капитол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 08:07:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png капитол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ненси Пелоси иселена од нејзината канцеларија во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/#respond Wed, 04 Oct 2023 08:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884944

Вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри и нареди на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (83) најдоцна до денеска да ја напушти својата канцеларија во Капитол. Мекхенри е близок соработник на сега веќе поранешниот претседател на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, кој беше соборен од функцијата, а неговата наредба за иселување беше една од првите дејствија што ги презеде откако ја презеде функцијата вршител на должноста претседател, пишува Политико. Пелоси беше известена за иселувањето преку е-пошта, наведувајќи дека нејзината канцеларија ќе биде заклучена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/feed/ 0
Доминик Пецола доби 10 години затвор за упадот во Капитол на 6-ти јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-petsola-dobi-10-godini-zatvor-za-upadot-vo-kapitol-na-6-ti-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-petsola-dobi-10-godini-zatvor-za-upadot-vo-kapitol-na-6-ti-januari/#respond Fri, 01 Sep 2023 19:29:00 +0000 https://kurir.mk/?p=873542

Доминик Пецола, член на екстремната десничарска група „Горди момчиња“, и препознатливо лице од толпата што учествуваше во нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, денеска беше осуден на десет години затвор. Ова е втора доделена долгогодишна казна затвор по 17 годишната робија за лидерот на „Горди момчиња“ (Proud Boys) Џозеф Бигс (38) кој го водеше упадот а беше осуден вчера. Пецола (46), поранешен маринец, е осуден за бројни злосторства поврзани со неговото учество во упадот како спречување официјална процедура и уништување владин имот. Но тој не е осуден за заговор за повик на бунт„ како например лидерите Енрике Тарио и Бигс. Во обвинителниот акт тој е опишан како „амбициозен пешаден војник “ и еден од „најнасилните членови на 6 јануари 2021 година“. Според доказите презентирани на судењето за време на нападот Пецола нападнал полицаец, украл штит од специјалците, и го искористил штитот да скрши прозор.на Капитолот и да влезе во зградата. Оттаму на социјалните мрежи испратил слика со пцовки и повик „знаев дека... ќе ја заземеме ако се потрудиме посилно“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dominik-petsola-dobi-10-godini-zatvor-za-upadot-vo-kapitol-na-6-ti-januari/feed/ 0
Мајк Пенс мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-mora-da-svedochi-vo-istragata-za-napadite-na-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-mora-da-svedochi-vo-istragata-za-napadite-na-kapitol/#respond Wed, 29 Mar 2023 06:13:01 +0000 https://kurir.mk/?p=817545

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија локалните медиуми. Во одлуката, судијата исто така вели и дека Пенс може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни извори, додавајќи дека Пенс сепак може да поднесе жалба на пресудата. И Ен-Би-Си јави за одлуката на судијата, повикувајќи се на извори запознаени со пресудата, кои рекле дека таа го принудува поранешниот потпретседател на Трамп да се појави пред федералната голема порота, но оти тој е заштитен од сведочење за 6 јануари 2021 година. „Њујорк Тајмс“ исто така објави дека според пресудата Пенс мора да се појави на суд. Претставниците на специјалниот обвинител Џек Смит, кој ја води истрагата на Министерството за правда за наводните напори на Трамп и неговите сојузници да го поништат изборниот пораз од 2020 година, не беа веднаш достапни за коментар. Не коментирале ниту претставници на Пенс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-mora-da-svedochi-vo-istragata-za-napadite-na-kapitol/feed/ 0
САД: Комисијата што го истражува нападот на Капитол го обвини Трамп за заговор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-komisijata-shto-go-istrazuva-napadot-na-kapitol-go-obvini-tramp-za-zagovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-komisijata-shto-go-istrazuva-napadot-na-kapitol-go-obvini-tramp-za-zagovor/#respond Fri, 23 Dec 2022 06:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=779426

Комисијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, која го истражува нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, го објави својот конечен извештај во кој го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп за „заговор“. Комисијата во извештајот наведува дека тоа е направено со цел да се осуети волјата на народот и да се поткопа демократскиот поредок и препорачува на поранешниот претседател да му се забрани повторно да ја извршува функцијата претседател. Меѓу 11-те препораки што ги предложи комисијата како резултат на истрагата, има и предлог да му се забрани вршење јавна функција, што би го оддалечило Трамп од потенцијална претседателска кандидатура на следните избори, пренесува Си-Ен-Ен. Во извештајот, комисијата цитира дел од Уставот на САД во кој се вели дека поединецот кој се заколнал дека ќе го почитува Уставот, но „учествувал во бунт“ или обезбедил „помош за непријателите на Уставот“ може да биде дисквалификуван од извршување јавна функција. Комисијата, која ќе биде распуштена на 3 јануари, кога републиканците ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом, спроведе повеќе од 1.000 интервјуа, одржа 10 јавни расправи и собра повеќе од милион документи откако беше формиран минатиот јули. Во извештајот се оценува дека Трамп сакал да ги поништи изборните резултати и победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година, а комисијата заклучува дека Трамп е виновен за насилниот бунт на неговите поддржувачи. Според извештајот, Трамп знаел дека изгубил, но сепак извршил притисок врз државните претставници и американскиот потпретседател Мајк Пенс да ги поништат изборите. Како што се посочува, тој бил директно одговорен за свикување на протестот кој подоцна стана насилен, а се забележува и дека одбил да ги осуди протестите или да побара од демонстрантите да го напуштат Капитол. – Еден човек е главната причина за немирите што избувнаа на 6 јануари. Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го следеа многумина, се наведува во резимето на извештајот и се додава дека немирите немаше да се случат без Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-komisijata-shto-go-istrazuva-napadot-na-kapitol-go-obvini-tramp-za-zagovor/feed/ 0
По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/#respond Mon, 19 Dec 2022 07:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=777397

