Карим Бензема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 08:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Карим Бензема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Челникот на францускиот фудбал во одбрана на Бензема https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelnikot-na-frantsuskiot-fudbal-vo-odbrana-na-benzema/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelnikot-na-frantsuskiot-fudbal-vo-odbrana-na-benzema/#respond Fri, 20 Oct 2023 08:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891100

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Филип Дијало, изјави синоќа дека Карим Бензема е „еден од најголемите француски играчи на сите времиња“ во време кога прославениот фудбалер се најде под жестоки критики од францускиот министер за внатрешни работи за наводни „врски со организацијата Муслиманско братство“. „Што се однесува до Карим Бензема, сосема искрено, не сакам да се впуштам во таа полемика. Карим Бензема е еден од најголемите француски фудбалери, со огромно искуство, кој ја има освоено Златната топка. И до тоа се држам“, рече Дијало, одговарајќи на новинарски прашања во врска со наводите на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. Обвинувањата од Дарманен на адреса на Бензема дојдоа откако поранешниот фудбалер на Реал Мадрид преку социјалните мрежи ја коментираше војната меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас. „Сите наши молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неправедни бомбардирања кои не ги поштедуваат ниту децата, ниту жените“, напиша Бензема. Поединци, од друга страна, го критикуваа Бензема што не изрази сочувство и кон израелските жртви на злосторството кое го изврши Хамас на 7 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/chelnikot-na-frantsuskiot-fudbal-vo-odbrana-na-benzema/feed/ 0
Бензема може да го тужи францускиот министер за внатрешни работи за клевета https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-mozhe-da-go-tuzhi-frantsuskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-za-kleveta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-mozhe-da-go-tuzhi-frantsuskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-za-kleveta/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=890656

Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема може да го тужи францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин затоа што го обвини дека има врски со исламистичката организација „Муслиманско братство“. Адвокатот на фудбалерот рече дека овие изјави се неверодостојни. - Ова е лага, „Карим Бензема“ никогаш немал ни најмала врска со оваа организација. Ја разгледуваме можноста да преземеме правна постапка против овој министер, водејќи се, на пример, од законот за манипулација со информации, кој и е толку драг на нашата влада, и законот за клевета. Размислуваме да го тужиме дури и за јавна навреда, го цитира „Le Parisien“ адвокатот на играчот, Хјуг Вижие. Во Франција сакаат да му го одземат државјанството на Бензема. Исто и „Златната топка“. На 15 октомври, 35-годишниот напаѓач на социјалните мрежи ја поддржа Палестина во конфликтот со Израел. Во 2022 година, Бензема ја освои Златната топка. Тој од ова лето настапува за Ал-Итихад. Пред тоа напаѓачот играше за Реал Мадрид и Лион. Има 37 гола на 97 натпревари за француската репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-mozhe-da-go-tuzhi-frantsuskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-za-kleveta/feed/ 0
Сериозни обвинувања за Бензема, министер тврди дека фудбалерот одржува врски со терористи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-obvinuvana-za-benzema-minister-tvrdi-deka-fudbalerot-odrzhuva-vrski-so-teroristi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-obvinuvana-za-benzema-minister-tvrdi-deka-fudbalerot-odrzhuva-vrski-so-teroristi/#respond Wed, 18 Oct 2023 18:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=890466

Фудбалерот Карим Бензема одржува врски со терористичката организација Муслиманско братско, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманин. Жестоката реакција на адреса на долгогодишниот француски репрезентативец доаѓа откако Бензема неодамна на социјалните мрежи го нарече „неоправдано израелското бомбардирање цивилни цели во Газа“. „Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на неоправдани бомбардирања што не ги поштедуваат ниту жените, ниту децата“, напиша на социјалните мрежи Бензема, кој ова лето го напушти мадридски Реал и потпиша за саудиски Ал Итихад. Францускиот министер Дарманин го поврза Бензема како личност која во позитивно светло го пропагира во јавноста милитантното движење Хамас, а уште пожестока реакција дојде од француската политичарка Валери Боје, која повика да му биде одземена на Бензема престижната награда „Златна топка“ која ја освои во 2022 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seriozni-obvinuvana-za-benzema-minister-tvrdi-deka-fudbalerot-odrzhuva-vrski-so-teroristi/feed/ 0
Израелски голман го навреди Бензема: Му ги кажа ОВИЕ безобразни зборови, а причината е јасна https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/izraelski-golman-go-navredi-benzema-mu-gi-kazha-ovie-bezobrazni-zborovi-a-prichinata-e-jasna/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/izraelski-golman-go-navredi-benzema-mu-gi-kazha-ovie-bezobrazni-zborovi-a-prichinata-e-jasna/#respond Mon, 16 Oct 2023 15:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=889444

