карбинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 17:06:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карбинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АХВ својата неспособност сакаат да ја прикријат со обвинување на градоначалникот на Карбинци, Паунов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/#respond Thu, 07 Sep 2023 16:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=875804

Деновиве градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов водеше битка со Агенцијата со храна и ветеринарство околу локацијата за јама на 9.000 заболени свињи од африканска чума. Градоначалникот Паунов се сомнева дека беше политичка одлуката за да бидат закопани повеќе од 9.000 свињи во селото Таринци. Според случувањата деновиве може да се воочи дека АХВ се обиде да го сокрие случајот со заразените свињи од африканска чума уште од самиот почеток. Но поради притисок од страна на јавноста и медиумите по шест дена АХВ побара од Општината да одреди локација. По изјавите на градоначалникот на општина Карбинци веднаш по пријавата од АХВ кон Општината дека има решение за болеста се одржа вонредна седница на Советот при што не се прифати предложената локација на АХВ туку Советот предложи друга локација која тие ја оценија како погодна. Но од АХВ сепак одлучија да ја одберат онаа кои сами ја предложија кај село Таринци. „Агенцијата за храна и ветеринарство ја одби предлог локацијата која што Советот на Општина Карбинци ја одлучи на седницата вонредна која што се одржа во петокот и инсистираше на нивна предложена локација која што е во непосредна близина на селата Таринци и селото Нов Караорман, и индустриската зона која што овде има неколку фирми кои што работат“, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на 04.09.2023 за ТВ Стар. Тој нагласи дека Советот на Општина Карбинци даде локација каде што на километар до километар ипол нема население, нема никакви објекти кои што би можеле да бидат загрозени. А, АХВ бараше локација за закопување на 9.000 мртви свињи која што е на 500-тини метри од индустриската зона, од Нов Караорман како населено место и на некои 800-900 метри од селото Таринци. Советот на Општина Карбинци по итна постапка свика седница за да се разгледа барањето на АХВ. И според документите на Советот на општина Карбинци на 29-тата седница одржана на 01.09.2023 година, донесе Одлука за определување на локација за закопување на мрши од угинати животни (свињи) од комерцијалната фарма за одгледување на свињи ОВЧЕПОЛКА ДООЕЛ од Велес лоцирана во КО Таринци број 0801-1307/3. А, јасно во документот од одржаната седница, Советот не ја прифаќа предложената парцела од страна на АХВ со образложение – „Посочената локација на КП број 544 КО Таринци во дописот број 2526/1 од 01.09.2023 година од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје, Советот на Општина Карбинци не ја прифаќа од причини што инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и од Агенцијата за храна и ветеринарство не ги имаат земено во предвид развојните планови на Општина Карбинци бидејќи надлежен орган на Општина Карбинци води постапка за одобрување на урбанистички проект вон плански опфат за две катастраски парцели, а за една одобрение за градење кои што се на оддалеченост околу 100 метри од оваа локација, потоа близината на првите комерцијални објекти во село Нов Караорман кои од предметната локација се оддалечени околу 500 метри, и има реакции од месното население од село Таринци, каде што постојат повеќе помали фарми каде што се огледуваат свињи. АХВ веднаш по нивното решение за локација започнале да ги закопуваат свињите, но за 4 дена успеале едвај 300 свињи да убијат со што неспособноста ја покажуваат на дело и со самото тоа можноста кон околината за ширење на болеста е значително поголема. Денеска и здружението „Анима Мунди“ реагираше на неспособноста на АХВ за да се реши проблемот со африканската чума. „Околу пет до десет илјади животни веќе осми ден се без храна и вода во простор без вентилација, оставени да умрат на свињарската фарма во селото Таринци“, апелираат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-svojata-nesposobnost-sakaat-da-ja-prikrijat-so-obvinuvane-na-gradonachalnikot-na-karbintsi-paunov/feed/ 0
Планирано е уништување на 9.000 свињи, градоначалникот и граѓаните од Карбинци не дозволуваат да се копа јама https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/#respond Fri, 01 Sep 2023 13:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=873424

