карпалак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 14:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карпалак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Прилеп одбележани 22 години од трагедијата на Карпалак, преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-odbelezhani-22-godini-od-tragedijata-na-karpalak-prezhiveanite-i-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-baraat-status-na-bortsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-odbelezhani-22-godini-od-tragedijata-na-karpalak-prezhiveanite-i-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-baraat-status-na-bortsi/#respond Tue, 08 Aug 2023 14:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=864698

Со почит и поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп денеска тагува, се сеќава и чествува 22 години од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Kај месноста Карпалак на 8 август 2001-та во заседа на армискиот конвој загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од Владата, од АРМ, на градот Прилеп, од семејствата на загинатите, од здруженијата на бранителите и преживеаните положија венци и свежи цвеќиња пред спмен обележјето. Преживеаните на Карпалак нагласија дека речиси ништо не е направено достојно за бранителите и побараа закон и статус на борци. - Баравме бесплатно здравство за семејствата на загинатите и семејствата на преживеаните како и закон за бранителите да бидеме прогласени борци, од сето тоа ништо не се реализира. Се чувствуваме понижени и изманипулирани. Никој за овие 22 години не покрена постапка да се види како тоа се случи на 8 август 2001-та. Ние бевме предаденим, велат тие. Околу 70 000 припадници на безбедносните сили, кога веќе се отвора прашањето за Уставот бараат да го добијат статусот на борци. Освен тоа, работат во обезбедување, се чувствуваат искористени и бараат средба со премиерот. -Штом се отвора Уставот, не е лошо двете политички партии да седнат, да се договорат и двете да излезат како победници. Со наше внесување во Уставот, со статус на борци, и тие ќе излезат како победници. Ние како припадници на безбедносните сили треба да станеме борци, бидејќи и Армијата и полицијата учествуваа во конфликтот. Имаме статус на припадници на безбедносните сили, но треба да го добиеме статусот на борци. Од друга страна, и локалната власт и премиерот да не викнат на разговор. Ние знаеме да работиме. Даваме рок од 15 дена да не викнат или во Влада или во локална самоуправа, да седнеме да се договориме. Стотици бранители работат како обезбедување, а се експлоатирани, изјави Рубин Секулоски од здружението на учесници во воените дејствија во 2001 и 2002 година. На годишнината од загинувањето, беа посетени и вечните почивалишта на загинатите бранители на гробиштата во Прилеп и во населените места. Достојна почит им беше оддадена и синоќа во кругот на касарната „Мирче Ацев“ каде е спомен обележјето на 10-те загинати воени резервисти од 2001-та. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-odbelezhani-22-godini-od-tragedijata-na-karpalak-prezhiveanite-i-pripadnitsite-na-bezbednosnite-sili-baraat-status-na-bortsi/feed/ 0
Мицкоски по повод 22 години од заседата во Карпалак: Денес сите ќе ги споменат јунаците, но дали вистински им се оддолживме како држава? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-po-povod-22-godini-od-zasedata-vo-karpalak-denes-site-ke-gi-spomenat-junatsite-no-dali-vistinski-im-se-oddolzhivme-kako-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-po-povod-22-godini-od-zasedata-vo-karpalak-denes-site-ke-gi-spomenat-junatsite-no-dali-vistinski-im-se-oddolzhivme-kako-drzhava/#respond Tue, 08 Aug 2023 09:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=864560

22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава? 22 години потоа Македонија се губи од власта на зелена маса. Парче по парче, само затоа што власта така си ги купува привилегиите, удобствата и се оддржува на стаклени нозе. Бранителите се на маргините. Делото на овие јунаци се брани со крената глава, достојно и со ум и со срце за Македонија. Никогаш повеќе ова црно бреме за татковината. Ќе дојдат подостојни. Слава им! Напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-po-povod-22-godini-od-zasedata-vo-karpalak-denes-site-ke-gi-spomenat-junatsite-no-dali-vistinski-im-se-oddolzhivme-kako-drzhava/feed/ 0
Дваесет и две години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/#respond Tue, 08 Aug 2023 05:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=864412

