катастар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 11:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катастар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митева: Преку новиот Тарифник на Катастар основните услуги се покачени и до 500%, Тунџев манипулира кога вели дека има намалување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-preku-noviot-tarifnik-na-katastar-osnovnite-uslugi-se-pokacheni-i-do-500-tundzev-manipulira-koga-veli-deka-ima-namaluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-preku-noviot-tarifnik-na-katastar-osnovnite-uslugi-se-pokacheni-i-do-500-tundzev-manipulira-koga-veli-deka-ima-namaluvanje/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=769415

Владата одобрила покачување на катастарските услуги и до 500%. Лажни се тврдењата на директорот на Агенцијата за Катастар, Тунџев, дека покачувањето е само 30%. Денес ќе презентираме докази кои покажуваат како власта преку нов Тарифник за услугите удира по џебот на граѓаните, геодетите, нотарите, банките, но во крајна линија народот, зошто тој е краен корисник на сите услуги кои ги пружа системот, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Да почнеме со ред. -Ако до сега за вадење Векторски податоци од базата на инфраструктурни објекти се плаќало по 183 денари, од сега со дозвола на Владата на Ковачевски ќе се плаќа 1250 денари. Тоа се 583% покачување. -За вадење Кординати односно за геодетска и детална точка се плаќало 67 денари, сега се плаќа 250 денари. Со дозвола на Ковачевски имаме 519% покачување. -За известување по електронски пат за поднесени пријави и извршени промени во еден имотен лист се наплаќало по 50 денари, сега се наплаќа по 250 денари. Тоа е покачување од 400%. -За впишување на промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување, се плаќало 300 денари, за сега со дозвола на Владата да се наплаќа 1250 денари. Tоа пак е покачување од 316%. -Предбележување како условно запишување односно бришење на извршеното предбележубање до сега се наплаќало 300 денари, од сега со дозвола на Владата ќе се наплаќа 1250 денари. Односно услугата е покачена за 316%. -Промена на лични и адресни податоци за носителот на правото, личните и адресните податоци во имотен лист за инфраструктурни објекти се наплаќало 500 денари, сега се наплаќа 1250 денари. Тоа е покачување за 150%. -Запишување односно бришење на податоците од Интабулационите книги преземени од судовите, се наплаќало 500 денари, од сега ќе се наплаќа 1000 денари. Односно 100% покачување. - Вадење на имотен лист, лист за предбележување на градба, пописен лист со незапишани права, евидентен лист, лист за времени објекти, имотен лист за инфраструктурни објекти, лист за предбележување на инфраструктурен објект, евидентен лист за инфраструктурен објект до сега чинело 180 денари, а сега секоја од овие услуги поединечно чини 250 денари. Тоа е покачување за 39%, истакна Митева и додаде: „Каде имаме намалување со кое се фали директорот. Впрочем, ако може да се каже намалување, или попрецизно мизерно намалување кое се мери во нула запирка неколку проценти се гледа во некои периферни услуги, кои граѓаните практично многу ретко ги користат. Тука имаме намалување од 0.57% за услугата за вадење на Векторски формат на граници за комплет населени места и исто вакво срамно намалување што не може ниту да се квалификува како такво, а спаѓа во категоријата статистички грешки е вадење на Геореференцирана вертикална претстава на катастарскиот план, услуга која до сега се наплаќала 756 денари, а од сега ќе се наплаќа 750 денари, замислете 6 денари намалување или тоа е намалување од 0.79%. Владата и Агенцијата за Катастар се погрижиле да ја имаат и најскапата државна услуга не само во Македонија, туку можеби и во регионот, а тоа е воведување на нова услуга, таканаречено издавање на сервис за спој катастарски парцели/ згради, кој за територија на цела Македонија би чинел 1 милион евра. Со оваа нова услуга, Катастарот на Македонија ја има најскапата јавна услуга на светот и чини 1 милион евра. Ова се фактите кои го потврдуваат енормното зголемување на цените, а лагите на Тунџев дека има намалување на услугите на Агенцијата за Катастарот празни ветувања кои ги дава пред граѓаните“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-preku-noviot-tarifnik-na-katastar-osnovnite-uslugi-se-pokacheni-i-do-500-tundzev-manipulira-koga-veli-deka-ima-namaluvanje/feed/ 0
„Во Катастарот во време на СДС дигитализацијата е запрена, ама затоа услугите се поскапени и до 500%- неспособноста на власта народот скапо ја плаќа“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vo-vreme-na-sds-digitalizacijata-e-zaprena-ama-zatoa-uslugite-se-poskapeni-i-do-500-nesposobnosta-na-vlasta-narodot-skapo-ja-plakja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vo-vreme-na-sds-digitalizacijata-e-zaprena-ama-zatoa-uslugite-se-poskapeni-i-do-500-nesposobnosta-na-vlasta-narodot-skapo-ja-plakja/#respond Thu, 01 Dec 2022 08:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=769303

