Картум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 19:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Картум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови борби во Картум, Судан и во јужен Дарфур https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/#respond Mon, 14 Aug 2023 19:21:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866731

Борбите меѓу армијата и паравоените формации што траат речиси четири месеци во Судан продолжија денеска во различни делови на Картум и во регионот Дарфур, соопштија жителите на оваа сиромашна земја во источна Африка. „Интензивни воздушни напади и силни експлозии“ одекнуваат низ главниот град на Судан, велат тие. Во јужен Дарфур, жителите денеска повторно се разбудија „од звукот на артилериски оган и продолжија да бегаат од градот Нијала, кој беше нападнат од паравоени сили, изјавија очевидци за Франс прес, пренесува Бета. „Околу 20.000 луѓе избегаа од насилството“ што ја зафати Нјала веќе неколку дена, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA), додавајќи дека испораката на помош била „спречена“. Како што изјави еден лекар за АФП, „и покрај тешкотијата да се пристапи до болницата во Нијала поради бомбардирањето“, вчера биле примени 66 ранети, од кои шестмина починале.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-borbi-vo-kartum-sudan-i-vo-juzhen-darfur/feed/ 0
Силни експлозии во суданскиот главен град Картум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-eksplozii-vo-sudanskiot-glaven-grad-kartum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-eksplozii-vo-sudanskiot-glaven-grad-kartum/#respond Wed, 10 May 2023 09:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=832620

Борбите во суданската престолнина ескалираа со жестоки судири и воздушни напади на 26-тиот ден од судирите додека делегациите од ривалските воени фракции ги продолжија разговорите во Саудиска Арабија за прекин на огнот и хуманитарна помош. Жителите информираат за копнени борби во неколку населби на Картум меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), како и жестоки пукотници во северниот дел на Омдурман и во источниот дел на Бахри, два соседни града кои реката Нил ги дели од Картум. Армијата од вчера гранатира цели во сите три града, обидувајќи се да ја истера СБП, која од почетокот на конфликтот, кој избувна на 15 април, презеде контрола над големите станбени области и стратешките места. Од крајот на минатата недела, делегациите од двете завојувани земји водат разговори со посредство на САД и Саудиска Арабија во саудискиот град Џеда на Црвеното Море. Досега нема извештаи за дипломатски пробив. Конфликтот предизвика хуманитарна криза во третата по големина африканска земја, раселени повеќе од 700.000 луѓе во земјата и принудени 150.000 да избегаат во соседните земји. Тоа, исто така, предизвика немири во западниот судански регион Дарфур. Досега е потврдена смртта на околу 750 лица, а 5.000 се повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-eksplozii-vo-sudanskiot-glaven-grad-kartum/feed/ 0
Спорадични престрелки во Картум, повеќе држави се обидуваат да го евакуираат својот персонал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/#respond Sat, 22 Apr 2023 11:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=826383

Спорадични пукотници доцна синоќа одекнуваа низ главниот град на Судан, Картум, иако завојуваните страни се согласија на прекин на огнот, додека едната страна рече дека е подготвена да отвори аеродром за евакуација на странски државјани. Обединетите нации, САД, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Шведска и Шпанија соопштија дека се подготвуваат или веќе се обидуваат да го евакуираат својот персонал, по еднонеделното насилство во кое, според Министерството за здравство на Судан, загинаа повеќе од 600 луѓе. Според очевидци, артилерискиот оган продолжил доцна синоќа иако бил со помал интензитет од претходниот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporadichni-prestrelki-vo-kartum-poveke-drzhavi-se-obiduvaat-da-go-evakuiraat-svojot-personal/feed/ 0
По воениот удар во Картум избија насилни протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/#respond Mon, 25 Oct 2021 12:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=585131

Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе. Во градот нема интернет, а аеродормот е затвоен, Армијата денеска приведе министри и премиерот Абдал Хамдок, кој е одведен на непозната локација откако одби да го поддржи воениот удар. Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на владејачкиот Суверен совет, тело формирано по соборувањето на режимот на претседателот Омар ал Башир во 2019 година за да ја надгледува поделбата на власта меѓу цивилите и војската, прогласи вонредна состојба и го распушти Советот и Владата. Директорот на канцеларијата на Хамдок, Адам Хереик изјави дека армијата извршила воен удар и покрај постигнатиот договор помеѓу Хамдок и Бурхан. Претходно, специјалниот претставник на САД за Рогот на Африка, Џефри Фелтман, изјави дека Вашингтон е „длабоко вознемирен од извештаите за воено преземање“ во Судан. – Тоа би било спротивно на Уставот и демократските аспирации на суданскиот народ и е крајно неприфатливо. Како што постојано повторуваме, секоја промена на преодната влада со сила ја става во опасност американската помош, истакна Фелтман.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-kartum-izbija-nasilni-protesti/feed/ 0