касим сулејмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Jan 2021 09:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png касим сулејмани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Багдад: Илјадници луѓе ја одбележаа годишнината од убиството на генералот Касим Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bagdad-iljadnici-lugje-ja-odbelezaa-godishninata-od-ubistvoto-na-generalot-kasim-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bagdad-iljadnici-lugje-ja-odbelezaa-godishninata-od-ubistvoto-na-generalot-kasim-sulejmani/#respond Sun, 03 Jan 2021 09:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=451491

Со импровизирана погребна поворка денеска во Ирак е одбележана првата годишнина од убиството на иранскиот начелник на Генералштабот, Касем Сулејмани, кој е убиен на 3 јануари минатата година при напад на американски дрон. Илјадници луѓе му се приклучија на маршот на автопатот во правец кон Багдад, каде беа убиени Сулејмани и високиот воен претставник Абу Махди ал Мухандис. Убиството на генералот Сулејмани ги зајакна тензиите во регионот и ги доведе САД и Иран на работ на војна. Сулејмани беше на чело на иранските елитни единици на Револуционерната гарда, која беше задолжена за странски операции и често се движела на потегот Ирак-Либан-Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bagdad-iljadnici-lugje-ja-odbelezaa-godishninata-od-ubistvoto-na-generalot-kasim-sulejmani/feed/ 0
Иран повторно се заканува со одмазда за смртта на генерал Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povtorno-se-zakanuva-so-odmazda-za-smrtta-na-general-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povtorno-se-zakanuva-so-odmazda-za-smrtta-na-general-sulejmani/#respond Sat, 19 Sep 2020 12:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=405567

Командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Салами денеска се закани со одмазда кон сите што се вмешани во ликвидацијата на иранскиот генерал Касим Сулејмани. Како што е објавени на интернет-страницата на Револуционерната гарда, Салами во пораката испратена до американскиот претседател Доналд Трамп најавува дека иранска одмазда поради „маченичката смрт“ на генералот ќе биде „очигледна, сериозна и реална“. Претходно, Трамп се закани дека САД жестоко ќе одговорат на каков било обид на Иран да се одмазди за смртта на генерал Сулејман, истакнувајќи оти Вашингтон ќе возврати „илјадапати посилно“. Изминатите денови се појавија наводи дека Иран планирал атентат врз америкаснката амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, но Салами ги демантираше таквите тврдења. – Дали мислите дека за маченичката смрт на својот брат ќе возвратиме така што ќе нападнеме амбасадор, која е жена? Ќе ги нападнеме оние кои имаа директна и индиректна улога. Треба да знаете дека на удар ќе се најде секој што имал улога во случувањето и ова е сериозна порака, истакна Салами во пораката до Трамп. Иранскиот генерал Сулејмани беше убиен во јануари при напад со американски дрон во Багдад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-povtorno-se-zakanuva-so-odmazda-za-smrtta-na-general-sulejmani/feed/ 0
Рохани: Иран одговори и ќе одговори на убиството на генерал Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-iran-odgovori-i-kje-odgovori-na-ubistvoto-na-general-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-iran-odgovori-i-kje-odgovori-na-ubistvoto-na-general-sulejmani/#respond Wed, 18 Mar 2020 10:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=318224

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран одговорил и ќе одговара на убиството на генералот Касим Сулејмани. – Американците го убија нашиот голем командант. Ние одговоривме и ќе одговориме на тој терористички чин, посочи Рохани за државната телевизија по владината седница. Командантот на Револуционерната гарда, Суллејмани загина при американски напад во Ирак во јануари годинава]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-iran-odgovori-i-kje-odgovori-na-ubistvoto-na-general-sulejmani/feed/ 0
Убиен соработникот на Касим Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-sorabotnikot-na-kasim-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-sorabotnikot-na-kasim-sulejmani/#respond Wed, 22 Jan 2020 11:32:16 +0000 https://kurir.mk/?p=293147

Маскирани вооружени напаѓачи денеска од заседа го убија локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападниот дел на Иран, инаку соработник на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој неодамна беше убиен во американски воздушен напад во Багдад. Убиениот командант Абдолхосеин Моџадами ги предводел силите Басиџ, кои се паравоено крило на Револуционерната гарда, задолжени за внатрешната безбедност и други задачи. Тој е убиен пред својот дом во провинцијата Кузестан. Двајца напаѓачи на мотор, вооружени со пушки, му поставиле заседа на Моџадами. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-sorabotnikot-na-kasim-sulejmani/feed/ 0
Конгресот побара од Помпео да сведочи за убиството на Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-pobara-od-pompeo-da-svedochi-za-ubistvoto-na-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-pobara-od-pompeo-da-svedochi-za-ubistvoto-na-sulejmani/#respond Sat, 18 Jan 2020 08:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=291421