Катастарските услуги во време на СДС престанаа да се дигитализираат и да стануваат подостапни за граѓаните, ама затоа цените им поскапеа и до 500%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Електронскиот катастар со денови во месецот не работи, исто така и електронскиот шалтер од кој се добиваат празни фајлови, ДМС системот за електронско внатрешно работење не функционира, Мак едит системот по пропаднатите тендери за негови надградби практично не работи и Геодетските фирми имаат сериозни проблеми при изготвување на геодетските елаборати. Но не само геодетските фирми, од неспособноста и неодговорноста на кадрите на СДС страдаат и граѓаните и општините и компаниите и државните институции. Агенцијата за Катастар до сега за 5 години потрошила 50 милиони евра пари од граѓаните, а никаква реформа не е направена. Очигледно поради недомаќинското работење Катастар е доведен до работ на ликвидност, па сега со новиот ценовник и поскапувањето финансиски ќе се спасува на грбот на граѓаните, стои во партиското соопштение и се додава: „Да потсетиме дека владата на СДС и Ковачевски дозволи цените на услугите на Агенцијата за катастар неколку кратно да поскапат, па така на пример ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари. Власта на СДС безмилосно ги арчи парите на граѓаните, а кога ќе ја упропастат институцијата преминуваат кон поскапување. Тоа е рецептот за покривање на нивниот недомаќинлук, арамилук и неодговорност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-katastarot-vo-vreme-na-sds-digitalizacijata-e-zaprena-ama-zatoa-uslugite-se-poskapeni-i-do-500-nesposobnosta-na-vlasta-narodot-skapo-ja-plakja/feed/ 0
Цените на услугите на Катастар зголемени до 30 проценти, директорот вели дека се на реално ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=768196

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катастарските ИКТ системи, информираше денеска на прес-конференција директорот на АКН, Борис Тунџев. Тој ги отфрли како неточни тврдењата на претседателот на Комората на геодетски друштва, Никола Рибаровски за „енормен раст на цените на катастарските услуги“ и посочи дека има зголемување за одредени производи, за одредени намалувања, а дел се останати на исто ниво. – Со новиот тарифен модел, поединечните цени на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем и надоместот за впишување во Катастарот на недвижности, не се енормно зголемени. Напротив, тоа се цени кои се на ниво на реално направените трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи, кои се од исклучителна важност, рече Тунџев. Тој најави дека доколку дојде до стабилизирање на енергетската криза, односно намалување на цената на електричната енергија и другите фактори кои имаат влијание на трошоците, Агенцијата ќе направи анализа и ќе излезе со свое видување во однос на потребата од корекција на цените на услугите. На брифингот за новинари сакаше да присуствува и претседателот на Комората Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenite-na-uslugite-na-katastar-zgolemeni-do-30-procenti-direktorot-veli-deka-se-na-realno-nivo/feed/ 0
„Владата на СДС и Ковачевски континуирано работи на штета на граѓаните, од една страна ги зголемуваат цените на услугите на Катастер, од друга страна делат тендери на сопруги на директори“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sds-i-kovachevski-kontinuirano-raboti-na-shteta-na-gragjanite-od-edna-strana-gi-zgolemuvaat-cenite-na-uslugite-na-kataster-od-druga-strana-delat-tenderi-na-soprugi-na-direktori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sds-i-kovachevski-kontinuirano-raboti-na-shteta-na-gragjanite-od-edna-strana-gi-zgolemuvaat-cenite-na-uslugite-na-kataster-od-druga-strana-delat-tenderi-na-soprugi-na-direktori/#respond Tue, 29 Nov 2022 08:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=768020

