Каролине Едштадлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 19:23:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Каролине Едштадлер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Едштадлер предлага земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edshtadler-predlaga-zemjite-kandidati-veke-da-bidat-na-masata-na-eu-no-bez-pravo-na-glas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edshtadler-predlaga-zemjite-kandidati-veke-da-bidat-na-masata-na-eu-no-bez-pravo-na-glas/#respond Wed, 30 Aug 2023 19:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=872693

Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно радио, Едштадлер рече дека сега е вистинско време за ваква промена во процесот на проширување на ЕУ. Таа потсети дека таа и шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг и претходно искажувале таква идеја, но оценила дека сега е време да се спроведе. -Живееме во многу предизвикувачко време, доживуваме војна на европско тло. Кога, ако не сега, е моментот да се реформира процесот на проширување на Унијата. Време е за големи идеи и да се разбере дека населението мора да биде дел од него, рече Едштадлер. Целта на европската интеграција, нагласи таа, останува полноправно членство, но тоа е долг пат полн со „болни реформи“. -Не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, рече министерката, оценувајќи дека постепената интеграција ќе биде и награда за напорната работа што треба да ја направат земјите кандидати. Постепената интеграција на земјите кандидати, вклучително и Молдавија и Украина, ќе ги натера да се чувствуваат дека веќе учествуваат во креирањето на европската политика, иако се уште немаат право на глас, рече Едштадлер. Запрашана како тоа може да изгледа во пракса, таа рече дека преговорите со ЕУ се строго формален процес кој се одвива во кластери. -Кога една земја затвора кластер, на пример во областа на науката или образованието, треба да и се дозволи да учествува во дискусии на таа тема во ЕУ, објасни Едштадлер. Таа додаде дека според нејзиното искуство, во 2020 и 2021 година, малкумина лидери на ЕУ навистина го поддржаа проширувањето, но дека денес тоа е „здраворазумска работа“ за повеќето поради зголеменото влијание на Русија и Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edshtadler-predlaga-zemjite-kandidati-veke-da-bidat-na-masata-na-eu-no-bez-pravo-na-glas/feed/ 0
Мицкоски на средба со австриската министерка за Европа: Оваа влада ја нема поддршката на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-ovaa-vlada-ja-nema-poddrshkata-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-ovaa-vlada-ja-nema-poddrshkata-na-gragjanite/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=655787

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со министерката за Европа и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер. На средбата Мицкоски ја истакна благодарноста кон Република Австрија која ја дава на Македонија за континуираната, искрена и недвосмислена поддршка во изминатите години, истакнувајќи дека од особено значење е јасната поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како стратешки приоритет и на Европската унија и на Македонија. -ВМРО-ДПМНЕ, особено во овие турбулентни времиња за Европа, останува цврсто на европскиот пат, и се залага преговорите со ЕУ да започнат веднаш и без одлагања, вели Мицкоски. Мицкоски нагласи дека непринципиелни и неприфатливи се барањата за идентитетски, јазични и историски промени, посочувајќи дека почетокот на преговорите треба да се базира на исполнување на европските вредности. -Непринципиелните барања за идентитетски, јазични и историски промени се неприфатливи во 21виот век. Преговорите и пристапувањето кон ЕУ треба да се базира на исполнување на европските вредности и критериуми, рече тој. Впрочем, Мицкоски ја потенцираше и нелегитимноста на Владата и неисполувањето на основните барања на граѓаните, што го покажуваат и мерењата на јавното мислење. -Неуспесите во борбата со криминалот, корупцијата, економските потфрлања, јасно покажуваат дека оваа влада ја нема поддршката на граѓаните, порача претседателот Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-ovaa-vlada-ja-nema-poddrshkata-na-gragjanite/feed/ 0
Средба на претседателот Стево Пендаровски со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-stevo-pendarovski-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-i-ustav-karoline-edshtadler/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-stevo-pendarovski-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-i-ustav-karoline-edshtadler/#respond Wed, 30 Mar 2022 12:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=655686

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, во рамките на нејзината посета на Република Северна Македонија. Во контекст на австриската поддршка за евроинтегративните процеси на земјата и регионот, претседателот Пендаровски и министерката Едштадлер укажаа на итната потреба од ефектуирање на безусловната одлука од март 2020 год. на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на преговарачкиот процес, особено по последните случувања во поширокото соседство и геополитичките и безбедносни предизвици врз европскиот континент предизвикани од руската воена инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски истакна дека Австрија како докажан пријател на регионот, има суштинска улога во приоритетизирањето на прашањето за политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и токму со оваа посета на министерката за Европа, во моментот кога во фокусот на ЕУ е друг регион од континентот, се валидира ургентноста на нашето европско досие. Во таа смисла, претседателот Пендаровски се заблагодари за реафирмирањето на австриската позиција, за европската перспектива на Северна Македонија, како и ставот дека секое одлагање на меѓувладината конференција со ЕУ, може да биде сигнал за други сили кои работат спротивно на европските вредности. Покрај ова, претседателот Пендаровски порача дека секое натамошно одложување на почетокот на преговорите, придонесува за растот на евроскептицизмот во земјата и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни. На средбата беа разменети мислења и за статусот на преговорите со Бугарија и можните изгледи за деблокада на нашиот европски пат. Соговорниците се согласија дека наметнатите предизвици не смеат да бидат дел од преговарачката рамка и дека стратешката геополитичка улога на Унијата, особено потребна денес, мора да кореспондира со иднината и визијата на регионот, за што пак, историјата не смее да биде пречка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-stevo-pendarovski-so-avstriskata-ministerka-za-evropa-i-ustav-karoline-edshtadler/feed/ 0