катица ќулавкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Mar 2021 07:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катица ќулавкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поетите Катица Ќулавкова и Митко Гогов учесници на Шкотскиот меѓународен поетски фестивал Станца 2021 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-katica-kjulavkova-i-mitko-gogov-uchesnici-na-shkotskiot-megjunaroden-poetski-festival-stanca-2021/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-katica-kjulavkova-i-mitko-gogov-uchesnici-na-shkotskiot-megjunaroden-poetski-festival-stanca-2021/#respond Tue, 09 Mar 2021 07:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=479293

Како дел од програмата на шкотскиот поетски фестивал СТАНЦА, денеска ќе се одржи преведувачка работилница „Најдено во преводот: Од Станца до Скопје“ на која ќе учествуваат британските поети преведувачи Питер Мекај и Танија Хершман, како и македонските поети Катица Ќулавкова и Митко Гогов. Заради кризата со Ковид-19, годинашното издание на „Станца“ ќе се одржи онлајн. Гледачите ќе можат да ги погледнат над стотината настани кои вклучуваат читања, изведби, разговори, филмски и видео проекции, настани за деца како и низа изложби и инсталации. Како дел од официјалната програма на фестивалот се одржуваат и настани од полето на музиката, театарот и танцот. Од Интернационалниот поетски фестивал ЕКС ЛИБРИС Скопје информираат дека во текот на шест месеци од 2021 година, со помош на преведувачот Никола Ѓелинчески ќе работат заедно на создавање подобри преводи и нови креативни верзии на нивното творештво. Придобивката на дигиталното работење е тоа што поетите можат да се зближат и да соработуваат на подолг временски период. На овој настан ќе бидат претставени преводите од нивната прва креативна работилница, проследени со дискусија за процесот на пресоздавање. Проектот на преведувачката работилница е организиран во партнерство меѓу Шкотскиот меѓународен поетски фестивал СТАНЦА од Сент Ендрјус и Интернационалниот поетски фестивал ЕКС ЛИБРИС Скопје. Овој партнерски проект е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста. – За жал, ниту проектот за преведувачката работилница, ниту самиот Интернационален поетски фестивал ЕКС ЛИБРИС Скопје 2021 не беа поддржани во Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година. Оваа меѓународна соработка ќе ѝ овозможи на македонската публика да ѝ бидат претставени врвни светски поетски имиња, но и да овозможи и поширока рецепција на македонската поезија во светот, се вели во соопштението од Интернационален поетски фестивал ЕКС ЛИБРИС Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/poetite-katica-kjulavkova-i-mitko-gogov-uchesnici-na-shkotskiot-megjunaroden-poetski-festival-stanca-2021/feed/ 0
Ќулавкова:Во државата има луѓе кои се подготвени да потпишат се и да ја доведат Македонија во опасност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-vo-drzavata-ima-lugje-koi-se-podgotveni-da-potpishat-se-i-da-ja-dovedat-makedonija-vo-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-vo-drzavata-ima-lugje-koi-se-podgotveni-da-potpishat-se-i-da-ja-dovedat-makedonija-vo-opasnost/#respond Tue, 02 Feb 2021 18:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=463323

Академик Катица Ќулавкова во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа дека во Македонија има луѓе со низок интелектуален капацитет кои доминираат односно се подготвени на потпишат се и тоа ја доведува Македонија во опасност да се обезличи да не биде современа држава. -Ние во Македонија имаме да луѓето со низок интелектуален капацитет имаат многу висока слика за себе си, имаат илузија дека се многу способни, дека знаат се, дека можат се. Стратегиите на меѓународната заедница подразбираат во сето тоа познавање на целата таа психологија и они тоа го користат и ние дури ќе добиевме Нобелова награда за одреден профил кој нереален и таквите профили во Македонија доминираат во политиката и се подготвени да потпишат се, секакви договори, да донесат секакви мерки кои штетните последици тие не се во состојба да ги проценат и согледат однапред, а не бараат некаква помош од науката. Доколку пак добијат мислења они тоа го отфрлаат или го игнорираат или фингираат дека имаат мислења од науката. Сега фингираат со реформата во образованието дека они го имаат став на МНАНУ, МАНУ си го кажа тој став тој воопшто не кореспондира со ставот на Министерството. Но тие и понатаму продолжуваат јавноста со тие полувистини да ја замајуваат. Ова е тој синдром кој ако продолжи вака да најнеспобните кадри бидат на највисоките места на одлучувања Македонија е во опасност да се обезличи да не биде современа држава во вистинска смисла на зборот , истакна Ќулавкова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-vo-drzavata-ima-lugje-koi-se-podgotveni-da-potpishat-se-i-da-ja-dovedat-makedonija-vo-opasnost/feed/ 0
Ќулавкова: Со самото кажување дека ако некоја заедница е под 20% пописот добива политичка димензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-so-samoto-kazuvanje-deka-ako-nekoja-zaednica-e-pod-20-popisot-dobiva-politichka-dimenzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-so-samoto-kazuvanje-deka-ako-nekoja-zaednica-e-pod-20-popisot-dobiva-politichka-dimenzija/#respond Tue, 02 Feb 2021 18:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=463320