Катастрофалното и расипничко работење на владата на СДС и Димитар Ковачевски резултира со ново поскапување на цените, овој пат на услугите на Агенцијата за катастер на недвижности. Во време кога државата има инфлација од 20 проценти, цените на сите прехранбени производи се до плафон, сиромаштијата е се поголема, граѓаните ќе плаќаат и до 500 проценти повисоки цели за услугите од Агенцијата за катастер на недвижности. Или изразено во пари тоа би изгледало вака, ако до сега една услуга за изработка на геодетски елаборат чинела 750 денари, сега истата ќе чини дури 1.552 денари; ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега со новите покачувања ќе чини 1200 денари, или ако имотен лист чинеше 180 денари, сега истиот ќе кошта 250. Владата на СДС удира по џебот на граѓаните и поради неспособност да менаџира со кризите ги зголемува цените. Згора на тоа, СДС ја претвори државата во своја приватна сопственост за спроведување на матни бизнис зделки и лично богатење. Имено, директорот на ЈП Железници Хари Локвенец дава тендер за геодетски услуги на фирмата на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастер Борис Тунџев во вредност од 40.000 евра. Од една страна Туџев ги зголемува цените, а од друга страна неговата сопруга добива пари за геодетски услуги од ЈП Железници, претпријатие кое е пред колапс. СДС ги користат државните институции како алатка за испумпување на државни пари, додека државата и граѓаните тонат во беда и сиромаштија. И ова не единствен ваков случај, има многу случаеви каде народните пари завршуваат во џебовите на високи владини функционери. Повеќе од очигледно е дека наместо концепт на транспарентност и отчетност, владата спроведува концепт на крадење и лажење. Владата на СДС и Ковачевски континуирано работи на штета на граѓаните. И токму затоа потребни се промени и избори час поскоро. Доаѓа време на одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sds-i-kovachevski-kontinuirano-raboti-na-shteta-na-gragjanite-od-edna-strana-gi-zgolemuvaat-cenite-na-uslugite-na-kataster-od-druga-strana-delat-tenderi-na-soprugi-na-direktori/feed/ 0
„Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-udar-po-dzebot-na-gragjanite-poskapite-ceni-na-uslugite-od-katastar-se-za-da-se-pokrie-nedomakjinskoto-rakovodenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-udar-po-dzebot-na-gragjanite-poskapite-ceni-na-uslugite-od-katastar-se-za-da-se-pokrie-nedomakjinskoto-rakovodenje/#respond Mon, 28 Nov 2022 07:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=767388

Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари; -ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари; -ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари. Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем? Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-udar-po-dzebot-na-gragjanite-poskapite-ceni-na-uslugite-od-katastar-se-za-da-se-pokrie-nedomakjinskoto-rakovodenje/feed/ 0
Митева: Власта на СДСМ е надвор од реалноста, дала согласност за поскапување на услугите на Катастарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/#respond Sun, 27 Nov 2022 10:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=767145

Власта на СДСМ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Со тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности власта се обидува да ја спаси институцијата од банкрот. Митева вели дека сите информации со кои располагаат говорат дека поради недомаќинското работење на Катастарот истиот е доведен до состојба да не се знае дали ќе може да обезбедат плати за вработените. -Со ваквиот тарифник сосема е јасно дека во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на Агенцијата за катастар на недвижности. Дали власта со ова енормно поскапување на услугите сака да го спаси Катастар од банкрот? Дали ова ќе биде уште една институција во низа која ја претворија во загубар? СДСМ преку соопштенија се обидува да ја сокрие реалноста нарекувајќи ги фалични калкулациите и понижувајќи ги граѓаните. Единствено фалична и манипулативна е реакцијата на СДСМ, а вистината е дека изминативе 5 години потрошија 50 милиони евра од Буџетот на катастарот и уште 10 милиони евра донации, а нема никакви реформи, напротив само нефункционалност на системот и поскапувања кои со СДСМ на власт станаа секојдневие, вели Митева. Додава дека ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или -ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или -ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари. Токму власта на чело со Ковачевски дала согласност на седница на Влада за одобрување на овој Тарифник со кој се предвидува енормно поскапување на услугите. Оваа влада и Ковачевски очигледно имаат проблем со реалноста. Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на нивната влада. СДСМ нема пари кои се наменети за народот, СДСМ зема пари од народот, вели Митева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vlasta-na-sdsm-e-nadvor-od-realnosta-dala-soglasnost-za-poskapuvanje-na-uslugite-na-katastarot/feed/ 0
Катастар: Саниран проблемот од компјутерскиот напад, услугите се достапни, а сите податоци се безбедни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-saniran-problemot-od-kompjuterskiot-napad-uslugite-se-dostapni-a-site-podatoci-se-bezbedni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-saniran-problemot-od-kompjuterskiot-napad-uslugite-se-dostapni-a-site-podatoci-se-bezbedni/#respond Wed, 26 Oct 2022 13:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=750702

