катедрала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Nov 2022 09:47:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катедрала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гола туристка се фотографираше пред катедрала и ги налути Италијанците https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/#respond Fri, 21 Oct 2022 12:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=749054

Туристка се фотографираше гола пред катедрала во Амалфи, Италија и предизвика бурни реакции меѓу локалните жители. Настанот е снимен и објавен на Facebook, а на снимањето присуствувале три лица кои ќе одговараат за „непристојно дело“, пишува CNN. Од снимката се гледа непознато женско лице, замотано само со црвена лента, како позира пред влезот на катедрала изградена во 1067 година. Писателката и историчарка Лаура Тајер, која пишува на блогот Ciao Amalfi, тврди дека сцената ги навредила локалните жители. „Шокантно е што тоа се случи пред црква. Дуомо е место за богослужба и место кое жителите многу го почитуваат. Таа катедрала и влезот во неа имаат посебно место во спомените на локалните жители. Оваа врата се отвора за процесии, венчавки, за погреби, за моменти кои се дел од животот“, вели таа. Катедралата е посветена на светиот Апостол Андреј, а неговите реликвии наводно се чуваат овде од 1206 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/gola-turistka-se-fotografirashe-pred-katedrala-i-gi-naluti-italijancite/feed/ 0
Ѕвоната на катедралата во Вашингтон ѕвонеа во чест на милион смртни случаи од Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzvonata-na-katedralata-vo-vashington-dzvonea-vo-chest-na-milion-smrtni-sluchai-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzvonata-na-katedralata-vo-vashington-dzvonea-vo-chest-na-milion-smrtni-sluchai-od-kovid/#respond Tue, 10 May 2022 05:38:52 +0000 https://kurir.mk/?p=674290

Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи. САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Големото ѕвоно на катедралата заѕвони околу 18 часот (24.00 часот по средноевропско време), што се емитуваше во живо на јутјуб, а секое ѕвонење претставуваше илјада смртни случаи во пандемијата. „Денес нашата земја ја помина трагичната фаза: еден милион Американци починаа од Ковид-19“, рече ректорот на катедралата, свештеникот Рендолф Маршал Холерит пред да заѕвонат ѕвоната. Дневниот број на заразени се зголемува во последните неколку недели во САД, по укинувањето на задолжителното носење маска за лице, што сега се препорачува само во затворени простори за повеќето жители. Според неодамнешните проценки на Светската здравствена организација (СЗО) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2021 година, од Ковид-19 во светот починале меѓу 13 и 17 милиони луѓе. п]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzvonata-na-katedralata-vo-vashington-dzvonea-vo-chest-na-milion-smrtni-sluchai-od-kovid/feed/ 0
Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/#respond Thu, 15 Apr 2021 06:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=497399

Катедралата Нотр Дам во Париз, која беше уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена за посетителите во 2024 година. Тоа го вети француската министерка за култура Розелин Бачело. Таа соопшти дека биле собрани 833 милиони евра преку јавна акција, што се доволно средства за реконструкција на катедралата. Министерката денеска, точно две години по пожарот кој делумно го уништи објектот, ќе замине на градилиштето заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, кој тогаш побара катедралата да се обнови во рок од пет години. Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна ноќта на 15 април 2019 година. Кулата се урна и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите успеаја да го зачуваат овој грандиозен средновековен објект, ремек-дело на готската уметност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/notr-dam-kje-bide-otvorena-vo-2024-godina/feed/ 0
За реновирање на катедралата Нотр Дам во Париз ќе бидат одбрани 1.000 дабови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-renoviranje-na-katedralata-notr-dam-vo-pariz-kje-bidat-odbrani-1-000-dabovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-renoviranje-na-katedralata-notr-dam-vo-pariz-kje-bidat-odbrani-1-000-dabovi/#respond Mon, 05 Apr 2021 07:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=492392

