Касем Сулејмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Jun 2020 08:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Касем Сулејмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иран ќе егзекутира агент на ЦИА, вмешан во убиството на Касем Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kje-egzekutira-agent-na-cia-vmeshan-vo-ubistvoto-na-kasem-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kje-egzekutira-agent-na-cia-vmeshan-vo-ubistvoto-na-kasem-sulejmani/#respond Tue, 09 Jun 2020 08:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=355506

Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти денеска претставник на иранските судски органи. Со напад со дрон САД на 3 јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот. Махмуд Мусави-Мајд, еден од шпионите на ЦИА и Мосад, беше осуден на смртна казна. – Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голахосеин Есмаили. По убиството на Сулејмани, Иран на 8 јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-kje-egzekutira-agent-na-cia-vmeshan-vo-ubistvoto-na-kasem-sulejmani/feed/ 0
Нетанјаху: Убиството на Сулејмани е право на САД на самоодбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ubistvoto-na-sulejmani-e-pravo-na-sad-na-samoodbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ubistvoto-na-sulejmani-e-pravo-na-sad-na-samoodbrana/#respond Fri, 03 Jan 2020 13:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=285210

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека САД имаат право да се бранат со тоа што го убија иранскиот командант Касем Сулејмани. -Исто како што Израел има право на самоодбрана, и САД го имаат истото право. Сулејмани е одговорен за смртта на американските граѓани и на многу други невини луѓе. Планирани се повеќе такви напади, рече Нетанјаху. По убиството на иранскиот командант Нетанајху ја скрати посетата на Грција , изјавувајќи на аердромот во Атина дека претседателот Доналд Трамп ги заслужува сите пофалби за брзата, силна и одлучна акција, пренесоа британските медиуми. -Израел е покрај САД во нивната борба за мир, безбедност и самоодбрана, додаде Нетанјаху.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/netanjahu-ubistvoto-na-sulejmani-e-pravo-na-sad-na-samoodbrana/feed/ 0
Сулејмани идентификуван по прстенот, нападот извршен со дрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-identifikuvan-po-prstenot-napadot-izvrshen-so-dron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-identifikuvan-po-prstenot-napadot-izvrshen-so-dron/#respond Fri, 03 Jan 2020 12:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=285189

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, кој беше убиен утрово во американски воздушен напад во Ирак, е идентификуван по прстен на раката бидејќи неговото тело било разнесено, изјави неименуван ирачки политичар за американски медиуми. Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот бил извршен со дрон недалеку од карго-зоната на аеродромот, откако Сулејмани излегол од авионот и му се придружил на Абу Махди ал-Мухандис, командант на проиранските ирачки сили ПМФ и други во автомобили. Двајца официјални претставници на ПМФ соопштија дека телото на Сулејмани е распарчено во експлозијата и дека не го пронашле телото на Ал-Мухандис. Седум други лица загинаа во конвојот, меѓу кои и зетот на Сулејмани, објави „Билд“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-identifikuvan-po-prstenot-napadot-izvrshen-so-dron/feed/ 0
Израел ја засилува подготвеноста на армијата, Нетанјаху предвреме се враќа од Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zasiluva-podgotvenosta-na-armijata-netanjahu-predvreme-se-vrakja-od-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zasiluva-podgotvenosta-na-armijata-netanjahu-predvreme-se-vrakja-od-grcija/#respond Fri, 03 Jan 2020 12:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=285175

Израел го зголеми степенот на борбена готовност на својата војска, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја скрати својата посета на Грција, откако во американски воздушен напад во Ирак утринава беше убиен генералот Касем Сулејмани, командант на иранската Револуционерна гарда, а Иран се закани со жестока одмазда. Израел, најблискиот американски сојузник на Блискиот исток и најголемиот регионален непријател на Иран, не реагираше појавно на смртта на Сулејмани, како и на командантот на проиранската ирачка милиција Абу Махди ал-Мухандис. Кабинетот на Нетанјаху, сепак, потврди дека тој порано ќе се врати од посетата на Грција, пренесуваат британските медиуми. Израелското воено радио објави дека војската ја зголемила готовноста, а министгерот за одбрана Нафтали Бенет се состанал со воените и разузнавачките шефови на која се направила проценка на ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-zasiluva-podgotvenosta-na-armijata-netanjahu-predvreme-se-vrakja-od-grcija/feed/ 0
Махди: Убиството на Сулејмани и Мухандис ќе предизвика војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/#respond Fri, 03 Jan 2020 10:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=285136

Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди денеска изјави дека американскиот напад при што се убиени иранскиот генерал Касем Сулејмани и командантот на проиранските ирачки милиции Абу Махди ал Мухандис ќе предизвика војна во земјата и во регионот. – Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ, посочи Махди. Убиениот ал Мухандис беше втор човек во Хашд ал Шааби, паравоена проиранска група, која минатата година стана дел од ирачките безбедносни сили. – Израмнувањето на сметки со иранските раководни лица или со пријателска земја на ирачка територија е флагрантно кршење на условите, што дозволуваат присуство на американските војници, посочи Махди. Поради најновите настани Махди побара вонредна седница на ирачкиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mahdi-ubistvoto-na-sulejmani-i-muhandis-kje-predizvika-vojna/feed/ 0
Голем раст на цените на нафтата по убиството на иранскиот генерал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-rast-na-cenite-na-naftata-po-ubistvoto-na-iranskiot-general/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-rast-na-cenite-na-naftata-po-ubistvoto-na-iranskiot-general/#respond Fri, 03 Jan 2020 09:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=285112

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти откако високиот ирански воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад, што доведе до загриженост дека ескалацијата на тензиите на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот. Цената на сировата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што  е највисока цената на нафтата од 17 септември, бидејќи пазарите се плашат дека Иран  би можел да возврати со напад врз постројките на САД и неговите команданти на Блискиот исток како одмазда за убиството на својот командант.
Цената на сировата нафта „US West Texas Intermediatea“  (WTI) нарасна за 1,76 долара, односно за 2,9 отсто, на 62,94 долари за барел. Претходно таа достигна цена и од 63, 84 долари за барел, што беше највисока цена од 1 мај минатата година. -Иран сигурно на некој начин ќе возврати на нападот- одмазда ќе има, како што се случуваше во минатото, со тоа што го нарекуваме асиметричен начин. Нема директно да се соочи со САД, но можеби повторно ќе нападне саудиски танкери, можеби повторно саудсики нафтени рафинерии, за Ал Џазира изјави Џон Тирман, извршен директор на Центарот за меѓународни студии на Институтот за технологија во Масачустетс. Во воздушниот напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад утринава е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната Кудс единица на иранската Револуционерна гарда, како и командантот на иранската милиција, Абу Махди ал-Мухандис. САД потврдија дека го извеле нападот, а Пентагон во соопштение наведе дека „цел на нападот била спречување на идните планови на Иран за напади“. Во соопштението се наведува дека операцијата била изведена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер објави фотографија од американското знаме само неколку часа по објавувањето на веста за убиството на иранскиот генерал. -Факт е дека Иран ќе возврати и ќе ги нападе американските ресурси и постројки или ресурсите и постројките на американските сојузници во регионот, како и дека тоа ќе го стори во текот на следниот период, рече Тирман.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-rast-na-cenite-na-naftata-po-ubistvoto-na-iranskiot-general/feed/ 0
ВИДЕО: Објавени фотографии и видео од местото на убиството на иранскиот генерал Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-fotografii-i-video-od-mestoto-na-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-fotografii-i-video-od-mestoto-na-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/#respond Fri, 03 Jan 2020 08:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=285068

Фотографии и видеа се објавени на социјални медиуми на кои е прикажана наводното место на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак. Командантот на Иранската револуционерна гарда е убиен утрово во американски воздушен напад. На снимките се прикажани остатоци од автомобил во кој се наоѓал тој заедно со соработници кои во конвој заминувале од аеродромот во Багдад. Фотографиите ги објави Кабинетот на ирачкиот премиер. Пентагон потврди дека Сулејмани е убиен во близина на аеродромот во Багдад „по наредба на претседателот“ Доналд Трамп, за да се заштитат американските трупи во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveni-fotografii-i-video-od-mestoto-na-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/feed/ 0
Итен состанок на израелските власти по убиството на иранскиот генерал Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-izraelskite-vlasti-po-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-izraelskite-vlasti-po-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/#respond Fri, 03 Jan 2020 08:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=285065

Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет утрово закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање за да разговара за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак. Тоа го објавија израелски медиуми. На состанокот ќе учествува и Авив Кохави, шеф на израелскиот Генералштаб на армијата. Медиумите јавуваат дека во контекст на неодамнешните настани во регионот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да ја скрати посетата на Грција и да се врати во својата татковина. Во меѓувреме, израелската армија одлучи да ја затвори за туристи планината Хермон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-na-izraelskite-vlasti-po-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani/feed/ 0
Кој е убиениот ирански генерал Касем Сулејмани? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/#respond Fri, 03 Jan 2020 08:35:56 +0000 https://kurir.mk/?p=285052

Генералот Касем Сулејмани, шеф на единицата „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), беше убиен денеска во американски напад од воздух врз меѓународниот аеродром во Багдад. Во нападот загинаа уште шест други лица. Сулејмани стана познат во Иран и во странство како водач на странскиот огранок на Револуционерната гарда и за неговата улога во борбите во Сирија и Ирак. Тој беше клучен во ширењето на иранското влијание на Блискиот исток, кое се обидоа да го ограничат САД и регионалните ривали на Техеран, Саудиска Арабија и Израел. Во текот на изминатите 20 години, тој преживеал повеќе обиди за атентат од агенции од Западот и од израелски и арапски агенции. Единиците „Кудс“ на Сулејмани, задолжени се за спроведување операции надвор од границите на Иран, и обезбедија силна поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад кога се чинеше дека е близу до пораз во граѓанската војна во 2011 година. Тие, исто така, помогнаа вооружените групи да ја победат групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ). Сулејмани стана шеф на ИРГЦ во 1998 година и со години не привлекуваше внимание кон себе бидејќи ги зајакна врските на Иран со Хезболах во Либан, со Асад во Сирија и со шиитските милитантни групи во Ирак. Во последниве години, тој се најде во центарот на вниманието кога се појави заедно со иранскиот врховен лидер на ајатолахот Али Хаменеи и други шиитски водачи. Под водство на Солејмани, ИРГЦ значително ги прошири своите способности, правејќи значително влијание во разузнавачките, финансиските и политичките сфери надвор од границите на Иран. Сулејмани има скромно потекло и е роден во сиромашно семејство на југоистокот на провинцијата Керман во Иран. Започнал да работи како 13-годишник за да му помогне на семејството, а слободното време го поминувал вежбајќи и присуствувал на проповеди што ги одржувал Хамнеи. Како млад човек за време на Иранската револуција во 1979 година, Сулејмани започнал да напредува во иранската армија и, наводно, имал само шест недели тактички тренинзи пред да учествува во својата прва борба во иранската провинција Западен Азербејџан, според списанието Форин полиси. Сулејмани излегол од војната Иран-Ирак како херој заради мисиите што ги водел преку ирачката граница. По повторното воспоставување на владата во Ирак во 2005 година, влијанието на Солејмани се прошири во ирачката политика под раководство на поранешните премиери Ибрахим ал-Џафари и Нури ал-Малики. За тоа време, Организацијата Бадр, шиитска политичка партија и паравоени сили, кои се сметаат за „најстар посредник на Иран во Ирак“, станаа државен огранок откако министерствата за внатрешни работи и транспорт се најдоа под контрола на политичкото крило на вооружената група. По избувнувањето на сириската граѓанска војна во 2011 година, Сулејмани нареди некои од неговите ирачки милиции да се преселат во Сирија за да ја одбранат владата на Асад. За време на борбата на Ирак против ИСИЛ, Хашд ал Шааби (Народна мобилизација), шиитска паравоена единица поддржана од Иран, од кои дел спаѓа под контрола на Сулејмани, се бореше заедно со ирачката армија за да ја порази вооружената група. Мохамед Маранди, раководител на американски студии на Универзитетот во Техеран, рече дека улогата на Сулејмани во обидот да го порази ИСИЛ го направила „национален херој“ и „маченик“ меѓу иранскиот народ и другите земји од Блискиот исток. „Да не беа луѓе како него, овој регион ќе видеше како се виорат црни знамиња низ целиот регион“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/feed/ 0