кашмир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 May 2022 09:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кашмир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Кашмир убиени шест милитанти, полицаец и ТВ новинар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kashmir-ubieni-shest-militanti-policaec-i-tv-novinar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kashmir-ubieni-shest-militanti-policaec-i-tv-novinar/#respond Thu, 26 May 2022 09:35:01 +0000 https://kurir.mk/?p=681789

Индиските безбедносни сили убија шест милитанти во Кашмир во изминатите 24 часа, додека екстремистите убија телевизиски новинар и еден полицаец, соопштија денеска локалните власти. Судот во Њу Делхи вчера го осуди сепаратистичкиот лидер на Кашмир, Јасин Малик, на доживотен затвор поради финансирање „терористички“ активности и други злосторства. Продавниците и фирмите во Кашмир останаа затворени втор ден по ред поради протестите поради пресудата, додека полицијата приведе 10 лица бидејќи фрлале камења и извикувале разни пароли пред домот на Малик. Индија и Пакистан држат делови од Кашмир и ја сметаат територијата за своја. Претежно хинду Индија се бори со вооружено востание во својот дел од регионот од доцните 1980-ти. – По тројца милитанти на организациите Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба се убиени од вчера во два одвоени оружени судири во Кашмир, изјави началникот на полицијата во Кашмир, Виџај Кумар. Тој додаде дека во судирите полицијата загубила еден од своите припадници. Кумар истакна дека милитантите синоќа го убиле и 35-годишниот ТВ водител Амрин Бат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kashmir-ubieni-shest-militanti-policaec-i-tv-novinar/feed/ 0
Полициски час во делови од Кашмир пред годишнината од промената на статусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-vo-delovi-od-kashmir-pred-godishninata-od-promenata-na-statusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-vo-delovi-od-kashmir-pred-godishninata-od-promenata-na-statusot/#respond Tue, 04 Aug 2020 11:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=385957

Полициски час во делови од Кашмир пред годишнината од промената на статусот Шринагар, 4 август (МИА) – Дводневен полициски час воведоа индиските власти во делови на Кашмир под нивна контрола, еден ден пред првата годишнина од одлуката на Њу Делхи за поништување на полуавтономија на тој регион. Безбедносните мерки се зајакнати поради информациите дека сепаратистичките и антииндиските групи ќе протестираат и ќе го одбележат 5 август како „црн ден“. Во и околу Шринагар, полицијата и воени сили одат од врата до врата и ги предупредуваат граѓаните да не ги напуштат своите домови. Владините сили подигнаа челични барикади и бодликава жица на патиштата, мостовите и раскрсниците. Пред една година, индиската Влада го намали статусот на државата Џаму-Кашмир и го подели на две територии под федерална администрација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policiski-chas-vo-delovi-od-kashmir-pred-godishninata-od-promenata-na-statusot/feed/ 0
Тројца цивили загинаа при престрелка во Кашмир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-civili-zaginaa-pri-prestrelka-vo-kashmir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-civili-zaginaa-pri-prestrelka-vo-kashmir/#respond Sat, 18 Jul 2020 15:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=378156

Индиските власти денеска соопштија дека тројца цивили, членови на исто семејство, ги загубиле животите во синоќешната престрелка меѓу индиските и пакистанските сили во индискиот дел на Кашмир. Трагичниот инцидент се случил кога минофрлачка граната ја погодила нивната куќа додека биле внатре. Портпаролот на индиската војска изјави дека пакистанските сили нападнале индиски трупи стационирани долж линијата за демаркација во Кашмир, регион на чија територија во целост имаат право Индија и Пакистан. Индискиот воен претставник додаде дека станува збор за непровоцирано кршење на примирјето во 2003 година и дека индиските сили реагирале соодветно на нападот. Пакистанската страна сè уште не го коментираше овој инцидент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-civili-zaginaa-pri-prestrelka-vo-kashmir/feed/ 0
При лавини во Кашмир и во Авганистан загинаа 126 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-lavini-vo-kashmir-i-vo-avganistan-zaginaa-126-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-lavini-vo-kashmir-i-vo-avganistan-zaginaa-126-lica/#respond Tue, 14 Jan 2020 15:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=289586

