек Бруксбанк, со големо внимание посветено на фустанот на невестата кој имаше низок грб за да се покаже лузната од операцијата што таа ја имаше на возраст од 12 за корекција на сколиозата. Меѓу другите свадби што се одржале таму е и онаа на Питер Филипс (син на принцезата Ана) и Отом Кели, како и на принцот Едвард и Софи Рис-Џонс, сега Ерл и грофица од Весекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kapelata-sveti-dzordz-vo-vindzor-poslednoto-pochivalishte-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Пожар во близина на капелата на АД „Бутел“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-blizina-na-kapelata-na-ad-butel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-blizina-na-kapelata-na-ad-butel/#respond Fri, 11 Mar 2022 17:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=645651

На 11.03.2022 во 01:29 часот во Полициска станица Чаир е пријавено дека во близина на капелата на АД „Бутел“ било опожарено патничко моторно возило „голф 4“ со скопски регистарски ознаки. Восилото било сопственост на А.Р.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-blizina-na-kapelata-na-ad-butel/feed/ 0
Ед Ширан со бизарна желба од која се згрозија соседите – еве каде сака да биде закопан откако ќе умре еден ден https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/#respond Tue, 22 Feb 2022 12:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=634789

Британскиот музичар Ед Ширан последниве денови војува со соседите поради бизарна причина – односно поради капела и гробница. Имено, Ед Ширан планира на својот имот да изгради приватна капела во која ќе има и негова гробница, но ова за неговите соседи е неприфатливо. За капелата му е одобрена дозвола за градба уште во 2019 година која не ги вознемирува соседите колку што ги вознемирува идејата во близина да изгради гробница. Како што пишува „Њујорк Пост“, Ширан би требало да добие зелено светло за изградба на гробница без оглед на тоа дали се противат неговите соседи. – Ова подрачје има многу прекрасни цркви и мислам дека нема потреба познатиот пејач да изгради уште една. Самиот факт што Ед сака гробно место подалеку од останатата популација, покажува дека нешто не е во ред во овој модерен свет. Дали познатите се толку навистина отргнати од реалноста, навистина не знам – бил коментарот на Ана Вудс, една од соседките на на Ширан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/feed/ 0
Во тетовската капела наместо покојници се чуваат батаци и сувомеснати производи – еден од ретките градови во земјава кои немаат капела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-kapela-namesto-pokojnici-se-chuvaat-bataci-i-suvomesnati-proizvodi-eden-od-retkite-gradovi-vo-zemjava-koi-nemaat-kapela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-kapela-namesto-pokojnici-se-chuvaat-bataci-i-suvomesnati-proizvodi-eden-od-retkite-gradovi-vo-zemjava-koi-nemaat-kapela/#respond Mon, 06 Sep 2021 20:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=560333

Градската капела во Тетово, која беше изградена пред две години, се уште не е пуштена во функција. Се работи на остранување на техничките пропусти направени при изградбата на капелата и поставувањето на комората. Градската капела која општинските власти ја ветуваа повеќе од една деценија конечно се изгради пред две години, но таа се уште не е во функција. Причина за тоа е што наместо соодветна комора, изведувачот на работите поставил комора каде, како што велат вработените од православните гробишта, е наменета за чување на батаци и сувомеснати производи, односно комора со многу мала димензија. Поради ваквиот пропуст капелата не беше пуштена во употреба, а сега како што најавија од ЈКП Тетово веќе се работи на остранување на пропуститие, објавува ММС. Капелата е лоцирана веднаш до влезот на старите градски гробишта во Тетово. Освен комора има и неколку простории, канцеларии и една голема просторија за пречек на поширокото семејство на покојникот и давање сочуство. Тетово е меѓу ретките градови во државата што нема капела што ги усложнува и онака големите маки на православните граѓаните за погребување на покојниците, пред се поради недостиг на гробни места на старите гробишта и неуредените нови православни гробишта кај тетовско Фалише.За подобрување на состојбата од ЈКП Тетово најавуваат формирање на ново јавно претпријатие Православни гробишта кое е веќе поминато на совет, а наскоро ќе започне да работи на терен со сопствен буџет и околу 25 вработени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-kapela-namesto-pokojnici-se-chuvaat-bataci-i-suvomesnati-proizvodi-eden-od-retkite-gradovi-vo-zemjava-koi-nemaat-kapela/feed/ 0
МОРБИДНИ ФОТОГРАФИИ: Во Барселона наместо автомобили катните гаражи се претворија во капели со илјадници ковчези https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-fotografii-vo-barselona-namesto-avtomobili-katnite-garazi-se-pretvorija-vo-kapeli-so-iljadnici-kovchezi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-fotografii-vo-barselona-namesto-avtomobili-katnite-garazi-se-pretvorija-vo-kapeli-so-iljadnici-kovchezi/#respond Fri, 03 Apr 2020 10:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=326652

Корона вирусот секојдневно во Шпанија зема по стотици животи. Црниот биланс вчера изнесуваше 950 луѓе со што бројот се искачи на 10 илјади починати во оваа земја. Погребните фирми веќе со недели не можат да постигнат да ги погребат мртвите тела на луѓето кои се жртви на овој смртоносен вирус. Поради овие проблеми властите во Барселона биле принудени една јавна гаража да ја претворат во привремена капела. Објектот се простира на 5 илјади квадратни метри и истиот служи за складирање на ковчезите со телата на починатите. Во моментов во гаражата има 1.800 ковчега и ова е најголемата капела во Шпанија и Европа. -Во гаражата во моментов имаме дури 2.000 ковчега, а планот е да се прошири капацитетот и овде и во другите објекти ширум државата, велат властите во Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morbidni-fotografii-vo-barselona-namesto-avtomobili-katnite-garazi-se-pretvorija-vo-kapeli-so-iljadnici-kovchezi/feed/ 0