Катерина Сакеларопулу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 05:25:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Катерина Сакеларопулу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ципрас денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-deneska-ke-go-dobie-mandatot-za-formirane-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-deneska-ke-go-dobie-mandatot-za-formirane-vlada/#respond Tue, 23 May 2023 05:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=837701

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас претпладнево ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која согласно одредбите од Уставот ќе му го додели мандатот за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, сега оди во рацете на второ рангираната партија на парламентарните избори во неделата. СИРИЗА освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање Влада. Веројатно е дека и Ципрас брзо ќе ѝ го врати мандатот на Сакеларопулу или воопшто нема ни да го прими, па така следна ќе биде третата партија односно ПАСОК – Движење на промена. Откако ќе заврши циклусот со мандатите на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии во последен обид за формирање Влада и доколку е без резултат, следниот чекор е формирање службена Влада со една единствена цел да ја одведе земјата на избори. Станува збор за формални уставни процедури што започнаа вчера, иако веќе е сигурно дека земјата ќе оди на втори избори, а Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни, со што Грција експресно ќе се најде во втор предизборен период и не станува збор за втор круг, туку за нови избори. На следните избори ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија. Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места. Нова демократија победи на парламентарните избори во неделата, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-deneska-ke-go-dobie-mandatot-za-formirane-vlada/feed/ 0
Грција го поддржува влезот на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-go-poddrzhuva-vlezot-na-zapaden-balkan-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-go-poddrzhuva-vlezot-na-zapaden-balkan-vo-eu/#respond Thu, 27 Apr 2023 07:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=828166

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу вчера на отворањето на економскиот форум во Делфи изјави дека нејзината земја има водечка улога во рамките на Европската унија во поддршката на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ. „Како деветта најстара членка на денешната ЕУ, Грција игра водечка улога во поддршката на пристапните преговори со Западен Балкан и во подобрувањето на политичките и економските односи на сите земји во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран“, рече Сакеларопулу. Делфи, грчки град на 160 километри од Атина, оваа недела е домаќин на Економскиот форум Делфи, кој е источноевропска верзија на економскиот форум во Давос. Најавени се повеќе од 900 учесници. Меѓу темите ќе биде и политичката ситуација во Југоисточна Европа, со акцент на Босна и Херцеговина и преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. За време на грчкото претседавање со ЕУ во 2003 година, беше усвоена декларација во која за прв пат беше наведено дека иднината на Југоисточна Европа е во рамките на ЕУ. Оттогаш поминаа 20 години, но само Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година. Грчката претседателка, сепак, смета дека руската инвазија на Украина треба да ги забрза пристапните преговори со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. „ЕУ созреваше геополитички поради руската инвазија. Таа сфати дека економската и енергетската зависност од авторитарни режими не обезбедува мир.Грција, како органски дел од Европа и Западот, од првиот момент побрза да ги брани вредностите на меѓународното право од агресивниот ревизионизам. Поддршката за украинскиот народ, чија иднина во демократска Европа се мир и просперитет, останува обврска на Западот“, рече Сакеларопулу. Грција ја поддржува Украина, која беше нападната од Русија пред 14 месеци. Осврнувајќи се на подобрувањето на односите меѓу Грција и Турција по разорните земјотреси во февруари и помошта испратена од Грција, таа рече дека тоа „ги зближува двата соседни народи и создава надеж за нова, подобра ера во билатералните односи“. Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-go-poddrzhuva-vlezot-na-zapaden-balkan-vo-eu/feed/ 0
Грчката претседателка во официјална посета на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-ofitsijalna-poseta-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-ofitsijalna-poseta-na-srbija/#respond Mon, 27 Mar 2023 07:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=816747

На покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу од денеска до среда е во официјална посета на Србија. Со српскиот претседател, во Белград, минатата седмица се сретна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-ofitsijalna-poseta-na-srbija/feed/ 0
Грчката претседателка во посета на Киев, ќе се сретне со Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-poseta-na-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-poseta-na-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/#respond Thu, 03 Nov 2022 08:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754982

Претседателката на државата Катерина Сакеларопулу се наоѓа во Киев, каде што ќе разговара со претседателот на Украина Володимир Зеленски, кусо информираа утрово од кабинетот на грчката претседателка, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата не беше претходно најавена, а како што беше случај и при посетата на Киев министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, пред две седмици, така и сега, од безбедносни причини не се соопштени дополнителни детали околу програмата на претседателката. Сакеларопулу, и во нејзините јавни настапи и на средби со странски лидери секогаш ја истакнува грчката поддршка за Украина, осудувајќи ја руската инвазија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-vo-poseta-na-kiev-kje-se-sretne-so-zelenski/feed/ 0
Грчката претседателка ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Thu, 15 Sep 2022 13:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=733259

Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, а денеска телефонски разговараше со кралот Чарлс Трети, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчката претседателка, Сакеларопулу му изразила сочувство на кралот, но и му честитала за преземањето на тронот и изразила уверување дека „одличните односи меѓу двете земји уште повеќе ќе се зајакнат за време на неговото владеење“. Грчката претседателка утре ќе се потпише во книгата на жалост во Амбасадата на Велика Британија во Атина, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, веќе се потпиша. -Во име на грчкиот народ би сакал да ја изразам мојата длабока тага за загубата на кралицата. Таа беше навистина извонреден лидер и нè инспирираше сите нас со нејзиното незаменливо чувство за должност. На кралот му посакуваме сила и истрајност, напиша Мицотакис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Грчката претседателка до Зеленски: Сме и ќе бидеме со вас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-do-zelenski-sme-i-kje-bideme-so-vas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-do-zelenski-sme-i-kje-bideme-so-vas/#respond Tue, 05 Jul 2022 14:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=700431

