караница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 13:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png караница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 3 НАЧИНИ МИРНО ДА ЈА ЗАВРШИТЕ КАВГАТА! Вака ќе излезете од секој КОНФЛИКТ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-nachini-mirno-da-ja-zavrshite-kavgata-vaka-ke-izlezete-od-sekoj-konflikt/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-nachini-mirno-da-ja-zavrshite-kavgata-vaka-ke-izlezete-od-sekoj-konflikt/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=848614

Кога ќе влезете во расправија со некого, важно е да останете смирени и присебни, па наместо да викате, работите да ги решавате со разговор. Дали некогаш сте се скарале со друга личност и работите едноставно излегле од контрола? Во афект кажувате нешто што не го мислите и на крајот и вие и другиот останувате со грутка во грлото, а најчесто не сте го ни решиле проблемот. За да избегнете таков исход, важно е да можете да ги контролирате вашите реакции и емоции во такви ситуации. Во тоа ќе ви помогнат советите на психотерапевтката Ана, која предлага тогаш да примените некоја од следните 3 работи: 1.Имам впечаток дека ни е тешко да се разбереме. 2.Можеби е подобро да разговараме кога двајцата ќе се смириме. Не сакам да кажам нешто што не го мислам, затоа што сега сум вознемирен/а (изнервиран/а). 3.Повторете го она што сте го слушнале од соговорникот. Можеби слушате дека тој всушност не го кажал тоа, туку вие сте си го превеле на својот речник (како што вие го разбирате, што може да се разликува од кажаното). – Доколку дојде до конфликт и сте биле жестоки во него, обидете се кога „страстите ќе стивнат“, да кажете извини ако сте викале, сте кажале нешто што не сте го мислеле, прокоментирајте како се чувствувавте тогаш. Враќањето на конфликтот е важно, бидејќи добивате можност да разговарате поискрено, отворено. Понекогаш има помала тензија во воздухот, па подобро се разбирате – вели Ана и додава: – Во обновувањето на разговорот можете да влезете со „Знаеш, нешто ме мачи, би сакал/а да зборуваме за тоа…“ Доколку пак ескалира, искористете го претходното искуство (те молам, подобро е да застанеме овде, изгледа дека сега не се разбираме… ) – заклучува таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-nachini-mirno-da-ja-zavrshite-kavgata-vaka-ke-izlezete-od-sekoj-konflikt/feed/ 0
Проблеми во врска: Како да се расправате подобро? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-vrska-kako-da-se-raspravate-podobro-3/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-vrska-kako-da-se-raspravate-podobro-3/#respond Fri, 08 Oct 2021 07:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=575181