Системите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) од денеска се вратени во нормално функционирање, сите професионални корисници и граѓаните можат да ги користат нејзините услуги, а податоците се безбедни и не се злоупотребени при компјутерскиот напад на надворешната инфраструктура на АКН и нејзините јавни сервиси, што беше детектиран на 22. месецов, потврдија за МИА од АКН. Од Катастарот појаснуваат дека на 22 октомври во 08.20 часот од страна на ИТ Секторот детектиран е компјутерски напад во надворешниот систем на Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ при што е констатирано дека упадот е на надворешната инфраструктура со што е извршено напад на достапноста на јавните сервиси на Агенцијата.  -Проблемот е пријавен до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации и Секторот за компјутерски криминал во МВР.  Во текот на деновите од сабота 22.10.2022 до вторник 25.10.2022 година, Секторот за информатички технологии во АКН интензивно работеше на санирање на настанатиот проблем.На 26.10.2022 година, системите се вратени во нормално функционирање и сите професионални корисници, како и граѓаните можат да ги користат услугите на Агенцијата за катастар на недвижности и би сакале да ве информираме дека сите податоци се безбедни и не се злоупотребени од страна на напаѓачите. Секоја друга информација е дезинформација на јавноста, велат од АКН. Вакви неовластени упади или прекини во функционирањето на системите и сервисите кога интенцијата е сите процеси да бидат дигитализирани, а во насока на поефикасна услуга кон граѓаните и бизнис заедницата, потенцираат од Катастарот, не се ништо непознато не само кај нас туку и во други држави. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-saniran-problemot-od-kompjuterskiot-napad-uslugite-se-dostapni-a-site-podatoci-se-bezbedni/feed/ 0
По објавата на аферата „Тајни имоти“, паднаа системот и страната на Катастар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-aferata-tajni-imoti-padnaa-sistemot-i-stranata-na-katastar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-aferata-tajni-imoti-padnaa-sistemot-i-stranata-na-katastar/#respond Tue, 25 Oct 2022 10:53:02 +0000 https://kurir.mk/?p=750123

  Страната на Агенцијата за катастар на недвижности не е во функција. Граѓаните не можат да пристапат до електронските услуги на Катастарот. Интересно е што нефункционирање на страната се поклопува со објавата на аферата „Тајни имоти“ која ја започна ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата вчера истакнаа дека 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра и ги повикаа институциите да ги објават за 24 часа. Бидејќи тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ од денеска започна со објавување детали за аферата, односно имиња на функционери на власта, за кои како што велат од опозициската партија, кријат имот. Повеќе за новите детали кои денеска ги објави ВМРО-ДПМНЕ може да прочитате ТУКА.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavata-na-aferata-tajni-imoti-padnaa-sistemot-i-stranata-na-katastar/feed/ 0
Катастар работи на нови регистри и услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-raboti-na-novi-registri-i-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-raboti-na-novi-registri-i-uslugi/#respond Thu, 13 Oct 2022 09:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=744669

