карактеристика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Feb 2019 08:27:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карактеристика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оваа карактеристика ви гарантира успех во животот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-karakteristika-vi-garantira-uspeh-vo-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-karakteristika-vi-garantira-uspeh-vo-zivotot/#respond Mon, 11 Feb 2019 08:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=162506

Постојат многу доблести и карактеристики кои влијаат на нашиот успех, но експертите велат дека една од нив е клучна. Дали некој некогаш ве опишал како совесна личност и ви рекол дека сте совесен и одговорен работник? Ако одговорот на ова прашање е ДА, тогаш за вас имаме добри вести. Токму совесноста е карактеристика која гарантира долгорочен успех во сите животни полиња. Успешните и стабилни луѓе ги красат многу позитивни карактеристики, но најважната е совесноста и одговорноста. Совесните луѓе се внимателни кога прават нешто, тие се грижливи, педантни и сакаат се да направат како што треба. Совесните луѓе се луѓе кои се организирани, самодисциплинирани, промислени и желни се за успех. Тие никогаш не доцнат, фокусирани се на извршување на своите задачи и обврски и секогаш се подготвени да им помогнат на колегите. Голем број истражувања во последно време покажале дека учесниците во истражувањата кои биле совесни, имале подобри работни позиции и поголеми приходи. Истовремено имале и подобри резултати во образовниот процес и постабилни љубовни врски. Освен успех, совесните луѓе можат да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто не пушат и не пијат, па заради тоа и подолго живеат и се поздрави. Брент Робертс, психолог од Универзитетот во Илиноис вели дека совесноста е како миење заби, уште од почеток го спречува појавувањето на проблемот. Луѓето со оваа карактеристика секогаш имаат план. Дури и кога ќе се соочат со неуспех, тие веќе знаат како да се носат со тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-karakteristika-vi-garantira-uspeh-vo-zivotot/feed/ 0