Поранешниот голман на израелската фудбалска репрезентација Дуду Ауате (45) изнесе навреди преку социјалните мрежи на адреса на францускиот напаѓач Карим Бензема, кој наведе дека Израел неоправдано бомбардира жени и деца во Појасот Газа. Ауате, кој во кариерата настапуваше за Депортиво Ла Коруња и Мајорка, на платформата Х на пет јазици напиша „Ти си курвин син“, илустрирајќи ја пораката со знамињата на Израел и САД. Бензема, кој ова лето го напушти Реал Мадрид и кариерата ја продолжи во саудиски Ал Итихад, претходно во неделата на истата социјална мрежа напиша дека се моли за жителите на Газа врз која израелската војска подготвува целосна офанзива од копно, море и воздух. „Сите наши молитви се за жителите на Газа кои повторно се жртви на неправедно бомбардирање“, напиша 35-годишниот Бензема.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/izraelski-golman-go-navredi-benzema-mu-gi-kazha-ovie-bezobrazni-zborovi-a-prichinata-e-jasna/feed/ 0
Бензема со порака до еден играч по победата над Наполи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-so-poraka-do-eden-igrach-po-pobedata-nad-napoli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-so-poraka-do-eden-igrach-po-pobedata-nad-napoli/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884976

Во спектакуларен натпревар од второто коло во Лигата на шампиони, Реал Мадрид синоќа славеше со 3-2 против актуелниот првак на Италија, Наполи, за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. На социјалните мрежи се огласи и легендарниот напаѓач, Карим Бензема, кој во моментов игра за Ал-Итихад. Искусниот француски фудбалер иако не е во Реал, сепак ги прати сите мечеви. Вака беше и синоќа, уживаше во триумфот на „кралскиот“ тим. Во новата победа на Реал издвои еден играч и пиша: „Како и секогаш“, пиша Бензема на фотографијата со Винисиус Жуниор. Бразилецот веднаш ја сподели оваа фотографија на својот профил и порача: Ми недостигаш брате, заедно со едно бело срце. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-so-poraka-do-eden-igrach-po-pobedata-nad-napoli/feed/ 0
Бензема заврши во изолација! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-zavrshi-vo-izolatsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-zavrshi-vo-izolatsija/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=884064

После долго време еден фудбалер заврши во изолација поради коронавирус. Ова му се случи на Карим Бензема и тоа во Саудиска Арабија. Според скромните информации кои доаѓаат од оваа земја, Бензема бил позитивен на Ковид-19, ќе мора да биде отстранет од тимот, но не и каква е неговата здравствена состојба. Коронавирусот после долго време се врати во целиот свет, одамна ниту еден спортист не бил во изолација поради вирусот. Нема информации ниту на официјалната страница на Ал-Итихад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-zavrshi-vo-izolatsija/feed/ 0
Бензема не се вклопува во тактички стил на тренерот на Ал-Итихад https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-ne-se-vklopuva-vo-taktichki-stil-na-trenerot-na-al-itihad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-ne-se-vklopuva-vo-taktichki-stil-na-trenerot-na-al-itihad/#respond Wed, 23 Aug 2023 18:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=870211