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за сослушување за наредбата на претседателот Доналд Трамп во Ирак да се убие висок ирански генерал. Јавното сослушување на Помпео е закажано на 29 јануари. -Оценувам дека Вашето сведочење е исклучително важно и подготвен сум да ги искористам сите легални средства за да го обезбедам Вашето присуство, се наведува во писмото на претседавачот со Одборот, демократот Елиот Енгел испратено до Помпео. Одборот, каде демократите имаат мнозинство, соопшти дека Помпео е повикан да сведочи откако поголем број членови на Конгресот, вклучително и републиканците бараа повеќе информации за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Багдад. Тоа е вторпат Помпео да се биде повикан да сведочи пред Одборот. Првото сослушување беше закажано на 14 јануари, но Помпео не се појави.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kongresot-pobara-od-pompeo-da-svedochi-za-ubistvoto-na-sulejmani/feed/ 0
Сулејмани планирал напади и во БиХ, Бугарија, Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-planiral-napadi-i-vo-bih-bugarija-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-planiral-napadi-i-vo-bih-bugarija-turcija/#respond Wed, 15 Jan 2020 08:50:04 +0000 https://kurir.mk/?p=289869

Една недела по убиството на генералот Касим Сулејмани, водачот на иранската Револуционерна гарда, Резолуција 466 беше поднесена во американскиот Сенат „за да се оддаде почит на припадниците на американската воена и разузнавачка заедница кои ја извршија мисијата за убиството на Касим Сулејмани“. Тој беше убиен во акција на американската војска во Ирак со напад на беспилотни летала. Прогласен е за терорист од страна на американските власти, кој планирал напади врз американски граѓани. Сулејмани, исто така, е одговорен за терористички напади во Ирак и Авганистан „во кои стотици американски граѓани ги загубија своите животи“. Во резолуцијата се вели дека Сулејмани планирал „напади во Германија, Босна, Бугарија, Кенија, Бахреин и Турција“. Во заклучокот на тој документ се вели дека „борбата против иранската Републиканска гарда, единицата„ Кудс “ и сите организации поврзани со нив кои претставуваат закана за националната безбедност на САД ќе продолжат“. Резолуцијата се уште не е усвоена, а во Сенатот имаат мнозинство републиканците. За време на војната, наводно, Касим Сулејмани бил во Босна и Херцеговина, според новинарот на хрватскиот „Вечерњи лист“, Хасан Хајдар Диаб, јави Би-би-си. „Секако дека бев, но многу одамна во 1993 или 1994 година. Каде и да им треба помош на муслиманите, јас сум тука“, рече Сулејмани во интервју за 2017 година за Диаб. Пензионираниот генерал на иранската Револуционерна гарда, Саид Касеми во интервју за иранскиот државен портал Апарат во април 2019 година зборуваше за тоа дека со припадници на ИРГ бил во Босна во 90-тите и вршел обука на Бошњаци. Според него, Иранците пристигнале во Босна со униформи на Црвената полумесечина. Портпаролот на иранската Републиканска гарда Рамадан Шариф ги негираше тие обвинувања, тврдејќи дека личните станови на Касеми се во прашање и дека неговиот престој во Босна немал никаква врска со организацијата. Иранската Црвена полумесечина исто така ги негираше тврдењата на Касеми и се закани дека ќе го тужи. Касеми зборуваше за вмешаноста на ИРГ неколку дена по одлуката на Стејт департментот да ја прогласи воената единица како „меѓународна терористичка организација која поддржува милитантни групи ширум светот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sulejmani-planiral-napadi-i-vo-bih-bugarija-turcija/feed/ 0
Помпео: Убиството на Сулејмани е дел од новата стратегија на САД за одвраќање на непријателите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-ubistvoto-na-sulejmani-e-del-od-novata-strategija-na-sad-za-odvrakjanje-na-neprijatelite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-ubistvoto-na-sulejmani-e-del-od-novata-strategija-na-sad-za-odvrakjanje-na-neprijatelite/#respond Tue, 14 Jan 2020 06:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=289245

Амeриканскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека Касем Сулејмани е убиен во рамките на пошироката стратегија за одвраќање на заканите што претставуваат непријателите на САД, а која се однесува и на Кина и на Русија, ублажувајќи ги на тој начин тврдењата дека највисокиот ирански генерал е убиен бидејќи планирал напади на цели во САД. Помпео оддржа говор во Хуверовиот институт на Универзитетот Станфорд во кој изрично ги спомена нападите кои наводно ги планирал Сулејмани. Во говорот насловен „ Повторно воспоставување на одвраќањето: Ирански пример“, Помпео се фокусира, на како што кажа, стратегијата на администрацијата да воспостави „реална политика на одвраќање“ кон Иран по претходните демократски и републикански политики кои влијаеле на „лошите активности на Иран“. Демократите и републиканците ја критикува администрацијата за оправдување на самоодбраната која се темелеше на необјавени разузнавачки податоци за закани. Претседателот Доналд Трамп рече дека меѓу потенцијалните цели на овие напади биле четири американски амбасади. Министерот за одбрана Марк Еспер во неделата кажа дека не видел никакви разузнавачки податоци што би упатувале на можни напади врз амбасадите. Трамп вчера повторно долеа масло на огнот изјавувајќи дека „всушност не е ни битно“ дали Сулејмани претставувал закана. Помпео кажа дека зад убиството на Сулејмани, командантот на елитните ирански единици „Кудс“, се крие „поширока стратегија“. -Претседателот Трамп и ние во неговата екипа за национална безбедност повторно ја воспоставуваме политиката на одвраќање- реално одвраќање на Иран, кажа Помпео. „САД сега имаат голема предност во однос на Иран, најголемата што било кога сме ја имале“, рече тој потсетувајќи на штетата која на иранската економија и ја нанесоа санкциите кои Трамп повторно им ги воведе откако во 2018 година се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година. -Важноста на одвраќањето не е ограничена само на Иран, нагласи Помпео. „Во секој случај мораме да го одвраќаме непријателот за да ја одбраниме слободата. Тоа е сета смисла на инсистирањата на Трамп нашата војска да ја направи посилна од било кога порано“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-ubistvoto-na-sulejmani-e-del-od-novata-strategija-na-sad-za-odvrakjanje-na-neprijatelite/feed/ 0
Трамп: Сулејмани планираше да ја разнесе американската амбасада во Багдад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sulejmani-planirashe-da-ja-raznese-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sulejmani-planirashe-da-ja-raznese-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/#respond Fri, 10 Jan 2020 08:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=287732

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Касем Сулејмани, иранскиот генерал убиен во американскиот напад со дрон, планирал да ја разнесе во воздух амбасадата на САД во воздух. Порталот Политико пренесува дека Трамп го нарекол Сулејмани „целосно чудовиште“ и дека би требало да биде уништен многу порано. -Ќе го кажав ова. Фативме чудовиште, го уништивме. Тоа требаше да се лсучи многу порано. Тоа го направивме бидејќи имаат план да ја дигнат во воздух нашата амбасада. Го направивме од очигледни причини, еден од нашите луѓе од војската загина. Луѓе се тешко ранети само една недела претходно, изјавил Трамп. Подоцна, на митинг во Толедо, американскиот претседател истакнал дека Сулејмани планирал да нападне повеќе американски амбасади. -Сулејмани активно планирал нови напади и сериозно ги разгледувал нашите амбасади, не само амбасадата во Багдад, но ние го запревме, порача Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-sulejmani-planirashe-da-ja-raznese-amerikanskata-ambasada-vo-bagdad/feed/ 0
Пенс: Американците се побезбедни откако е убиен Сулејмани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-amerikancite-se-pobezbedni-otkako-e-ubien-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-amerikancite-se-pobezbedni-otkako-e-ubien-sulejmani/#respond Thu, 09 Jan 2020 08:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=287247

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вели дека верува оти Американците се побезбедни денес откако претседателот Доналд Трамп нареди напад во кој загина Касим Сулејмани. Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека граѓаните можат да бидат мирни благодарение на раководството на претседателот Доналд Трамп, како и големиот професионализам што го покажа американската војска во последните неколку недели. – И покрај иранскиот напад врз нашите бази, поради подготвеноста на нашата војска, нема жртви, ниту меѓу Американците, ниту Ирачаните. Ние се занимаваме со земја која повеќе од 20 години е водечки државен спонзор на тероризмот. Ние ќе продолжиме да бидеме подготвени и ќе продолжиме да се спротивставуваме на Иран начин кој го направи Трамп, рече Пенс. Тој додаде дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку промена во однесувањето на сегашниот режим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-amerikancite-se-pobezbedni-otkako-e-ubien-sulejmani/feed/ 0
Иран нема да презема понатамошни воени активности https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/#respond Thu, 09 Jan 2020 06:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=287190

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности. – Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак. Тие зборови доаѓаат во одговор на реакцијата на Багдад. Министерството за надворешни работи на Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор да протестира против ракетните напади на Иран врз ирачки бази. Иранскиот дипломат го опиша ракетниот напад како „прецизна операција“ чија цел биле воени инсталации за да не се предизвикаат жртви на цивили и оштетување на цивилните објекти во областа. Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и нагласува дека не бара ескалација или војна, додава Маџид Тахт Раванчи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-nema-da-prezema-ponatamoshni-voeni-aktivnosti/feed/ 0