картички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 19:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png картички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработена во „Комунално“ украла и користела туѓи платежни картички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-komunalno-ukrala-i-koristela-tugi-platezhni-kartichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-komunalno-ukrala-i-koristela-tugi-platezhni-kartichki/#respond Fri, 15 Sep 2023 19:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=878537

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување“ и „неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, вработена во ЈП „Комунално“ во Струга, на 16.08.2023 и 18.08.2023, неовластено одзела платежни картички од две лица кои при наплата ги заборавиле на пултот, по што ги користела за свои потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vrabotena-vo-komunalno-ukrala-i-koristela-tugi-platezhni-kartichki/feed/ 0
Истражување: Кина е главен снабдувач на критички важни делови за руските беспилотни летала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kina-e-glaven-snabduvach-na-kritichki-vazhni-delovi-za-ruskite-bespilotni-letala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kina-e-glaven-snabduvach-na-kritichki-vazhni-delovi-za-ruskite-bespilotni-letala/#respond Tue, 29 Aug 2023 15:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=872141

Кина е главен снабдувач на критички важни делови за руските беспилотни летала користени против Украина, соопшти Меѓународната работна група за санкциите против Русија. Копретседатели на оваа група се поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Мекфол, кој го предводи Институтот за меѓународни студии Фриман-Спогли, и Андреј Јермак, шеф на кабинетот на претседаелот на Украина. Според истражувањето, 67 отсто од снабдените делови за беспилотници доаѓаат од Кина, 17 отсто доаѓаат од Хонгконг, додека уделите на Турција и ОАЕ за вакво снабдување се 5 и 2 отсто,соодветно. Русија главно се потпира на увоз на делови од странство, претежно за такви како микроелектроника за три модели на беспилотници користеми за напади на територијата на Украина. Тоа се процесори, микро-шеми, транзистори и други важни делови. Во беспилотните летала соборени од украинската противвоздушна одбрана исто така биле откриени делови произведени во Јапонија, Јужна Кореја, Швајцарија и други земји. Експертите од меѓународната група ги повикаа произведувачите да преземат дополнителни мерки за затворање на пристапот на Русија до нивната продукција со избегнување на санкциите. Групата исто така им препорача на владите да спроведат истраги за компаниите за кои е извесно дека не ги почитуваат санкциите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-kina-e-glaven-snabduvach-na-kritichki-vazhni-delovi-za-ruskite-bespilotni-letala/feed/ 0
Маж ќе одговара за „злоупотреба на лични податоци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-kje-odgovara-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-kje-odgovara-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/#respond Tue, 20 Sep 2022 17:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=735348

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против А.Р.(60) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, во текот на 2021 година, вработен во правно лице за трансфер на пари во Гостивар, без согласност на оштетеното лице, во неколку наврати ги обработувал и користел неговите лични податоци испраќајќи парични средства во други држави за други лица, пополнувајќи формулари со личните податоци на оштетениот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-kje-odgovara-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/feed/ 0
Овие пин кодови се најлесни за пробивање, ако еден од нив е вашиот – сменете го веднаш https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-pin-kodovi-se-najlesni-za-probivanje-ako-eden-od-niv-e-vashiot-smenete-go-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-pin-kodovi-se-najlesni-za-probivanje-ako-eden-od-niv-e-vashiot-smenete-go-vednash/#respond Wed, 11 Aug 2021 18:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=549377

Во летните месеци, со зголемениот број туристи во разни земји, расте и бројот на криминалци кои на различни начини се обидуваат да ја искористат гужвата. Меѓу нив има хакери кои користат софистицирана опрема за да украдат ПИН -картички за кредитна и дебитна картичка. Слични проблеми постојат насекаде во светот, а најголем број вакви случаи се пријавени во САД и Мексико. Истражувањето на DataGenetics откри десет најчесто користени ПИН -кодови кои се всушност најризични бидејќи се лесни за откривање. Истражувањата покажаа дека наједноставните PIN -кодови како 1234 се најлесно да се пробијат, додека најбезбедни се оние што немаат логичка низа или значење. Истражувањата покажаа дека PIN 8068 е најмалку користен. Десет најчесто користени пинови: 1234 1111 0000 1212 7777 1004 2000 4444 2222 6969]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-pin-kodovi-se-najlesni-za-probivanje-ako-eden-od-niv-e-vashiot-smenete-go-vednash/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Картичките на Заев со метод за институционален поткуп, со нив не се помага на пензионерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kartichkite-na-zaev-so-metod-za-institucionalen-potkup-so-niv-ne-se-pomaga-na-penzionerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kartichkite-na-zaev-so-metod-za-institucionalen-potkup-so-niv-ne-se-pomaga-na-penzionerite/#respond Sun, 27 Sep 2020 16:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=409278

