карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 14:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еболата се шири, оваа земја воведе карантин во две области: На сила е и полициски час https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748533

Епидемијата на ебола во Уганда брзо се разви во текот на еден месец откако болеста беше откриена во оваа источноафриканска земја, изјави денеска регионалниот директор на здравствената агенција на ОН за Африка, Матшидисо Моети. - Министерството за здравство на Уганда покажа извонредна отпорност и ефективност и постојано го прилагодува својот одговор на предизвикувачката ситуација. Подоброто разбирање на синџирите за пренос на болести им помага на оние на теренот да реагираат поефикасно, рече Моети. Уганда прогласи епидемија на ебола на 20 септември, неколку дена откако заразната болест почна да се шири во рурална земјоделска заедница. Оттогаш, 64 луѓе се заразиле со ебола, а 24 починале како последица на болеста, иако официјалните податоци не ги вклучуваат луѓето кои најверојатно починале од ебола пред да се прогласи епидемијата. Стравувањата дека еболата би можела да се прошири далеку од епицентарот на епидемијата ги наведоа властите да воведат карантин, како и полициски час, во два од петте окрузи кои пријавиле случаи на ебола. Еболата се шири преку контакт со телесни течности или контаминирани материјали на заразено лице. Симптомите вклучуваат треска, повраќање, дијареа, болки во мускулите, а понекогаш и внатрешно и надворешно крварење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebolata-se-shiri-ovaa-zemja-vovede-karantin-vo-dve-oblasti-na-sila-e-i-policiski-chas/feed/ 0
Кина стави во карантин град со 21 милион жители поради ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-stavi-vo-karantin-grad-so-21-milion-ziteli-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-stavi-vo-karantin-grad-so-21-milion-ziteli-poradi-kovid-19/#respond Thu, 01 Sep 2022 14:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=727330

На сите жители на Ченгду, главниот град на југозападната кинеска провинција Сечуан, им е наредено да не ги напуштаат своите домови од 18 часот денеска, освен за задолжителното тестирање на Ковид-19, јавува Си-ен-ен. Според строгите епидемиолошки мерки на властите во градот со над 15 милиони жители, домаќинствата може да испратат едно лице со негативен тест во текот на денот да купи продукти, а жителите со итни барања, како одење на лекар, се предмет на одобрување на комисијата на куќниот совет. Сите бизниси се затворени, освен супермаркетите, аптеките и болниците, пренесува медиумот. Новите мерки го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената политика на нулта толеранција кон коронавирусот, која има цел да ја потисне секоја појава во рана фаза. Ченгду пријави 156 случаи на Ковид-19 во средата, со што вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 700 во изминатата недела, според Си-ен-ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-stavi-vo-karantin-grad-so-21-milion-ziteli-poradi-kovid-19/feed/ 0
Австрија размислува да го укине карантинот за заразените со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-razmisluva-da-go-ukine-karantinot-za-zarazenite-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-razmisluva-da-go-ukine-karantinot-za-zarazenite-so-koronavirus/#respond Fri, 22 Jul 2022 09:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=708835

Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус. Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека. И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот. Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-razmisluva-da-go-ukine-karantinot-za-zarazenite-so-koronavirus/feed/ 0
Два случаи на вирусот Марбург во Гана, 90 лица во карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/#respond Mon, 18 Jul 2022 06:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=706753

Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти. По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти. „Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се наведува во соопштението на Патрик Кума Абоажје, директор на здравствената служба на Гана. Сега во карантин се 90 лица, идентификувани како контакти на заразените. Засега, нема заразен меѓу некој од нив. Здравствените власти тврдат дека прават сè за да го „заштитат здравјето на населението“. Тие ги повикаа „сите“ на соработка, со цел вирусот „успешно да се спречи“. Вирусот го пренесуваат лилјаци, а меѓу луѓето се шири со директен контакт со телесни течности на заразени или со површини и материјали, појасни Светската здравствена организација. Во други делови на Африка, досега се откриени епидемии и спорадични случаи, во Јужна Африка, Ангола, Кенија, Уганда, Демократска Република Конго. Симптомите се појавуваат неочекувано – висока температура, силна главоболка и слабост. Смртната стапка во претходните епидемии беше од 24 до 88 отсто, во зависност од патогеноста на видот и управувањето со кризата, наведува СЗО. Иако не постојат вакцина и одобрени антивирусни лекови, оралната и интравенската рехидратација и лекување на специфични симптоми ја зголемуваат стапката на преживување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-sluchai-na-virusot-marburg-vo-gana-90-lica-vo-karantin/feed/ 0
Милиони Кинези во карантин поради новите случаи на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-kinezi-vo-karantin-poradi-novite-sluchai-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-kinezi-vo-karantin-poradi-novite-sluchai-na-koronavirusot/#respond Wed, 06 Jul 2022 07:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=700766

Десетици милиони Кинези денеска се во „локдаун“ поради коронавирусот, со нови жаришта на епидемијата регистрирани во туристичкиот центар Сијан, како и во најголемиот кинески град Шангај. Здравствените власти соопштуваат за повеќе од 300 инфицирани, што предизикува стравувања од повторно наметнување сеопфатни ограничувања. Новите случаи и одговорот на властите ги продлабочуваат стравувањата дека Кина би можела да ги врати строгите ограничувања какви што беа воведени на почетокот на годинава кога политиката „нулта ковид“ со месеци држеше затворени десетици милиони луѓе. Жители на Шангај објавуваат статуси на социјалните мрежи дека почнале да добиваат храна преку организираната достава, што е враќање на „локдаунот“. По наглото зголемување на бројот инфицирани властите покренаа нов круг масовно тестирање во повеќе од половина од градските населби, затворајќи ги сите караоке-барови откако е утврдена поврзаност на некои од случаите со шест такви угостителски објекти. Историскиот град Сијан, инаку Домот на теракотните војници, на крајот на минатата година беше во целосен „локдаун“, а сега повторно е под „мерки за привремена контрола“, откако од саботата во 13-милионскиот град беа потврдени 29 случаи на Ковид-19. Од вечерва на полноќ во градот се затвораат јавните места за забава, вклучувајќи ги пабовите, интернет-кафулињата и караоке-баровите. Државните медиуми објавуваат снимки од граѓаните на Сијан како чекаат ред за тестирање, притоа информирајќи дека градот не е во „локдаун“. „Сите позитивни случаи се од варијантите БА5.2 омикрон, а работата на епидемиолошкиот мониторинг сè уште е во полн ек“, беше истакнато на редовниот брифинг на кинеските здравствени власти. Новите случаи на коронавирусот се сметаат за повторен предизвик за претседателот Си Џинпинг, кој минатата недела ја потврди својата решеност да ја елиминира ковид-заканата и покрај големата економска цена на мерките за сузбивање на епидемијата. Јапонската банка „Номура“ проценува дека најмалку 114,8 милиони луѓе низ Кина од понеделникот се во целосен или делумен „локдаун“, што е остар скок од минатонеделните 66,7 милиони. Од минатата седмица се пријавени повеќе од илјада нови случаи на коронавирусот во централната провинција Анхуи, од каде десетици се прелеале во провинцијата Џиангсу на самата граница со Шангај, со што е загрозен главниот производствен регион во делтата на реката Јангце. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milioni-kinezi-vo-karantin-poradi-novite-sluchai-na-koronavirusot/feed/ 0
Шангај повторно се затвора: Над 15 милиони луѓе ќе бидат во строг карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shangaj-povtorno-se-zatvora-nad-15-milioni-lugje-kje-bidat-vo-strog-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shangaj-povtorno-se-zatvora-nad-15-milioni-lugje-kje-bidat-vo-strog-karantin/#respond Fri, 10 Jun 2022 20:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=689368