Сите двојки одвреме-навреме се соочуваат со проблеми и тоа е сосема нормално. Дури и се смета дека е здраво во врската повремено да се јавуваат несогласувања, но многу е важно да не се игнорираат проблемите, туку да се решаваат. Познатиот терапевт Џон Готман ги идзвојува овие четири најчести грешки при расправање со партнерот и нуди решенија како да се подобрите во расправањето. Напад Кога се расправате со партнерот, наместо да ги формулирате речениците со „јас“, најчесто ги користите агресивните изјави со „ти“, односно оние како „ти секогаш…“ и „ти никогаш…“. Тоа е класично критикување. Наместо тоа, Готман советува да ги преформулирате своите изјави, за да не мора другиот да се „брани“ по секоја ваша реченица и така дискусијата излегува од контрола. Престанете да го критикувате партнерот и користете помек и потопол тон кога се обраќате. Почнете ја изјавата со „Се чувствувам повредено“ наместо „Ти ме повреди“. Исто така можете да ги користите „Загрижен/а сум поради…“ или „Сметам дека…“ Одбрана Кога се чувствувате дека партнерот ве напаѓа, ви се чини дека немате друг избор освен да се браните како одговор на тоа. Сепак, Готман советува да престанете да се браните и да преземете одговорност за своето однесување. „Тоа навистина беше непромислено, не требаше да се однесувам така/да го направат тоа“, „Ајде да се обидеме да најдеме заеднички јазик“ или „Ајде да се обидеме одново“ се многу подобри појдовни точки за решавање на напнатата ситуација од „Ти не знаеш“, „Ти не ме разбираш“… Презир Презирот се јавува откако веќе е установено однесувањето на напад и одбрана. Многу е важно во врската да бидете рамноправни за да ви напредува односот. Но ако едниот партнер постојано се однесува така (напаѓа, се брани или и двете), со тек на време кај другиот ќе се јави презир. Советот на познатиот терапевт е да научите да се цените еден со друг. За промена, пред да почнете да фрлате „отровни стрели“, почнете го разговорот со тоа што ќе му кажете на другиот дека сте среќни што го имате во животот, дека сакате да го решите проблемот за да имате подобра иднина, дека се расправате за „вас“, не за да има победник во расправијата. Едноставно, бидејќи се сакате. Кулирање Ако вашите расправии често се сведуваат на напад и одбрана, не бидете изненадени ако со тек на време „отрпнете“ на расправањето и почнувате да одолговлекувате, односно да се повлекувате. Под кулирање се подразбира она кога среде расправија просто замолчувате и се повлекувате, другиот останува емотивно изолиран, а расправијата останува да виси во воздухот. Готман советува да примените методи за смирување, да предложите „тајм-аут“ за да може свесно да се фокусирате и да ги најдете соодветните зборови. Можеби ви доаѓа чувство на бес, беспомошност, можеби ви се плаче… Во секој случај, направете го повлекувањето со ставање до знаење на партнерот дека ви треба време да се приберете. Откако ќе се смирите, продолжете со цивилизиран разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-vrska-kako-da-se-raspravate-podobro-3/feed/ 0
Уапсена државјанка на Србија во Црна Гора: Пријавила дека е сил*вана, а потоа дошло до неверојатен пресврт! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-drzavjanka-na-srbija-vo-crna-gora-prijavila-deka-e-sil-vana-a-potoa-doshlo-do-neverojaten-presvrt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-drzavjanka-na-srbija-vo-crna-gora-prijavila-deka-e-sil-vana-a-potoa-doshlo-do-neverojaten-presvrt/#respond Sun, 11 Jul 2021 16:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=535105

Полицијата во Будва утрово ја уапси српската државјанка М. М (40) бидејќи лажно пријавила дека синоќа била силувана од невенчан сопруг В.Т. во хотел во Будва. (32) Како што се претпоставува, минатата ноќ вработените во хотелот каде што престојувал парот повикале полиција. Тие пред полициската станица изјавиле дека гостинот на хотелот сакал да пријави физички напад од нејзиниот љубовен партнер. Припадници на единицата за интервенција на полицијата во Будва пристигнале на местото на настанот и ја однеле српската државјанка во полициската станица да поднесе пријава. Како што се дознава, таа пред инспекторите рекла дека нејзиниот вонбрачен сопруг ја силувал, и дека после тоа исчезнал во непознат правец. Случајот веднаш бил пријавен кај постариот државен обвинител, кој наредил да се изврши гинеколошки, ортопедски и хируршки преглед во болницата Котор. Истрагата ја презеде криминалната служба Будва по наредба на висок обвинител. Во текот на ноќта, осомничениот В. Т е уапсен во областа на општината Колашин, откако полицијата во Будва издала налог за негово апсење. Утрово бил донесен во полициската станица Будва. Потоа следувал пресврт, српската државјанка, по извршените прегледи во болницата, ја сменила изјавата пред инспекторите во Будва. Таа побарала да го повлече претходниот извештај, бидејќи, како што им рекла на инспекторите, таа го измислила целиот случај. Тогаш инспекторите за сè го известуваат високиот обвинител, кој го остави случајот на неговите колеги во обвинителството во Котор. Обвинителот во Котор го оквалификува делото како кривично дело лажно пријавување, по што е уапсена М. М. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-drzavjanka-na-srbija-vo-crna-gora-prijavila-deka-e-sil-vana-a-potoa-doshlo-do-neverojaten-presvrt/feed/ 0
Никогаш не се карајте додека сте лути – запомнете, никогаш! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-se-karajte-dodeka-ste-luti-zapomnete-nikogash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-se-karajte-dodeka-ste-luti-zapomnete-nikogash/#respond Wed, 28 Oct 2020 12:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=421640

