каранфили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 18:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каранфили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каранфил: Цвет кој е симбол на женската сила, но и на чистата мајчинска љубов https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/karanfil-tsvet-koj-e-simbol-na-zhenskata-sila-no-i-na-chistata-majchinska-lubov/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/karanfil-tsvet-koj-e-simbol-na-zhenskata-sila-no-i-na-chistata-majchinska-lubov/#respond Wed, 08 Mar 2023 18:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=809655

Еден од симболите на Денот на жената е црвениот каранфил - цвет кој се подарува на сопругите, мајките, сестрите, пријателките, колешките на 8 март. Со повеќе од 2.000 години историја, не е изненадување што каранфилот е цвет кој има богата симболика која зависи од бојата на цветот. Што симболизираат боите на каранфилите? Заедно со црвената роза, црвениот каранфил е симбол на работничкото движење, а освен како подарок за Денот на жената е редовна глетка на демонстрациите во рамки на Меѓународниот ден на трудот. Патем, светло-црвените каранфили симболизираат восхит, а темните симболизираат длабока љубов и наклонетост. Белите каранфили симболизираат љубов и среќа, додека виолетовите каранфили значат каприциозност. Во Франција, пурпурниот каранфил е традиционален погребен цвет кој се дава како израз на сочувство за смртта на некој близок. Според легенда, каранфилот првпат се појавил на Земјата кога Исус го носел крстот. Додека Богородица леела солзи поради неговото страдање, зад неа се појавиле каранфили, па розовиот каранфил станал симбол на љубовта на мајката. Каранфилот е и цвет на луѓето родени во јануари Приказни од обичаите? Врската помеѓу каранфилот и Денот на мајката настанала во САД во 1907 година кога Ана Џарвис го избрала каранфилот за свој симбол бидејќи бил омилениот цвет на нејзината мајка. Таа избрала бел цвет кој ја претставувал чистотата на љубовта на нејзината мајка. Во Кореја, каранфилите се користат за изразување восхит, љубов и благодарност. Таму за Денот на родителите се носат црвени и розови каранфили, а се симбол и на Денот на учителите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/karanfil-tsvet-koj-e-simbol-na-zhenskata-sila-no-i-na-chistata-majchinska-lubov/feed/ 0