караници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 09:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png караници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во првата година од животот на детето, родителите се караат дури 2.500 пати – не е најмногу за секс, еве ја причината во првите 12 месеци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-prvata-godina-od-zivotot-na-deteto-roditelite-se-karaat-duri-2-500-pati-ne-e-najmnogu-za-seks-eve-ja-prichinata-vo-prvite-12-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-prvata-godina-od-zivotot-na-deteto-roditelite-se-karaat-duri-2-500-pati-ne-e-najmnogu-za-seks-eve-ja-prichinata-vo-prvite-12-meseci/#respond Thu, 13 Oct 2022 09:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=744616

Воспитувањето дете никогаш не е лесно, особено ако станувате родители за прв пат. Освен што доаѓањето на новороденче ви го менува целиот живот од темел, тоа влијае и на односот помеѓу вас и вашиот партнер. Истото го потврди и неодамнешното истражување на Channel Mum и The Baby Show, чии резултати покажуваат дека младите родители имаат дури 2.500 караници во текот на првата година од животот на нивното дете. Истражувањето во кое учествувале 2.000 родители покажало дека најчестите расправии меѓу младите родители се околу тоа кој е поуморен, кој ќе биде „дежурен“ со бебето следната вечер, а 16 отсто од паровите се расправаат и поради недостаток на сексуални односи. Исто така, 17 отсто од родителите веруваат дека во првата година од животот на своето дете чувствуваат недостаток на љубов од партнерот, а 12 отсто од нив изјавиле дека до расправија доаѓа откако еден од партнерите ќе се обиде да иницира сексуален однос. Останатите расправии најмногу се однесуваат на неможноста да се координираат домашните обврски и грижата за децата, кои меѓу другото вклучуваат хранење, пресоблекување, нагаѓања за тоа колку детето треба да јаде и слични работи кои ги загрижуваат повеќето родители на самиот почеток. Што велат експертите? Иако тоа се претежно кавги кои брзо се решаваат и не претставуваат поголеми проблеми за паровите, во пет проценти од нив сепак доведуваат до сериозно оштетување на врската, односно до развод. „Навистина е тажно да се види колку парови се откажуваат во првите 12 месеци од родителството, што првенствено треба да биде еден од највозбудливите периоди во нивниот живот. Иако е прекрасен период, несомнено е дека е и исклучително стресен период кој носи промени во начинот на спиење, рутините и обврските, но на некој начин и навикнување на трето лице во куќата на кое му е потребна вашата постојана грижа и внимание“, објаснува Зои Бонсер, водителка на The Baby Show.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-prvata-godina-od-zivotot-na-deteto-roditelite-se-karaat-duri-2-500-pati-ne-e-najmnogu-za-seks-eve-ja-prichinata-vo-prvite-12-meseci/feed/ 0
За среќен брак потребни се две поголеми караници месечно https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/za-srekjen-brak-potrebni-se-dve-pogolemi-karanici-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/za-srekjen-brak-potrebni-se-dve-pogolemi-karanici-mesechno/#respond Thu, 17 Feb 2022 08:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=632501

Најново истражување, спроведено во Велика Британија, покажа кои се тајните на совршениот брак. Иако многумина мислат дека најсреќните парови никогаш не се караат, токму расправиите придонесуваат за стабилен однос. Во истражувањето учествувале над 2.000 среќни брачни парови, а според резултатите, рецептот за совршен брак се крие во секојдневните разговори, времето минато заедно и најмалку две големи расправии секој месец. Сепак, напомнуваат дека не треба да си легнете скарани. Многу парови за студијата на The Warner Leisure Hotels признале дека за хармонија во бракот придонесуваат и меѓусебното жалење за работата и споделување други проблеми, искажување почитување, како и заедничко „глупирање“. Посреќни се паровите во кои партнерите во брак продолжуваат да се занимаваат со хобито кое им било омилена активност уште пред да стапат во брак, но и оние кои им дозволуваат на партнерот да се „прикажат“ во најлошо издание. За стабилен однос придонесуваат и заедничките патувања на одмор, без разлика дали се долги или кратки. „Воопшто не е чудно што за многумина заедничките одмори се една од состојките за среќен брак. Многу парови тврдат дека секогаш е чувствуваат повеќе поврзано откако ќе минат заеднички викенд без секојдневни обврски“, вели Сајмон Томсон, автор на студијата. Скоро 70% од испитаниците тврдат дека заеднички минатото време може да ги потсети зошто се сакаат, а исто толкава важност придаваат и на тоа дека партнерот е романтичен. За да биде односот возбудлив, потребна е и доза хумор, разбирање и приврзаност. Важно е на партнерот да му ги простите лошите навики и никогаш да не го игнорирате кога му е досадно или е нерасположен, покажа студијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/za-srekjen-brak-potrebni-se-dve-pogolemi-karanici-mesechno/feed/ 0