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Високи државни делегации ќе им оддадат почит со положување цвеќе. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите. Делегација на Собранието во состав: Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска, ќе положи свежо цвеќе пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп. Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната делегации на АРМ, Владата и Општината, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите. Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село. На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-armiskite-rezervisti-kaj-karpalak/feed/ 0
Прилеп им се поклони на хероите: 21 година од трагедијата кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/#respond Mon, 08 Aug 2022 14:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=715727

Со интонирање на македонската химна и со оддавање на почит со едноминутно молчење пред спомен комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, денеска бројни делегации,од Министерството за одбрана, Генералштабот на Р.Македонија, прилепските пратеници, претставници од кабинетот на претседателот на Р. Македонија, општинска делегација предводена од градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, претставници од Советот на Општина Прилеп, предводена од претседателот на Советот Дејан Проданоски, како и делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии и здруженија на граѓани, положија венци и свежо цвеќе и им оддадоа почит на загинатите 10 прилепски бранители кои загинаа од заседа на 8- ми август, во конфликтот од 2001та година, на Карпалак: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Оддавајќи им почит на хероите, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески потсети на ужасниот настан кога животот го загубија десетте прилепски бранители од резервниот состав на АРМ. „ Тие се нашите херои кои загинаа за слободата на Република Македонија и слободата на македонскиот народ. Денес и после 21 година од овој ужасен настан повторно сме овде, пред споменикот Карпалак во Прилеп да им оддадеме почит и да ја споделиме болката за нашите херои со семејствата на: Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски. Нивните имиња вечно ќе останат во нашата меморија. Сигурен сум дека секоја година на овој ден чествувањето, на нивните семејства и најблиските, им дава барем малку повеќе сила и утеха,а нас ни претставува гордост што бевме нивни сограѓани и сведоци на пожртвуваноста и нивното херојство. Некои нешта едноставно не можеме да ги вратиме, но мораме да продолжиме да го негуваме нивното херојско дело. Стоејќи пред оваа спомен плоча и споменикот изграден во нивна чест, пред оваа топка која што симболизира вечен живот, докажуваме дека сме сплотени и никој не може да не спречи во нашата намера да ја браниме и безусловно да ја сакаме нашата татковина. Исто така сите сме согласни во тоа дека злото од 2001 година никогаш не смее да се повтори. Затоа што во воените конфликти нема победници и секоја една солза и загубен човечки живот се далеку повредни од било каков извојуван триумф. Како народ, повторно сме ставени пред искушенија и постојано сме пред нови битки, во кои што мораме да останиме сплотени на патот кон одбрана на нашата македонска држава, кауза, традиција и име. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Карпалак ќе боли засекогаш, но ќе остане вечен спомен кој ќе потсетува на храбрите македонски синови кои за својата земја го дадоа највредното, нивниот живот“ рече градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески на денешното чествување. Инаку, денеска во раните утрински часови, делегации од граѓанските здруженија, преставници од Општина Прилеп, Градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Прилеп, им оддадоа почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта. Делегации од Општина Прилеп им оддадоа почит и положија свежо цвеќиња и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци. Делегација на Општина Прилеп заедно со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, присуствуваше и на панихидата што во чест на 10-те загинати прилепски бранители се одржа во црквата „Света Петка“ во населбата Точила, каде што по повод денешниот голем православен празник Св. Петка се одржа и Света божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Петар. Рано изутринава, претставници од здружението „Карпалак“ и делегација од Општина Прилеп положија свежо цвеќе и кај месноста „Карпалак“, на местото каде што пред 21 година од заседа беше нападнат прилепскиот конвој од прилепскиот резервен армиски состав каде загинаа 10 те прилепските бранители. Вчера, доцна попладне, делегација на Општина Прилеп и градоначалникот, претставници од Советот на Општина Прилеп, претставник на владата на Р. Македонија, од семејствата на загинатите херои, претставници од АРМ, претставници на политичките партии и граѓанските здруженија и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомениците на паднатите прилепски бранители, во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите ја посетија и спомен собата, а потоа се упатија кон селото Лениште каде пред спомен плочата на загинатите бранители положија свежо цвеќе. Пред 21 година, рано изутрината, во воениот конфликт 2001г. од заседа се убиени прилепските бранители:Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/feed/ 0
ФОТО: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на загинатите кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-na-vmro-dpmne-oddade-pochit-na-zaginatite-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-na-vmro-dpmne-oddade-pochit-na-zaginatite-kaj-karpalak/#respond Mon, 08 Aug 2022 09:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=715525