Академик Катица Ќулавкова во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за пописот кој е многу актуелна тема каде посочи дека тоа од старт добива политичка димензија зошто во старт се вели дека ако бројот на некоја заедница е под 20% доведува до сомневања кај луѓето и во самата постапка. -Во врска со пописот би сакала да кажам дека современи држави со овие современи технологии може да се направи со висока доза на точност значи попис на населението како статистичка операција затоа што има компаративни бројки. Јас не сум специјалист за тоа, но тоа веќе постои во Македонија и ние имаме податоци и отприлика знаеме каква е процентуалната застапеност, знаеме дека населението во Македонија затоа што младите се исселеуват што е најстрашниот процес кој се одвива во државата, а што не е приоритет на оваа држава во овие нејзини политики. Бројките можат прецизно да се прикажат со табели и ние можеме да дојдеме до одредени веродостојни податоци. Ние гледаме дека други држави се откажуваат од пописот, ние 20 години не правиме попис и сега од еднаш мора баш во овие моменти. Проблемот кај нас е ако е целта да се знае точен податок ние можеме до него да дојдеме со помош на сите политички партии, но кај нас уште во старт пописот прима политички димензии и етнополитички и се вели дека ако бројот на таа заедница е помал од 20% тогаш се вели дека нема да го признаеме пописот и тоа воведува сомневања кај луѓето и сомневања во таа постапка, рече таа во своето гостување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-so-samoto-kazuvanje-deka-ako-nekoja-zaednica-e-pod-20-popisot-dobiva-politichka-dimenzija/feed/ 0
Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/#respond Wed, 04 Nov 2020 10:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=424774

Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право и идентитет. Ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е иманентно и инхерентно право и морално и научно и цивилизациско право. Ова го истакна денеска академик Катица Ќулавкова во изјава за медиумите по Научниот собир на тема „Одбележување 190 години од раѓањето на Марко Цепенков и 100 години од неговата смрт“ во организација на МАНУ -Не можеме ние да очекуваме Македонија со нејзината констелација каква што ја имала во крајот и втората половина на 19 век и почетокот на 20 век да добие така лесно посебна државност иако македонистите, конкретно точно таа група која освен што научно дала придонес и културно во развојот на македонската култура и во нејзина афирмација, дала придонес и во т.н. револуционерно движење. Тука спаѓа Чупески, Крсте Мисирков, Пулевски претходно, значи токму тие покажуваат дека македонската држава не можела да добие признание затоа што во таа балканска и европска констелација не добила поддршка од ниту една голема сила, а самите соседи постојано ја подвргнуваат на одредени порекнувања и релативизации по однос на идентитетот, нешто што еве во соодветни услови денес кога им се даде некаква можност го актуализираат. Затоа ние треба да работиме малку на тоа, на внатрешното единство идејно и национално да го зајакнуваме, а потоа да имаме и добри пријатели од Европа и пошироко од светот, вели Ќукавкова во коментар за акјтуелните бугарски условувања во делот на идентитетот и јазикот Таа нагласува дека историскатата вистина на која инсистира Бугарија не е единствена и непоречна и дека има доволно и факти и показатели за развојот на македонскиот јазик и култура. -Се разбира дека историската вистина не е единствена и не е непоречна, меѓутоа Бугарите се држат токму за таа догма дека историската вистина е на страна на бугарската перспектива на толкување на историјата што апсолутно не е точно. Колку повеќе читам јас лично и сите мои колеги, нашите историчари, македонската и културна и национална историја и сите движења што се случувале на оваа територија сфаќаме дека има доволно и факти и показатели дека македонскиот јазик си постои уште од пред илјадници години и дека си се развива сосема нормално, ја развива својата култура онака како што овозможувале условите на хегемонијата на која што бил подложен македонскиот народ, вели академик Ќулавкова Дополнително, појаснува таа, во моментот кога се формираат другите држави Македонија трпела од експанзионистичките претензии на Бугарија, на Грција и на Србија. -И сега тоа ни се зема повторно како некој претекст за да се негира нашето современо право да имаме своја држава. Мислам дека дури не би ја користела политичката фраза на црвена линија. Напросто е безумно и тоа веќе европската интелигенција го гледа и безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното право, да си го поништиме самите и потекло и идентитетот кои се целите на тоа потекло, вели таа. Според неа, со Преспанскиот договор се одрековме од антиката иако, вели, имаме право како дел од таа територија и веројатно делумно и популација да се повикуваме на неа, а со откажување од нашето минато се оди во прилог на тезите на Бугарија. -Ако се откажеме од нашето минато фактички, не само што ќе бидеме без корени, ќе создадеме политички амбиент за Бугарија да каже еве тоа е нашето бугарско малцинство, бугарско малцинство кое во дадени историски и политички околности се издвоило во составот на Кралството Југославија или во бивша Југославија или како самостојна држава. Ние не треба тоа да го кажеме зашто ние суштински и де факто не сме исти народ. Ние сме биле два соседни народи кои биле како и многу други народи заедно во составот на големите империи. Во таа смисла ние ја споделуваме историјата на Византија или историјата на Римската империја ако тие воопшто биле во тоа време тука оти македонските славјани докажано и словенските Македонци дека живееле, домородни се на оваа територија. За Бугарите има и други теории, јас не навлегувам во тоа оти не сум историчар. Меѓутоа ние никако не треба да се откажеме од нешто што ни е иманентно и инхерентно право и морално и научно и хумано, значи цивилизациско право, вели академик Катица Ќулакова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-bezumno-e-da-se-bara-da-si-go-ponishtime-drzavotvornoto-pravo-i-identitet/feed/ 0
Ќулавкова: Сите црвени линии на македонскиот народ се прекршени и обесчестени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-site-crveni-linii-na-makedonskiot-narod-se-prekrsheni-i-obeschesteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-site-crveni-linii-na-makedonskiot-narod-se-prekrsheni-i-obeschesteni/#respond Thu, 28 May 2020 08:21:02 +0000 https://kurir.mk/?p=350939