Шумарите од цела Франција се организираа да даруваат 1.000 дабови за обновата на катедралата Нотр Дам во Париз, којашто беше значително оштетена во пожарот на 15 април 2019 година. Како што објави денеска „Дојче веле“, планирано е 500 дабови да се дадат од државните шуми, а 500 од приватни имоти. – Тие ќе минат векови во катедралата. Одлично е. Ние им даваме втор живот на нашите дрвја. На некој начин тоа е и почит кон сите оние шумари кои се грижат за нив, изјави Клер Кинон, претставник на шумското стопанство. Во извештајот се вели дека „веројатно најубавиот даб во Франција расте во шумата Берса во долината на реката Лоара“. Од таа шума ќе бидат избрани осум даба, кои ќе бидат избрани со помош на беспилотни летала и 3-Д симулација. Спооред шумарите, дабот е поприлично скап – кубен метар чини и до 1.000 евра. Од тоа дрво, во пиланата ќе се исечат греди со димензии 40 х 36 сантиметри, долги 17 метри. Дрвото ќе се користи за обновување на сводот во Нотр Дам. Катедралата Нотр Дам, средновековна скапоцена готска архитектура во срцето на Париз, покрај реката Сена, на 15 април 2019 година ја зафати со огромен пожар. Тој беше изгасен по неколку часа, но направи доста голема материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-renoviranje-na-katedralata-notr-dam-vo-pariz-kje-bidat-odbrani-1-000-dabovi/feed/ 0
Отворена истрага за подметнат пожар во катедралата во Нант https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvorena-istraga-za-podmetnat-pozar-vo-katedralata-vo-nant/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvorena-istraga-za-podmetnat-pozar-vo-katedralata-vo-nant/#respond Sat, 18 Jul 2020 12:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=378099

Јавното обвинителство на Нант отвори истрага за подметнување пожар во катедралата „Свети Петар и Павле“ во Нант, кој е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите. Пожарот беше забележан на три места, големата оргула и на двете страни на бродот на катедралата. Како што јави дописникот на МИА од Париз, за отворањето на истрагата не се чекаше многу, само три часа откако избувна. Истрагата се однесува на намерно подметнат пожар. – Експерт за противпожарна заштита со седиште во Париз ќе биде на лице место во текот на денот. За истрагата е задолжена правосудната полиција на Нант, изјави обвинителот на Нант, Пјер Сенес. Тој прецизира дека во оваа фаза истрагата е отворена за подметнување пожар. – Не може да се извлече заклучок сега, бидејќи сè уште има многу работи што можат да донесат нови елементи во истрагата, рече Сенес. Обвинителот за француските медиуми изјави дека ќе има „голема работа на констатации, од страна на техничката и научна полиција, под надлежност на истражните органи“. Експертот за противпожарна заштита, исто така, ќе донесе одлучна помош при откривање на точното потекло на инцидентот. Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека во текот на денот ќе биде на местото на настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otvorena-istraga-za-podmetnat-pozar-vo-katedralata-vo-nant/feed/ 0
ВИДЕО: Пожарот во катедралата во Нант го гаснат 70 пожарникари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/#respond Sat, 18 Jul 2020 08:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=378020

Пожарот што избувна утрово во катедралата во Нант во западниот дел на Франција, го гаснат 70 пожарникари, соопшти локалната противпожарна служба, јави допписникот на МИА. Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година. Пожарот избувнал во внатрешноста на готскиот објект и пожарникарите биле повикани набргу по 7.30 часот. Екипа од 70 пожарникари е испратена на местото на пожарот. „Пожарот се уште не е под контрола“, соопшти пожарникарската служба. Катедралата Свети Петар и Свети Павле во Нант беше зафатена со оган во 1972 година. Тогаш беше оштетен дел од покривот, а пожарникарите го локализираа пожарот по пет часа. Таа катедрала е исто така и седиште на епархијата во Нант. Прогласена е за историски споменик во 1862 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozarot-vo-katedralata-vo-nant-go-gasnat-70-pozarnikari/feed/ 0
ВИДЕО: Пожар во катедралата во Нант https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-katedralata-vo-nant/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-katedralata-vo-nant/#respond Sat, 18 Jul 2020 08:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=378017