Во пакистанскиот дел на Кашмир и во Авганистан во лавини загинаа 126 луѓе. Портпаролот на пакистанската служба за вонредни ситуации, Васим Удин изјави дека во последните 24 часа во пакистанскиот дел на Кашмир загинаа 55 луѓе. Во лавина во долината Нилиум загинаа најмалку 41 лице. Властите во Кашмир прогласија вонредна ситуација во погодените области, наведувајќи дека спасувачите имаат потешкотии да стигнат до загрозените села. Жителите се евакуираат со воени хеликоптери, а надлежните се обидуваат да ги оспособат автопатите за побрзо да стигнат до луѓето кои се отсечени поради обилните снежни врнежи во Пакистан и во Авганистан. Снежните врнежи го погодија и југозападниот дел на Пакистан, областа Балуџистан, каде загинаа 20 луѓе. Додека во Пунџаб настрадаа 12 луѓе. Во Авганистан во текот на ноќта загинаа уште 15 луѓе, а околу 300 куќи се оштетени поради снег, поплави и лизгање на земјиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-lavini-vo-kashmir-i-vo-avganistan-zaginaa-126-lica/feed/ 0
Стотици угледни интелектуалци уапсени во Кашмир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ugledni-intelektualci-uapseni-vo-kashmir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ugledni-intelektualci-uapseni-vo-kashmir/#respond Thu, 08 Aug 2019 09:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=227620

Повеќе од 500 лица се приведени во индиската држава Кашмир на последниот обид за сузбивање на опозицијата, откако централно-десничарската влада во Њу Делхи ја отповика автономијата на регионот. Универзитетски професори, бизнисмени и активисти се меѓу 560 уапсени и однесени во новоотворените центри за притвор. Некои од уапсените се извадени од своите домови за време на полноќните полициски операции во градовите Сринагар, Барамула и Гуес. Одлуките за притвор се случуваат во моменти кога се очекува радио обраќање до нацијата од страна на премиерот Нарендра Моди, кој мора да ја објасни одлуката на неговата хинду-националистичка влада да го отповика 70-годишниот специјален статус на регионот. Десетици илјади индиски војници воведоа строг полициски час – кој вклучува: без пристап до Интернет и мобилни комуникации и наметнување ограничувања во сообраќајот, кои обично се преполни со туристи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ugledni-intelektualci-uapseni-vo-kashmir/feed/ 0
Индија ја подигна војската на борбена готовност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ja-podigna-vojskata-na-borbena-gotovnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ja-podigna-vojskata-na-borbena-gotovnost/#respond Mon, 05 Aug 2019 11:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=226547

Индиската војска е подигната во состојба на зголемена борбена готовност, откако парламентот поднесе закон со кој се укинува специјалниот статус на државите Џам и Кашмир, соопшти новинската агенција „Ани“ на Твитер. Властите веќе почнаа да пренесуваат дополнителен контингент од 8000 војници во Џам и Кашмир. Како што пренесува телевизијата НДТВ, од утрото воено-транспортни авиони пренесуваат војници на аеродромот во престолнината на регионот на Сринагар. Како што наведува телевизијата, овие војници ќе го зајакнат контингентот од 35.000 војници, кои се наоѓаат во Џам и Кашмир. Според информациите, целата војска е подигната во готовност. Индиската полиција ноќеска уапсила влијателни лидери на регионалните партии, меѓу кои се и поранешниот главен министер на оваа држава, Мехуба Муфти, како и лидерот на опозицијата во регионалниот парламент, Омар Абдулах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ja-podigna-vojskata-na-borbena-gotovnost/feed/ 0
Tуристи, аџии и работници во паника по предупредувањето за можни напади во Кашмир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/#respond Sun, 04 Aug 2019 10:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=226228

Повеќе илјади индиски туристи, аџии и работници го напуштаат Кашмир, спорниот регион што е под контрола на Индија, по предупредувањето на локалната влада за можни напади од екстремистите. Индија претходно соопшти дека се убиени петмина екстремисти откако нападнале припадници на индиската армија. Индиските безбедносни сили во петокот соопштија дека имаат доказ дела пакистански екстремисти планираат да нападнат хиндуистички верници Кашмир. Додека пакистанската Влада соопшти дека е загрижена поради ситуацијата во Кашмир, при тоа отфрлајќи ги индиските претпоставки за евентуален напад. Индија и Пакистан го поделија Кашмир во 1947 година кога станаа независни држави, а потоа двапати војуваа за таа територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/feed/ 0