Со над 1800 професионални корисници, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денес преставува модерен и современ регистар на кој се темелат сите имотно-правни односи поврзани со недвижностите, беше истакнато на отворањето на меѓународната конференција што се одржува денеска и утре во организација на АКН по повод јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“. Предизвик за наредниот период во областа ќе биде реализацијата на основната нулта геодетска мрежа, како основа за да се спроведе студијата за воспоставување нови референтни државни системи, а во областа на образованието воспоставување докторски студии по геодезија. Значајна тема на која се работи се регистрите и управувањето со процесите за дигитални просторни податоци. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќање на конференцијата истакна дека Агенцијата за катастар на недвижности не е само место каде технички се обработуваат податоци и се прават мапи, туку е алатка која на сите ни овозможува раст и развој. – Оваа институција која е влезена длабоко во сферата на дигитализацијата со која успешно се справува, сметам дека е новиот двигател на растот и развојот на нашата земја. Дигитализацијата и податоците со кои располагаме имаат вредност само ако правилно се употребуваат и се вкрстат соодветно, рече Битиќи. Со Националниот геопортал на просторни податоци што беше промовиран пред една година, како што посочи вицепремиерот, со само еден клик, на граѓаните, бизнисите и на државните институции, им се овозможува пристап до мноштво геопросторни податоци со што значително се олеснува и забрзува секој процес. – Порталот ќе го подобри квалитетот на изворите на просторните податоци што ќе значат многу помалку конфликти помеѓу изворите на податоци во смисла на ажурност и комплетност за да се сме сигурни дека се постојано обновени. Ова ја носи Агенцијата за катастар се поблиску до европските стандарди до кои се сите ние се стремиме да се приближиме, рече Битиќи, посочувајќи дека постигнувањата на АКН во изминатите години се далеку пред одредени други агенции од нашата земја на патот за приближување до Европската унија. Битиќи укажа и дека со законот за премер, катастар на недвижности и регистри и со законот за геодетска дејност, што се во консултативен процес, ќе се подобри квалитетот на запишаните податоци во катастарот. Со тоа, ќе се обезбеди унифицираност на постапките, како и воведување нови регистри и развој на нови производи и услуги за сите институции, граѓаните и стопанството. Со ова Агенцијата за катастар ја продолжува својата модернизација која ќе биде во служба на граѓаните и институциите во својот полн капацитет. Останува на сите нас, без разлика на кои позиции сме, дали на централна, локална, дали во стопанство или како граѓани да конечно почнеме разумно да ги користиме податоците за една единствена цел – одржлив развој, порача вицепремиерот за економски прашања. Директорот на АКН, Борис Тунџев, пак, посочи дека Агенцијата овозможува сигурен и ефикасен пристап до дигиталните податоци од Геодетско катастарско информациониот систем (ГКИС) преку е-сервиси. Исто така, работи на воспоставување на Регистарот на улици и куќни броеви и Регистарот на градежно земјиште, создава услови за воспоставување на системот за масовна проценка и ја воспоставува и одржува геодетската инфраструктура по меѓународни стандарди и обезбедува јавен пристап до податоците од Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП). Според Тунџев, АКН создала услови за поголема ажурност и сигурност при запишувањето на промените во катастарот на недвижности. – Имаме над 1800 професионални корисници. Работиме во функција на поддршка на развојот на бизнисот и економијата, што може да се види со фактите дека ги поедноставивме процедурите, а рокот за запишување се скрати од месец и повеќе, на еден до три дена. Катастарските податоци се достапни на интернет. Овозможен е директен пристап до податоците од катастарот на недвижности за нотарите, приватните геодети, општините, останатите државни институции, итн. Овозможено е електронско поднесување на пријавите за запишување на промени за трансакции на имот и на имотен лист, копија од катастарски план, итн, рече Тунџев. Почетоците на геодетските премери во државава се бележат од пред 95 години, а по тој повод АКН изложи музејска постановска со сведоштва за нејзината работа од 1927 година, па до денес. Геодетска управа на Народна Република Македонија што беше формирана во 1947 година понеколку законски трансформации низ годините, со новиот Закон за катастар на недвижности од 2008 година, функицонира како Агенција за катастар на недвижности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastar-raboti-na-novi-registri-i-uslugi/feed/ 0
Пожар во ресторан во Тафталиџе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-restoran-vo-taftalidze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-restoran-vo-taftalidze/#respond Fri, 15 May 2020 10:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=346185

Пожар во ресторан позади Катастар кај Педагошка академија денеска избувна при што е уништена кровната конструкција. Противпожарните служби на Град Скопје интервенирале со пет возила и 15 пожарникари. Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот кај нив е пријавен во 11:20 часот, а изгаснат околу 11:45 часот. Најверојатно пожарот избувнал од скарата во ресторанот по што биле зафатени оџакот и кровната конструкција. Причинета е материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-restoran-vo-taftalidze/feed/ 0