Карл Нехамер денеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 18:44:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Карл Нехамер денеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nehamer-nema-da-ima-avstrisko-veto-za-vlez-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nehamer-nema-da-ima-avstrisko-veto-za-vlez-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/#respond Tue, 22 Nov 2022 18:44:35 +0000 https://kurir.mk/?p=764969

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, на ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната. „Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа поединечно“, рече Нехамер во разговор со новинарите во Клагенфурт, а пренесува австрискиот дневен весник „Клајн Цајтунг“. Весникот додава дека ова „на едноставен јазик значи дека заканата со вето е насочена кон Бугарија и Романија“. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер предизвика голема загриженост во Хрватска откако изјави дека е против проширување на Шенген зоната на Хрватска, Бугарија и Романија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nehamer-nema-da-ima-avstrisko-veto-za-vlez-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/feed/ 0