Кашоги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Oct 2018 07:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кашоги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чавушоглу: Саудиска Арабија да соработува во истрагата за Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-saudiska-arabija-da-sorabotuva-vo-istragata-za-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-saudiska-arabija-da-sorabotuva-vo-istragata-za-kashogi/#respond Sun, 14 Oct 2018 07:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=114633

Саудиска Арабија треба да соработува во турската истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да им овозможи на турските претставници да влезат во конзулатот во Истанбул, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата во Лондон. - Ние се уште не сме виделе соработка на оваа тема и сакаме да ја видиме, истакна турскиот министер зЧавушоглу во изјавата објавена на националната телевизија. Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот ја напуштил зградата неповреден. Кашоги, кој од лани живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада. Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chavushoglu-saudiska-arabija-da-sorabotuva-vo-istragata-za-kashogi/feed/ 0
Трамп: Саудиска Арабија ќе биде казнета ако се докаже дека е виновна за исчезнувањето на Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saudiska-arabija-kje-bide-kazneta-ako-se-dokaze-deka-e-vinovna-za-ischeznuvanjeto-na-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saudiska-arabija-kje-bide-kazneta-ako-se-dokaze-deka-e-vinovna-za-ischeznuvanjeto-na-kashogi/#respond Sat, 13 Oct 2018 14:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=114535

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата. - Засега (Саудијците) енергично негираат дека се инволвирани. Можно ли е да бидат? Да. Ако се докаже дека Саудиска Арабија е одговорна ќе има сурова казна, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес. Трамп додаде дека случајот е особено важен бидејќи „тој човек беше новинар“. Во исто време, Трамп потврди дека ја исклучува можноста за ограничување на продажбата на оружје. За Кашоги нема никакви иформации откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври. Турските и саудиските власти даваат противречни изјави. Анкара тврди дека тој не излегол од конзулатот, а Ријад вели дека Кашоги истиот ден го напуштил објектот. Кашоги, кој живееше во егзил во САД, исчезна во Истанбул минатиот вторник, по посетата на Конзулатот, каде бил заради документи кои му биле потребни за склучување брак, појасни неговата свршеница. Тој е долгогодишен новинар, дел од редакцијата на „Вашингтон пост“, познат по критичките текстови за саудискиот принц. Во неговите текстови тој ја критикуваше и Саудиска Арабија поради војната со Јемен и спорот со Канада. Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-ите се обидел да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-saudiska-arabija-kje-bide-kazneta-ako-se-dokaze-deka-e-vinovna-za-ischeznuvanjeto-na-kashogi/feed/ 0