карцином – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 06:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карцином – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/#respond Wed, 06 Sep 2023 06:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=875041

Случаите на рак кај младите луѓе ширум светот пораснале за 79 отсто, меѓу 1990. и 2019 година, предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките за оние на возраст под 50 години. Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако генетиката веројатно придонесува за порастот - и пушењето, пиењето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но со малку овошје и млеко, се главните фактори на ризик. Утврдено е дека прекумерната тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта имале улога во тоа покачување на бројките кај младите лица. Научниот труд е објавен во списанието „БМЈ онколоџи“ (BMJ Oncology). Ракот на дојка го сочинува најголемиот дел од случаите - 13,7 на секои 100.000 луѓе. Случаите на рак на душникот и на простата, пак, растат најбрзо со 2,28 насто и 2,23 насто годишно, соодветно. А пак, случаите на рак на црниот дроб се во пад, во просек за 2,88 отсто. Раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последниве 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година. Добротворната организација „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK) потврди дека напредокот во згрижувањето на болни ракот помогнал да се спасат најмалку 1,2 милиони животи во Обединетото Кралство од 1980-тите до денес. Д-р Клер Најт смета дека ракот останува „првенствено болест на постарите лица“, но и оти, сепак, наодите од новото истражување се алармантни. - Потребни се повеќе испитувања за причините за рак на рана возраст, за одредени видови канцер, како што е и нашето истражување коешто разгледува нови начини за идентификување поголема опасност од рак на дојка кај помладите жени, додаде д-р Најт. Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на сонце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/feed/ 0
СЗО: Можно е зголемување за 55 проценти на заболените од рак до 2040 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/#respond Tue, 04 Apr 2023 07:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=819890

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година. - Доколку стапката на рак остане стабилна, а растот на населението и стареењето продолжат паралелно, се проценува дека до 2040 година во светот ќе бидат регистрирани 28 милиони нови случаи на рак, објави СЗО. До 2040 година, бројот на заболени од рак се очекува да се зголеми за 54,9 отсто во споредба со 2020 година, при што зголемувањето е за 60,6 проценти поголемо кај мажите отколку кај жените. Ракот, втора водечка причина за смрт, секоја година се дијагностицира кај 734.000 луѓе, а во 2020 година, една од шест смртни случаи се должи на канцер. На повеќе од 19,2 милиони луѓе ширум светот им бил дијагностициран рак во 2020 година, додека повеќе од 9,9 милиони луѓе починале од оваа болест. Околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот. Од 30 до 50 проценти од смртните случаи предизвикани од рак може да се спречат со рана дијагноза и ефикасен третман, додека значителен број пациенти немаат пристап до навремена дијагноза и третман. Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, најмногу случаи има во Азија - 9,5 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-mozhno-e-zgolemuvane-za-55-protsenti-na-zabolenite-od-rak-do-2040-godina/feed/ 0
Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-eho-pregledi-za-otkrivane-na-kartsinom-lekarite-apeliraat-na-chesti-kontroli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-eho-pregledi-za-otkrivane-na-kartsinom-lekarite-apeliraat-na-chesti-kontroli/#respond Tue, 14 Mar 2023 13:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=811801

Во Здружението на пензионери во Тетово денеска започнаа бесплатни прегледи со ехо апарат со цел рано откривање на рак кои ги спроведува д-р Павле Спасеновски. Активноста се организира по повод Неделата за борба протв рак, а прегледи ќе има и во четврток и петок. Специјалистот за ЕХО дијагностика упатува апел што повеќе луѓе да ја искористат можноста за преглед бидејќи се повеќе има заболени луѓе од оваа болест. -Акцијава е во соработка со Црвен крст Тетово и се прават бесплатни прегледи со ЕХО апартат на дојки и тироидна жлезда, за сите возрасти важи. Досегашните моите согледувања во оваа амбуланта се поразителни со тоа што ако кажам дека кај 50 отсто од прегледаните се наоѓа малигнитет, што можам да го оценам како катастрофа. Причина е стресната состојба. Жално е но порано карциномот на дојките беше дијагностициран кај повозрасни личнсоти, а сега има и околу 30 годишни жени. Тредовно да прават годишни прегледи. Мамографија треба да направи за да се утврди дијагнозата. Мојата препораката е сите жени да се контролираат, ЕХО е најточно за рано откривање на болеста. Самоконтролата е најважна работа, секое женско лице да ја провери состојбата на дојките, а ако почувствува некоја разлика да се јави на лекар, изјави д-р Павле Спасеновски. Докторот потенцира дека карцином на дојка може да се открие и кај мажи, иако во еден процент, но во неговата повеќедецениска работа открил пет такви случаеви во тетовскиот регион. -Кај машките е потешко да се открие затоа што касно доаѓаат и нема симптоматологија. Може да се најде само тврда грутка, неподвижна и колку е да мала, треба да се провери. Затоа правиме вакви бесплатни прегледи и апели сите да дојдат и да се прегледаат, рече д-р Спасеновски. Прегледите во просториите на Здружението на пензионери во Тетово во четврток и петок ќе се извршуваат од 10 до 14 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatni-eho-pregledi-za-otkrivane-na-kartsinom-lekarite-apeliraat-na-chesti-kontroli/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Власта на СДСМ и ДУИ чини човечки животи, ги остави без терапија пациентите со карцином https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovornosta-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-chini-chovechki-zivoti-gi-ostavi-bez-terapija-pacientite-so-karcinom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovornosta-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-chini-chovechki-zivoti-gi-ostavi-bez-terapija-pacientite-so-karcinom/#respond Sun, 22 May 2022 08:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=680037