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети. Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја. На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот. Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава. Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година. Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/feed/ 0
Самоубиство пред американскиот Капитол: Маж истрча од запален автомобил, па се самоуби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samoubistvo-pred-amerikanskiot-kapitol-maz-istrcha-od-zapalen-avtomobil-pa-se-samoubi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samoubistvo-pred-amerikanskiot-kapitol-maz-istrcha-od-zapalen-avtomobil-pa-se-samoubi/#respond Sun, 14 Aug 2022 14:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=718378

Еден човек се застрелал пред американскиот Капитол во неделата рано наутро, откако удрил со својот автомобил во барикада. Имено, по ударот неговото возило се запалило, а тој побегнал од автомобилот. Потоа отворил оган, пукајќи во воздух, а потоа и кон себе, пренесува Huffpost. Наводно, полицајците му приоѓале на човекот кога тој се застрелал. Никој друг не е повреден, соопштија властите. - Во овој момент не се чини дека човекот целел на членови на Конгресот, кои инаку биле на пауза, а најверојатно никој од полицајците не пукал, соопшти Капитолската полиција. Властите соопштија дека го истражуваат мотивот зад чинот, а смртта ја истражува ДЦ Метрополитен полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/samoubistvo-pred-amerikanskiot-kapitol-maz-istrcha-od-zapalen-avtomobil-pa-se-samoubi/feed/ 0
Напаѓачот од Капитол осуден на 41 месец затвор, најголемата казна досега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-kapitol-osuden-na-41-mesec-zatvor-najgolemata-kazna-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-kapitol-osuden-na-41-mesec-zatvor-najgolemata-kazna-dosega/#respond Thu, 11 Nov 2021 06:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=593933

Скот Ферламб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американскиот Капитол на почетокот на оваа година, во средата доби затворска казна од 41 месец. Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за најстрогата казна изречена во речиси 700 кривични случаи покренати откако приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа Капитол на 6 јануари оваа година, не прифаќајќи го неговиот изборен пораз. Американскиот окружен судија Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на сопственикот на теретана во Њу Џерси, Скот Ферламб, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната. Ферламб е снимен како вика по полицајците пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница по лицето. Тој ја призна вината во август. Судијата истакна дека оваа казна ќе биде репер за повеќе од 120 лица обвинети за напад на полицијата за време на нападот на Капитол од страна на илјадници поддржувачи на Трамп. Еден полицаец од Капитол, нападнат од демонстранти, почина ден по немирите, а четворица полицајци вклучени во одбраната на Капитол подоцна си го одзедоа животот. Повредени беа околу 140 полицајци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napagjachot-od-kapitol-osuden-na-41-mesec-zatvor-najgolemata-kazna-dosega/feed/ 0
ФБИ не реагирало на дојавите за упад во Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-ne-reagiralo-na-dojavite-za-upad-vo-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-ne-reagiralo-na-dojavite-za-upad-vo-kapitol/#respond Mon, 01 Nov 2021 15:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=589330