Целта на нападите од бугарската страна е  тотално лишување од историја, историски развиток и континуитет на македонскиот народ, со што ќе дојдеме во ситуација македонскиот народ да биде лишен од државотворен легитимитет, а тоа е увод во деструктивни процеси, не сакам ни да мислам на тоа, вели академик  Катица Ќулавкова во интервју за весникот ВЕЧЕР. Денес сме неми сведоци на претворање на демократијата во црн пазар и задоволување на партиски и картелски интереси, кога поедини претставници на политичката номенклатура, во дослух со одредени поддржувачи од академската сфера, го занемаруваат општоприфатениот уставен, научен, наш, македонски пристап во толкувањето на статусот и функцијата на македонскиот јазик, го делегитимираат официјалниот македонски наратив за јазикот, создаваат крупни проблеми и по однос на надворешната позиција на Македонија и по однос на внатрешната позиција на етничките Македонци и на македонскиот јазик, тврди во интервју за весникот ВЕЧЕР Катица Ќулавкова, академик, универзитетски професор, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, поет и раскажувач која јасно и гласно зборува за досега невидениот парадокс што се случува со негирањето на постоењето на македонскиот јазик, но и за други актуелни прашања. Кои се нашите црвени линии кога е во прашање македонскиот јазик? Македонскиот народ е трауматизиран од фактот дека сите црвени линии, зацртани во Уставот на Р Македонија од 1991, па и во 1945 година, се прекршени, повредени, ревидирани, обесчестени. Како да зборувам за црвени линии јас како писател, на пример, или како академик од 2003, време кога заправо сум повеќе сведок на нивното бришење одошто почитување. Кога и да сме реагирале, поединечно и како институција, никогаш нашето мислење не било уважено. Многу ставови сум искажала во моите есеи, анализи, студии и книги, ама тоа не стига до свеста на оние кои одлучуваат. Почнувајќи од 2001 и промената на Уставот под воен и надворешен притисок, преку промената на топонимите со превод од изворниот и вековен македонски јазик на албански (а, да не заборавиме!) топонимите се доказен материјал, сведоштва на меморијата на територијата и на културата и јазикот на населението кое живеело на таа територија!), преку територијалната реорганизација, несоодветниот закон за средно образование, законот за јазикот од 2008 и подоцна од 2018, преку преструктурирањето на македонската држава во мултиетничка со што се наруши нејзината унитарност, а постепено и нејзината сувереност, преку Преспанскиот договор и маргинализацијата на македонската култура и наука, немаше резултат. Македонија треба да биде демократска а не етнократска држава која ги поткопува демократските начела по сите основи. Денес сме неми сведоци на злоупотребата и претворањето на демократијата во црн пазар и задоволување на партиски и артелски интереси. Како да зборуваме за црвени цивилизациски и национални линии во таков општествен и политички амбиент?-одговори таа. Целото интервју прочитајте го на ВЕЧЕР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-site-crveni-linii-na-makedonskiot-narod-se-prekrsheni-i-obeschesteni/feed/ 0
Академик Ќулавкова: Македонците се дискриминирани со Законот за јазици на ДУИ/СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/#respond Mon, 09 Dec 2019 08:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=275000

Со Законот за јазици Македонците се дискриминирани, посочува академик Катица Ќулавкова. -Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа, вели Ќулавкова. Веднаш по извештајот на Венецијанската комисија, Ќулавкова потсети дека таа и нејзините колеги одамна предупредуваа за суштинските недостатоци во Законот за јазиците Законов е спротивен на ЕУ Повелбата за регионални и малцински јазици. Албанскиот јазик се наметнува како државен јазик на цела територија, во сите институции и сите нивоа, што е хибриден напад на унитарноста, порача Ќулавкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kjulavkova-makedoncite-se-diskriminirani-so-zakonot-za-jazici-na-dui-sdsm/feed/ 0
Ќулавкова: Го испоганија Илинден, од Македонија остана само Северна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-go-ispoganija-ilinden-od-makedonija-ostana-samo-severna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-go-ispoganija-ilinden-od-makedonija-ostana-samo-severna/#respond Sat, 03 Aug 2019 11:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=226032

Го испоганија и го травестираа Денот на републиката на македонскиот народ, ги омаловажија Власите, ги возвеличаа Албанците, од Македонија остана само Северна, напиша на својот Фејсбук профил академик Катица Ќулавкова.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-go-ispoganija-ilinden-od-makedonija-ostana-samo-severna/feed/ 0
Ќулавкова му порача на Заев: Престанете да ѝ нанесувате штета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-mu-poracha-na-zaev-prestanete-da-nanesuvate-shteta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-mu-poracha-na-zaev-prestanete-da-nanesuvate-shteta-na-makedonija/#respond Tue, 23 Jul 2019 07:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=221435

