катерина крстева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 12:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катерина крстева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одржана комеморација во чест на актерката Катерина Крстева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odrzhana-komemoratsija-vo-chest-na-akterkata-katerina-krsteva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odrzhana-komemoratsija-vo-chest-na-akterkata-katerina-krsteva/#respond Thu, 12 Jan 2023 12:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=786469

Отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева се одржа денеска во НУ Македонски народен театар. Членови од семејството, блиски пријатели, колеги и познаници ѝ оддадоа почит на актерката. – Да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една шармантна актерка, за една жена полна со дух и харизма, за Катерина Крстева не е едноставно, но ни претставува чест достојно, со љубов и почит да се потсетиме на она што Катерина Крстева го работеше на сцената, за она што таа значеше на сцената и она по што публиката ја сакаше, рече актерот Борче Начев, кој во име на МНТ се обрати пред присутните во име на МНТ. На комеморацијата беше нагласено, дека, кога ќе се рече публиката, секако дека се мисли и на театарската, филмската и на телевизиската, како и на радио слушателите кои со години се будеа со карактеристичниот глас на Кате, во култната „Хихирику“ на Иван Карадак. – Позната како Мара Попара, според улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“ со децении успешно ја засмејуваше публиката, со својата луцидна и брза мисла, со својот ведар дух и лик, со својата благородна личност. Иако во своите поодминати години веќе силно профилирана во комедиографските води, Катерина Крстева својата актерска кариера со успех ја започнува во Драмскиот театар, а потоа ја продолжува во Македонскиот народен театар и во своите три децении на актерската кариера во овие култни институции остварува забележливи улоги, беше речено на комеморацијата. Беа споменати претставите „Бесмртниот папагал“, „Авантуриоте на Гијољ“ „Баладата за поручникот и Марјутка“, „Александра“, „Сказна за царот и овчарот“ и многу други младински во Драмскиот театар, а потоа и „Дон Цезар од Базан“, со која и дебитирала во Македонскиот народен театар. Исто така и „Антица“, „Македонска крвава свадба“, „Градскиот саат“, „Стапица за осум беспомошни жени“, „Без вина виновни“, „Играта на наредникот Мазгрејв“, „Живиот труп“, „Животот на Галилеј“, „Децата на сонцето“, „Отепувачка“, „Милион маченици“, „Остен“, „Граѓанинот благородник“, „Воена тајна“, „Бог“, „Аудиенција и под нов покрив“, „Рекламна бајка“ и „Крик“. -Катерина Крстева, е комплетна сценска личност, реализирана актерка која со успех пловеше и во телевизиските води, кои впрочем и го донесоа епитетот „миленичка“ на публиката и тоа преку популарните телевизиски и филмски остварувања „Театарче лево ќоше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“, како и во телевизиската серија „Преспав“ и филмот „Дедо и внук“, беше кажано на комеморацијата. Како што беше истакнато, на уметниците, луѓето кои зад себе оставиле траен белег на низа генерации кои растеле, се формирале, се смееле, или тагувале, не умираат. – Не е само проста утеха, дека актерите и натаму живеат низ своите ликови, во кои ја вткаиле својата актерска вештина, огромен дел од својата личност, својот дух и харизма, својот уникатен и препознатлив бит. Не е фраза, затоа што името на Катерина Крстева, саканата Мара Попара, нашата Кате уште долго, долго ќе се спомнува, беше кажано на комеморацијата. Крстева била родена во 1938 година. Како актерка, прво била вработена во Драмскиот театар, за во 1964 година да премине во МНТ, каде останала сѐ до пензионирањето.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odrzhana-komemoratsija-vo-chest-na-akterkata-katerina-krsteva/feed/ 0
Комеморација во чест на Катерина Крстева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsija-vo-chest-na-katerina-krsteva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsija-vo-chest-na-katerina-krsteva/#respond Thu, 12 Jan 2023 06:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=786197

Во НУ Македонски народен театар денеска ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит. – Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа, соопштија од НУ Македонски народен театар. Крстева е родена во 1938 година. Како актерка прво била вработена во Драмскиот театар, за во 1964 година да премине во МНТ, каде останува се до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“, премиерно прикажана во 1965 година. Нејзини позначајни улоги во МНТ се во претставите „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969). Била дел од „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последните улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsija-vo-chest-na-katerina-krsteva/feed/ 0
МНТ се огласи откако Стојна Костовска го обвини театарот дека не сторил ништо за починатата актерка Катерина Крстева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnt-se-oglasi-otkako-stojna-kostovska-go-obvini-teatarot-deka-ne-storil-nishto-za-pochinatata-akterka-katerina-krsteva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnt-se-oglasi-otkako-stojna-kostovska-go-obvini-teatarot-deka-ne-storil-nishto-za-pochinatata-akterka-katerina-krsteva/#respond Wed, 11 Jan 2023 10:17:22 +0000 https://kurir.mk/?p=785895