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше прес конференција каде што нагласи дека четвртиот сет на мерки препорачани од Владата на Заев се единствено обична сламка за спас. Сламка за спас за мафијата на Заев. Овие мерки нема да допринесат ништо добро за граѓаните на Република Македонија. Мицкоски посочи дека досегашните три пакети на мерки се лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти од кризата, и нивната единствена цел за жал е предизборен институционален поткуп. „Потврда за тоа е фактот што покрај платежните картички кои служеа за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од мерките за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“, појасни Мицкоски. -Ќе ги споменам оние картички кои што се исклучително квалитетен метод и принцип на институционален поткуп кои што досега функционираше кај Зоран Заев иако тие имаа други три цели, ниту една од тие три цели не беше исполнета, беше исполнета само една цел која не е предвидена во овие прес конференции, а тоа институционален поткуп на граѓаните, сега тие картички се намалени од 9.000 денари на 6.000 денари, со главен акцент и фокус на луѓето кои земаат пензија, а таа пензија е под 15.000 денари, истакна Мицкоски. Мицкоски потсети дека Заев брутално со интервенција во законот им ги намали пензиите на стотици илјади пензионери, а денеска се обидува да се прикаже како милосрден. -Пензионерите знаат точно колку во минатото им беше украдено од страна на Зоран Заев и Владата која тој ја предводеше и ваквиот мафијашки начин на однесување ќе биде брутално казнет од страна на тие исти луѓе, рече Мицкоски. Поради неспособноста на оваа власт Македонија е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој. Македонската економија со владата на Заев нема капацитет и системски пристап за справување со кризата, ниту економска стратегија за иднината, а ја очекуваат вистински црни денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kartichkite-na-zaev-so-metod-za-institucionalen-potkup-so-niv-ne-se-pomaga-na-penzionerite/feed/ 0
10% ПОПУСТ со картичките на УНИБанка https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/10-popust-so-kartichkite-na-unibanka/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/10-popust-so-kartichkite-na-unibanka/#respond Mon, 31 Aug 2020 07:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=397066

УНИБанка како по традиција и годинава изработи заеднички проект со книжарниците Тримакс, Штедлер, Литература и Топер. Без разлика каков ќе биде почетокот на школската година, Банката овозможи 10% попуст при купување во книжарниците за корисниците на платежните картички од двата бренда - Мastercard и Visa. Со оваа кампања УНИБанка им овозможува на  родителите помали трошоци во пазарувањето на школските прибори и учебници, а љубителите на книгата сега имаат можност да уживаат во изборот на својата омилена колекција. Промотивниот период е од 24.08.2020 до 31.10.2020 година. За повеќе информации: http://www.unibank.mk/]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/10-popust-so-kartichkite-na-unibanka/feed/ 0
Денеска краен рок за трошење од картичката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-kraen-rok-za-troshenje-od-kartichkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-kraen-rok-za-troshenje-od-kartichkata/#respond Sat, 15 Aug 2020 13:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=391114

Граѓаните до денес ќе треба да ги потрошат парите кои ги имаат на домашната платежна картичка. Она што ќе остане на картичката до утрешниот ден ќе се врати повторно во државната каса. Банките испратиле последна информација до Министерството за финансии заклучно со претходната недела на која може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните кои ги добија. Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка. Министерство за финансии ВКУПНО ОТПЕЧАТЕНИ 333.674 картички ВКУПНО ПОДИГНАТИ 310.121 картички ПОТРОШЕНИ ПАРИ 27 милиони евра Од Министерството за финансии за Алсат појаснуваат дека по завршувањето на денешниот ден ќе се знае колку од картичките биле искористени и колку пари биле потрошени. За нив, неподигнувањето на картичките од страна на граѓаните е од различни причини. Некои се во странство, а некои едноставно одлучиле да не ги подигаат. Граѓаните парите добиени од државата во најголем дел или 89 проценти ги потрошиле за купување производи во маркети, пет проценти во ресторани и сендвичарници, а само три проценти во продавници за текстил и облека. Платежната картичка беше дел од третиот сет на економски мерки за борба против пандемијата, но наиде на рекации во јавноста и економските експерти како темпирана мерка во време кога во земјава се одржуваа изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/deneska-kraen-rok-za-troshenje-od-kartichkata/feed/ 0
Една милијарда евра дупка во буџетот: Наместо за проекти, отидоа ли парите за предизборен поткуп? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/edna-milijarda-evra-dupka-vo-budzetot-namesto-za-proekti-otidoa-li-parite-za-predizboren-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/edna-milijarda-evra-dupka-vo-budzetot-namesto-za-proekti-otidoa-li-parite-za-predizboren-potkup/#respond Mon, 03 Aug 2020 10:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=385447