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на отворањето на годинешната конференција на Економист во Атина, до претседателот на Украина Володимир Зеленски кој учествуваше преку видео врска, му ги изрази „почитта и восхитот на Грците за херојската борба на украинскиот народ“ и му порача дека тие се и ќе бидат со нив, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу истакна дека „Европската Унија одговори на воената инвазија со изненадувачко единство и решителност“, дека паралелно со шестиот бран санкции, постојано се зголемува економската, хуманитарната и воената помош за Украина и рече дека ќе продолжи практичната поддршка за украинскиот народ. -Во Европа веруваме во силата на правото, а не во правото на силниот. Затоа Европската Унија од првиот момент, без двоумење, застана на страната на Украина, во одбрана на територијалниот интегритет и независноста на една демократска држава. Неприкосновеноста на границите е основата на мирниот соживот во Европа по 1945 година, истакна грчката претседателка. Додаде дека реваншизмот, иредентизмот, оспорувањето на границите претставуваат војна, а „ревизионистичките режими, агресивните соседи кои сонуваат за реконституирање на империи, денес како и секогаш се закана за модерните демократии“ Се осврна и на европската перспектива на Украина и Молдавија, како и на Западен Балкан. -Пред неколку дена, Европскиот совет им додели статус на земја- кандидат на Украина и Молдавија и ја потврди европската перспектива на Грузија. Грција ги поздравува и поддржува новите кандидати за членки на нашата Унија. Истовремено, беше потврдена целта за интеграција во Европската Унија на Западен Балкан, чии апликации за прием се во тек. Украина и Молдавија се две европски земји решени да чекорат по тешкиот пат на прилагодување за целосно да се приклучат на европското семејство. Народот на Украина веќе плаќа со крв во име на слободата и европскиот идеал. Европската унија, европскиот начин на живот, ќе продолжи да ги инспирира луѓето, а Европа ќе биде подготвена да ја прошири својата солидарност на оние кои сакаат да живеат со европските вредности, порача Сакеларопулу. На отворањето на годинешната конференција на Економист, 26-та тркалезна маса со грчката Влада, свои обраќања имаа украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателките на Грција и Молдавија, Катерина Сакеларопулу и Маја Санду.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-do-zelenski-sme-i-kje-bideme-so-vas/feed/ 0
Грчката претседателка позитивна на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-pozitivna-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-pozitivna-na-kovid-19/#respond Wed, 13 Apr 2022 08:52:05 +0000 https://kurir.mk/?p=662297

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности. Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-pozitivna-na-kovid-19/feed/ 0
Почина поранешниот грчки претседател Папуљас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-papuljas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-papuljas/#respond Sun, 26 Dec 2021 11:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=613295

Поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, почина денеска на 92 годишна возраст. Папуљас беше шеф на државата во два мандари до 2005 до 2015 година. Ројтерс пренесува дека Папуљас беше министер за надворешни работи во два наврати. Претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу му оддаде признание на Папуљас поради неговата улога во пружањето отпор во Втората Светска војна во Грција во период од 1967 до 1974 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poraneshniot-grchki-pretsedatel-papuljas/feed/ 0
Се вакцинираа Сакеларопулу и Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakciniraa-sakelaropulu-i-micotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakciniraa-sakelaropulu-i-micotakis/#respond Sun, 27 Dec 2020 13:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=449063

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е првиот политичар во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек за Ковид-19, а половина час подоцна се вакцинираше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Сакелраопулу и Мицотакис се вакцинираа во две различни атински болници, од симболични причини за да им дадат пример на граѓаните, а целиот процес во живо беше пренесуван на грчките телевизии. Грчката претседателка во болницата „Евангелисмос“ пристигна и се вакцинираше во присуство на министерот за здравство Василис Кикиљас и неговиот заменик Василис Кондозаманис. Мицотакис вакцината ја прими во болницата „Атикон“ во присуство на шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас. И грчката претседателка и грчкиот премиер ги следеа потребните процедури како пред, така и по вакцинацијата. Пред да ја примат вакцината, го пополнија прашалникот во однос на евентуалните претходни здравствени проблеми или алергии, а по примањето на вакцината почекаа 15 минути, за можни реакции од вакцината. По Сакеларопулу и Мицотакис, во текот на денешниот ден ќе се вакцинираат шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, генералниот секретар на партијата МЕРА25 Јанис Варуфакис, претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос и митрополитот Јеротеос, како претставник на поглаварот на ГПЦ. Претпладнево, медицинска сестра од Одделот за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица, беа првите грчки граѓани кои ја примија вакцината за Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakciniraa-sakelaropulu-i-micotakis/feed/ 0
Грчката претседателка ќе отстапи половина од двете следни плати за специјалната сметка за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-otstapi-polovina-od-dvete-sledni-plati-za-specijalnata-smetka-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-otstapi-polovina-od-dvete-sledni-plati-za-specijalnata-smetka-za-kovid-19/#respond Mon, 30 Mar 2020 14:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=324359

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, во следните два месеци ќе отстапи половина од нејзината плата за специјалната сметка намената за борбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. -Претседателката на државата, госпоѓата Катерина Сакеларопу, оценувајќи ја тешката економска состојба во која се најде земјата заради пандемијата на коронавирусот, како минимален знак на солидарност, одлучи во следните два месеци да достави половина од нејзината плата на специјалната сметка, соопштија од претседателската палата. Претходно, како што веќе објави МИА, грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ги повикува пратениците од Нова демократија и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, за што ќе биде отворена и специјална сметка наменета за Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-pretsedatelka-kje-otstapi-polovina-od-dvete-sledni-plati-za-specijalnata-smetka-za-kovid-19/feed/ 0