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, пратеник и претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Ангел Карапетров, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово положи свежо цвеќе на спомен-обележјето на загинатите пропадници на Армијата кај Карпалак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-delegacija-na-vmro-dpmne-oddade-pochit-na-zaginatite-kaj-karpalak/feed/ 0
Поради одбележување 21 година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак има пренасочување на сообраќајот на патен правец Тетово – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odbelezuvanje-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak-ima-prenasochuvanje-na-soobrakjajot-na-paten-pravec-tetovo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odbelezuvanje-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak-ima-prenasochuvanje-na-soobrakjajot-na-paten-pravec-tetovo-skopje/#respond Mon, 08 Aug 2022 07:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=715494

Од 09:00 часот има пренасочување на сообраќајот на патен правец Тетово – Скопје кај клучката Групчин, информираат од АМСМ. Пренасочувањето е поради одбележување на 21-годишнината од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-odbelezuvanje-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak-ima-prenasochuvanje-na-soobrakjajot-na-paten-pravec-tetovo-skopje/feed/ 0
ВЕЧНА СЛАВА: 21 година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-slava-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-slava-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak/#respond Mon, 08 Aug 2022 05:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=715425

Денеска се одбележуваат 21 година од загинувњето на армиските припадници кај месноста Карпалак На 8 август во 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак  од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што беа убиени десет припадници на Армијата. Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско. Министерството за одбрана и Армијата денеска ќе ја одбележат 21-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-slava-21-godina-od-zaginuvanjeto-na-armiskite-pripadnici-kaj-karpalak/feed/ 0
ВЕЧНА ИМ СЛАВА: Поклон, почит и тага за загинатите кај Карпалак, почна одбележувањето на 21 година по трагедијата која не смее да се заборави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-im-slava-poklon-pochit-i-taga-za-zaginatite-kaj-karpalak-pochna-odbelezuvanjeto-na-21-godina-po-tragedijata-koja-ne-smee-da-se-zaboravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-im-slava-poklon-pochit-i-taga-za-zaginatite-kaj-karpalak-pochna-odbelezuvanjeto-na-21-godina-po-tragedijata-koja-ne-smee-da-se-zaboravi/#respond Sun, 07 Aug 2022 18:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=715374

Со поклон, почит и тага пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“ почна одбележувањето на 21 година од трагичниот настан кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово. На 8 август 2001-та во заседа беше нападнат армиски конвој и загинаа 10 припадници на резервниот состав. Пред спомен обележјето се поклонија и положија цвеќиња претставници на семејствата на загинатите, на Армијата, претставник од кабинетот на Претседателот, од локалната самоуправа, здруженија, граѓани и поединци. Оддавајќи им почит на загинатите бранители командантот на прилепскиот гарнизон, потполковник Славчо Кузманоски рече дека спомените и тагата остануваати по 21 година, како вчера да било. -Измешани чувства на гордост и тага за Нане, Сашо, Веби, за Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и за Марко, припадници на резервниот армиски состав. Ненадмостлива загуба, тага и болка за семејствата, вечни спомени за нас. Останува обврската наша и на идните поколенија и генерации да го чуваме споменот за нив, да го негуваме, да се сеќаваме на 2001-та година и да не дозволиме никогаш да се повтори, рече командантот на гарнизонот, Кузманоски. Преживеаниот возач на автобусот Ацо Јованоски секоја година се сеќава и го посетува местото Карпалак на патот Скопје – Тетово. Најголема болка му е што нема спомен обележје. -Јас 20 години одам на Карпалак и 20 години е истата тема – секогаш барав барем едно обично камче да постават. Да има каде да се положи цвеќето. Но, го положуваме на банкината. Првото возило што ќе помине по нас, го оддувува, како да не било, вели Јованоски кој веќе е со нарушено здравје. Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“.  Вели дека многу се ветуваше, но не е направено. -По 21 година веќе сме целосно заборавени. Единствено се потсетуваме на настаните на овие датуми. Бранителите од 2001-та како речиси да не постојат, рече Петрески. Почит се оддава и пред споменикот во селото Леништа, а ќе се одржи и вечерна богослужба во манастирот „Света Петка“. Утре, на 8 август, делегации ќе се упатат на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, ќе бидат посетени вечните почивалишта на загинатите бранители на прилепските градски гробишта и во населените места, а во 10 часот ќе се одржи панихида во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила. Во 13 часот е централното одбележување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на градот. На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vechna-im-slava-poklon-pochit-i-taga-za-zaginatite-kaj-karpalak-pochna-odbelezuvanjeto-na-21-godina-po-tragedijata-koja-ne-smee-da-se-zaboravi/feed/ 0
Мицкоски: Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде достоинствено чествување на жртвите кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-dostoinstveno-chestvuvanje-na-zrtvite-koi-shto-zivotot-go-polozile-za-ona-koe-shto-deneska-nie-go-ziveeme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-dostoinstveno-chestvuvanje-na-zrtvite-koi-shto-zivotot-go-polozile-za-ona-koe-shto-deneska-nie-go-ziveeme/#respond Sun, 08 Aug 2021 13:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=548021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Прилеп, положувајќи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, одговарајќи на новинарско прашање дали како партија која претендира да дојде на власт ќе се погрижи споменикот за загинатите во Спомен собата да биде на едно повисоко ниво, а не како до сега, рече дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе биде токму тоа на достоинствен начин да се чествува жртвата на луѓето кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме.

