катимерини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 12:34:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катимерини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Катимерини“: Грција и Турција блиску до договор за справување со мигрантскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=893788

Постојано присуство на претставник на грчката крајбрежна служба во Измир и на турски службеник на Лезбос; „мораториум“ за непријателски изјави и визни олеснувања за турските граѓани на неколку грчки острови, се трите точки за кои веројатно ќе се договорат Грција и Турција за подобро справување со мигрантскиот проблем, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот, повикувајќи се на свои извори објави дека двете земји, се сè поблиску до договор, а разговорите се во тек. Крајниот рок, според „Катимерини“ е 7 декември односно до одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу двете земји во Солун во присуство на грчкиот премиер и турскиот претседател, а целта, според весникот е на крајот да постои „меморандум за разбирање“ во кој би биле вклучени три точки. Прво, двете крајбрежни служби би размениле по еден службеник, односно од Грција службеник би заминал за турскиот град Измир, а од Турција на грчкиот остров Лезбос за да постои подобра комуникација за контрола на мигрантските бранови. - Целта е и грчката и турската страна да знаат „колку чамци“ поминуваат во секој момент и онаму каде што е потребно веднаш да се „пресретнат“. Планот е информирањето што сега се спроведува меѓу министрите и нивните канцеларии да стане институционално преку надлежните органи, односно крајбрежните служби, што ќе се обезбеди со присуство на двајцата службеници во соодветните центри, пишува „Катимерини“. Втората точка, според весникот е заложбата на двете земји да се избегнуваат „потпалувачки“ изјави и од двете страни, а третата се однесува на „активирање на едно старо барање на Анкара за полесно движење на турските граѓани на седум острови во источниот дел на Егејското Море“. Државјаните на Турција, доколку се постигне договорот, ќе можат да пристигнуваат на островите Родос, Лезбос, Самос, Хиос, Кос, Лерос и Кастелоризо, што се во близина на турското крајбрежје и на грчка територија да добиваат виза која ќе има важност од 12 месеци. Во понеделникот, министерот за миграција и азил на Грција Димитрис Керидис и министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја на нивната средба во Анкара се согласиле да работат заедно во борбата против криумчарењето мигранти и да ја зајакнат соработката против нелегалната миграција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/feed/ 0
„Катимерини“: СОС план на грчката Влада за заштеда на енергија со намалување на осветлувањето на јавните места https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sos-plan-na-grchkata-vlada-za-zashteda-na-energija-so-namaluvanje-na-osvetluvanjeto-na-javnite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sos-plan-na-grchkata-vlada-za-zashteda-na-energija-so-namaluvanje-na-osvetluvanjeto-na-javnite-mesta/#respond Mon, 01 Aug 2022 08:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=712444

Намалување на уличното осветлување и исклучување на светлата во три часот наутро на археолошките локалитети и историските споменици, предвидува планот на грчката Влада за намалување на потрошувачката на електрична енергија според „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот, пишува дека грчката Влада подготвува „СОС план“ за доброволно и/или задолжително намалување на потрошувачката на природен гас и електрична енергија на сите нивоа: станбени потрошувачи, индустрија, општини и јавна инфраструктура. -По враќањето од летните одмори во август, граѓаните не треба да се изненадат ако улиците во нивните населби не се толку светли како претходно или фонтаните не работат, а светилката на археолошките локалитети и споменици се изгасени, пишува „Катимерини“. Додава дека пред да биде побарано од граѓаните „да го прилагодат термостатот и да ја ограничат употребата на уреди што трошат енергија“, општините веќе ќе имаат почнато со спроведување на планот, односно отстранување на една од десет светилки од уличното осветлување, но и исклучување на светлата во три часот наутро на сите историски споменици. -Отстранувањето на една светилка на секои десет или повеќе, во зависност од брзата студија што ќе ја направи секоја општина, заедно со намалувањето на часовите во ноќното снабдување со електрична енергија од декоративни причини или истакнувањето на археолошките локалитети, може да ја намали потрошувачката за 30отсто, вели за „Катимерини“ министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас. Потенцира дека во изминатите 50 години немало енергетска криза со ваков интензитет и сложеност и затоа реакциите треба да бидат соодветни. Посочува дека прилагодувањето на термостатот во системите за климатизација и греење и „паметно“ користење на електрични апарати што трошат енергија „треба да станат дел од секојдневието на граѓаните за да се намали потрошувачката“, а не ја исклучува можноста за задолжително намалување на потрошувачката на домаќинствата, преку наизменични прекини на струја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sos-plan-na-grchkata-vlada-za-zashteda-na-energija-so-namaluvanje-na-osvetluvanjeto-na-javnite-mesta/feed/ 0
Грчки „Катимерини“: Бугарија со блокадата на Македонија во ЕУ ќе направи проблем во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-katimerini-bugarija-so-blokadata-na-makedonija-vo-eu-kje-napravi-problem-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-katimerini-bugarija-so-blokadata-na-makedonija-vo-eu-kje-napravi-problem-vo-nato/#respond Tue, 01 Dec 2020 11:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=436859

