карти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 13:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png карти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куче му ги изело картите за важниот натпревар, го продава за 5 фунти https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuche-mu-gi-izelo-kartite-za-vazhniot-natprevar-go-prodava-za-5-funti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuche-mu-gi-izelo-kartite-za-vazhniot-natprevar-go-prodava-za-5-funti/#respond Thu, 23 Feb 2023 13:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=804203

Навивач на Њукасл Јунајтед не можеше да поверува што се случило кога се вратил дома. Можете ли да ја замислите реакцијата на Алан Карлинг кога го видел своето куче Руди како ги кине билетите за финалето на Лига купот што Англичанецот сакал да го гледа? Ниту тој не можел, па на шега потоа го ставил кучето на продажба, објавија англиските медиуми. Алан имал билети за првото финале на Њукасл по 24 години. На неговата домашна адреса пристигнале во плико, а биле пречекани од куче.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SPORTbible (@sportbible)

Карлинг нерасположен се вратил дома бидејќи Ливерпул го победи Њукасл со 2:0, а уште полошо било кога наместо карти видел скинати ливчиња. -Ова е моето куче Руди. Руди е мало ѓубре од куче и мисли дека писмата што пристигнуваат по пошта се нешто што му се заканува на неговиот дом. Откако се вратив од првиот сезонски пораз на Њукасл на домашен терен, Руди мислеше дека ќе ме насмее со јадење на билетите што пристигнаа додека не бев дома. Се продава куче за пет фунти, напишал сопственикот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kuche-mu-gi-izelo-kartite-za-vazhniot-natprevar-go-prodava-za-5-funti/feed/ 0
РАСПРОДАДЕНО! Нема повеќе карти за утрешниот спектакл Македонија – Чешка https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rasprodadeno-nema-povekje-karti-za-utreshniot-spektakl-makedonija-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rasprodadeno-nema-povekje-karti-za-utreshniot-spektakl-makedonija-cheshka/#respond Sat, 16 Apr 2022 11:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=664015

Во недела со почеток од 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека нема повеќе карти за мечот вo недела, односно се очекува околу 7.000 гледачи да присуствуваат на трибините. -Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар „Борис Трајковски“, за пласман на СП 2023 ПОЛ/ШВЕ помеѓу македонската сениорска репрезентација и репрезентацијата на Чешка се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката. На денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот. Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација, информираат од РФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/rasprodadeno-nema-povekje-karti-za-utreshniot-spektakl-makedonija-cheshka/feed/ 0
Учење англиски со карти со ликовите на Трамп и Бајден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchenje-angliski-so-karti-so-likovite-na-tramp-i-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchenje-angliski-so-karti-so-likovite-na-tramp-i-bajden/#respond Wed, 28 Oct 2020 14:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=421718

Едно училиште по англиски јазик во Јапонија дојде до необична идеја – учениците да се запознаат со јазикот преку актуелностите околу претстојните претседателски избори во САД. Имено, децата добија задача да играат карти со ликовите, но и коментари на и за Доналд Трамп и Џо Бајден. Притоа, во училиштето во градот Нигата се читаат и дијалозите што Трамп и Бајден ги имаа за време на изборната кампања. – Вака тие можат, преправајќи се дека се самите политичари, да научат како им ги пренесуваат своите пораки на гласачите. Сакам моите студенти да можат да го искажат своето мислење на англиски јазик, вели Сатоши Ватанабе – директор на школото. На картите ги има и слоганот на Трамп – „Да ја зачуваме Америка голема“, како и оној на Бајден – „Светот изгради ѕид околу нас“. А пак, наставниците им ја објаснуваат на учениците смислата и позадината на тие коментари. Како „џокери“ (дворски шутови), во „шпилот“ се јавуваат лицата на Владимир Путин и Си Џинпинг – претседателите на Русија и Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchenje-angliski-so-karti-so-likovite-na-tramp-i-bajden/feed/ 0
Барселона со непријатно изненадување за навивачите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-neprijatno-iznenaduvanje-za-navivachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-neprijatno-iznenaduvanje-za-navivachite/#respond Wed, 13 May 2020 13:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=345407

Поради кризата, управата на Барселона одлучи да не ги врати парите на оние навивачи со сезонски билети за „Камп Ноу“, пренесоа шпанските медиуми. Станува збор за 85.000 обожаватели кои платиле помеѓу 150 и 1.250 евра за сезонски карти. Шампионите на Ла Лига немаат приход и не се во можност да ги повлечат потребните суми за да ги компензираат навивачите, кои оваа сезона сигурно нема повторно да стапнат на стадионот, откако натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Каталонците разгледуваат различни опции за компензација, вклучително ваучери за клупски артикли или билети за некои идни натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-neprijatno-iznenaduvanje-za-navivachite/feed/ 0
Фудбал: Продажбата на билетите за мечот со Косово ќе почне во понеделник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbal-prodazbata-na-biletite-za-mechot-so-kosovo-kje-pochne-vo-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbal-prodazbata-na-biletite-za-mechot-so-kosovo-kje-pochne-vo-ponedelnik/#respond Mon, 24 Feb 2020 15:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=308159

Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне во понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс“. Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески“ кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта. Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „Исток“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbal-prodazbata-na-biletite-za-mechot-so-kosovo-kje-pochne-vo-ponedelnik/feed/ 0
Од денеска уште три локации во Скопје за подигнување бесплатни билети за литургијата со папата, но и два дена бесплатен паркинг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/#respond Tue, 30 Apr 2019 05:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=192430

Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија. Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од денеска до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила. Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата. – На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата, се вели во соопштението од владината прес-служба. Користењето на автобусите на ЈСП и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили. Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/feed/ 0
ФОТО: Купил карти за 6 летови за да ги помине празниците со ќерката стјуардеса https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kupil-karti-za-6-letovi-za-da-gi-pomine-praznicite-so-kjerkata-stjuardesa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kupil-karti-za-6-letovi-za-da-gi-pomine-praznicite-so-kjerkata-stjuardesa/#respond Thu, 03 Jan 2019 16:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=147928

Празниците се најчестото време кое луѓето го поминуваат со семејството. Многумина тогаш не работат, сепак оваа година не била толку среќна за стјуардесата Пирс Воган, па Бадник и Божиќ таа ги минала со воздух служејќи ги патниците во авиокомпанијата за која работи. Сепак, нејзиниот татко Хол одлучил да направи нешто преубаво за својата ќерка стјуардеса. Тој купил карти за шест летовите на кои била неговата ќерка за да може празниците да ги поминал заедно дури и во моменти кога таа треба да работи. За оваа убава приказна се дознало од сопатникот Мајк Леви кој преку социјалните мрежи ги запознал луѓето со стјуардесата и нејзиниот татко. -Ја имав таа чест да седам покрај Хол на пат за дома. Неговата ќерка Пирс беше стјуардеса на овој лет, а со самото тоа мораше да работи за Божиќ. Одлучил празниците да ги помине со неа. Тој ќе патува со ќерката низ целата земја за заедно да го дочекаат и испратат Божиќ. Фантастичен татко, пишува Мајк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kupil-karti-za-6-letovi-za-da-gi-pomine-praznicite-so-kjerkata-stjuardesa/feed/ 0
Откако ќе го погледнете неговиот настап ќе останете без зборови: Тој е најдобриот магионичар на талент шоу (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-poglednete-negoviot-nastap-kje-ostanete-bez-zborovi-toj-e-najdobriot-magionichar-na-talent-shou-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-poglednete-negoviot-nastap-kje-ostanete-bez-zborovi-toj-e-najdobriot-magionichar-na-talent-shou-video/#respond Mon, 23 Jul 2018 19:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=80168

Шин Лим е магионичар кој успеа со трикови со карти да ја воодушеви публиката и жирито на „Америка има талент“. Сите остануваат без зборови по неговите настапи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkako-kje-go-poglednete-negoviot-nastap-kje-ostanete-bez-zborovi-toj-e-najdobriot-magionichar-na-talent-shou-video/feed/ 0
Авиокомпанија дели бесплатни карти за деца, потребно е да исполните само три услови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-deli-besplatni-karti-za-deca-potrebno-e-da-ispolnite-samo-tri-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-deli-besplatni-karti-za-deca-potrebno-e-da-ispolnite-samo-tri-uslovi/#respond Fri, 11 May 2018 15:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=53154

Замислете да сакате семеен одмор, но имате проблеми со буџетот и некој ви вели за децата патот е бесплатен. Баш на такво нешто се одлучи една скандинавска авиокомпанија, па децата во нивните авиони оваа година ќе можат да се возат без пари. Меѓутоа, постојат три услови кои мораат да ги исполнат. 1.Скандинавијан Ерлајнс најави дека само децата до 11 години ќе имаат право бесплатно да летаат во авионот. Сепак и во ова има проблем, иако самата карта е бесплатна, понатаму дека ги платат сите други услуги во авионот. 2. Исто така, оваа понуда важи за децата кои со родителите ќе патуваат баш во Скандинавија, затоа што целта на авиокомпанијата е да донесе што повеќе туристи во овој дел од Европа. 3. Лошата вест е што оваа акција се однесува само на патниците од САД, а идејата е што повеќе луѓе да бидат привлечени во Скандинавија, па картите за децата нема да се наплатуваат. Не треба да има сомнеж дека многу Американци ќе ја искористат оваа акција, посебно што таа се однесува на летови од Бостон, Мајами, Вашингтон, Сан Франциско и Лос Анџелес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aviokompanija-deli-besplatni-karti-za-deca-potrebno-e-da-ispolnite-samo-tri-uslovi/feed/ 0