МНТ денеска излезе со реакција по вчерашната изјава на актерката Стојна Костовска, а во врска со смртта на актерката Катерина Крстева позната кај народот како Мара Попара. -Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева. Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството. За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини. За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот. Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството. Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на погребот. Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација која ќе се случи на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во МНТ. Овие изминати три дена, за жал ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја слушне и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ. Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир, се вели во реакцијата на Македонскиот народен театар. Изјавата на актерката Стојна Костовска може да ја прочитате во продолжение. https://kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnt-se-oglasi-otkako-stojna-kostovska-go-obvini-teatarot-deka-ne-storil-nishto-za-pochinatata-akterka-katerina-krsteva/feed/ 0
Комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе се одржи во четврток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsijata-za-akterkata-katerina-krsteva-ke-se-odrzhi-vo-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsijata-za-akterkata-katerina-krsteva-ke-se-odrzhi-vo-chetvrtok/#respond Tue, 10 Jan 2023 10:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=785459

РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на ден 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит. Во спомен на Кате - актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoratsijata-za-akterkata-katerina-krsteva-ke-se-odrzhi-vo-chetvrtok/feed/ 0
СИНОТ ГО ЗАКОПА ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ – тажната приказна на Мара Попара, на погребот вчера не се појавил ниту еден колега, освен оваа актерка! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=785396

