„Кармен“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Aug 2022 06:06:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Кармен“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивалот РУТА во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/#respond Fri, 12 Aug 2022 06:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=717330

Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на фестивалот РУТА. Членките од Регионалната унија на театри со своите претстави ќе гостуваат на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска, а домаќин на летново издание на фестивалот е театарот Улисис. Фестивалската програма на Бриони е во рамки на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од десетина земји. Како што соопштија од Драмскиот театар Скопје, учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен трет меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри – РУТА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/feed/ 0
Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=716614

Драмски театар Скопје, со монодрамата „Кармен“ во петок на 12 август ќе учествува на фестивалот РУТА. Гостувањата на членките од Регионалната унија на театри со своите претстави се реализираат со настап на отворената фестивалска сцена на Бриони во Хрватска. Домаќин на летново издание на РУТА е театарот Улисис. Фестивалската програма на Бриони е во рамките на театарско-музички проект на тимот на познатиот актер Раде Шербеџија, уметничката директорка Ленка Удовички и директорот Душко Љуштина. На фестивалот настапуваат познати теататски куќи и музичари од десетина земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е трет меѓународен настап на Драмски театар со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево и Македонското културно лето во Албанија. Монодрамата „Кармен“ создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. Есенското издание на фестивалот РУТА ќе се одржи во Скопје во организација на Драмски театар од 14 до 20 октомври. Македонската публика ќе има можност во ревијалната фестивалска недела да проследи шест претстави од водечките театри на регионот, членки на регионалната унија на театри-РУТА. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-uchestvuva-na-festivalot-ruta-vo-hrvatska/feed/ 0
„Кармен” вечерва на сцената на Национална опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/karmen-vecherva-na-scenata-na-nacionalna-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/karmen-vecherva-na-scenata-na-nacionalna-opera-i-balet/#respond Fri, 26 Nov 2021 07:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=600018

Националната опера и балет вечерва ќе биде центарот каде што ќе се изведе ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режисер Нина Најденова од Бугарија, сценограф нејзината сонародничка Елена Иванова, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/karmen-vecherva-na-scenata-na-nacionalna-opera-i-balet/feed/ 0
Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/#respond Fri, 17 Jan 2020 06:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=290957

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, кои беа специјално подготвени од унгарскиот кореограф Габор Кевехази по повод 70-годишниот јубилеј на македонскиот балетски ансамбл и премиерно изведени за отворањето на сезоната 2019/2020, вечер од 20 часот се повторно на сцената на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно. Во 1949 година токму со таа премиера во кореографија на Ѓорѓи Македонски се институционализира и почнува развојот на македонскиот балет. По повод јубилејот „Валпургиска ноќ“ е осовременета и во траење од 20-тина минути и во оваа постановка комбинирана е со 50-минутна изведба на „Кармен“ од Жорж Бизе и оркестрација на Родион Шчедрин. Учествуваат првенци солисти и оркестарот на НОБ, кој ќе го води диригентот Иван Еминовиќ. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите ги изработи Марија Пупучевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskite-pretstavi-karmen-i-valpurgiska-nokj-vo-nob/feed/ 0
Премиера на обновената „Кармен“ со Ирена Кавкалеска во насловната улога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/#respond Fri, 08 Nov 2019 06:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=261495

По 17 години од претходната обнова, Операта вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе новата обнова на оперската претстава „Кармен“ на Жорж Бизе, овојпат во режија на Нина Најденова од Бугарија. Во насловната улога, како и во 2002 година, повторно е мецосопранот Ирена Кавкалеска, првенка во Националната опера и балет. Новата „Кармен“ е седма верзија по првото нејзино поставување на нашата сцена во 1951 година. Ќе настапат солисти, хорот, оркестарот и балетски ансамбл на НОБ. Кореограф е Олга Панго, диригент е  Енрико Довико од Италија, сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, а костимограф е Марија Пупучевска. Последен пат во верзијата на „Кармен“ од 2002 година Кавкалеска настапи пред пет години. Таа на прес-конференција  рече дека очекува дека и сега имаат добра претстава што ќе ја привлече публиката која, рече, секогаш сака да ја гледа оваа популарна опера. – Ми прави големо задоволство да ја изведувам оваа опера, секогаш ја изведувам со истиот ентузијазам. По толку години не мислам како технички ќе ја исполнам, туку како ќе уживам во неа, рече Кавкалеска. „Кармен“ е приказна за љубов, омраза, одмазда. Оригиналната партитура на Бизе била микс на драма и музика – песни, танц и дијалог за да се раскаже приказната, при што композиторот користел музички традиции, како што е шпанскиот фолклор. Оваа опера во четири чина која припаѓа на т.н. опера комик е најпозната во француската оперска литература. Настаната е според истоимената новела на Проспер Мериме и имала неуспешна премиера на 3 март 1875 зашто прикажала приказна за ниски страсти, разбојништва, грабежи, проституција… различна од дотогашните „елегантни“ теми. Премиерата на „Кармен“ на македонската сцена била на 4 март 1951 со Ана Липша Тофовиќ во насловната улога, а тоа било и влез на француската опера кај нас. Во претходните обнови, покрај Кавкалеска, ликот на Кармен го толкуваа и оперските певици Милка Ефтимова и Анастасија Низамова. По вечерашната премиера,  обновената „Кармен“ репризно ќе биде изведена на 12 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/feed/ 0