катастрофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Nov 2020 12:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катастрофи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИФРЦ: Расте бројот на катастрофи предизвикани од екстремни климатски услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifrc-raste-brojot-na-katastrofi-predizvikani-od-ekstremni-klimatski-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifrc-raste-brojot-na-katastrofi-predizvikani-od-ekstremni-klimatski-uslovi/#respond Tue, 17 Nov 2020 12:12:19 +0000 https://kurir.mk/?p=430666

Бројот на катастрофи предизвикани од екстремни временски и климатски услови расте, се наведува во денешниот извештај на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и се додава дека парите не стигнуваат таму каде што се најпотребни. „Случаите со поплави, бури и топлотни бранови се зголемија за речиси 35 проценти од 90-тите години на минатиот век, што погоди 1,7 милијарди луѓе во последните 10 години , а починаа околу 410. 000 луѓе, се вели во извештајот на ИФРЦ на 378 страници. Ваквите настани сега сочинуваат 83 проценти од сите катастрофи и постои зголемен ризик од истовремени катастрофи, се вели во извештајот и се додава дека има сè поголеми знаци на драматичен пораст на екстремни временски непогоди. „Сепак, парите потребни за надминување на ваквите можности не секогаш стигнуваат до најоштетените“, се наведува во извештајот. Меѓу земјите рангирани како најранливи на вакви катастрофи се Судан, кој доживеа рекордни поплави оваа година, и Сомалија, која е склона на суша. Но, овие нации добија само 27 центи и 59 центи по лице како дел од финансирањето на климатските адаптации во 2018 година. Спротивно на тоа, ниту една од петте земји со највисоки стапки финансирањето немаше висока стапка на ранливост, се наведува, без назначување тие земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifrc-raste-brojot-na-katastrofi-predizvikani-od-ekstremni-klimatski-uslovi/feed/ 0
Проект на ЦУК за намалување на ризици од катастрофи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-na-cuk-za-namaluvanje-na-rizici-od-katastrofi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-na-cuk-za-namaluvanje-na-rizici-od-katastrofi/#respond Tue, 08 May 2018 06:12:19 +0000 https://kurir.mk/?p=51241

Во рамките на техничка соработка која се остварува меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија, Центарот за управување со кризи и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денеска ќе го презентираат проектот за градење на капацитети за Екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Еко-НРК) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија. Целта на овој проект е преку употреба на повеќекорисната вредност на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна функција, на долгорочна основа, во Република Македонија да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари. Како главен спроведувач на проектот од страна на Владата на Република Македонија ќе биде Центарот за управување со кризи, во партнерство со ЈП “Македонски шуми”. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-na-cuk-za-namaluvanje-na-rizici-od-katastrofi/feed/ 0
Ова е застрашувачката прогноза на Нострадамус за годинава! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-zastrashuvachkata-prognoza-na-nostradamus-za-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-zastrashuvachkata-prognoza-na-nostradamus-za-godinava/#respond Tue, 02 Jan 2018 14:45:55 +0000 http://kurir.mk/?p=5474

Нострадамус е еден од најпознатите пророци, а за годинава тој предвидел некои навистина големи катастрофи. Според него, годинава ќе еруптира вулканот Везув, а веднаш потоа ќе следува силен земјотрес. Во 2-те катастрофи, животот ќе го загубат 16.000 луѓе. Исто така тој предвидел уште еден земјотрес на западниот дел од САД кој би се почувствувал низ целиот свет. Во неговите пророштва е запишано дека на почетокот на 21-ви век ќе избие војна во Франција која ќе се прошири низ останатиот дел од Европа. Тој тврдел дека по немирниот период од 20 години, во 2025 повторно ќе владее мир, но „малкумина ќе можат да уживаат во него.“ Нострадамус е роден како Мишел де Нотр Дам на 14-ти декември, 1503 година во Франција. Тој бил лекар, астролог и пророк. Неговата книга „Пророштва“ издадена е во милиони примероци и денес е најпознатата книга со пророштва. Првото издание се појавило во 1555 година, и од денот на издавањето привлекла многу внимание. Се верува дека Нострадамус ја предвидувал иднината така што ставал вода во длабока чинија. Долго ја посматрал водата и му се појавувале визии за идните настани. Пророштвата ги пишувал во стихови и во малку завиена форма од страв да не го обвинат за вештерство. Делумно бил безбеден од такви обвинувања бидејќи ѝ бил миленик на Катарина Медичи, која била склона кон окултното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-zastrashuvachkata-prognoza-na-nostradamus-za-godinava/feed/ 0