Каталонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 15:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Каталонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Каталонија бара референдум за независност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/#respond Mon, 11 Sep 2023 15:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=877012

Претседателот на каталонската влада Пере Арагонес, денеска, по повод националниот ден на Каталонија, изјави дека е неопходно да се организира референдум за независност на таа автономна покраина на североистокот на Шпанија. - Амнестијата не е и нема да биде крај на ништо. Таа е само потребен и неопходен чекор кон отворање на патот кон референдумот, изјави Арагонес во Барселона. -Каталонија треба да одлучи и ќе одлучи за својата иднина на референдум. Тоа го браниме на улица, во институциите и во преговорите, додаде тој, обраќајќи им се на шпанската влада, на кралската куќа и на судовите. Амнестијата за организаторите на забранетиот референдум во 2017 година е услов под кој двете сепаратистички партии ќе му понудат поддршка на актуелниот шпански премиер Педро Санчез да формира влада и да остане на власт уште четири години. Каталонската републиканска левица (ERC) на Арагонес и централно-десничарската партија Заедно за Каталонија (JxCat), предводена од поранешниот каталонски премиер во егзил Карлес Пуџдемон, може да добијат предност во парламентот. На крајот на месецот ќе се гласа за новата влада, по нерешените избори одржани во јули во Шпанија, на кои ниту левиот ниту десниот блок не добија мнозинство за формирање влада. Левичарската влада на Шпанија претходно соопшти дека референдумот не може да се организира бидејќи е спротивно на шпанскиот Устав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/feed/ 0
Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/#respond Thu, 13 Apr 2023 06:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=823501

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА. -Додека е  владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид. Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија. Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста. -Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер. Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид. По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада. Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/feed/ 0
Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-voveduva-ogranichuvanja-na-vodata-poradi-sushata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-voveduva-ogranichuvanja-na-vodata-poradi-sushata/#respond Tue, 22 Nov 2022 17:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=764944

Од петок во Каталонија се воведуваат ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша и тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион. Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, рече дека засега нема да биде неопходно да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење, туку дека владата ги повикува граѓаните да ја користат водата посовесно и „да бидат свесни за ситуацијата“. Мерките ќе вклучуваат прекин на вода за наводнување на земјоделските култури и индустрија. На жителите на градовите нема да им биде дозволено да користат вода за пиење за миење на надворешноста на куќите или автомобилите или за полнење базени. Фонтаните ќе престанат да работат во повеќе од 500 општини, вклучувајќи ја и Барселона, а ќе биде забрането миење на улиците со вода за пиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-voveduva-ogranichuvanja-na-vodata-poradi-sushata/feed/ 0
Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/#respond Tue, 27 Sep 2022 20:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=738227

Каталонија ќе иницира нов договор со шпанската влада за одржување правно обврзувачки референдум за потенцијална независност на регионот што би бил признаен и од Шпанија и од меѓународната заедница, изјави денеска каталонскиот лидер Пере Арагонес. Шефот на каталонската влада во регионалниот парламент изјави дека на Каталонија и е потребна согласност од Мадрид за уште еден референдум. – Не се сомневам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се одржи уште едно гласање, имајќи ги предвид лекциите од 2017 година и тешкотиите што не ни дозволија да го спроведеме резултатот од пред пет години, посочи тој. Арагонес го нарече неговиот предлог „најинклузивен, најдемократски и најобјаснив за меѓународната заедница“ и рече дека ќе побара поддршка од сите политички актери во Каталонија. Шпанската влада го отфрли предлогот. – Тие ги имаат тие максималистички аспирации, кои владата апсолутно не ги дели, рече владината портпаролка Изабел Родригез, додавајќи дека двете страни продолжиле да разговараат за нормализација на нивните односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-saka-nov-referendum-no-so-soglasnost-na-madrid/feed/ 0
Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/#respond Mon, 12 Sep 2022 05:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=731461

Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ вчера десетици илјади Каталонци протестираа на улиците на Барселона барајќи независност од Шпанија. Има различни информации за бројот на демонстранти. Според организаторот на протестот сепаратистичкото движење на граѓани АНЦ вчера протестирале околу 400.000 луѓе, додека според полицијата – 108.000 лица. Пред пандемијата на вакви протести учествувале по повеќе од еден милион луѓе. Можно е помал број луѓе да се појавиле поради спорови во сепаратистичкото движење. Левичарската партија ЕРЦ на регионалниот претседател Пере Арагонес, е подготвена да преговара со Мадрид, додека партијата Јунтс, која инсистира на отцепување, се во конфликт. Двете партии се дел од владејачката коалиција. Регионалниот шеф на Владата за прв пат по долго време не учествуваше на митингот за независност. Во краток говор, Арагонес повторно повика на референдум за независност. Но, Владата во Мадрид тоа го отфрла, истакнувајќи оти тоа не е предвидено во Уставот. Населението на Каталонија е поделено. Според анкетите околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetici-iljadi-katalonci-pobaraa-nezavisnost-od-shpanija/feed/ 0
Каталонија повторно воведува полициски час https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-povtorno-voveduva-policiski-chas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-povtorno-voveduva-policiski-chas/#respond Thu, 23 Dec 2021 14:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=612171

Шпанската покраина Каталонија повторно ќе воведе полициски час во борба против рекордното зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19, откако судот во четвртокот ја одобри мерката во североисточниот регион. Мерката ќе почне да важи од утре и ќе трае 15 дена. Врховниот суд во регионот соопшти дека се согласил со барањето на регионалната влада на Каталонија за воведување ноќен полициски час во периодот од 01:00 до 06:00 часот наутро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-povtorno-voveduva-policiski-chas/feed/ 0
Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадиција во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/#respond Sat, 02 Oct 2021 09:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=571754

Поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, побара од европскиот судски систем да му го врати имунитетот како европратеник, за да не биде екстрадиран во Шпанија, изјави неговиот адвокат. Барањето е испратено до Општиот суд на ЕУ, кој претходно во јули го одби неговото прво барање. По Карлес Пуџдемон (58), кој во 2019 година беше избран за член на Европскиот парламент, е распишана европска потерница на барање на Шпанија. Тој минатата недела беше уапсен на аеродромот во Сардинија, каде требаше да учествува на каталонскиот фестивал Адифолк, по што Мадрид веднаш побара негова екстрадиција. Ослободен беше веќе следниот ден, по што се врати во Брисел, каде што живее, но се обврза во понеделник да се врати во Сардинија за сослушувањето на барањето за екстрадиција. -Тој ќе присуствува на сослушувањето, изјави за француските медиуми член од неговиот правен тим. Шпанија го обвинува Пуџдемон за бунт и бара негова екстрадиција, со тврдења дека тој помогнал да се организира референдумот за независност на Каталонија во 2017 година, што шпанските судови го оценија како незаконски. Европскиот суд на правдата во Луксембург на 30 јули ја потврди одлуката на Европскиот парламент, чиј пратеник е Карлес Пуџдемон, нему и на двајца други лидери на сепаратистичкото движење во Каталонија да им се одземе имунитетот. Оваа одлука беше потврдена на 30 јули од страна на Општиот суд на Европската унија. На одлуката на Европскиот парламент може да се поднесе жалба, а судството на ЕУ се уште нема донесено конечна пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/puchdemon-bara-od-opshtiot-sud-na-eu-da-mu-go-vrati-evropratenichkiot-imunitet-za-da-izbegne-ekstradicija-vo-shpanija/feed/ 0
Изборите во Каталонија одложени за 30 мај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-vo-katalonija-odlozeni-za-30-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-vo-katalonija-odlozeni-za-30-maj/#respond Fri, 15 Jan 2021 16:13:54 +0000 https://kurir.mk/?p=455909

Парламентарните избори во Каталонија, во североисточна Шпанија, се поместени од 14 февруари на 30 мај, поради ширењето на новиот коронавирус во последните денови, соопшти денеска каталонската Влада. Одлуката за одложување на изборите беше донесена по состанок меѓу владата и сите партии кои се согласија за потребата од одложување на датумот. Во изминатите две недели, бројот на заразени со вирусот во Каталонија достигна 532 на 100.000 жители, што означува „екстремен ризик“, а истовремено на интензивна нега, пациентите со вирусот зафатија 42 отсто од капацитетот, па владата ги продолжи ограничувачките мерки Изборите во Каталонија, индустриски и туристички развиена автономна покраина, се одржуваат бидејќи Врховниот суд во Мадрид во септември му забрани на премиерот Ким Тора да извршува јавни функции за една и пол година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-vo-katalonija-odlozeni-za-30-maj/feed/ 0
Поради Ковид-19 во Каталонија 14 дена ќе бидат затворени баровите и рестораните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-vo-katalonija-14-dena-kje-bidat-zatvoreni-barovite-i-restoranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-vo-katalonija-14-dena-kje-bidat-zatvoreni-barovite-i-restoranite/#respond Wed, 14 Oct 2020 15:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=416427

Во шпанската покраина Каталонија од денеска во следните 14 дена ќе бидат затворени сите барови и ресторани, а се воведуваат и ограничувања за продавниците и парковите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус. На рестораните ќе им биде дозволено да служат храна за носење и достава. Шпанија со приближно 900.000 регистрирани случаи и над 33.000 починати луѓе стана жариште на пандемијата во Западна Европа. Мадрид и девет околни градови уште од минатата неделасе под делумна блокада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-kovid-19-vo-katalonija-14-dena-kje-bidat-zatvoreni-barovite-i-restoranite/feed/ 0
Каталонија и одговори на Германија: Ние се грижиме за здравјето на туристите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-i-odgovori-na-germanija-nie-se-grizime-za-zdravjeto-na-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-i-odgovori-na-germanija-nie-se-grizime-za-zdravjeto-na-turistite/#respond Tue, 28 Jul 2020 11:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=382619

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас им препорача на граѓаните да не патуваат на одмор во неколку шпански региони, вклучувајќи ја и Каталонија, каде расте бројот на новозаразени со коронавирусот. – Во моментов не препорачуваме без потреба туристички да се патува во Арагон, Каталонија и Навара поради големиот број заразени и локални карантини, напиша министерот на Интернет. Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во многу региони, Шпанија нареди носење маски во јавност, а во некои области, вклучително и Барселона, ги повика граѓаните да не ги напуштат своите домови без потреба. Владата на Каталонија изрази жалење поради тоа што германскиот министер за надворешни работи ги советувал своите граѓани да не патуваат во Шпанија поради зголемувањето на бројот на заразени. – Ние не се мешаме во одлуките на другите земји, но очигледно е дека не ги делиме. Владата на Каталонија е одговорно … и ние работиме на заштита на животите и здравјето на луѓето што живеат овде и кои не посетуваат, рече министерот за надворешни работи на Каталонија Бернат Соле. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-i-odgovori-na-germanija-nie-se-grizime-za-zdravjeto-na-turistite/feed/ 0