Само една недела по завршувањето на двомесечниот карантин, Шангај најави нови ограничувања и програми за масовно тестирање. Мерките воведени вчера за областа Минханг од денеска ќе важат за уште седум градски области. Единаесет новозаразени со Ковид-19 биле откриени вчера, што доведе до одлука за повторно воведување ограничувања. Во текот на викендот ќе се спроведе масовно тестирање во осум населби, а 15 милиони луѓе повторно ќе бидат во строг карантин. По масовното тестирање, новите ограничувања ќе бидат воведени само во оние населби каде ќе бидат потврдени случаите на Ковид-19. Долгото и контроверзно заклучување за Шангај беше укинато дури вчера, по два месеци рестрикции што ги нарушија синџирите на снабдување, погодувајќи ги земјите ширум светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shangaj-povtorno-se-zatvora-nad-15-milioni-lugje-kje-bidat-vo-strog-karantin/feed/ 0
Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин поради мајмунските сипаници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-e-prvata-zemja-koja-vovede-zadolzitelen-21-dneven-karantin-poradi-majmunskite-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-e-prvata-zemja-koja-vovede-zadolzitelen-21-dneven-karantin-poradi-majmunskite-sipanici/#respond Mon, 23 May 2022 08:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=680364

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунски сипаници, бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна болест, а лекарите предупредуваат на „значителен пораст“ на случаите во ОК. Заразените со вирусот сега ќе мора да бидат изолирани три недели, соопштија белгиските здравствени власти, откако беа пријавени три случаи во земјата. Инфекциите, од кои првата беше забележана во петокот, сите се поврзани со фестивал во пристанишниот град Антверпен. Сето ова доаѓа откако лекарите предупредија дека ОК се соочува со „значително“ зголемување на инфекциите, а одговорот на владата беше „критичен“ за спречување на нивното ширење, пренесуваат медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-e-prvata-zemja-koja-vovede-zadolzitelen-21-dneven-karantin-poradi-majmunskite-sipanici/feed/ 0
ФРАПАНТНА СУМА: Тинејџер казнет со 48.000 евра за прекршување на ковид-карантин, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/frapantna-suma-tinejdzer-kaznet-so-48-000-evra-za-prekrshuvanje-na-kovid-karantin-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/frapantna-suma-tinejdzer-kaznet-so-48-000-evra-za-prekrshuvanje-na-kovid-karantin-eve-gi-detalite/#respond Mon, 18 Apr 2022 08:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=664636

Здравствените власти во тајванскиот град Синбеј му наложија рекордна казна на 18-годишно момче кое ги прекршило личните мерки на карантинот поради коронавирусот. Тинејџерот инаку позитивен на коронавирус, го прекршил правилото за 10-дневен карантин. За време на викендов излегол на кошарка со пријателите и да купи подарок за својата девојка, која исто така е заразена. Неговото семејство сега ќе треба да плати 1,5 милиони тајвански долари (околу 47.700 евра) казна, објавија тамошните медиуми. Првично младиот човек се обидел да демантира дека излегол од дома. Сепак, полицијата и медицинските лица како „доказ“ ги посочиле објавите на социјалните мрежи. Снимките од објавите биле испратени до властите од негов „виртуелен пријател“. Се испоставило и дека момчето намерно го оставило телефонот дома за да го измами софтверот за следење пациенти со Ковид-19. Оваа казна, инаку, е највисока на островот од почетокот на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/frapantna-suma-tinejdzer-kaznet-so-48-000-evra-za-prekrshuvanje-na-kovid-karantin-eve-gi-detalite/feed/ 0
Џонсон ја прифаќа казната на полицијата за кршење на карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ja-prifakja-kaznata-na-policijata-za-krshenje-na-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ja-prifakja-kaznata-na-policijata-za-krshenje-na-karantinot/#respond Tue, 12 Apr 2022 20:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=662152

