Карлес Пуџдемон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 11:55:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Карлес Пуџдемон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот на ЕУ му го одзеде пратеничкиот имунитет на Пучдемон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-mu-go-odzede-pratenichkiot-imunitet-na-puchdemon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-mu-go-odzede-pratenichkiot-imunitet-na-puchdemon/#respond Wed, 05 Jul 2023 11:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=853007

Судот на Европската унија денеска му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон што го уживаше како член на Европскиот парламент, додека тој се соочува со правна постапка во Шпанија. Пуџдемон, кој живее во самонаметнат егзил во Белгија, побегна од Шпанија во 2017 година за да избегне кривично гонење по краткотрајното прогласување независност, што го натера Мадрид да преземе директна контрола врз богатиот регион. Судот со седиште во Луксембург ја отфрли жалбата на Пуџдемон и ја потврди одлуката на ЕП за укинување на имунитетот на уште двајца самопрогонети каталонски сепаратистички европратеници, Тони Комин и Клара Понсата. „Парламентот не може да носи одлуки за одбрана на имунитетот кои произведуваат обврзувачки правни последици во однос на шпанските правосудни органи“, соопшти Општиот суд. Пуџдемон наведе дека тројцата европратеници ќе се жалат до Судот на правдата на ЕУ. „Ќе ги браниме нашите основни права до крај“, напиша тој на Твитер. Во јануари, Врховниот суд на Шпанија ги отфрли обвиненијата за бунт против Пуџдемон, откако реформата на Кривичниот законик го укина тоа кривично дело. За бунт предвидена е максимална затворска казна од 15 години. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена рече дека ќе поднесе ново барање за екстрадиција до белгиските власти, со цел Пуџдемон да може да се соочи со судење за помали обвиненија, во зависност од одлуките на судовите на ЕУ. Претходните обиди на Шпанија да го екстрадира Пуџдемон додека тој беше во Германија, Белгија и Италија пропаднаа. Шпанија минатата година го измени Кривичниот законик за да го отстрани стариот закон за бунт, според кој некои сепаратистички политичари се осудени на затворски казни до 13 години по неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-na-eu-mu-go-odzede-pratenichkiot-imunitet-na-puchdemon/feed/ 0
Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/#respond Thu, 12 Jan 2023 17:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=786598

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела. Но, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна. Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои судот денеска ги донесе би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад. Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион. Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/feed/ 0
Италијанскиот суд привремено го ослободи Пуџдемон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-sud-privremeno-go-oslobodi-pudzdemon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-sud-privremeno-go-oslobodi-pudzdemon/#respond Mon, 04 Oct 2021 16:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=572895

Италијанскиот суд денеска ја одложи одлуката по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и му дозволи да патува. Пуџдемон го напушти судот на италијанскиот остров Сардинија, во придружба на адвокат, се ракуваше и ги прегрна своите поддржувачи, изјавувајќи дека е „многу среќен“. Неговиот адвокат Агостиноанџело Марас истакна дека судот во врска со одлуката за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, која го товари за бунт, ја чека одлуката на европските судови за две прашања. Тој изјави дека во меѓувреме Пуџдемон може да патува секаде. – Тој е апсолутно слободен. Судот ќе закаже ново рочиште кога европските судови ќе одлучат за две прашања. Едно е имунитетот на претседателот Пуџдемон, другото е легитимитетот на шпанскиот суд да издаде налог за апсење, изјави адвокатот Марас. Пуџдемон поднесе жалба против укинување на имунитетот на пратеник во Европскиот парламент, чиј член е се уште. Тој беше уапсен на 23 септември на Сардинија, каде што пристигна од Белгија за да присуствува на Каталонскиот културен фестивал, на покана на сепаратистичкото движење на тој италијански остров. Тој беше ослободен од судот еден ден подоцна, но до денеска не му беше дозволено да го напушти островот. Во октомври 2007 година, Пуџдемон побегна од Шпанија во Белгија со неколку свои соработници, со цел да избегне апсење поради обидот за отцепување на Каталонија, односно организирање на нелегален референдум за независност. Деветмина каталонски сепаратисти беа осудени на затворски казни од девет до 13 години за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, но во јули оваа година беа помилувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskiot-sud-privremeno-go-oslobodi-pudzdemon/feed/ 0
Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадиција во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/#respond Sat, 02 Oct 2021 09:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=571754

Поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, побара од европскиот судски систем да му го врати имунитетот како европратеник, за да не биде екстрадиран во Шпанија, изјави неговиот адвокат. Барањето е испратено до Општиот суд на ЕУ, кој претходно во јули го одби неговото прво барање. По Карлес Пуџдемон (58), кој во 2019 година беше избран за член на Европскиот парламент, е распишана европска потерница на барање на Шпанија. Тој минатата недела беше уапсен на аеродромот во Сардинија, каде требаше да учествува на каталонскиот фестивал Адифолк, по што Мадрид веднаш побара негова екстрадиција. Ослободен беше веќе следниот ден, по што се врати во Брисел, каде што живее, но се обврза во понеделник да се врати во Сардинија за сослушувањето на барањето за екстрадиција. -Тој ќе присуствува на сослушувањето, изјави за француските медиуми член од неговиот правен тим. Шпанија го обвинува Пуџдемон за бунт и бара негова екстрадиција, со тврдења дека тој помогнал да се организира референдумот за независност на Каталонија во 2017 година, што шпанските судови го оценија како незаконски. Европскиот суд на правдата во Луксембург на 30 јули ја потврди одлуката на Европскиот парламент, чиј пратеник е Карлес Пуџдемон, нему и на двајца други лидери на сепаратистичкото движење во Каталонија да им се одземе имунитетот. Оваа одлука беше потврдена на 30 јули од страна на Општиот суд на Европската унија. На одлуката на Европскиот парламент може да се поднесе жалба, а судството на ЕУ се уште нема донесено конечна пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/feed/ 0
„Паис“: Пуџдемон ослободен по синоќешното апсење на Сардинија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pais-pudzdemon-osloboden-po-sinokjeshnoto-apsenje-na-sardinija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pais-pudzdemon-osloboden-po-sinokjeshnoto-apsenje-na-sardinija/#respond Fri, 24 Sep 2021 15:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=567828

Италијански судија денеска го ослободи поранешниот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон, откако беше уапсен претходната ноќ на Сардинија, објави шпанскиот весник „Паис“. Сепак, судијата му наложи да остане на островот додека не се решат неговите правни прашања. Адвокатот на Пуџдемон во Италија, Агостинаџело Марас, изјави дека судот допрва треба да ја донесе таа одлука. Пуџдемон, кој живее во азил во Брисел, беше уапсен синоќа по наредба на Високиот суд на Шпанија, откако со авион пристигна во Сардинија, каде требаше да учествува на собир за меѓународна промоција на каталонската култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pais-pudzdemon-osloboden-po-sinokjeshnoto-apsenje-na-sardinija/feed/ 0
Шпанскиот Суд на ревизори бара Пуџдемон да врати 1,9 милиони евра во буџетот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-sud-na-revizori-bara-pudzdemon-da-vrati-1-9-milioni-evra-vo-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-sud-na-revizori-bara-pudzdemon-da-vrati-1-9-milioni-evra-vo-budzetot/#respond Tue, 29 Jun 2021 09:02:37 +0000 https://kurir.mk/?p=529239

Шпанскиот Суд на ревизори ќе побара над 1,9 милиони евра од поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон за промовирањето на неговите сепаратистички идеи во странство сп буџетски средства, објави весникот „Ел Паис“. Според весникот, Судот на ревизори го пресметал износот на буџетски средства што нелегелано биле потрошени за промовирање на идеите на поддржувачите на независноста на автономниот регион во странство и за барањето меѓународна поддршка. Околу 1,9 милиони евра ќе бидат побарани и од поранешниот каталонски вицепремиер Ориол Кункерас, кој беше осуден за референдумот за независност во 2017 година и помилуван минатата недела од шпанската Влада. Дури 39 имиња на поранешни функционери и службеници од каталонската администрација, се вклучени на списокот од кои националниот Суд на ревизори ќе бара отштета. Судот за ревизија инсистира во буџетот да се вратат вкупно 5,4 милиони евра, што регионалните власти ги потрошиле во периодот 2011-2017 година за да го промовираат нивниот проект за референдум за независност на Каталонија од Шпанија. Пуџдемон во моментов живее во Белгија, каде избега од шпанската правда непосредно по референдумот за независност на Каталонија. Властите во Шпанија се обидуваат да го екстрадираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-sud-na-revizori-bara-pudzdemon-da-vrati-1-9-milioni-evra-vo-budzetot/feed/ 0
Пуџдемон остана без пратенички имунитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/#respond Tue, 09 Mar 2021 09:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=479392

