касетна муниција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 10:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png касетна муниција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лани во Украина се регистрирани над 900 жртви од касетна муниција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-ukraina-se-registrirani-nad-900-zhrtvi-od-kasetna-munitsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-ukraina-se-registrirani-nad-900-zhrtvi-od-kasetna-munitsija/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=874741

Во Украина минатата година имало над 900 жртви од касетна муниција, се наведува во денеска објавениот извештај на Центарот за мониторинг на употреба на касетна муниција. Според извештајот, со ова, бројот на загинати и повредени од оваа муниција во светот достигна рекордно ниво од 2010 година. Во 2022 година, најголемиот број од вкупно 1.172 смртни случаи од касетна муниција ширум светот биле во Украина. Само во Украина, во нападите со овој вид оружје во 2022 година загинале или биле повредени најмалку 890 луѓе, од кои повеќето цивили. Според извештајот, Русија во голема мера користела касетни бомби во Украина од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година, додека Украина ги користела во помала мера. На глобално ниво, 1.172 нови смртни случаи од касетна муниција беа пријавени во 2022 година во осум земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Ирак, Лаос, Либан, Мјанмар, Сирија, Украина и Јемен. Од загинатите и повредените, 987 биле жртви на напади со касетни бомби, а најмалку 185 луѓе биле жртви на остатоци од касетна муниција. Дури 95 отсто од жртвите биле цивили.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-vo-ukraina-se-registrirani-nad-900-zhrtvi-od-kasetna-munitsija/feed/ 0
Хјуман Рајтс Воч: Украина и Русија мора да престанат да користат касетна муниција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-ukraina-i-rusija-mora-da-prestanat-da-koristat-kasetna-munitsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-ukraina-i-rusija-mora-da-prestanat-da-koristat-kasetna-munitsija/#respond Thu, 06 Jul 2023 07:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=853424

И руските и украинските вооружени сили користеле касетна муниција со која се убиени украински цивили, соопшти денеска Хјуман рајтс воч. Тоа се случува во време кога САД размислуваат дали да одговорат на барањето на Украина да добие такво оружје. Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч ги повика и Русија и Украина да престанат да го користат ова оружје и ги повика САД да не ја снабдуваат Украина. Повеќе од 20 земји потпишаа меѓународен договор за забрана на касетна муниција. Станува збор за повеќекратни мали експлозиви спакувани во бомба, ракета или артилериска граната кои се распрснуваат од нивниот носач при лет на голема површина. И Русија и Украина и САД одбија да го потпишат овој договор. Висок функционер на Пентагон минатиот месец изјави дека касетната муниција би била корисна за Украина во одбивањето на руските сили, но нивното доставување до Киев сè уште не е одобрено поради ограничувањата наметнати од американскиот Конгрес и загриженоста од американските сојузници. Украина истрела ракети со касетна муниција во областите под контрола на Русија во и околу источниот украински град Изум, Харковска област, по руската инвазија минатата година, соопшти Хјуман рајтс воч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hjuman-rajts-voch-ukraina-i-rusija-mora-da-prestanat-da-koristat-kasetna-munitsija/feed/ 0