карикатура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Oct 2021 06:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карикатура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во сообраќајка загина карикатуристот Ларс Вилкс: Живееше со полициска заштита, го нацрта спорниот цртеж на пророкот Мухамед https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakjajka-zagina-karikaturistot-lars-vilks-ziveeshe-so-policiska-zashtita-go-nacrta-sporniot-crtez-na-prorokot-muhamed/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakjajka-zagina-karikaturistot-lars-vilks-ziveeshe-so-policiska-zashtita-go-nacrta-sporniot-crtez-na-prorokot-muhamed/#respond Mon, 04 Oct 2021 06:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=572511

Шведскиот уметник, Ларс Вилкс познат по тоа што нацрта карикатура на пророкот Мухамед на која на тело на куче ја нацрта неговата глава, загина во сообраќајна несреќа, јавува Би-Би-Си. Вилкс бил во автомобил на цивилна полиција кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид Во несреќата починале и двајцата полицајци, а возачот на камионот е повреден. Од 2007 година Вилкс бил под полициска заштита бидејќи добивал смртни закани поради наведената карикатура. Полицијата соопшти дека засега не е јасно како судирот се случил. Откако ја објави карикатурата на Мухамед, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за негово убиство. Пред објавување на спорната карикатура Вилкс не бил многу познат надвор од Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakjajka-zagina-karikaturistot-lars-vilks-ziveeshe-so-policiska-zashtita-go-nacrta-sporniot-crtez-na-prorokot-muhamed/feed/ 0
Турција најостро ја осуди карикатурата на Ердоган во Шарли Ебдо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/#respond Wed, 28 Oct 2020 09:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=421538

Високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза“. – Силно ги осудуваме карикатурите на нашиот претседател во француското списание кое нема почит кон ниту една религија. Ништо не им е свето, немаат никави вредности, напиша портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на Твитер. Тој додаде дека со тоа Шарли Ебдо покажува дека е „вулгарен и неморален“. – Напад врз нечии приватни ставови не е хумор ниту слобода на изразување, додаде Калин. Додека претставникот на Ердоган за медиуми, Фахретин Алтун изјави дека антимуслиманската пропаганда на францускиот претседател Емануел Макрон „дава плодови“. – Го осудуваме најодвратниот чин предизвикан од најновата карикатура, што шири расизам и омраза, напиша Алтун ан Твитер. На насловната страница на Шарли Ебдо, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-najostro-ja-osudi-karikaturata-na-erdogan-vo-sharli-ebdo/feed/ 0
Весникот „Ла Нувел Републик“, кој објави карикатура со Мухамед, поднесе пријава по добиените закани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vesnikot-la-nuvel-republik-koj-objavi-karikatura-so-muhamed-podnese-prijava-po-dobienite-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vesnikot-la-nuvel-republik-koj-objavi-karikatura-so-muhamed-podnese-prijava-po-dobienite-zakani/#respond Wed, 21 Oct 2020 10:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=418912

Регионалниот весник „Ла Нувел Републик“, дневен весник дистрибуиран од Ниорт до Блуа преку Тур, Шатору и Поатие, поднесе пријава откако доби неколку закани по објавувањето на својата насловна страна, на една од карикатурите на Мухамед објавени во Шарли Ебдо, во чест на дивјачки убиениот професор Самуел Пати, јави дописникот на МИА. Кристоф Хериго, главен уредник на „Ла Нувел Републик“, сакаше да ја објави оваа насловна страница спонтано, „и во знак на почит кон Самуел Пати, но и како искрена почит за да се каже доста“. -Ако веќе не сме тука, ние новинарите, да ги осудуваме работите, ние веќе не служиме повеќе за ништо. Покрај тоа, ние сме весник кој произлегува од Отпорот“, вели тој. -Овој шок […] предизвика огромни реакции, особено на социјалните мрежи, со 99,99% позитивни реакции, но и некои закани. Четири или пет пораки, особено на Фејсбук, недвосмислено, што не поттикна да поднесеме пријава заради принципот, изјави Кристоф Хериго главниот уредник на весникот на телевизијата БФМТВ. -Не бевме исплашени, ниту во изборот да ја објавиме насловната страница, ниту во воведниот коментар на весникот: Самуел Пати не се плашеше од тоа. Но, ние остануваме претпазливи, никогаш не се знае, додава новинарот. Весникот карикатурата ја објавил, во недела на 18 октомври, станува збор за цртежот на Кабу, убиен за време на нападот на 7 јануари 2015 година против редакцијата на Шарли Ебдо, во чест на Самуел Пати, наставникот по историја и географија обезглавен во петокот на 16 октомври во близина на неговото училиште во Конфлан-Сант-Онорин, кој го прикажа овој цртеж на час, како дел од часот курсот за слобода на изразување. Во добиените пораки било напишано: „внимавајте на враќањето на пламент“ или „ве предупредивме“. Затоа, веднаш беше поднесена пријава за закани. Истрагата ја отвори обвинителството во Шатеру, и таа и е доверена на судската полиција во Лимож. -Немаше апсолутно никаква желба да се предизвика, туку да се изрази на нашиот гнев по атентатот врз професорот, објасни Кристоф Хериго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vesnikot-la-nuvel-republik-koj-objavi-karikatura-so-muhamed-podnese-prijava-po-dobienite-zakani/feed/ 0
ФОТО: Кина бара извинување од дански весник поради карикатура за вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-kina-bara-izvinuvanje-od-danski-vesnik-poradi-karikatura-za-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-kina-bara-izvinuvanje-od-danski-vesnik-poradi-karikatura-za-virusot/#respond Tue, 28 Jan 2020 10:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=295667

Кинеската Амбасада во Копенхаген побара од најтиражниот дански весник да се извини за карикатурата на новиот коронавирус, коja ја сметаат за навреда на Кина. Карикатурата го прикажува кинеското знаме со симболи кои личат на вирус на местото каде би требало да бидат ѕвезди, а главниот уредник на весникот „Јиландс Постен“ рече дека немале намера да ја исмејуваат Кина. – Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо, изјави уредникот. Кинеската Амбасада изразила остро негодување и оцени дека карикатурата, која беше објавена вчера во печатено издание на весникот е навреда за Кина. Кина потврди дека од коронавирусот досега починале 106 лица, а заразени се 4.500 луѓе. Данскиот весник „Јиландс Постен“ во 2005 година објави 12 карикатури на пророкот Мухамед, што предизвика бес низ исламскиот свет бидејќи тие веруваат дека пророкот Мухамед не треба да се прикажува на никаков начин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-kina-bara-izvinuvanje-od-danski-vesnik-poradi-karikatura-za-virusot/feed/ 0