кардиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Nov 2020 19:09:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кардиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кардиолозите откриваат: Ако не сакате да ви откажат белите дробови поради коронавирус, секој ден пијте го ова! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kardiolozite-otkrivaat-ako-ne-sakate-da-vi-otkazat-belite-drobovi-poradi-koronavirus-sekoj-den-pijte-go-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kardiolozite-otkrivaat-ako-ne-sakate-da-vi-otkazat-belite-drobovi-poradi-koronavirus-sekoj-den-pijte-go-ova/#respond Wed, 25 Nov 2020 19:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=434422

Кардиолозите даваат јасни насоки за борбата против коронавирус Со оглед на тоа што повеќе луѓе умираат од кардиоваскуларни болести отколку од коронавирус, кардиолозите дадоа јасни насоки во борбата против вирусот. „Тајната е во добрата превентива. Кога организмот ви е јак, кога има добар имунитет, тој може да се избори со сите вируси. - Имаме податоци кои велат дека повеќе се умира од срце отколку од ковид. Тоа е така затоа што сме изложени на стрес и на намалено движење. Советуваме секое утро да вежбате лесна гимнастика, а потоа да шетате. Кога сте на отворено, извадете ја маската и дишете. Овозможете му на телото да добие кислород. Штом излезете надвор, длабоко вдишете, откриваат кардиолозите. На прашањето како да ги вадиме маските кога експертите советуваат и на отворено да носиме маски, докторите одговараат: - Тоа е глупост. Пропуст. Маската го спречува дотокот на кислород. Кога сте на отворено и кога се движете, спуштете ја маската, дозволете му на телото слободно да дише. Кога сте во затворено, носете маски. Истражувањата велат дека маските го спречуваат дотокот на кислород до мозокот, поради тоа децата ќе имаат намален ментален развој. Оние што се шетаат во природа, на планина, во шума, мораат да ја извадат маската и да дишат. Ги советуваме сите додека трае короната да пијат витамин Ц, витамин Д и аспирин. Секој ден. Аспиринот е задолжителен и треба да се пие навечер. Тоа ќе го спречи колапсот на белите дробови кога и ако дојде до заразување со коронавирус. Па, ние кога оперираме луѓе, срцево болни, им даваме да пијат аспирин до крајот на својот живот!“ А како да ги спречиме менталните болести предизвикани од корона? Нема причина за страв. Слушајте што ви говорат лекарите, погрижете се организмот да ви биде отпорен и здрав. Движете се и пијте витамини. Верувајте дека вашето тело ќе го совлада вирусот ако се заразите. Не зборувајте и не размислувајте само за коронавирусот, во животот постои и уметност, спорт… Верувајте во медицината, бидејќи луѓето кои веруваат во лек и во излекување, побрзо и полесно оздравуваат од оние кои не веруваат. Ако постојано мислите дека ќе се разболите, дека ќе се заразите, до тоа и ќе дојде. Верувајте дека ќе го совладате вирусот. Движете се повеќе и водете сметка за превенцијата“, советуваат докторите. Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kardiolozite-otkrivaat-ako-ne-sakate-da-vi-otkazat-belite-drobovi-poradi-koronavirus-sekoj-den-pijte-go-ova/feed/ 0
Кардиолошки препораки за намалување на ризикот и заштита на пациентите со срцеви заболувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/#respond Wed, 08 Apr 2020 08:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=328983

Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација. Практични кардиолошки препораки: - Доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози, лекувања и престој во кардиолошка болница, да ги наведе сите лекови кои ги користи, за да овозможи подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување. Потребно е препораката од матичниот лекар да се почитува во целост. - Доколку кардиолошки болен има симптоми од типот на силна остра градна болка, која трае повеќе од пет минути и не се смирува со земање на досегашните лекови, потребно е веднаш да се консултира со матичниот лекар кој ќе го упати како понатаму да постапи. - Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика, дури и да имаат КОВИД 19, но редовното користење на лековите и запознавањето на медицинскиот персонал, кој се грижи за болниот со досегашните лекови е од исклучителна важност. - Секој пациент кој се лекува поради покачен крвен притисок, потребно е да го следи притисокот со самомерење и запишување на измерената вредност, и по телефон да се консултира со својот матичен лекар, доколку притисокот надминува 150/100 и да се зголеми дозата од лековите, кои дотогаш редовно се користеле, а доколку и покрај тоа притисокот не се регулира консултирајте се за преглед во ординација. - Стресот и стравот од неизвесноста во овие вондредни услови, како и постоењето штетни навики можат да влијаат врз крвниот притисок. Во некои случаи, добар човечки и лекарски совет за здрава храна и здрави навики, можат да смират дел од вознемиреноста и да ја ублажат состојбата во која сите се наоѓаме. - Пациентите кои имаат долготрајна, хронична терапија заради ангина пекторис или корорнарна артериска болест, треба да продолжат со земање на лековите, без разлика дали имаат сиптоми на инфекција или не. Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика дури и да имаат КОВИД 19, но неопходно е редовното користење на лековите и давање точна и детална информација на медицинскиот персонал за досегашната терапија. - Земањето на лековите и почитувањето на досегашните препораки од лекарот можат да го намалат ризикот од комппликации при оваа стресна вонредна состојба, како и ризикот од белодробна инфекција. Кај пациентите каде е направена реваскуларизација, на пример, доколку имаат стент или бај пас постои ризик од компликации при вирусна инфекција на дишните патишта. Стентирањето или бај пасот значително го намалува тој ризик, доколку пациентот дотогаш се чувствувал добро. Важно е редовно земање на лековите и да ги запознае лекарите кои се грижат за него со дотогашните состојби. - Терапијата со статини кај кардиоваскуларните болни е неоходно да се продолжи во препорачаната доза за да се спречи и стабилизира коронарната и васкуларната болест. Постојат докази дека земањето статини ги намалува ризиците за кардиоваскуларни компликации поврзани со КОВИД 19 кај срцеви болни кај кои се развила вирусната инфекција. Статините делуваат имуностабилизирачки и го стабилизираат внатрешниот слој на крвните садови, а поради тоа влијаат врз превенција на кардиоваскуларните настани. - Кардиолозите препорачуваат да се одложи секој претходно закажан преглед за коронарен стрес-тест, ехо на срцето, холтер, коронарографија, техничка контрола на импантиран пејс-мејкер или друга направа, поради заштита на пациентите и спречување на ширење на инфекцијата со коронавирусот. Потребно е да се одложи секој тест или процедура или консултација што нема директно да влијае врз кардиолошката состојба. - Не се препорачува хоспитално лекување и коронарографија кај пациенти без акутно срцево страдање со кардио-ризик, кој го надминува ризикот од инфекција во време на пандемија. - Пациентите кои имаат силни потешкотии и градни болки, како и силно срцево чукање, потребно е да се јават со досегашните ЕКГ и резултати од тестови и со досегашните медицински документи за консултација кај својот матичен лекар, со цел да се процени неопходноста од натамошно постапување. Секој кардио-пациент треба да дојде со маска, со најмногу еден роднина во придружба, кој исто така треба да носи маска. Заштитната хируршка маска на лицето спречува и ја штити околината на пациентите дојдени на преглед од ширење на евентуална инфекција. Носењето на вашата маска при преглед, го заштитува медицинскиот персонал кој треба да ви помогне за вашата срцева мака. Носењето заштитна маска при преглед е во насока на препораките на Светската здравствена организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/feed/ 0
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kardiolozite-preporachuvaat-napijte-se-vino-pomalku-stres-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kardiolozite-preporachuvaat-napijte-se-vino-pomalku-stres-za-vas/#respond Thu, 18 Oct 2018 12:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=116766

Кардиолозите тврдат дека редовното, но умерено консумирање на црвено вино може да биде превентива против кардиоваскуларните болести, па дури и против некои видови рак. Во последно време многу се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино. Научниците потврдиле дека тоа го намалува ризикот од срцеви болести, штити од мозочен удар, некои видови рак, па дури и делува против одредени бактерии како салмонела, ешерихија коли и листерија. Некои видови вино се навистина поздрави од други, но тврдењето дека сите вина се здрави во која било количина сепак е само мит. Кардиолозите сметаат дека умереното консумирање црвено вино го намалува холестеролот и го нормализира крвниот притисок. Во него особено се истакнува салицилната киселина која ги разградува маснотиите и ги раствора честичките во крвта. На овој начин го спречува затнувањето на артериите. Еден литар вино содржи околу 60 милиграма салицилна киселина, доза двојно поголема од дневната доза аспирин што ја препорачуваат лекарите како превентива од срцеви болести. Виното исто така го релаксира човечкиот организам. Овој ефект доаѓа благодарение на големото количество калциум, односно од 50 до 140 милиграми во еден литар, како и магнезиум, од 40 до 120 милиграми во литар. Заедно со големото количество витамини Б и Ц, овие минерали се важни во борбата против стресот. Добрите страни на виното се многубројни, а една од придобивките е подобрување на меморијата. Докажано е дека жените во третата доба од животот кои пијат вино само еднаш неделно имаат побистар ум и подобро помнат. Исто така виното ги спречува воспалителните процеси на крвните клетки. Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат чаша вино дневно се послаби од оние кои пијат поретко и во поголема количина. Имено, сите кои умерено уживаат во виното имаат потенка половина и помалку масни наслаги на стомакот, задникот и колковите. Исто така алкохолот од виното го поттикнува согорувањето на калориите. Меѓутоа потребно е да внимавате на количината бидејќи консумирањето повеќе од една чаша може да ги зголеми килограмите. Жените кои дневно пијат по една чаша вино имаат погусти, поцврсти коски за разлика од оние кои воопшто не го пијат. Алкохолот во умерено количество може да го зголеми нивото на естроген кој го забавува трошењето на коските кое се појавува со годините. Покрај тоа, ако го консумирате умерено, виното не само што ќе ви ја врати виталноста, туку ќе ви го продолжи животот и ќе го направи поквалитетен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kardiolozite-preporachuvaat-napijte-se-vino-pomalku-stres-za-vas/feed/ 0