Кармело Ентони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 19:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кармело Ентони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кармело Ентони стави крај на кошаркарската кариера https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-stavi-kraj-na-kosharkarskata-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-stavi-kraj-na-kosharkarskata-kariera/#respond Mon, 22 May 2023 19:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=837623

По 19 години минати во најсилната кошаркарската лига во светот, Кармело Ентони (38) објави денеска преку социјалните мрежи дека става точка на својата импозантна кариера како играч. „Дојде време за збогување“, објави Ентони, кој дебитираше во НБА лигата во 2003 година и во следните две децении настапуваше за Денвер, Њујорк, Оклахома, Хјустон, Портланд и ЛА Лејкерс. „Се сеќавам на денот кога немав ништо, само топка на теренот и сон за нешто повеќе. Кошарката беше мојот издувен вентил. Мојот излез. Мојата желба за успех секогаш беше силна. Засекогаш сум им благодарен на клубовите и градовите во кои играв“, порача Ентони. Сопственик на три златни олимписки медали со американската репрезентација (2008, 2012, 2016), Ентони дури десет пати беше учесник на Ол стар натпреварите, а во кариерата постигна вкупно 28.289 кошеви, со просек од 22.5 поени по натпревар.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-stavi-kraj-na-kosharkarskata-kariera/feed/ 0
Кармело Ентони е новиот амбасадор на ФИБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-e-noviot-ambasador-na-fiba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-e-noviot-ambasador-na-fiba/#respond Sat, 25 Feb 2023 05:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=804835

Американскиот кошаркар Кармело Ентони е новиот амбасадор на ФИБА на Светското првенство во кошарка кое летово ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини. Пред него за амбасадори беа избрани Луис Скола и Пау Гасол. „Со гордост ги претставував САД на најголемата светска сцена, а Светското првенство е најтешкото натпреварување во меѓународната кошарка. Се работи за наоѓање совршена рамнотежа помеѓу талентот, индивидуалните квалитети и одличната хемија. Со нетрпение очекувам да ги поддржам сите играчи на Светското првенство оваа година и да го прославам спортот на глобално ниво“, изјави Ентони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-e-noviot-ambasador-na-fiba/feed/ 0
Бостон размислува да го ангажира Кармело Ентони https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/#respond Wed, 31 Aug 2022 09:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=726488

Бостон размислува да потпише со слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари. Италијанскиот напаѓач заработи скинат менискус на левото колено и ќе го пропушти Евробаскет 2022 година. Се очекува Галинари да остане надвор од тренинг кампот на Селтикс и да се врати на терените во ноември. Триесет и осумгодишниот Ентони сЕ уште е слободен агент. Минатата сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар. Претходно беше објавено дека Ентони е заинтересиран да се врати во Њујорк, за кој настапуваше од 2011 до 2017 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/boston-razmisluva-da-go-angazira-karmelo-entoni/feed/ 0
Лејкерс конечно победија: Кармело Ентони како во најдобрите денови (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/#respond Mon, 25 Oct 2021 08:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=584926

Лос Анџелес Лејкерс го запиша првиот сезонски триумф во НБА-лигата и тоа на третиот натпревар откако утринава во „Стејплс центарот“ славеше против Мемфис со 121-118. Кармело Ентони одигра фантастичен натпревар и потсети на старата форма со 28 поени, од кои шест тројки. Тој сега се искачи на 9.место на вечната листа со најмногу поени во историјата на НБА минувајќи го Мозес Малоун. Ентони Дејвис постигна 22 поени, Леброн Џејмс имаше 19 поени, додека Расел Вестбрук заврши со 13 поени и 13 асистенции. Џа Морант блескаше кај Гризлис со 40 поени и 10 асистенции. Голден Стејт го задржа максималниот ефект од три натпревари и го совлада Сакраменто со 119-107 на гостински паркет. Стев Кари имаше 27 поени и 10 асистенции. На останатите натпревари Хјустон - Бостон 97-107 Њујорк - Орландо 104-110 Оклахома - Филаделфија 103-115 Бруклин - Шарлот 95-111]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/feed/ 0
Кармело Ентони: Не планирам да играм до 50 години како Том Брејди, но не размислувам за крај во блиска иднина https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-ne-planiram-da-igram-do-50-godini-kako-tom-brejdi-no-ne-razmisluvam-za-kraj-vo-bliska-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-ne-planiram-da-igram-do-50-godini-kako-tom-brejdi-no-ne-razmisluvam-za-kraj-vo-bliska-idnina/#respond Mon, 04 Oct 2021 18:44:19 +0000 https://kurir.mk/?p=572966