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира пристапните преговори на ЕУ со Македонија може да предизвика уште еден проблем на југоисточното крило на НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Во анализата на „Катимерини“ се вели дека две од земјите членки на НАТО, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени и сега уште две земји членки се на пат да се судрат, поради контроверза стара два века, пренесува СДК.МК. „И Бугарија и Македонија се клучни регионални членови на Алијансата. Бугарија поради нејзината улога на надгледувач на Црното Море и јужна Русија, а Македонија како бафер зона против понатамошно ширење на руската експанзија во срцето на Балканот. И двете земји доста силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт“, се вели во анализата. НАТО, сепак, според „Катимерини“ изгледа смирено во врска со спорот меѓу Скопје и Софија и гледа на спорот како нешто што треба да се реши меѓу земјите членки на ЕУ. Но, во анализата се вели дека забелешките на Бугарија во врска со интеграцијата на Македонија во ЕУ немаат врска со агендата на проширување, како потребата за поголема демократија и намалување на корупцијата, туку се базира на историски тврдења кои што го разгоруваат национализмот во двете земји и во одреден момент наскоро може да има влијание и на НАТО, доколку не се надминат разликите. Целата анализа прочитајте ја на СДК.МК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-katimerini-bugarija-so-blokadata-na-makedonija-vo-eu-kje-napravi-problem-vo-nato/feed/ 0
„Катимерини“: Обид за прикривање на одговорноста за катастрофалниот пожар во Мати во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/#respond Sun, 19 Jul 2020 13:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=378417