Во најголемата приватна фарма во карбинскиот регион треба да се уништат 9.000 свињи, откако пред осум дена е забележано кај девет свињи болеста Африканска чума, потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман  и градоначалникот на Општина Карбинци синоќа не дозволија да се копа јама за животните кои треба да се уништат. Сметаат дека ќе им се загадат подземните води, но и ќе влијае и врз нивното здравје. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека постапката за уништувањето на деветте илјади свињи е стопирана, бидејќи приватната фирма, но и надлежните институции немале одобренија и анализа дали локацијата одговара за толкава голема гробница. Тој смета дека од институциите  проупустот е направен во минатото. - Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без  да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период, вели Паунов. Од Агенцијата за храна и ветеринарство во писменото соопштение велат дека оваа постапка мора да се изврши, а општината  има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето. За оние кои ќе го спречат уништувањето согласно Кривичниот законик предвидена е парична казна, но и затворска. -Како одговорна институција за здравствената заштита на животните,  апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи, се вели во писменото соопштение на АХВ. Карбинскиот градоначалник, Паунов со одговор дека до општината не е пристигнато никакво писмено барање. Најави дека ќе го свика Советот на Општина Карбинци и ќе се анкетира месното население за локацијата. Тој вели дека во Карбинци има  две локации за закопување на мртви животни, но тие не се соодветни за оваа  болеста и за 9.000 свињи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/planirano-e-unishtuvane-na-9-000-svini-gradonachalnikot-i-graganite-od-karbintsi-ne-dozvoluvaat-da-se-kopa-jama/feed/ 0
Во Штип и Карбинци авионско прскање против комарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-i-karbintsi-avionsko-prskane-protiv-komartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-i-karbintsi-avionsko-prskane-protiv-komartsi/#respond Mon, 26 Jun 2023 16:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=849808

Во Штип утре од пет до седум часот ќе се изврши авионско прскање против комарци. Опфатени ќе бидат централното и приградското подрачје, како и површините по теченијата на реките Брегалница и Отиња, со површина од околу 850 хекатри, соопшти Општина Штип. Во четврток, пак, против комарци ќе се прска на територијата на Општина Карбинци. Третирањето против возрасни комарци ќе се спроведе авионски, од пет до осум часот, на површина од 300 хектари. Општините Штип и Карбинци ги известуваат пчеларите дека во времето на третирањето и три - четири часа потоа, да ги затворат кошниците со пчели поради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираат општините Штип и Карбинци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-i-karbintsi-avionsko-prskane-protiv-komartsi/feed/ 0
Во Карбинци се гради нова училишна зграда со европски услови и стандарди https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-se-gradi-nova-uchilishna-zgrada-so-evropski-uslovi-i-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-se-gradi-nova-uchilishna-zgrada-so-evropski-uslovi-i-standardi/#respond Fri, 07 Apr 2023 14:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=821557

За една година општина Карбинци направи нова техничка документација и од денес официјално се обезбедени и финаниски средства за Реконструкција и доградба на ПОУ во Таринци, истакна Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци. „11.000.000 денари обезбедивме од министерството за Локална Самоуправа од програмата за намалување на диспаритетите каде што и општината ќе има свое кофинансирање. Веќе по завршувањето на оваа учебна година ќе се започне со реализација, а од следната учениците ќе продолжат во нова училишна зграда со европски услови и стандарди. Следни училишта каде ќе следи реконструкција и се во постапка се училиштата во Радање и Долни Балван. Ветивме и ги реализираме клучните проекти“ - вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-se-gradi-nova-uchilishna-zgrada-so-evropski-uslovi-i-standardi/feed/ 0
Во Карбинци распродадени сите парцели во индустриската зона, но ретко кој гради https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-rasprodadeni-site-partseli-vo-industriskata-zona-no-retko-koj-gradi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-rasprodadeni-site-partseli-vo-industriskata-zona-no-retko-koj-gradi/#respond Thu, 09 Feb 2023 12:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=798409

Градежните парцели во индустриска зона во Општина Карбиници, на потегот меѓу селата Долни Балван и Таринци е распродадени уште пред три години, но од инвеститорите ретко некој извадил дозвола за градба или е во фаза на градење. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека периодот да се извади дозвола за градба е поминат, а голем дел од потенцијалните инвеститори треба да плаќаат казнени пенали. Општината веќе им пратила по една опомена и за неисплатени пенали. Ако не се одговори по три последователни опомени тогаш општината може да им врати 20% од сумата на инвеститорите, парцелите да ги врати во сопственост на општината и повторно да ги продава. Паунов се надева дека до ваква ситуација нема да дојде и конечно ќе почне да се градат стопански капацитети во зоната. -Индустриската зона во Општина Карбинци, која е меѓу потегот од село Долни Балаван до село Таринци е распродадена до крајот на 2020 година, тоа е пред моето доаѓање, ама од тогаш до денес само неколку од тие потенцијални инвеститори имаат извадено одобрение за градба или се во фаза на градење. Сите други кои купиле плацови веќе ги надминале роковите за аплицирање за градба, и веќе се обврзани да плаќаат казнени пенали за самото тоа, вели Паунов. Посочува дека просторот е предвиден за лесна и незагадувачка индустрија. Општината лани асфалтираше две улици во оваа индустриска зона, изградени се тротоари, како и атмосферска канализација. Во реализација на проектот беа инвестирани девет милиони денари од буџетот на Општина Карбинци.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-karbintsi-rasprodadeni-site-partseli-vo-industriskata-zona-no-retko-koj-gradi/feed/ 0
Карбинци годинава ќе ги поддржи спортистите и клубовите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=797332