Кате овена како лист, почина од тага, од жал за синот Александар или Цале како што го викавме, вели за ММС актерката Стојна Костовска, колешка и блиска пријателка на Катерина Крстева, која вчера беше погребана. ММС поразговара со Стојна Костовска, која со Кате ги поминала сите нејзини маки низ годиниве. Стојна и Кате не беа само колешки, туку и другарки, односно биле неразделни. Како може животот да биде толку суров, како еден дом остана пуст, низ нејзино потресно сведоштво… -Кате беше личност, која по сѐ беше карактеристична. Тргни од изгледот, па до однесувањето. Цел свет го засмејуваше. Ама беше оригинална. Никој не можеше да ја имитира. Карактеристичен глас, однесување, карактеристично се облекуваше. Неа не ѝ беше важно дали ќе има репче со црвено или со зелено машниче. Таа како си сакаше. Таква личност беше. Беше голем другар и професионалец. И во подоцнежните години текстот го учеше од прва, тоа за неа не беше проблем. Беше педантна. Јас и Кате бевме неразделни 27 години, ден и ноќ. Беше многу фер колешка и пријател. Кате многу го сакаше животот, тоа се гледаше по неа – вели Костовска и додадава дека покрај целата позитива што ја носела во себе, сепак, животот воопшто не ја галел. -Пред осум години и почина сопругот. Таа го негуваше додека беше болен. Кога ѝ почина сопругот син ѝ Цале многу се потресе и од тогаш се смени. Подлегна на порок, за жал. Беше многу убав и интелигентен. Имаше многу голема желба да биде актер, но Кате не му дозволи, сакаше да студира на други факултети. Се грижеше, како и секоја мајка – ни раскажа Костовска. По смртта на сопругот, Александар и Кате останале да живеат сами, биле многу блиски. Но, и покрај сѐ, и покрај тоа што мажот ѝ починал, место да се радуваат, животот им тргнал во сосема друг правец. -Кате го роди Александар на 46 години, беше мајкин син. Целата надеж ѝ беше во него. Кате имаше операција на отворено срце, па оперираше вени. Но, сето тоа го надмина. Закрепна. Повторно се врати во „Хихириху“ иако за жал можам да кажам дека од девет актери од таа екипа еден по еден заминуваат, останавме четворица. Но, Кате ја задеси трагедија, најголема трагедија која може да ја задеси една мајка. На 28 септември лани почина Цале, нејзиниот син единец. Кате беше болна цела година, едвај се движеше, не можеше да мрдне од кревет. Јас ѝ носев храна. Но, кога ја задесила таа трагедија, кога Цале починал јас не бев во Македонија, немав мобилен со мене и кога се вратив ми кажаа каква трагедија се случила. На мобилниот видов дека ме барала и веднаш ѝ заѕвонев, но мобилниот ѝ беше исклучен. Се јавив кај колега, кој ми рече дека сестра ѝ од Белград ја однела со неа да живее таму. Но, не било така, ние погрешно сме биле информирани. Дури денес сестра ѝ ми кажа дека два месеци таа ја чувала тука. Била многу тажна и постојано разговарала со синот. Кате се однесувала како да не бил починат, како се да уште живее тука со неа, вели тажно Костовска. За тоа како живееше Кате многу не се знаеше, па затоа на веста за нејзината смрт денес сите беа шокирани. Но, секако не и Костовска. -Јас не сум изненадена. Знаев дека таа нема да ја преболи смртта на синот. Кате буквално почина од тага. Почина од жал дека куќата ѝ се испразни. Духот ѝ падна по двете трагедии, ги закопа најблиските. Психички падна, а штом човек психички ќе падне не знаеш која болест ќе ја закачи. Ете, три месеци поминаа од смртта на Цале и пак се споија сите заедно. Сега таа пак ќе ги чува, ќе се грижи за нив. Многу ми е жал. Многу – вели таа и додава: – Денес на погреб видов дека немаше ниеден колега. Многу мразам лицемерни луѓе и затоа сакам да порачам на МНТ да не прават драма, да не организираат никаква комеморација, бидејќи матичната куќа не ѝ се најде тогаш кога најмногу ѝ требаше. Мене Кате ми рече – „Ако починам немој случајно да ме зборнат во театар, никако. Јас само еднаш побарав помош и не ми се најдоа. Мене во театар никој не ме познава, како воопшто да не сум била дел од таа куќа“. А не е Кате единствената која е разочарана од односот на театарот кон своите легенди. Кате ја погреба сестра ѝ од Белград со семејството. А од МНТ? Од МНТ дојде само едно момче, кое донесе една мизерна икебана. Момчето што дојде го прашав во кое својство е. Ми рече дека е асистен на декоратер?! Замисли, и таква професија имало. Но, што е виновно детето. И тоа во земја пропадна од срам, дојде со велосипед?! А знаеш ли што сѐ има МНТ? Срамота, вели тажно Костовска, па ја спомена и смртта на Љупчо Петрушевски, кој скоро 20 години беше директор на оваа национална театарска куќа. -Јас, Снеже Коневска, Јасминка Петрушевска и Живко возачот го погребавме Љупчо. По семејната трагедија, која му се случи тој остана сам. Му почина сопругата, потоа му почина ќерката, па синот и тој остана сам. Ние неколкумина колеги се собравме да му организираме роденден, беше толку осамен. Му купивме пижама. И само пет дена по роденденот, сите го баравме и не ни се јавуваше ни стана сомнително. А тој облечен во таа пижама седејќи, гледајки телевизија добил удар и така починал. Седум дена лежеше мртов во Бутел, додека да се снајдеме да го погребаме. Побаравме помош од МНТ не ни дадоа. Ништо не ни дадоа. Побаравме пари за ковчег, не дадоа. Побаравме костим од театарот за да го закопаме и тоа не ни дадоа. Со прст не мрднаа. Се растрчавме по институции каде имаме пријатели и најдовме некако пари. Во една институција ни рекоа – ќе купиме саркофаг и ќе го погребеме, срамота за вашата куќа. А на погреб само ние четворица и гробарите, барем да го испратиме достоинствено. Ете затоа и Кате не сакаше да слушне ниту за МНТ, ниту пак, за комеморација. Нека не организираат комеморација, нека не бидат дволични, ни рече тажно на крајот.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-go-zakopa-pred-nekolku-mesetsi-tazhnata-prikazna-na-mara-popara-na-pogrebot-vchera-ne-se-pojavil-nitu-eden-kolega-osven-ovaa-akterka/feed/ 0
Почина актерката Катерина Крстева, позната меѓу народот како Мара Попара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-katerina-krsteva-poznata-megju-narodot-kako-mara-popara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-katerina-krsteva-poznata-megju-narodot-kako-mara-popara/#respond Mon, 09 Jan 2023 11:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=785000

Македонскиот народен театар со огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“. Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе биде дополнително објавена.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-katerina-krsteva-poznata-megju-narodot-kako-mara-popara/feed/ 0