Министерката ова ми го кажа: – „Повикај го“, ми вели, и кажи му да не напише ништо за одговорност на претпоставените. Те повикав и ти кажав. За да се разбудиш, му вели тогашниот началник на Противпожарната служба на Грција, на вештакот од неговата служба кој е одреден да истражи што се случуваше на 23 јули 2018 година во Мати, кога во пожарот животот го загубија 102 лица. Дијалогот го објавува неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Криминал и прикривање“, во кој, кусо пред да се навршат две години од трагедијата, опширно преку судски документи и сведоштва открива, „како овие две години некои се обидоа да постават пречки во судскиот процес со единствена цел да се скријат дела и пропусти што доведоа до трагедијата“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот го пренесува разговорот на тогашниот началник на Противпожарната служба Василис Матеопулос и вештакот од Противпожарната служба Димитрис Лиоцис, кој претходно, од надлежниот обвинител добил целосна слобода да истражи што точно се случило во Мати. „Катимерини“ пишува дека вештакот бил под закани и уцени и од него било побарано да скрие податоци. Разговорот го снимил самиот вештак на една од средбите со тогашниот началник, со цел да се заштити самиот. -Ако напишеш за одговорност на твоите претпоставени, ќе се собереме сите ќе те искинеме, му вели началникот на вештакот. Во друг дел од разговорот, како што пишува „Катимерини“, бара од вештакот, во вештачењето кое треба да биде доставено до Обвинителството да нема многу детали. -Направи ги да бидат едноставни, па и да мислат дека си глупав. (…) Пет работи: ветер, запалив материјал, мешавина од борови дрва со куќи, своеволни градби, нелегални. Со резултат во рок од еден час пожарот да се разгори. Јас ниту сакам да те вмешам, нити ништо. Со твоето искуство напиши пет работи, ако има пропусти во податоците, многу ти е гајле. Што ќе ти каже обвинителот? Ништо. Овие ги имам, овие ги најдов, овие ги напишав. Ако не ви одговараат, најдете други вештаци, му вели началникот на вештакот според „Катимерини“, пренесе МИА. Кога вештакот му објаснува дека дел од документите веќе се доставени, началникот му вели да провери кои ги имаат, а кои не и оние кои ги немаат „да ги закопа, смирено, без паника“. „Катимерини“ , текстот со дијалозите го објавува во печатеното издание, додека пак во електронското објави дел од аудио снимките од разговорите. Политички реакции за објавените дијалози во „Катимерини“ Објавениот текст во грчкиот весник предизвика политички реакции во земјата, како од опозициската СИРИЗА (која беше на власт кога се случи трагедијата во Мати), така и од владиниот портпарол. Поранешната министерка за цивилна заштита од редовите на СИРИЗА, Олга Геровасили коментира дека „одговорот на натписот во „Катимерини“ за политички интервенции е целосно категоричен: не постои ништо полажно“ и додава дека истрагата во периодот додека тие беа на власт се водела без никакви интервенции и со „целосно почитување на работата и одлуките на правдата“. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас вели дека судските документи објавени во „Катимерини“ откриваат „криминал на прикривање со огромни морални, политички и кривични димензии“. -Сето ова, речиси две години по смртоносниот пожар во Мати е морничаво. Но, исто така предизвикува и гнев кај сите Грци, бидејќи ја комплетира сликата што ја добија за неприфатливиот начин на кој владата на Ципрас се справи со случајот. Две години по трагедијата и сè уште не ја дознавме целата вистина. Сега се чини дека за ова придонесоа провокативните обиди за прикривање на Владата на СИРИЗА, кои оставија во мрак многу критични податоци, вели Пецас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/feed/ 0
Грчките стратези со поддршка за СДСМ, се крстат во Заев за спас на Преспанскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-stratezi-so-poddrshka-za-sdsm-se-krstat-vo-zaev-za-spas-na-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-stratezi-so-poddrshka-za-sdsm-se-krstat-vo-zaev-za-spas-na-prespanskiot-dogovor/#respond Fri, 10 Jul 2020 11:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=373266

Грците се крстат во Зоран Заев и СДСМ и им даваат бланко поддршка за победа на изборите. Ова е најконцизната констатација изведена од новите написи во грчките медиуми, каде со сите можни епитети и без заддршка се фали Заев и неговата улога во капитулантскиот Преспански договор. „Во Македонија следната недела, по тримесечно одлагање заради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржат клучни избори, кои ќе покажат дали балканската земја ќе продолжи на својот евроатлантски пат, што беше отворен со Договорот од Преспа, или ќе се врати кон неизвесноста, што би ги загрозило перспективите на граѓаните, но и односите со Грција, се оценува во коментар електронското издание на атинскиот провладин весник „Катимерини“, пренесува МИА која поради истиот договор ќе стане НИА.
– Односите меѓу Атина и Скопје многу се подобрија од потпишувањето на Договорот за името во 2018 година. Поранешниот премиер Зоран Заев имаше „храброст“ да се согласи на компромис што донесе значителни придобивки за С. Македонија. Спротивно на ова, опозицијата постојано говори против Договорот од Преспа, што ги загрозува повеќекратните придобивки на земјата. Секако, од граѓаните ќе зависи да решат во која насока сакаат да одат и кои ќе бидат приоритетите на нивната земја, наведува весникот.
„Катимерини“ оценува дека наводно Грција би сакала да продолжи со поддршката на евроатлантскиот пат на земјата и на нејзините институционални реформи, при што се нуди себеси како важен трговски партнер, т.е. ги мами Македонците со пари, секако под услов Договорот со Преспа да бил поддржан и од новата Влада во Скопје, која би имала активен однос во решавање на големиот број долготрајни разлики.
Според весникот, „соседите треба да сфатат“ дека ваквиот став бил стратешки избор на грчката страна, која во исто време ги очекувала преговорите за членство, кои ќе содржат обврзувачки договори за низа прашања, како што е употребата на трговските марки.
– Во услови кога С. Македонија оди на избори на 15 јули, можеме само да се надеваме дека гласачите ќе ја избираат евроатлантска иднина и ќе го задржат курсот на институционални реформи, економски просперитет и регионални партнерства и дека нема да ги загрозат досегашните придобивки, туку дополнително ќе го зајакнуваат позитивниот пристап на сојузниците и партнерите од последните неколку години, кои ја оценуваат како фактор на стабилност на Балканот, заклучува аналитичарот и автор на коментарот во „Катимерини“, кој очебијно се плаши од промена на власта кај северниот сосед кој е дел од Западниот Балкан,, кој пак спаѓа во Југоисточна Европа...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-stratezi-so-poddrshka-za-sdsm-se-krstat-vo-zaev-za-spas-na-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
„Катимерини“: САД трупаат авијација на островот Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sad-trupaat-avijacija-na-ostrovot-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sad-trupaat-avijacija-na-ostrovot-krit/#respond Sun, 05 Jan 2020 08:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=285743

