карикатури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 May 2022 08:45:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карикатури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба на карикатури на Јордан Ѓорчев во штипската уметничка галерија „Галерија 22“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-karikaturi-na-jordan-gjorchev-vo-shtipskata-umetnichka-galerija-galerija-22/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-karikaturi-na-jordan-gjorchev-vo-shtipskata-umetnichka-galerija-galerija-22/#respond Mon, 16 May 2022 08:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=677231

Јордан Ѓорчев, професор, писател, карикатурист, ерудит пред штипската публика ги изложи своите точно сто карикатури, од прва до последна инспирирани од нашето и светско време односно невреме. Карикатурите се изложени во уметничката „Галерија 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков вели дека оваа изложба е само вовед во соработката со Институтот за култура и уметност при МСУ „Гаврило Романович Державин“. -Денес сведочиме за прва изложба на карикатури на Јордан Ѓорчев, но овој културен настан е само вовед во договорената културна соработка помеѓу нашиот Центар за култура и Институтот за култура и уметност при МСУ „Гаврило Романович Державин“, за што во многу блиска иднина ќе потпишеме и договор. Со тоа значајно ќе го прошириме полето на културна соработка помеѓу двете соседни општини, вели Трајков. Писателот Трајче Кацаров истакна дека Ѓорчев освен што е автор, писател, карикатурист, како личност во неговиот град Свети Николе на Славјанскиот универзитет обезбедува посебен простор за културата. -Токму на МСУ „Гаврило Романович Державин“, благодарејќи на огромната посветеноста на Ѓорчев кон културата, се одржуваат голем број културни настани, како гостување на театри, писатели, поети, сатиричари, културно – уметнички друштва. Конечно, токму Ѓорчев е човекот кој прв на овие наши простори отвори 3Д кино, промовирајќи ја на тој начин и филмската култура како дел од севкупноста на културниот живот на секој човек, рече Кацаров. Ѓорчев смета дека е потребна поголема соработка меѓу културните институции, за поактивна размена и соработка. -Се надевам дека во иднина со најголемата културна институција во Источниот регион ќе бидеме поактивни во размената на културни добра, а институцијата со која јас раководам – Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, а во која посебно места има и културата, секогаш е и ќе биде широко отворена за работниците во културата од Штип и за нивните остварувања, рече Ѓорчев. Карикатурите на Ѓорчев може да ги видат до крајот на седмицата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-karikaturi-na-jordan-gjorchev-vo-shtipskata-umetnichka-galerija-galerija-22/feed/ 0
Изложба на наградените карикатури на „Остен“ во изминатите 50 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/#respond Sat, 21 Sep 2019 14:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=243235

Педесет карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури „Скопје“ од 1969 до 2019 се претставени на изложбата на „Остен“ која од вчера е отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид и ќе трае до 3 октомври. – Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организациско обликување на Светската галерија на карикатури од членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град – Мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години. За тоа се заслужни многумина: од Блаже Конески (кумот на името „Остен“), Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василие Поповиќ Цицо, .., преку Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Владо Јоциќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Глигор Костовски, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Ефтим Проески, Живко Павлов, сите во своите области како работници или соработници во Редакцијата на „Остен“, … па сѐ до Мице Јанкуловски, кој од 2004 година заедно со тимот на „Остен“ успешно ја продолжува традицијата на Светската галерија на карикатури, соопшти „Остен“. Наведува и дека и по половина век постоење ќе продолжи да создава услови за карикатуристите од цел свет да можат „да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-nagradenite-karikaturi-na-osten-vo-izminatite-50-godini/feed/ 0