катерина колозова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 17:03:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катерина колозова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клубот за бугарско-македонско пријателство застана во одбрана на Катерина Колозова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-zastana-vo-odbrana-na-katerina-kolozova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-zastana-vo-odbrana-na-katerina-kolozova/#respond Wed, 06 Jul 2022 17:03:16 +0000 https://kurir.mk/?p=701215

Членовите на Клубот за бугарско-македонско пријателство излегоа со став дека со загриженост ги следат настаните од последните денови во Северна Македонија. Во посебен став до кој имаше пристап дописникот на МИА од Софија, се вели дека меѓу членовите на Клубот, како и меѓу двете здруженија и двата народа, има различни мислења за предлогот на Европската унија до Софија и Скопје, кој и во двете земји стана познат како „француски“ предлог, во врска со укинувањето на бугарското вето и почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. – Водечките принципи за бугарско-македонскиот Клуб за пријателство остануваат европски вредности, како и посветеност на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје за пријателство и соработка од 2017 година, се наведува во соопштението. Сепак, според нив, недозволиво е мислењето на нивните членови во јавниот простор и социјалните мрежи да бидат предмет на говор на омраза, како што е случајот со нивната членка, македонската филозофка Катерина Колозова, за која „во последните денови имаше повици за самоубиство, па дури и за убиство“. Клубот ги осудува овие постапки и стоиме зад правото на изразување на нивниот член, граѓански активист и научник со меѓународна слава. – Водени од идејата за взаемна чест и почит меѓу бугарскиот и македонскиот народ, Клубот за македонско-бугарско пријателство ќе продолжи да ги поддржува искрените напори на двете влади, како и на оние сили во нашите општества кои се борат да ги поддржат европските вредности и Договорот за пријателство, додаваат од Клубот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-zastana-vo-odbrana-na-katerina-kolozova/feed/ 0
Хаос во СДСМ: Катерина Колозова повика Шеќеринска да го замени Заев, цитирајќи изјава од Орданоски?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sdsm-katerina-kolozova-povika-shekjerinska-da-go-zameni-zaev-citirajkji-izjava-od-ordanoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sdsm-katerina-kolozova-povika-shekjerinska-da-go-zameni-zaev-citirajkji-izjava-od-ordanoski/#respond Sun, 18 Nov 2018 09:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=129116

Професорката Катерина Колозова важи за голем поддржувач на СДСМ. Неодамна гостуваше во медиуми како гласноговорник за поддршка на договорот од Преспа за промена на името. Сега, таа порачува дека Радмила Шеќеринска треба да го замени Зоран Заев, а за тоа да го објави во јавноста, Колозова цитира колумна на Орданоски. -Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во кое што се се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел. Направија милион компромиси, се направија од поздравувања со Амди Бајрам до толерирања, посочи Сашо Орданоски во гостувањето на 1ТВ. Орданоски појасни дека ова е таа атмосфера која што во Македонија година и пол откако Заев е дојден на власт владее, во која што сите мислат дека на крајот се може да се договори од уставни промени до бегање од правдата. -Поради оваа атмосфера политичка, Заев ќе си плати цена за тоа, но за да ја пресретне таа цена мора веднаш да се излезе во јавноста со форензичка анализа како успеа Груевски да избега од земјата без при тоа да знае власта, смета Ордановски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-vo-sdsm-katerina-kolozova-povika-shekjerinska-da-go-zameni-zaev-citirajkji-izjava-od-ordanoski/feed/ 0
ВИДЕО: Колозова освен промена на име, заговара и федерализација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kolozova-osven-promena-na-ime-zagovara-i-federalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kolozova-osven-promena-na-ime-zagovara-i-federalizacija/#respond Thu, 27 Sep 2018 12:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=106937

Професорката Катерина Колозова, која важи за поддржувач на договорот од Преспа за промена на името, повикува да се гласа „За“ на претстојниот референдум. Но, освен тоа, оваа професорка заговара и федерализација на Република Македонија, па бранејќи ги ставовивте на власта, таа во јавна телевизиска дебата зборува за правење на федерација. Недвосмислено, Колозова наведува дека е можно после референдумот на Македонија да ѝ следи федерализација. -Хипотетички да замислиме, утре можеби ќе бидеме некаква федерација. Федерација на што? На Албанци и ...? Како се вика оваа другава заедница? Македонци. Според мене, токму затоа што и особено во светло на ова договорите меѓу Косово и Србија и фактот дека лебди над нас некаква неизвесност околу стабилноста во геостратешка и геополитичка смисла, мене ми е важно оваа заедница, според членот 7 да го задржи нејзиното име, за ако утре биде некаква федерација, јас да постојам во некаква форма, истакна Колозова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kolozova-osven-promena-na-ime-zagovara-i-federalizacija/feed/ 0