каталог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Dec 2020 14:42:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каталог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИКЕА престанува да го објавува каталогот по 70 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/#respond Mon, 07 Dec 2020 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=440057

Шведскиот производител на мебел Икеа одлучи да престане да го објавува каталогот по 70 години, едно од најголемите годишни публикации во светот, бидејќи клиентите се повеќе се свртуваат кон интернет, објави компанијата. Каталогот на Икеа се печати веќе 70 години, а најголемиот тираж го достигна во 2016 година, кога повеќе од 200 милиони примероци беа дистрибуирани до домаќинствата и продавниците на Икеа на повеќе од 50 пазари. Неговото прво издание имаше вкупно 285 илјади примероци и беше дистрибуирано на југот на Шведска. Последното издание, заклучно со оваа година, е отпечатено во 40 милиони примероци. Таквиот потег е дел од напорите на компанијата да го зајакне дигиталниот бизнис, бидејќи потрошувачите се повеќе бараат инспирација преку интернет, а исто така и се повеќе купуваат преку интернет. За 12 месеци до крајот на август, продажбата на Икеа преку интернет се зголеми за 45 проценти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-prestanuva-da-go-objavuva-katalogot-po-70-godini/feed/ 0
Промоција на каталог за мелограмите од легатот на Васил Хаџиманов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-katalog-za-melogramite-od-legatot-na-vasil-hadzimanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-katalog-za-melogramite-od-legatot-na-vasil-hadzimanov/#respond Wed, 18 Apr 2018 06:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=42248

На Факултетот за музичка уметност денеска од 13 часот ќе биде промовиран каталог за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов. Каталогот го изработија Николче Витковски и Цветанчо Николоски, студенти на програмата од втор циклус студии за музички науки при ФМУ,  под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.Во каталогот се попишани 10.166 мелограми од обемниот легат на Васил Хаџиманов, што се наоѓа во архивот на МАНУ. - Со попишување на мелограмите се прави уште еден исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност. Ова е и од особено значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, соопшти организаторот. Каталогот ќе биде примарно депониран во Архивот Бужаровски (БузАр) - најголем дигитален архив на звучно културно наследство во Македонија, во кој се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани два терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство. На промоцијата каталогот ќе им биде предаден на претставници на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа легатот на Хаџиманов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-katalog-za-melogramite-od-legatot-na-vasil-hadzimanov/feed/ 0