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кармело Ентони изјави дека во оваа фаза не размислува за пензија. Не знам кога може да се случи ова. Едноставно веќе не размислувам за тоа. Сè уште сум способен да го правам она што треба да го правам во кошарката на високо ниво. Кај мене сè уште имам страст за играта, таа не ме напушти. Нивото на љубов кон кошарката е на највисоко ниво досега. Уште немам четириесет години. Не планирам да играм какао Том Брејди до 50 години, изјави 37-годишниот Ентони. Познатиот играч во НФЛ, Том Брејди, неодамна изјави дека може да продолжи со кариерата до 50 години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-ne-planiram-da-igram-do-50-godini-kako-tom-brejdi-no-ne-razmisluvam-za-kraj-vo-bliska-idnina/feed/ 0
Ентони: Леброн е како баба во италијански ресторан https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-lebron-e-kako-baba-vo-italijanski-restoran/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-lebron-e-kako-baba-vo-italijanski-restoran/#respond Wed, 15 Sep 2021 07:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=563812

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони, го спореди соиграчот Леброн Џејмс со баба во италијански ресторан. -Тоа е како италијански ресторан. Доаѓаш во него, а таму баба, која веќе има 900 години, подготвува храна. Но, храната е неверојатна. Ова не значи дека баба е премногу стара за да готви. Ќе го вкусите она што таа го подготвила и ќе уживате. Имаме иста ситуација. Ние сме готвачи во кујната. Кога ќе ја вкусите нашата храна, ќе ви се допадне. Вака гледам на тоа, рече Кармело. Леброн Џејмс во декември ќе наполни 37 години, но и покрај возраста е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата и воопшто во светот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-lebron-e-kako-baba-vo-italijanski-restoran/feed/ 0
ЛА Лејкерс носи уште една голема ѕвезда https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/la-lejkers-nosi-ushte-edna-golema-dzvezda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/la-lejkers-nosi-ushte-edna-golema-dzvezda/#respond Mon, 02 Aug 2021 07:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=544968

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс имаше разочарувачка сезона во која дефинитивно улога имаа повредите на главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Управата на„Езерџиите“ веќе успеа да ангажира една голема ѕвезда и тоа е Расел Вестбрук кој пристигна од Вашингтон Визардс. Лејкерс не планираат тука да застанат и според информациите на „ЕСПН“ и новионарот Џордан Шулц нивна голема желба е ветеранот Кармело Ентони. Ентони е многу добар пријател на Леброн и ова заедно со можноста да се дојде до титулата може да се покаже како клучно за популарниот Мело да се пресели во Калифорнија. Ентони во изминативе години беше дел од Портланд Трејл Блејзерс, во последната кампања имаше просек од 13,1 поени, 3,1 скокови и шут од 42,1 проценти од поле и рекордни во кариерата 40,9 проценти за три поени. .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/la-lejkers-nosi-ushte-edna-golema-dzvezda/feed/ 0
Кармело Ентони се сели во ЛА Лејкерс? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-se-seli-vo-la-lejkers/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-se-seli-vo-la-lejkers/#respond Tue, 22 Jun 2021 21:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=526863

Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата Кармело Ентони, следната сезона би можел да заигра еден од најдобрите и најтрофејните тимови во лигата Лос Анџелес Лејкерс. Ентони стана слободен агент, по две сезони поминати во Портланд. Тимот од „Градот на ангелите“ има намера да испрати понуда за него. Популарниот „Мело“ ќе биде замената за Кајл Кузма, кој најверојатно ќе го напушти клубот. Доколку се постигне договор, Ентони и Леброн Џејмс за првпат би играле во ист тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-se-seli-vo-la-lejkers/feed/ 0
Кармело Ентони влезе во Топ 10 во историјата на НБА-лигата според бројот на поени https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/#respond Tue, 04 May 2021 07:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=505156

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони се искачи на 10. место во историјата на НБА-лигата по постигнати поени во кариерата. На 11 минути и девет секунди пред крајот на втората четвртина против Атланта, Ентони со фаул постигна тројка. Кармело го направи својот гест со заштитен знак, удирајќи ја главата со три прста, а потоа ги крена двете раце во знак на неговото достигнување. Ентони заостануваше девет поени зад Хејс, кој ја заврши кариерата со 27.313 поени, ноќеска против Хоукс (114:123) постигна 14 поени и стигна до 27.318. Лидер во историјата на НБА по ефикасност е Карим Абдул-Џабар (38.387). Ентони има шанса оваа сезона да го престигне Мозес Мелоун, кој е на 9. место на листата (27.409). Останаа уште осум натпревари на Портланд до крајот на регуларниот дел на првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/feed/ 0
Ентони со голем успех по ефикасност во историјата на НБА-лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-so-golem-uspeh-po-efikasnost-vo-istorijata-na-nba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-so-golem-uspeh-po-efikasnost-vo-istorijata-na-nba-ligata/#respond Sun, 14 Mar 2021 13:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=482183

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот центар на Хјустон, Хаким Олајџувон и се проби на 11. место по број на постигнати поени во историјата на НБА-лигата. Во победата против Минесота (125:121), 36-годишниот Кармело ноќеска постигна 26 поени (8 од 14 шут од поле) и стигна до бројката 26.955 поени. Следен пред Ентони е Алвин Хејс (27.313) кој е десетти на вечната листа. На првите три позиции според бројот на поени се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Леброн Џејмс (35.189).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/entoni-so-golem-uspeh-po-efikasnost-vo-istorijata-na-nba-ligata/feed/ 0