Сите знаеме дека никогаш не треба да почнуваме караница кога сме лути. Но, честопати ни се случува да ја изгубиме контролата врз нашите емоции за време на некоја жестока дискусија и потоа не можеме да се сопреме, па како последица на тоа, обичниот разговор лесно може да се претвори во караница. Следниот пат кога ќе се налутите сетете се на следниве причини зошто не треба да започнувате караница. Мислите дека сите се против вас Секој човек кога ќе се налути губи контрола не само врз неговите емоции туку и врз неговите мисли како последица на процесите што се случуваат во мозокот. Психолозите тврдат дека кога сме лошо расположени, сите зборови и гестови на соговорникот ги сметаме за навреда. На крајот почнуваме уште повеќе да викаме на соговорникот, без никаква причина. Сето ова може да доведе до раскинување на љубовни врски, пријателства и професионални односи. Почнувате да го лутите и соговорникот Научниците исто така имаат докажано дека кога сте лути и луѓето околу вас почнуваат да се лутат. Според тоа, веројатноста дека нема да можете да го решите проблемот додека сте гневни е уште поголема. Нема да можете да го сослушате соговорникот Лутината ќе завладее со вашите емоции и нема да можете да размислувате разумно. Токму затоа, секогаш за време на караница вашето мислење за другата личност е многу полошо од мислењето што би го имале кога би биле смирени. Во ваква ситуација нема да можете да бидете објективни и нема да ги земете предвид најдобрите особини на соговорникот. Но, доколку за време на караница го гледате соговорникот како паметна и харизматична личност, нема да го сфатите проблемот толку сериозно и ќе можете да го решите многу побрзо и поефикасно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-se-karajte-dodeka-ste-luti-zapomnete-nikogash/feed/ 0
За што најчесто се расправаме во врска? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-shto-najchesto-se-raspravame-vo-vrska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-shto-najchesto-se-raspravame-vo-vrska/#respond Thu, 13 Dec 2018 10:00:51 +0000 https://kurir.mk/?p=139615

Во секоја врска има расправии и често се вели дека додека се расправате, макар и за најмали работи, тоа значи дека уште си значите и дека има за што да се борите. Естер Перел, психотерапевт и експерт за врски од Белгија образложува за што најчесто се расправаме во врска и како се расправаме, во епизода на скандинавското ток шоу Skavlan. Покрај тоа што Перел смета дека расправиите во врска се „задолжителни“, нејзината теорија е дека во сите врски всушност сите расправии водат корен од три основни теми: моќ и контрола, блискост и грижа и третата – почит и признание.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-shto-najchesto-se-raspravame-vo-vrska/feed/ 0
Пејачката си игра со оган- Ријана среде базен му се закануваше и викаше на саудискиот милијардер (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-si-igra-so-ogan-rijana-srede-bazen-mu-se-zakanuvashe-i-vikashe-na-saudiskiot-milijarder-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-si-igra-so-ogan-rijana-srede-bazen-mu-se-zakanuvashe-i-vikashe-na-saudiskiot-milijarder-foto/#respond Wed, 11 Jul 2018 10:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=75541

Славната пејачка Ријана се почесто е во центарот на вниманието поради својот љубовен живот. Светските медиуми со брзина на светлината минатиот месец ја пренесоа веста дека пејачката ја прекинала врската со саудискиот милијардер Хасан Џамилом. Но парот повторно е виден заедно во Мексико, но овој пат наместо љубовна романса тие имале жестока караница. Додека Ријана со рацете цело време покажувала накај милијардерот, тој седејќи оддалечено од неа се обидел да се оправда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pejachkata-si-igra-so-ogan-rijana-srede-bazen-mu-se-zakanuvashe-i-vikashe-na-saudiskiot-milijarder-foto/feed/ 0