Општина Карбинци и годинава ќе издвои средства за поддршка и развој на спортот. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека дополнително се инвестира и во изградба и реконструкција на нови спортски игралишта на територијата на општината. -Во изминатава 2022 година општината издвои 1.300.000 денари за поддршка во спортот на повеќе основи. Вложивме во општинскиот фудбалски клуб и еден дел во боречките клубови во Карбинци. Оваа година издвоивме исто толку средства, но се надевам дека ќе ги зголемиме, но и јавно повикувам општествено одговорни компании од територија на Општина Карбинци да се вклучат во помагање на спортските клубови, за афирмација на спортот во општината, рече Паунов. Тој најави и дека првпат оваа година манифестацијата „Спортист на годината“ за 2022 година ќе се одржи и во Општина Карбинци. Признанија и награди ќе се доделат на спортисти, спортски клубови и важни личности во спортот во Општина Катбинци за претходната година, а целта е да се развие спортот во општината. -Утре, среда, од 18 часот, првпат во Општина Карбинци ќе се организира манифестацијата „Спортист на годината“, ќе се доделат признанија на повеќе важни личности, од повеќе спортски клубови во Општина Карбиници, додаде Паунов. Очекува оваа манифестација да прерасне во традиција во Општина Карбинци. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/feed/ 0
Скандал откриен во Карбинци: Неконтролирано се трошело гориво за службените возила на претходната локална власт https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/#respond Thu, 29 Dec 2022 18:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=782300

На денешната седница на совет на општина Карбинци обелоденивме скандал за работењето на претходната власт на кој никој од СДСМ нема одговор, открива градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов. -Во период на избори од општина Карбинци неконтролирано се трошело гориво за службените возила на општината. Имено, ќе дадам само еден пример: 632,5 литри нафта за време на викенд во неработни денови каде е фактурирано на возилото „Багер“ кое има максимален капацитет од 140л. а потпишано од директорот и поранешниот градоначалник. Многу нелогичности се во прашање. Дали овде има очигледна злоупотреба? Како може едно возило за помалку од 24ч. да потроши речиси 1 тон нафта? Како се трошело народни пари и за какви цели пресудете сами, а одговорноста наскоро и ќе ја има, порача тој.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/skandal-otkrien-vo-karbinci-nekontrolirano-se-troshelo-gorivo-za-sluzbenite-vozila-na-prethodnata-lokalna-vlast/feed/ 0
Паунов: Започна реконструкцијата на малото спортско игралиште во село Карбинци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-maloto-sportsko-igralishte-vo-selo-karbinci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-maloto-sportsko-igralishte-vo-selo-karbinci/#respond Fri, 05 Aug 2022 13:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=714623

Денес започнуваме со реконструкција и на малото спортско игралиште во село Карбинци каде во минатото беше узурпирано и уништено, истакна градоначалникот Виктор Паунов. -Наскоро ова место ќе добие нов уреден лик а сите љубители на спортски активности ќе можат да го користат и во вечерните часови, посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-zapochna-rekonstrukcijata-na-maloto-sportsko-igralishte-vo-selo-karbinci/feed/ 0
Три лица под истрага за одгледување на марихуана во с.Карбинци ​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/#respond Tue, 14 Jun 2022 17:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=690866

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик. Осомничените, во периодот на месец март и април 2022 година заедно, како повеќе лица, неовластено набавиле семенски материјал од растението ,,Cannabis sativa“ од непознати лица и го засадиле на нива во атарот на с.Карбинци, сопственост на првоосомничениот. Откако растението достигнало висина од 30-60 сантиметри, првоосомничениот на 9 јуни ги искосил растенијата и ги оставил на парцелата да се сушат. Во текот на вчерашниот ден, првоосомничениот со трактор го обработил насадот, по што пристигнале и останатите осомничени за да ја утврдат состојбата со сушењето на марихуаната што неовластено заради производство и продажба на наркотична дрога ја одгледувале. Во полициската акција координирана од страна на предметниот јавен обвинител, осомничените се лишени од слобода, а на парцелата се пронајдени вкупно 15.415 стебла. При претрес на дом и други простории, во двор од куќата кај второосомничениот се пронајдени неовластено посадени и одгледувани 37 стебла марихуана. Воедно, при акцијата се пронајдени уште 690 стебла за кои по прибирањето на доказен материјал и по утврдувањето на сторителот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. За ова кривично дело на сторителите согласно одредбите од Кривичниот законик им е запретена казна затвор од најмалку пет години.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/feed/ 0
„Промените се случуваат, секогаш со народот“ денес во Карбинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenite-se-sluchuvaat-sekogash-so-narodot-denes-vo-karbinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenite-se-sluchuvaat-sekogash-so-narodot-denes-vo-karbinci/#respond Wed, 04 May 2022 07:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=671454

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов ќе извршат увид на градежни активности во индустриската зона - Таринци, општина Карбинци. Настанот се одвива во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ и е закажан во 11 часот. Најавена е и изјава на Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promenite-se-sluchuvaat-sekogash-so-narodot-denes-vo-karbinci/feed/ 0