Без проекти, капитални инвестиции, а една милијарда евра дупка во државната каса. Владата во второто тримесечје го зголеми јавниот долг за една милијарда евра. Согласно податоците кои вчера ги објави Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%. Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. Огромното задолжување на државата наместо за проекти за граѓаните, се искористи за предизборен поткуп, за што обвинуваа и од ВМРО-ДПМНЕ. Издавањето на домашните платежни картички, ваучерите за туризам за ВМРО-ДПМНЕ, но и за голем број аналитичари беше ништо друго освен предизборен поткуп. Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешенел кон средината на јуни истакна дека тенка е линијата меѓу помош за граѓаните и предизборен поткуп, а во случајот со платежните картички. Тасева смета дека пакетот мерки се повеќе личи на популизам кој има за крајна цел добивање гласови на избори. Во тогашната изјава таа посочи дека исплатите не треба да продолжат и по 24-ти јуни кога почнува предизборната кампања. -Неможат исплаќањата на овие картички да се вршат во време на изборна кампања, ниту во време на избори. Затоа мора да се внимава. Сета оваа збрка околу неточни податоци, ажурирање на податоци за картичките дополнето со тоа дека за осум дена ќе настапи изборна кампања, треба да се внимава на одредбите од законот кои велат дека не можат да се вршат исплаќања во тој период, истакна тогаш Тасева. Аналитичарите и пред изборите укажуваа дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови. Стартот на искористувањето на картичките се совпадна со предизборниот период, а ваучерите добија валидност токму на денот на изборите, 15-јули. Од ВМРО-ДПМНЕ во јуни посочуваа дека јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Од партијата нагласуваа дека се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. -СДСМ не знае како да се справи со пандемијата и во државата се случува тотален хаос. Ниту знаат што да прават на здравствен, ниту на економски план. Се фалеа со економски мерки кои беа задоцнети и не беа од никаква помош бидејќи илјадници граѓани останаа беа примања. Платежната картичка со која тие се фалат е класичен поткуп. ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп, власта да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците, истакнуваа во јуни од партијата. Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6% од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6% од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/edna-milijarda-evra-dupka-vo-budzetot-namesto-za-proekti-otidoa-li-parite-za-predizboren-potkup/feed/ 0
Пробиштипјанец изработил лажна платежна картичка и од неа искористил 134.493 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/probishtipjanec-izrabotil-lazna-platezna-kartichka-i-od-nea-iskoristil-134-493-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/probishtipjanec-izrabotil-lazna-platezna-kartichka-i-od-nea-iskoristil-134-493-denari/#respond Fri, 24 Jul 2020 20:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=381025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.С.(21) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Во текот на декември 2018 година, пријавениот искористил згодна прилика и прибавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и податоци за носителот на платежната картичка и ги искористил при вршење на 11 успешни интернет трансакции кон странски интернет продажни места, со што го оштетил сопственикот за износ од 134.493 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/probishtipjanec-izrabotil-lazna-platezna-kartichka-i-od-nea-iskoristil-134-493-denari/feed/ 0
ФОТО: Платежните картички направија гужви пред банките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-plateznite-kartichki-napravija-guzvi-pred-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-plateznite-kartichki-napravija-guzvi-pred-bankite/#respond Mon, 06 Jul 2020 20:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=370176

Гужви пред банките може да се забележат во последните неколку денови. Причина се платежните картички кои беа доделени на дел од граѓаните како поддршка поради пандемијата од Ковид-19. Оваа фотографија е во Куманово, а иста е сликата и низ другите градови ширум земјава каде што граѓаните чекаат да си ги подигнат картичките од банките, пренесе ТВ 21.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-plateznite-kartichki-napravija-guzvi-pred-bankite/feed/ 0