Четири американски авиони CVT-22B Osprey и два воени транспортера C-130 Hercules слетале во воената база Суда на островот Крит во четвртокот, објави весникот Катимерини. Според извори на весникот, шесте авиони кои се префрлени од американска база во Англија ќе се користат за потенцијални операции за евакуација на американски граѓани или офицери од Ирак или од поширокиот регион на Блискиот исток. Според аналитичари, засиленото стратешко значење на таа база добива на тежина бидејќи авиобазата Инџирлик во јужна Турција е поблизу до Багдад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-sad-trupaat-avijacija-na-ostrovot-krit/feed/ 0
Катимерини: Корупциски скандал во Грција- Дали е злоупотребена истрага врз пратеници за да се „мотивираат“ да гласаат за Преспанскиот договор? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-korupciski-skandal-vo-grcija-dali-e-zloupotrebena-istraga-vrz-pratenici-za-da-se-motiviraat-da-glasaat-za-prespanskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-korupciski-skandal-vo-grcija-dali-e-zloupotrebena-istraga-vrz-pratenici-za-da-se-motiviraat-da-glasaat-za-prespanskiot-dogovor/#respond Sat, 14 Sep 2019 12:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=240627

Обвинителството на грчкиот Врховен суд во петокот ги испратил до парламентот досиејата за тековната истрага за постапување со случајот „Новартис“, за да можат пратениците да одлучат дали ќе го укинат имунитетот на именуваните политичари кои се предмет на истрага. Поранешниот конзервативен премиер Антонис Самарас и поранешниот социјалистички министер за финансии Евангелос Венизелос, кои сведочеа во случајот за постапување со истрагата, го обвинија поранешниот министер за правда на СИРИЗА, Димитрис Папангелопулос, дека го злоупотребил случајот за да ги вмеша политичките противници. Тука е споменат и поранешниот премиер Алексис Ципрас, како еден од политичарите кои ги злоупотребувале овие материјали. Обвинителот на Врховниот суд, Јоанис Ангелис, кој исто така се појави со обвиненија за политичко мешање, тврди дека неименуван политичар наречен „Распутин“ игра клучна улога во влијанието на текот на истрагата. Собранието, исто така, ќе донесе одлука дали да се постави истрага за можно политичко влијание. Овој случај наголемо беше споменуван во Грција кога беше актуелно гласањето во парламентот на Преспанскиот договор, како еден од начините за притисок врз пратеници да гласаат позитивно за договорот. Да потсетиме во грчкото собрание „За“ преспанскиот договор гласаа 153 пратеници, еден беше „воздржан“ а 146 гласаа „против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-korupciski-skandal-vo-grcija-dali-e-zloupotrebena-istraga-vrz-pratenici-za-da-se-motiviraat-da-glasaat-za-prespanskiot-dogovor/feed/ 0
„Катимерини“: Грција нема да ја блокира Северна Македонија но има свои услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-grcija-nema-da-ja-blokira-severna-makedonija-no-ima-svoi-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-grcija-nema-da-ja-blokira-severna-makedonija-no-ima-svoi-uslovi/#respond Mon, 29 Jul 2019 11:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=224164

