кардинал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Nov 2020 10:01:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кардинал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австралиски медиуми на суд поради известување за случајот на кардиналот Пел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-mediumi-na-sud-poradi-izvestuvanje-za-sluchajot-na-kardinalot-pel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-mediumi-na-sud-poradi-izvestuvanje-za-sluchajot-na-kardinalot-pel/#respond Mon, 09 Nov 2020 10:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=426806

Истакнати австралиски новинари и медиумски организации денеска ќе се појават пред суд поради објавување делови од обвинението против кардиналот Џорџ Пел во 2018 година. Во декември 2018 година, поротата го осуди Пел за сексуално злоставување на две момчиња во катедрала во Мелбурн во 1996 година. Австралискиот висок суд во април годинава едногласно ја поништи пресудата. Вкупно 12 медиуми и 18 новинари се обвинети за непочитување на судот и кршење на наредбата за забрана за објавување на информации од судењето, а доколку бидат прогласени за виновни, се соочуваат со парична казна и можни затворски казни. На медиумите им беше забрането да известуваат за судењето и пресудата поради одлука на судија од 2018 година која е изречена со цел пресудата да не влијае врз друго судење, кое подоцна беше отфрлено. Дел од австралиските медиуми, сепак, пишуваа за случајот под наслови како „Приказна за која не смееме да известуваме“, наведувајќи дека е осуден високопозициониран Австралиец. Другите медиуми се обвинети за помагање на меѓународни медиуми кои пишуваа за пресудата на Пел. Сите обвинети, вклучувајќи ги и Сиднеј Морнинг Хералд, Аустралиан Фајненшл Ривју и радиостаниците од 2 ГБ и Канал девет, се изјаснија за невини. Судскиот процес во Врховниот суд во сојузната држава Викторија се одржува преку видео врска, и би требало да трае од 10 до 15 дена. Кардиналот Пел е поранешен советник на папата Франциск. Тој беше ослободен 404 дена откако беше осуден на шест години затвор. Оттогаш живее во манастир во Сиднеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliski-mediumi-na-sud-poradi-izvestuvanje-za-sluchajot-na-kardinalot-pel/feed/ 0
Римскиот кардинал Анџело Де Донатис позитивен на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rimskiot-kardinal-andzelo-de-donatis-pozitiven-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rimskiot-kardinal-andzelo-de-donatis-pozitiven-na-koronavirusot/#respond Tue, 31 Mar 2020 05:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=324579

Кардиналот Анџело де Донатис, кој во име на папата Франциск управува со Римската бискупија, е заразен со коронавирус, соопшти Ватикан. Кардиналот де Донатис е највисоко рангиран католички свештеник за кого се знае дека е позитивен на коронавирусот, пренесоа британските медиуми. Тој бил тестиран на вирусот бидејќи не се чуствувал добро и бил примен во болница .во Рим. Неговите најблиски соработници од претпазливост заминаа во доброволен карантин. Ватикан во саботата соопшти дека папата и неговите најблиски соработници не се позитивни на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rimskiot-kardinal-andzelo-de-donatis-pozitiven-na-koronavirusot/feed/ 0
Потврдена затворската казна на кардиналот Џорџ Пел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/#respond Wed, 21 Aug 2019 08:11:20 +0000 https://kurir.mk/?p=231804

Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца. Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред ззградата на судот, јавија американските медиуми. Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше опсуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн. Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија. Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/feed/ 0
Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за сексуално малтретирање деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/#respond Sat, 28 Jul 2018 13:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=82168

Папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик од колеџот на Кардналите, откако Мекерик беше обвинет дека пред половина век сексуално малтретирал малолетник во Њујорк. Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот. Мекерик (88) ги негира обвинувањата против него. Според обвинувањата, тој две децении малтретирал еден сега 60 годишен маж од Вирџинија, кој првпат бил нападнат кога имал 11 години. Мекерик е обвинет дека имал врска и со тројца возрасни мажи. Еден од лицата кои го обвинија Мекерик е поранешен свештеник кој вели дека надбискупот редовно го канел во куќа на плажа, каде што секогаш се случувало да има повеќе поканети луѓе отколку кревети и некој морал да спие со свештеникот. Мекерик долго време беше сметан за еден од водечките дипломати на Католичката црква. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/feed/ 0