Карл Лаутербах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 16:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Карл Лаутербах – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германскиот министер за здравство предупреди на опасност од зимски бран коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-predupredi-na-opasnost-od-zimski-bran-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-predupredi-na-opasnost-od-zimski-bran-koronavirus/#respond Fri, 11 Nov 2022 16:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=759390

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на опасноста од зголемување на случаите со Ковид-19 во текот на зимата и ги критикуваше намерите на четири сојузни држави да ги олеснат правилата за карантин за заразените. „Тогаш ќе се соочиме со уште потежок бран отколку што се плашевме, ние сме и во пресрет на појавата на позаразна варијанта на коронавирусот“, рече Лаутербах. Тој додаде дека федералната влада не ги одобрува активностите преземени од регионалните власти во покраините Баварија, Баден-Виртемберг, Хесен и Шлезвиг-Холштајн. Претходно денеска, тие провинции, дом на речиси половина од населението во Германија, објавија во заедничка изјава дека имаат намера да престанат со спроведувањето на националниот петдневен карантин. Тоа значи дека секој што е позитивен на коронавирусот, но се чувствува добро, ќе може да го напушти својот дом, но под услов да носи маска. Во Баварија, промената ќе стапи на сила следната среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-predupredi-na-opasnost-od-zimski-bran-koronavirus/feed/ 0
Спречено киднапирање на германскиот министер за здравство, приведена жена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprecheno-kidnapiranje-na-germanskiot-minister-za-zdravstvo-privedena-zena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprecheno-kidnapiranje-na-germanskiot-minister-za-zdravstvo-privedena-zena/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=744836

Германската полиција ја уапси Елизабет Р., која обвинителството ја сомничи дека е лидер на терористичка група чија цел била да ја дестабилизира Германија, да ја собори владата и да киднапира министер. Таа терористичка група планирала да оштети и уништи постројка за снабдување со електрична енергија, а планирала да го киднапира и министерот за здравство Карл Лаутербах. Групата се нарекува себеси „Обединети патриоти“, а Елизабет Р. имала водечка улога во административниот дел на таа терористичка организација, која беше разоткриена во април, соопшти обвинителството во Карлсруе. Таа била задолжена за координација и спроведување на плановите, учествувала во набавката на оружје и барала што побрзо спроведување на плановите. Работела и на регрутирање нови членови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprecheno-kidnapiranje-na-germanskiot-minister-za-zdravstvo-privedena-zena/feed/ 0
Лаутербах повика да се вратат маските во затворени простории во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-povika-da-se-vratat-maskite-vo-zatvoreni-prostorii-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-povika-da-se-vratat-maskite-vo-zatvoreni-prostorii-vo-germanija/#respond Thu, 13 Oct 2022 10:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=744692