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и на Тони Комин и Клара Понсати. Ова ќе овозможи продолжување на постапката против нив за екстрадиција во Шпанија, каде ќе треба да издржат ефективни казни. Барањето за укинување на имунитетот на тројцата политичари е од судот во Шпанија, кој ги бара под обвинение за заговор против владеењето на правото во земјата и проневера на јавни средства. Пучдемон и Комин живеат во Белгија од 2017 година, каде избегаа откако референдумот за независност на Каталонија, што тие го организираа, беше прогласен за незаконски од шпанскиот суд. Тогаш белгискиот суд одби да ги екстрадира, а подоцна тројцата освоија европратенички места на изборите во 2019 година. Резултатите од вчерашното тајно гласање за укинување на пратеничкиот имунитет на тројцата политичари беа објавени рано утрово. Во соопштението од Европскиот парламент се вели дека е поддржана одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/feed/ 0
Пуџдемон ослободен без кауција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-bez-kaucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-bez-kaucija/#respond Fri, 18 Oct 2019 12:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=253441

Белгискиот суд го ослободи поранешниот лидер на Каталонија, Карлeс Пуџдемон без кауција откако тој утрово доброволно им се предаде на белгиските власти. Пуџдемон придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија Поранешниот каталонски лидер го отфрлил налогот за апсење и се спротивставил на секој обид да биде вратен во Шпанија. Сепак, шпанскиот Врховен суд соопшти дека истражен судија ги известил белгиските судски власти дека Пуџдемон нема пратенички имунитет, што би можело да ја спречи неговата екстрадиција во Шпанија. Пуџдемон, заедно со неколку соработници, избегаа во Белгија во октомври 2017 година, откако беа повикани на суд за обид за отцепување и одржување референдум за независност на Каталонија. Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година. Тројца други обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни. Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Џункуерас е осуден на 13 години затвор поради бунт и злоупотреба на јавните фондови за одржување референдум за независност на Каталонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-bez-kaucija/feed/ 0
Во Брисел пристигна ново барање за апсење на Пуџдемон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pristigna-novo-baranje-za-apsenje-na-pudzdemon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pristigna-novo-baranje-za-apsenje-na-pudzdemon/#respond Wed, 16 Oct 2019 09:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=252331

Белгија денеска по третпат прими Европски налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон од шпанскиот Врховен суд, соопшти портпаролката на обвинителството во Брисел. Таа објасни дека барањето пристигнало на шпански јазик, но според закон требало да биде напишано на еден од трите национални јазици на Белгија или на англиски јазик, поради што Шпанија ќе испрати ново барање следната недела. – Со оглед на сложеноста на барањето и двата претходни налози против Пуџдемон, за случајот ќе биде потребна темелна судска анализа, изјави портпаролката на обвинителството во Брисел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-brisel-pristigna-novo-baranje-za-apsenje-na-pudzdemon/feed/ 0
ЕП не го пушти да влезе Пуџдемон, иако е избран за европратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-ne-go-pushti-da-vleze-pudzdemon-iako-e-izbran-za-evropratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-ne-go-pushti-da-vleze-pudzdemon-iako-e-izbran-za-evropratenik/#respond Thu, 30 May 2019 07:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=203497

На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било овозможено  да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел. Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право на пристап до зградата. Списокот се подготвува по податоци од државате чии граѓани се избрани за европратеници. Шпанските власти не му го внеле името во спискот до администрацијата на ЕП, и поради тоа нему не му било дозволено да влезе во зградата. Пуџдемон избега во Белгија во 2017 година по неуспешниот обид за прогласување на Каталонија за независна држава. Тој е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-ne-go-pushti-da-vleze-pudzdemon-iako-e-izbran-za-evropratenik/feed/ 0