Не знам дали премиерот на Р. Македонија има слушнато за „македонското прашање“, ама ако слушнал ќе требаше истото да го има предвид пред да даде било каква изјава за македонската историја, нација и идентитет – напиша на својот Фејсбук профил, академик Катица Ќулавкова, како реакција на изјавите на Зоран Заев за грчката телевизија Алфа. Понатаму во статусот таа пишува: И на Википедија можете да најдете основна насока („Македонското прашање претставува еден од проблемите на Балканскиот Полуостров, а се работи за територијалните претензии на соседните држави кон Македонија и прашањата за постоењето т.е. непостоењето на македонскиот народ, а со тоа и постоењето на македонскиот јазик. Србија, Бугарија и Грција, секоја од свои „причини“ имаат свои тези за непризнавањето на македонскиот народ, држава и јазик…“) А во својство на премиер должен е да е запознаен многу поподробно со феноменот на македонскиот идентитет и т.н. дисконтинуитет на историјата на македонската држава. Има не само домашна литература, туку и значајни дела на странски автори. Ќе го спомнам Штефан Лотар кој и на македонски го објави своето дело Македонскиот јазол. Да скратам: македонската историја, идентитет (јазик, народ, Македонија како етнички, а не само како географски поим, територија, црква, име, јазиј, материјална и духовна култура…) – веќе скоро два века – се предмет на оркестрирани негаторски и делбени политики на соседните држави и на западноевропските. Сите оние кои имаат свои претензии и на коишто Македонија им е предмет на желба. Во тие нивни политики повеќе од очигледни се обидите да ја присвојат македонската културна историја и територија и да го осуетат постоењето на македонска национално-граќанска држава. И последните собитија од 2001 до денес, кои ескалираа со Преспанскиот договор, а се најавија со Охридскиот, се еклатантен доказ дека македонското прашање е отворено и дека со помош на инсталации во највисоките слоеви на власта, заинтересираните странки прават сè за да го затворат на брутално негаторски начин и со многу перфидни политики и реторики. Македонија е жртва на украдена и девастирана културна и национална историја, а не субјект на негаториски и присвојувачки политики. Самонегацијата е екстремно опасна политичка игра, рамна на велепредавство. Престанете да и’ нанесувате штета на Македонија. Вие го рушите она што со децении се обидуваме, македонисти, историографи, археолози, уметници и др., да го изградиме како македонски наратив, како научна аргументација, како почит и стекнато право. Македонија има свој значаен дел во античката, византиската, средновековната, нововековната историја. Немате право ни да негирате, ни да отуѓувате, ни да ја ревидирате македонската историја. Имавте шанси да ја поддржите историската наука и македонистиката, но вие таа шанса ја прокоцкавте. Сега го потпалувате, пиромански, огнот на македонската национална историја. Ја нудите Македонија како монета за поткусурување. Македонија не ви е света, тоа е повеќе од доволно за да престанете да ја претставувате, уште помалку да ја предводите. Оти ја водите во бездна – пишува Ќулавкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-mu-poracha-na-zaev-prestanete-da-nanesuvate-shteta-na-makedonija/feed/ 0
Ќулавкова: Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, всушност ја омаловажувате сопствената држава Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-koga-ja-relativizirate-vaznosta-na-goce-delchev-vsushnost-ja-omalovazuvate-sopstvenata-drzava-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-koga-ja-relativizirate-vaznosta-na-goce-delchev-vsushnost-ja-omalovazuvate-sopstvenata-drzava-makedonija/#respond Thu, 13 Jun 2019 08:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=208669

Македонската поетеса и академик, Катица Ќулавкова излезе со свој став околу целокупната ситуација за револузионерот Гоце Делчев и неговата вистинска националност, по изјавите на неколку бугарски функционери. „Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава, оти Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста, па вие, всушност, ја омаловажувате сопствената држава Македонија“, напиша Ќулавкова на својот Твитер налог. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-koga-ja-relativizirate-vaznosta-na-goce-delchev-vsushnost-ja-omalovazuvate-sopstvenata-drzava-makedonija/feed/ 0
Ќулавкова: Македонскиот идентитет ни го забетонираа како што некогаш во мостовите заѕидувале жива доилка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-makedonskiot-identitet-ni-go-zabetoniraa-kako-shto-nekogash-vo-mostovite-zadziduvale-ziva-doilka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-makedonskiot-identitet-ni-go-zabetoniraa-kako-shto-nekogash-vo-mostovite-zadziduvale-ziva-doilka/#respond Wed, 08 May 2019 09:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=195447

Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка, со ритуалот на свирепото жртвување, со измама, вели академик Катица Ќулавкова. Македонскиот народ – жртва на туѓи интереси и перфидни стратегии. Ох, тој „прекрасен нов свет“! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kjulavkova-makedonskiot-identitet-ni-go-zabetoniraa-kako-shto-nekogash-vo-mostovite-zadziduvale-ziva-doilka/feed/ 0