-Апсолутно, затоа и го спомнам лицемерието на претставниците на локалната самоуправа и на власта. Апсолутно еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе биде токму тоа на достоинствен начин да ја чествуваме жртвата на нашите предци, на луѓето кои што животот го положиле за она кое што денеска ние го живееме, дециден е Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-dostoinstveno-chestvuvanje-na-zrtvite-koi-shto-zivotot-go-polozile-za-ona-koe-shto-deneska-nie-go-ziveeme/feed/ 0
Мицкоски од Прилеп: Слава на хероите од Карпалак кои загинаа во кукавичка заседа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-prilep-slava-na-heroite-od-karpalak-koi-zaginaa-vo-kukavichka-zaseda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-prilep-slava-na-heroite-od-karpalak-koi-zaginaa-vo-kukavichka-zaseda/#respond Sun, 08 Aug 2021 11:49:09 +0000 https://kurir.mk/?p=547996

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со делегација положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, кај кружниот тек во центарот на Прилеп. -Најпрво слава им на паднатите на Карпалак кои што трагично го загубија својот живот во заседа бранејќи ја Македонија, бранејќи ја слободата на Македонијa и уставниот поредок. Слава им на овие десетмина прилепчани кои што прерано го загубија својот живот, хероиски се разбира. Ова што денеска го видовме овде во Прилеп од страна на претставниците на локалната самоуправа и на владата, претставува еден исклучително лицемерен чин кон жртвата на овие луѓе, бидејќи ако навистина се сеќаваа на минатото и жртвата која што во минатото голем број Македонци ја дадоа за Македонија, тогаш во најмала рака денеска ќе се извинеа за сето тоа што го правеа и го прават овие 4 години, не само во Македонија, туку и тука во Прилеп, рече Мицкоски. Тој истакна дека за жал како што тоа често пати бива, тие ја испуштија оваа шанса. -Иако најмалку денешниот говор на претставникот на владата претставува еден вид каење за стореното изминатите 4 години, тогаш јас како човек, еве можам да кажам дека делумно им простувам за сето зло што го нанесоа во Македонија изминатите 4 години. Но, нема да им простиме ниту ние како ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните на следните избори бидејќи масовно ќе ги поразиме, а потоа се разбира нема да ја заборавиме одговорноста за стореното изминатите 4 години. Но, да се вратам на суштината, 20 години изминуваат од трагично загубените животи  на нашите браќа, другари, пријатели, прилепчани, Македонци кои што борејќи се храбро го изгубија својот живот, се разбира од кукавичка заседа бидејќи тие кои што ја подметнаа таа заседа, гради во гради знаеја дека ќе бидат поразени, рече тој. „Уште еднаш слава им, и нека делото кое што тие го сторија за Македонија и Македонците остане вечно запаметено“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-prilep-slava-na-heroite-od-karpalak-koi-zaginaa-vo-kukavichka-zaseda/feed/ 0