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика 16-те држави во земјата да се вратат на обврската за носење маски во затворени простории, во борбата со растечкиот бран инфекции од коронавирусот, јави ДПА. Зборувајќи за радиодифузерот ЗДФ, тој препорача владите на 16-те покраини во Германија, во голема мера се одговорни за здравствената политика, да ги искористат одредбите во законот за повторно воведување построги мерки против коронавирусот. -Доколку државите се договорат сега кога е оптималното време да се стори тоа, се разбира дека би било одлично, додаде Лаутербах, кој и самиот е доктор. Според него, „бранот што се зголемува сега, нема да исчезне самиот“. -Треба да се реагира, подвлече министерот. Националното тело за контрола на болести, Институтот Роберт Кох, вчера ја стави националната стапка на инциденца на инфекција за седум дена на 793,8, наведува германската новинска агенција. Ова ги регистрира само луѓето кои направиле официјален ПЦР тест, а многумина веќе не го прават тоа. Изјавата на Лаутербах следува по синоќешните слични забелешки од страна на шефицата на здружението на лекари Марбургер Бунд. – Државите мора да одговорат секаде каде бројот на случаи нагло се зголемува, со обврска за носење ФФП2 маски во јавниот превоз и во јавни затворени простории, нагласи Сузан Џона за весниците од медиумската групација Функе. Здравствените власти во Европа вчера соопштија дека гледаат индикатори кои укажуваат на нов бран на Ковид-19 на континентот, јави Анадолија . „Иако не сме онаму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 сè уште не е завршена“, се вели во заедничкото соопштение на Стела Киријакиде с, европската комесарка за здравство и безбедност на храна, д-р Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и на д-р Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Тие нагласуваат оти „за жал, гледаме дека показателите повторно се зголемуваат во Европа, што укажува на тоа дека започнува уште еден бран на вирусот“, притоа посочувајќи на можното обновување на инфлуенцата со доаѓањето на есента и зимата. Во соопштението се посочува дека милиони луѓе низ Европа сè уште не се вакцинирани против Ковид-19. „Европските земји треба да вложат максимални напори за да дојдат до невакцинираните, осигурувајќи се тие да ги примат дозите вакцини против Ковид-19, со истовремено пласирање на бустер дозите на приоритетните групи, во согласност со националните препораки“, истакнаа тие. Предупредувајќи дека населението може да биде погодено и од сериозна инфлуенца во текот на есента и зимата, во соопштението се додава и оти „важно е следните приоритетни групи да се вакцинираат и против инфлуенца и против Ковид-19: здравствените работници, лицата над 60 години, бремените жени и оние со коморбидитети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-povika-da-se-vratat-maskite-vo-zatvoreni-prostorii-vo-germanija/feed/ 0
Лаутербах: ЕУ следниот месец може да одобри комбинирани вакцини против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-eu-sledniot-mesec-moze-da-odobri-kombinirani-vakcini-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-eu-sledniot-mesec-moze-da-odobri-kombinirani-vakcini-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 12 Aug 2022 12:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=717674

Европската агенција за лекови може да одобри употреба на вакцина против два вида на коронавирусот, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. Тој очекува Агенцијата на 1 септември да ја разгледа употребата на вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон, позната како БА.1. Потоа, веројатно на 27 септември, европската Агенција ќе спроведе преглед на комбинираната вакцина против првиот вид и варијантата на омикрон БА.5, наведе Лаутербах. Како што тој тврди, Германија обезбеди доволно количини од двете вакцини и ќе може да почне со употреба ден по одобрувањето. Американската Агенција за храна и лекови претходно наведе дека комбинирани вакцини, познати како „бивалентни“ или „мултивалентни“, ќе ја задржат ефикасноста на првите против коронавирусот, истовремено давајќи дополнителна заштита против новите варијанти. Таков пристап се користи кај вакцините против грипот, што секоја година се прилагодуваат во зависност од варијанти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lauterbah-eu-sledniot-mesec-moze-da-odobri-kombinirani-vakcini-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Германскиот министер за здравство лично вакцинираше две деца против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-lichno-vakcinirashe-dve-deca-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-lichno-vakcinirashe-dve-deca-protiv-kovid/#respond Sat, 18 Dec 2021 09:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=610095

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах лично вакцинираше две деца за време на посетата на центарот за вакцинација во Хановер, јави телевизијата Велт. Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација. Лаутербах го посети центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер, каде група деца на таа возраст дојдоа на вакцинација. Министерот лично вакцинираше две деца. – Сметам дека е потресно и впачатливо колку деца настрадаа за време на пандемијата. А најмалку што можеме да дадеме за возврат е да им обезбедиме на децата вакцини, рече Лаутербах додека го даваше лекот на дете. Социјалдемократот Лаутербах стана министер за здравство на 8 декември. По образование е доктор и епидемиолог. Од почетокот на пандемијата, тој стана еден од најдобрите јавни експерти на тема коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-zdravstvo-lichno-vakcinirashe-dve-deca-protiv-kovid/feed/ 0