Федералното биро за истраги (ФБИ) и другите клучни американски агенции за спроведување на законот не реагирале на многуте совети и други информации пред 6 јануари, кои сигнализирале дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во американски Капитол, пишува во документите што денеска ги објави Вашингтон пост. Според „документите на внатрешното биро“, вели весникот од Вашингтон, меѓу информациите што властите ги добиле неколку недели пред пратениците да се состанат за да ги потврдат резултатите од претседателските избори бил и извештајот испратен до ФБИ на 20 декември дека поддржувачи на Доналд Трамп разговараат онлајн како да се донесе оружје во Вашингтон за да ја „прегазат“ полицијата и да уапсат членови на Конгресот. Дојавата содржела детали што покажуваат дека оние што го планирале насилството верувале дека имаат наредба од претседателот, користеле шифрирани зборови кога зборувале за оружје и го објавиле времето и локациите на четири места низ земјата за состаноци еден ден пред заедничката седница. На еден сајт како цел бил особено споменуван Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, според Пост. Ромни подоцна беше еден од седумте републиканци во Сенатот што гласаа за осуда на Трамп по едно обвинение за поттикнување на бунтот, што беше изнесено од Претставничкиот дом за време на второто отповикување на поранешниот претседател. Претставникот на ФБИ што ја оценувал дојавата истакна дека неговата единица добила „значителен број“ предупредувања за закани кон Конгресот и други владини претставници. ФБИ ја препратило информацијата до агенциите за спроведување на законот во Вашингтон, но не продолжило да се занимава со случајот. „За поединецот или групата идентификувани за време на процената не е неопходна дополнителна истрага од ФБИ во овој момент“, се вели во интерниот извештај што го пренесува Пост. Тој детаљ е меѓу десетиците вклучени во извештајот, за кој весникот вели дека се засновува на интервјуа со повеќе од 230 луѓе и илјадници страници судски документи и внатрешни извештаи на органите за спроведување на законот, заедно со стотици видеа, фотографии и аудиоснимки. Специјален конгресен комитет ги истражува настаните што прераснаа во насилство по митингот што Трамп го одржа во близина на Белата куќа во знак на протест против резултатите од претседателските избори, кои ги загуби од демократот Џозеф Бајден. Четири лица загинаа на 6 јануари, повеќе од 100 полицајци беа повредени, а еден почина следниот ден. Од тој настан, четворица полицајци си го одзедоа животот. Повеќе од 600 лица се обвинети за вмешаност во насилството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-ne-reagiralo-na-dojavite-za-upad-vo-kapitol/feed/ 0
Видеата покажаа: Починатиот полицаец од упадот во Капитолот бил испрскан со спреј против мечки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/videata-pokazaa-pochinatiot-policaec-od-upadot-vo-kapitolot-bil-isprskan-so-sprej-protiv-mechki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/videata-pokazaa-pochinatiot-policaec-od-upadot-vo-kapitolot-bil-isprskan-so-sprej-protiv-mechki/#respond Wed, 24 Mar 2021 17:02:18 +0000 https://kurir.mk/?p=487235

Федералните обвинители не ја исклучуваат можноста да предјават обвинение за убиство на полицаец на двајца демонстранти кои учествувале во насилниот упад на Капитолот на САД на 6 јануари, јави весникот Њујорк тајмс. Брајан Сикник е полицаецот кој загина како резултат на акциите на двајца осомничени, Џулијан Катер и Џорџ Тaниус. Двајцата моментално се во притвор. Во извештај објавен денеска, весникот детално ги објаснува постапките на двајцата, тие работеле координирано и се позиционирал да не бидат забележани во намерата за напад на полицијата со хемиски агенс, спреј наменет за одбивање на живoтни. Во видеата се гледа како Катер и Таниус, облечени во нараквици и шапки, се во групата демонстранти која се обидува да ја урне барикадата пред западните скалила на Капитолот. Во еден момент во толпата се гледа раката на Катер кога кој прска со спреј во правец на полицаецит Сикник, кој се наоѓа од другата страна на оградата. Сикник ја наведнува главата, ги крева рацете, а потоа од друг агол е фатен на повеќе фотографии како се повлекува од оградата и се обидува да го измие лицето со вода. Здравјето на полицаецот се влошува нагло истатата вечер, по што следниот ден тој почина како последица на нападот со хемиски агенс. Од разговорот снимен со камера од друг демонстрант во толпата весникот утврдува дека двајцата демонстранти работеле координирано, во еден момент Катер му вели на Таниус „дај ми го тоа с…. за мечки“ и потоа вади од ранецот на Таниус боца со спреј. Овој му одговара „почекај, почекај, уште е рано“. Од исечок од снимката се гледа дека боцата што ја држи Катер е слична на спреј за одбивање на напад од мечки, што се продава во продавници за ловечка опрема. Според составот, спрејот за одбрана од напад на животни има многу посилно дејство од спрејовите направени на база на лути пиперки што се употребуваат на луѓе за самоодбрана, соопштува весникот. Истрагата за убството на полицаецот Сикник се уште е во тек и вклучува напад на службено лице со смртоносно оружје. Обвинителите не исклучуваат можност да предјават обвинение за убиство на полицаец на двајцата инволвирани демонстранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/videata-pokazaa-pochinatiot-policaec-od-upadot-vo-kapitolot-bil-isprskan-so-sprej-protiv-mechki/feed/ 0
ФБИ објави видео: Ова е лицето кое ги поставило бомбите ноќта пред нападот на Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-video-ova-e-liceto-koe-gi-postavilo-bombite-nokjta-pred-napadot-na-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-video-ova-e-liceto-koe-gi-postavilo-bombite-nokjta-pred-napadot-na-kapitol/#respond Wed, 10 Mar 2021 08:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=479927

ФБИ oбјави нови снимки на кои се гледа како едно лице поставува импровизирани експлозивни направи пред седиштата на Републиканскиот и Демократскиот национален комитет ноќта пред нападот врз Капитол. „Маскиран човек со качулка на 5 јануари постави две бомби во близина на седиштата на Демократската и Републиканската партија“, наведува ФБИ. На видеото се гледа како тој застанува во еден момент за да ги избрише очилата. ФБИ бара помош од граѓаните и нуди 100.000 американски долари за повеќе информации за сторителот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-objavi-video-ova-e-liceto-koe-gi-postavilo-bombite-nokjta-pred-napadot-na-kapitol/feed/ 0