Владата на СДСМ и ДУИ има 100 милиони евра за непродуктивни трошоци, а нема пари за терапија за пециентите со карцином, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека Владата на СДСМ и ДУИ ги остави без терапија цел еден месец лицата со колоректален, оваријален и цервикален карцином, терапија која за нив значи живот. -Министерството за здравство не направило и не прави набавка на оваа терапија, што е огромен скандал и пример за неоговорност. Власта не заборава и не пропушта да објави набавки кај што има провизии, кога се набавува кафе, апетисани, морски плодови, службени возила или други луксузи, а ова набавка не ја прави. Затоа оваа неодговорна власт треба да си замине час поскоро. Нивната неодговорност може да чини човечки животи, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-neodgovornosta-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-chini-chovechki-zivoti-gi-ostavi-bez-terapija-pacientite-so-karcinom/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Да требаше да се распише тендер за во РЕК веќе 100 пати ќе беше направено, но кога се во прашање лекови за пациенти од карцином се чека со месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-da-trebashe-da-se-raspishe-tender-za-vo-rek-vekje-100-pati-kje-beshe-napraveno-no-koga-se-vo-prashanje-lekovi-za-pacienti-od-karcinom-se-cheka-so-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-da-trebashe-da-se-raspishe-tender-za-vo-rek-vekje-100-pati-kje-beshe-napraveno-no-koga-se-vo-prashanje-lekovi-za-pacienti-od-karcinom-se-cheka-so-meseci/#respond Sat, 21 May 2022 07:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=679754

Да требаше да се распише тендер за во РЕК веќе 100 пати ќе беше направено, но кога се во прашање лекови за пациенти од карцином се чека со месеци. Пациенти со неколку видови карцином се оставени без соодветната билошка терапија цел месец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека животот на десетици пациенти е загрозен, затоа што цел месец не можат да ја примат потребната терапија, затоа што во Клиниката за Онкологија ја нема, а ја нема затоа што не е распишан тендер за набавка. - Доколку набргу не се распише тендер за набавка на биолошка терапија ќе снема и за други видови карцином, и животот на голем број наши сограѓани може да стане целосно невозможен. Што треба да се случи за власта да ги набави потребните лекови? Дали вака ќе се чекаше и доколку требаше да се распише тендер за камиони или ископ во РЕК, или таму имаат интерес фирмите со струмички камиони и тендерите бргу одат? Апелираме власта да не си поигрува со животите на нашите сограѓани болни од карцином, и веднаш да ја обезбеди потребната билошка терапија, се додава во партиското соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-da-trebashe-da-se-raspishe-tender-za-vo-rek-vekje-100-pati-kje-beshe-napraveno-no-koga-se-vo-prashanje-lekovi-za-pacienti-od-karcinom-se-cheka-so-meseci/feed/ 0
Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/#respond Fri, 20 May 2022 09:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=679412

Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином. За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој посочи дека во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци. - Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти. Со секој поминат ден без решена набавка на биолошка терапија за различни видови карцином, СДСМ и ДУИ на душа носат десетици човечки судбини и се директно одговорни за последиците, појасни Стоилковски. Тој додаде дека и еден ден повеќе поминат со СДСМ и ДУИ е премногу! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nema-terapija-za-zaboleni-od-karcinom-tenderot-ne-e-po-merka-na-dui-sdsm/feed/ 0
Некои онколошки пациенти со Ковид-19 може да бидат заразни со месеци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekoi-onkoloshki-pacienti-so-kovid-19-moze-da-bidat-zarazni-so-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekoi-onkoloshki-pacienti-so-kovid-19-moze-da-bidat-zarazni-so-meseci/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=441297