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја прифаќа казната на полицијата за кршење на правилата за карантин во 2020 година и оти го разбира гневот на јавноста, но повтори дека тогаш не мислел дека го прекршил законот. – Морам да кажам, искрено, тогаш не ми падна на памет дека можеби во прашање е кршење на правилата. Но, се разбира, полицијата утврди поинаку и јас целосно го почитувам исходот од нивната истрага, изјави Џонсон за Би-Би-Си. Кабинетот на Борис Џонсон потврди дека премиерот на Велика Британија ќе биде казнет поради кршење на анти-ковид мерките и организирање забави во владините канцеларии за време на строгите ограничувања, а ќе биде казнет и министерот за финансии Риши Сунак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ja-prifakja-kaznata-na-policijata-za-krshenje-na-karantinot/feed/ 0
Историјата се повторува: Во Шангај бебињата и децата се одвојуваат од нивните родители ако некој има Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorijata-se-povtoruva-vo-shangaj-bebinjata-i-decata-se-odvojuvaat-od-nivnite-roditeli-ako-nekoj-ima-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorijata-se-povtoruva-vo-shangaj-bebinjata-i-decata-se-odvojuvaat-od-nivnite-roditeli-ako-nekoj-ima-kovid/#respond Mon, 04 Apr 2022 08:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=658049

Кина повторно прибегнува кон радикални мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат одвојување на бебињата и децата од нивните родители. Шангај денеска ја бранеше одлуката за одвојување на децата од нивните родители доколку некој е позитивен, додека фрустрациите кај граѓаните во милионскиот град растат поради карантинот и зголемениот број на пациенти. Околу 25 милиони луѓе во Шангај, најголемиот кинески град и финансиски центар, се во карантин додека властите се обидуваат да го спречат најлошото ширење на вирусот од почетокот на пандемијата во Вухан. Според строгите правила, секој што е позитивен, дури и ако се работи за благ или дури асимптоматски случај, мора да биде изолиран од незаразени лица. Тоа ги вклучува децата кои се позитивни на тестот, а членовите на семејството не се заразени, потврдија денеска здравствените власти. -Доколку дете е помало од седум години, ќе се лекува во центар за јавно здравје. Постарите деца и тинејџерите ќе бидат изолирани во централните карантини - рече Ву Чианју, претставник на Здравствената комисија во Шангај. Родителите и старателите го изразија својот гнев и незадоволство на социјалните мрежи. - Родителите мора да ги „исполнат условите“ за да бидат со своите деца. Тоа е апсурдно. Па, тоа е нивното основно право – се наведува во еден од коментарите на социјалната мрежа Веибо. На мрежите се шират снимки чија автентичност не е потврдена, на кои се гледаат деца и бебиња како лежат во државните здравствени домови. Ву, официјален претставник од Шангај, вели дека оваа мерка е неопходна за да се контролира ширењето на вирусот. - Објаснивме дека децата чии родители се позитивни можат да бидат заедно - изјавила таа. Шангај во понеделникот пријави 9.000 нови случаи. Властите првично ветија дека нема да го затворат целиот град, но дека тоа ќе биде локално заклучување во одредени населби каде што се регистрирани пациентите. Откако бројот на заболени луѓе растеше со недели, градските челници признаа дека нивната тактика не вродила со плод. Потоа ја воведоа фаза 2 од карантинот, кој првично требаше да трае четири дена, за да се изврши масовно тестирање на жителите. Поминаа неколку дена, па граѓаните се плашат дека долго ќе останат затворени во куќите и дека ќе им биде забрането долго да шетаат надвор, како и да ги изнесуваат своите миленици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istorijata-se-povtoruva-vo-shangaj-bebinjata-i-decata-se-odvojuvaat-od-nivnite-roditeli-ako-nekoj-ima-kovid/feed/ 0