Тренерот на Ал Итихад им кажа на раководството дека Карим Бензема не се вклопува во неговиот тактички стил. За проблемот на напаѓачот на Ал-Итихад со тренерот на тимот Нуно Еспирито Санто, објави „Asharq Al-Awsat“. Според медиумот од Саудиска Арабија, португалскиот специјалист му рекол на раководството дека 35-годишниот Французин не се вклопува во неговиот тактички стил. Тој првично не побара од клубот да го ангажира Бензема. Покрај тоа, по доаѓањето во клубот, Французинот се надеваше дека ќе ја добие капитенската лента, но тоа не се случи. Бензема летово се пресели во Ал Итихад. За тимот одигра два натпревари на кои постигна една асистенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-ne-se-vklopuva-vo-taktichki-stil-na-trenerot-na-al-itihad/feed/ 0
Бензема дебитираше со гол за Ал Итихад https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-debitirashe-so-gol-za-al-itihad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-debitirashe-so-gol-za-al-itihad/#respond Fri, 28 Jul 2023 09:51:41 +0000 https://kurir.mk/?p=861069

Францускиот напаѓач Карим Бензема дебитираше за саудискиот клуб Ал Итихад, запишувајќи гол и асистенција во синоќешниот триумф од 2-1 над туниски Есперанца во рамки на 1. коло од групата Ц на Арапскиот клупски куп на шампиони. Тунижаните поведоа во 26 минута со голот на Усама Бугера, по што израмни Абдзерак Хамдала во 36 минута на асистенција на Бензема, а поранешниот напаѓач на Реал Мадрид му донесе победа на својот нов клуб со гол во 55 минута. Францускиот напаѓач неодамна потпиша тригодишен договор со саудискиот клуб, вреден 100 милиони долари по сезона. На 30. издание на Арапскиот клупски куп на шампиони во Ријад учествуваат 16 екипи кои се борат за награден фонд од 10 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-debitirashe-so-gol-za-al-itihad/feed/ 0
Девојката на Бензема премина во ислам пред да оди во Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/#respond Thu, 29 Jun 2023 09:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=850764

Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја каде веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат“, изјави фудбалерот по пристигнувањето. Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која поради фудбалерот го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona. „Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и 'Светиот пат кон исламот', за христијанин што преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа. За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери. „Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот“, откри таа во една прилика. Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во „Hooters“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/devojkata-na-benzema-premina-vo-islam-pred-da-odi-vo-saudiska-arabija/feed/ 0
Претставување какво што не се памети: Шеикот го отвори куферот, Бензема воздивна, а 62.000 завршија во чудо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretstavuvane-kakvo-shto-ne-se-pameti-sheikot-go-otvori-kuferot-benzema-vozdivna-a-62-000-zavrshija-vo-chudo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretstavuvane-kakvo-shto-ne-se-pameti-sheikot-go-otvori-kuferot-benzema-vozdivna-a-62-000-zavrshija-vo-chudo/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:40:44 +0000 https://kurir.mk/?p=843921

Карим Бензема беше претставен на спектакуларен начин во Саудиска Арабија, што на сите во Мајами им даде тешка задача да го повторат истиот спектакл при претставувањето на Лео Меси. Последните двајца добитници на Златна топка најдоа нови клубови во рок од неколку дена еден од друг. Карим Бензема кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад, додека Лео Меси ќе премине во Интер Мајами. Бензема вечерва беше претставен на стадионот „Крал Абдула“ пред 62.000 гледачи и може да се каже дека вакво претставување одамна не е видено. Нема сомнеж дека Французинот целосно го засени Кристијано Роналдо и неговото доаѓање во Ал Наср пред неколку месеци, барем кога е во прашање претставувањето. Врвот на вечерта беше кога организаторите на сцената донесоа ковчег во кој се наоѓаше она за што сонува секој фудбалер, а ретко кој има можност да го добие. Кога шеикот го отвори куферот, самиот Бензема воздивна кога ја виде Златната топка, која ја прими, а потоа ја крена во воздух. Гледајќи во минатото, ова е уникатен случај фудбалер да ја покаже најпрестижната индивидуална награда во фудбалот на нова публика за време на презентацијата. Се надевам дека ќе направиме големи работи, ќе го доведеме тимот на високо ниво, изјави Французинот пред да го подигне трофејот. “Го избрав Ал Итихад бидејќи тие се добар тим. Имаат неверојатни навивачи. Ќе направам се што можам на теренот за да го доведам клубот на највисоко ниво”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pretstavuvane-kakvo-shto-ne-se-pameti-sheikot-go-otvori-kuferot-benzema-vozdivna-a-62-000-zavrshija-vo-chudo/feed/ 0