Пациентите заболени од Covid-19, коишто поради оноколошки заболувања истовремено се подвргнати на хемотерапии или зрачење, методи на лекување карциноми кои го слабеат новниот имунолошки систем, може да останат заразни и да го шират коронавирусот и повеќе од два месеца од почетокот на заразата, покажуваат резултатите од студијата објавена во научното списание New England Journal of Medicine. Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во моментов им препорачува на здравствените работници во текот на лекувањето на ваквите пациент кај кои е загрозен имунолошкиот систем, да применат дополнителни мерки на претпазливот, како што се носењето респораторни наместо хируршки маски за лице, и да ги изолираат пациентите до 20 дена по појавата на симптомите. Во новата студија експертите анализирале примероци од слуз и брисеви на 20 имуносупримирани пациенти коишто боледувале од рак, а истовремено биле заразени со коронавирусот. Утврдиле дека тројца пациенти опфатени со истражувањето биле заразни и подолго од три седмици по појавата на симптомите, а еден од нив бил заразен дури 61 ден. Тројца пациенти во претходните шест месеци биле подвргнати или на трансплантација на матичните клетки или на терапија со генетски модифицирани имунолошки клетки наречени CAR T-клетки. Кај двајца се развила потешка форма на Covid-19 и се покажало дека ниеден од споменатите онколошки пациенти немал антитела на вирусот. Сегашните препораки во јавното здравство за пациентите со Covid-19 и слаб имунолошки систем се втемелени на лимитираните податоци и веројатно ќе треба да бидат ревидирани, истакнуваат научниците објавени во писмото во ова списание. „Од неколку претходни студии знаеме дека доколку спаѓате меѓу здравите лица, по првата седмица од болеста повеќе не сте заразни, но за имунокомпромитираните пациенти знаеме многу малку“, напиша др Мини Камбој, една од авторките на студијата од Центарот за рак во „Memorial Sloan Kettering“. Додава дека не може со сигурност да се каже дали онколошкиот пациент кол боледува од Covid-19 е заразен и три седмици од почетокот на заразата и дали треба медицинскиот персонал и членовите не неговото семејство да спроведуваат превентивни мерки и подолго од тоа. Иако веројатно само мал број пациенти кои истовремено боледуваат од некоја форма на карцином и од Covid-19 веројатно ќе останат заразни подолго време, „во секој случај постои ризик за кој мора сериозно да размислиме“. „Мораме постојано да имаме на ум дека имунокомпормитираните пациенти може да бидат заразни за луѓето околу нив и подолго од очекуванито период“, се додава во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nekoi-onkoloshki-pacienti-so-kovid-19-moze-da-bidat-zarazni-so-meseci/feed/ 0
Легендарниот Изет проговори за тешката болест и испрати порака до пушачите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-izet-progovori-za-teshkata-bolest-i-isprati-poraka-do-pushachite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-izet-progovori-za-teshkata-bolest-i-isprati-poraka-do-pushachite/#respond Wed, 15 Jan 2020 23:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=290363

Легендарниот актер Мустафа Надаревиќ јавно призна дека страда од малигна болест на белите дробови и се придружи на кампањата „Дишеме за живот“. Актерот зборуваше за својата болест и верува дека ќе ја победи. "Кога сфатив дека тоа е дел од животот, болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест", рече тој за босанските медиуми. Тој испратил порака до секој што припаѓа на ризичната група, односно долгогодишните пушачи. „Можам да им кажам да не бидат толку примитивни како што сум јас, да се исплашат од докторот. За мене, докторот ми беше страшен уште како мало дете, од забар па натаму, сè ми беше ужасно. Добро е да се оди навреме на прегледи, зашто тогаш можноста за излекување е поголема “, заклучи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-izet-progovori-za-teshkata-bolest-i-isprati-poraka-do-pushachite/feed/ 0
Се зголемува бројот на заболени од карцином на дебелото црево https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/#respond Sat, 13 Apr 2019 14:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=185932

Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот. Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот. Ова беше посочено на денешната меѓународна конференција насловена „Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?”, што ја организира Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control) во Скопје. Д-р Владимир Димов истакна дека денеска колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти. Во Македонија, како што беше посочено, тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 отсто. -Целта на оваа конференција е да ги расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг, рече Димов. Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше наконференцијата, истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство. -Верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест, изјави министерот Филипче. Директорката на Аџибадем Систина д-р Јана Марин на отворањето истакна дека од самиот почеток силно го поддржаат и поттикнуваат развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и со владините институции и јавното здравство. На конференција беше промовиран печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава се со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението. На дводневната конференција присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/feed/ 0