кардиоваскуларни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 13:11:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кардиоваскуларни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=770164

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања. На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата. – Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски. Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата. – КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова. Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем. – Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска. Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки. – Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/feed/ 0
Кардиолошки препораки за намалување на ризикот и заштита на пациентите со срцеви заболувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/#respond Wed, 08 Apr 2020 08:03:18 +0000 https://kurir.mk/?p=328983

Кардиолозите советуваат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и токму навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од инфекција на дишните патишта со новиот коронавирус. Од тоа што досега се знае, поголемиот број инфицирани, односно кај 80 проценти, инфекцијата ќе помине како лесно заболување со лекување во домашни услови. Кај останатите 20-тина проценти ќе биде неоходно хоспитализирање поради пневмонија и кај два до пет проценти ќе биде потребно интензивно лекување и асистирана вентилација. Практични кардиолошки препораки: - Доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози, лекувања и престој во кардиолошка болница, да ги наведе сите лекови кои ги користи, за да овозможи подобра проценка од матичниот лекар за натамошно постапување. Потребно е препораката од матичниот лекар да се почитува во целост. - Доколку кардиолошки болен има симптоми од типот на силна остра градна болка, која трае повеќе од пет минути и не се смирува со земање на досегашните лекови, потребно е веднаш да се консултира со матичниот лекар кој ќе го упати како понатаму да постапи. - Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика, дури и да имаат КОВИД 19, но редовното користење на лековите и запознавањето на медицинскиот персонал, кој се грижи за болниот со досегашните лекови е од исклучителна важност. - Секој пациент кој се лекува поради покачен крвен притисок, потребно е да го следи притисокот со самомерење и запишување на измерената вредност, и по телефон да се консултира со својот матичен лекар, доколку притисокот надминува 150/100 и да се зголеми дозата од лековите, кои дотогаш редовно се користеле, а доколку и покрај тоа притисокот не се регулира консултирајте се за преглед во ординација. - Стресот и стравот од неизвесноста во овие вондредни услови, како и постоењето штетни навики можат да влијаат врз крвниот притисок. Во некои случаи, добар човечки и лекарски совет за здрава храна и здрави навики, можат да смират дел од вознемиреноста и да ја ублажат состојбата во која сите се наоѓаме. - Пациентите кои имаат долготрајна, хронична терапија заради ангина пекторис или корорнарна артериска болест, треба да продолжат со земање на лековите, без разлика дали имаат сиптоми на инфекција или не. Повеќето пациенти нема да имаат тешка клиничка слика дури и да имаат КОВИД 19, но неопходно е редовното користење на лековите и давање точна и детална информација на медицинскиот персонал за досегашната терапија. - Земањето на лековите и почитувањето на досегашните препораки од лекарот можат да го намалат ризикот од комппликации при оваа стресна вонредна состојба, како и ризикот од белодробна инфекција. Кај пациентите каде е направена реваскуларизација, на пример, доколку имаат стент или бај пас постои ризик од компликации при вирусна инфекција на дишните патишта. Стентирањето или бај пасот значително го намалува тој ризик, доколку пациентот дотогаш се чувствувал добро. Важно е редовно земање на лековите и да ги запознае лекарите кои се грижат за него со дотогашните состојби. - Терапијата со статини кај кардиоваскуларните болни е неоходно да се продолжи во препорачаната доза за да се спречи и стабилизира коронарната и васкуларната болест. Постојат докази дека земањето статини ги намалува ризиците за кардиоваскуларни компликации поврзани со КОВИД 19 кај срцеви болни кај кои се развила вирусната инфекција. Статините делуваат имуностабилизирачки и го стабилизираат внатрешниот слој на крвните садови, а поради тоа влијаат врз превенција на кардиоваскуларните настани. - Кардиолозите препорачуваат да се одложи секој претходно закажан преглед за коронарен стрес-тест, ехо на срцето, холтер, коронарографија, техничка контрола на импантиран пејс-мејкер или друга направа, поради заштита на пациентите и спречување на ширење на инфекцијата со коронавирусот. Потребно е да се одложи секој тест или процедура или консултација што нема директно да влијае врз кардиолошката состојба. - Не се препорачува хоспитално лекување и коронарографија кај пациенти без акутно срцево страдање со кардио-ризик, кој го надминува ризикот од инфекција во време на пандемија. - Пациентите кои имаат силни потешкотии и градни болки, како и силно срцево чукање, потребно е да се јават со досегашните ЕКГ и резултати од тестови и со досегашните медицински документи за консултација кај својот матичен лекар, со цел да се процени неопходноста од натамошно постапување. Секој кардио-пациент треба да дојде со маска, со најмногу еден роднина во придружба, кој исто така треба да носи маска. Заштитната хируршка маска на лицето спречува и ја штити околината на пациентите дојдени на преглед од ширење на евентуална инфекција. Носењето на вашата маска при преглед, го заштитува медицинскиот персонал кој треба да ви помогне за вашата срцева мака. Носењето заштитна маска при преглед е во насока на препораките на Светската здравствена организација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardioloshki-preporaki-za-namaluvanje-na-rizikot-i-zashtita-na-pacientite-so-srcevi-zaboluvanja/feed/ 0