Грција нема да ги блокира амбициите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, но ќе очекува одредени отстапки за возврат, наведува „Катимерини“ пренесувајќи ставови на грчки аналитичари. Весникот потсетува дека Европската комисија препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ и дека сега останува Советот на Унијата во октомври да ја донесе конечната одлука за ова прашање. Извори во Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот изјавиле дека Грција „нема никому да каже „не“, но дека ќе постави свои услови“. Аналитичарите оценуваат дека ваквиот став значи оти Атина ќе бара од Скопје стриктно почитување на Преспанскиот договор, а во исто време ќе врши притисок врз Берлин да ги прифати грчките барања за намалување на примарните цели на буџетскиот суфицит, наведува „Катимерини“. Во случајот со Албанија, аналитичарите проценуваат дека Атина ќе инсистира на подобро почитување на правата на припадниците на грчкото малцинство во земјата, во согласност со меѓународните договори и регулативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-grcija-nema-da-ja-blokira-severna-makedonija-no-ima-svoi-uslovi/feed/ 0
Катимерини: Нови пасоши до крај на годината, за 6 месеци да се отстрани Сонцето од Вергина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-novi-pasoshi-do-kraj-na-godinata-za-6-meseci-da-se-otstrani-sonceto-od-vergina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-novi-pasoshi-do-kraj-na-godinata-za-6-meseci-da-se-otstrani-sonceto-od-vergina/#respond Wed, 13 Feb 2019 11:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=163404

Таблите на граничните премини и веб-страниците на владините институции треба да се сменат со новото име во рок од 3 дена, додека за 7 дена треба да се сменат официјалните меморандуми на министерствата, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според „Катимерини“, имаме 3 месеци да се сменат натписите на дипломатско конзуларни претставниства во странство. За 4 месеци да почнат да се менуваат регистарски таблици каде што наместо МК ќе стои НМК, а за оние кои што сакаат во меѓувреме МВР да им обезбеди налепници со НМК. До крајот на годината да почнат да се менуваат пасошите, а во меѓувреме МВР да става печати со име Северна Македонија. Промената на банкнотите да почне 2020 и да заврши за 5 години од отворањето на преговорите со ЕУ од тоа поглавие. За 2 месеца да се сменат сите табли на патиштата во земјата. За 6 месеци да се одредат и да се напише кои споменици го покажуваат грчкото културно наследство. За 6 месеци да се отстранат сите симболи со сонцето од Вергина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-novi-pasoshi-do-kraj-na-godinata-za-6-meseci-da-se-otstrani-sonceto-od-vergina/feed/ 0
„Катимерини“: Ретките несреќни коментари на Заев се за да ѝ се додвори на домашната публика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-retkite-nesrekjni-komentari-na-zaev-se-za-da-se-dodvori-na-domashnata-publika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-retkite-nesrekjni-komentari-na-zaev-se-za-da-se-dodvori-na-domashnata-publika/#respond Thu, 13 Dec 2018 13:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=139749

Амандманите на македонскиот устав кои треба да бидат ратификувани наскоро во парламентот се во согласност со Преспанскиот договор меѓу Скопје и Атина, соопшти неименуван извор од грчката влада за државната агенција АНА-МПА, доцна во средата, пишува електронското издание на весникот „Катимерини“. Како што пишува „Катимерини“ најспорен дел бил став 3 од член 49, во кој се зборува за „македонски народ кој живее во соседните земји“. Со измените на нацрт-текстот за уставните амандмани оваа формулација е променета со зборот “дијаспора”, по примерот на член 108 од грчкиот устав. „Катимерини“ пишува дека ова одговара на духот на Преспанскиот договор. Истиот извор изјавил за грчкиот весник дека ретките „несреќни коментари“ на македонскиот премиер Зоран Заев се за да ѝ се допадне на домашната публика и да добие поддршка за договорот, но поддршката за Преспанскиот договор е сѐ уште иста. Конечниот текст на четирите уставни амандмани беше поднесен за ратификација во македонскиот парламент во средата, а гласањето се очекува во средината на јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katimerini-retkite-nesrekjni-komentari-na-zaev-se-za-da-se-dodvori-na-domashnata-publika/feed/ 0