Пожар избувна утрово во катедралата во градот Нант, западна Франција, јави дописникот на МИА. Пожарот не е под контрола, беснее во целосна сила, соопшти противпожарната служба, која добила сигнал во 7.44 часот. Катедралата Свети Петар и Павле во Нант е една од најголемите готски катедрали во Франција. Нејзината изградба започнала во 1434 година и траела 457 години – до 1891 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-katedralata-vo-nant/feed/ 0
Трагедијата која го вознемири светот е најтвитуван настан годинава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedijata-koja-go-voznemiri-svetot-e-najtvituvan-nastan-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedijata-koja-go-voznemiri-svetot-e-najtvituvan-nastan-godinava/#respond Tue, 10 Dec 2019 08:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=275330

Пожарот во катедралата Нотр Дам што се случи во април годинава е вест со најмногу коментари на Твитер во 2019-та година, соопшти оваа социјална мрежа, прецизирајќи дека хаштагот Нотрдам изби на првото место на најкористени во светот кога станува збор за вестите, но не изнесе конкретни бројки. Второто и третото место го зазедоа Реива, односно ерата на новиот јапонски цар и протестите во Венецуела. Во пожарот во Нотр Дам на 15-ти април изгоре дел од дрвената конструкција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedijata-koja-go-voznemiri-svetot-e-najtvituvan-nastan-godinava/feed/ 0
Спречен пожар во уште една катедрала- маж уапсен откако влегол во црква со запалка и бензин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-pozar-vo-ushte-edna-katedrala-maz-uapsen-otkako-vlegol-vo-crkva-so-zapalka-i-benzin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-pozar-vo-ushte-edna-katedrala-maz-uapsen-otkako-vlegol-vo-crkva-so-zapalka-i-benzin/#respond Thu, 18 Apr 2019 08:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=188053

Триесет и седумгодишен маж е уапсен во Њујорк бидејќи во катедралата Свети Патрик влегол со бензин и запалка. Мажот во катедралата ва Менхетн влегол околу полноќ по средноевропско време и се соочил со обезбедувањето, наведува полицијата, пренесува Ројтерс. Потоа тргнал да излезе, но со бензин го полеал подот, а озбезбедувањето за тоа ја известило полицијата. Веднаш бил уапсен и однесен на испитување, рекол Џон Милер, заменик шефот на известуачката служба и противтероризам на полицијата во Њујорк. Милер рекол дека е прерано да се каже дали станува збор за тероризам или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sprechen-pozar-vo-ushte-edna-katedrala-maz-uapsen-otkako-vlegol-vo-crkva-so-zapalka-i-benzin/feed/ 0
Уапсен маж со бензин и запалка во катедралата во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-maz-so-benzin-i-zapalka-vo-katedralata-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-maz-so-benzin-i-zapalka-vo-katedralata-vo-njujork/#respond Thu, 18 Apr 2019 06:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=188004

Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж со канистер со бензин и запалка во рацете како влегува во најголемата катедрала во Њујорк, Сент Патрик. Бидејќи влегол пред 8 часот навечер во катедралата која се наоѓа на Менхетн, обезбедувањето му пришло и побарало да се легитимира. Тогаш забележале дека носи бензин во раката. Веднаш го задржале и викнале полиција, по што е уапсен. Подоцна во неговиот автомобил се пронајдени уште галони бензин, иако тврдел дека сакал да помине низ катедралата затоа што снемал бензин, па ја барал првата отворена бензинска пумпа. Овој инцидент се случи само два дена по пожарот во Нотр Дам во Париз, поради што њујоршката полиција ќе истражува дали станува збор за обид за тероризам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-maz-so-benzin-i-zapalka-vo-katedralata-vo-njujork/feed/ 0