катна гаража – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 14:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png катна гаража – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна расправа за потребата од катна гаража во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/#respond Fri, 31 Mar 2023 14:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=818572

Во организација на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ денеска во Охрид се одржа јавна расправа посветена на проблемот со паркирањето возила во центарот на градот, како и можноста за реализирање на проектот за изградба на катна гаража. Оценка на учесниците во дискусијата е дека со изградба на катна гаража во Охрид ќе се надминат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж во централното градско јадро, ќе се подобри квалитетот на живот на охриѓани, а позитивни ќе бидат и ефектите врз туристичката понуда на градот. На расправата е демонстрирана согласност од потребата решенијата да се носат согласно соодветни одлуки за посебен режим на сообраќај во центарот на Охрид, Љупчо Танески од Одделението за комунален развој при Општина Охрид посочи дека најважното при изградба на катна гаража е да се води сметка возилата да имаат лесен пристап до локацијата преку нејзина поврзаност со поголемите сообраќајници во градот, а истовремено објектот да биде сместен во централното градско подрачје. Оценка е дека со изградбата на катна гаража ќе се намалат појавите на узурпација на јавните површини, особено во летниот период кога е значајно зголемен бројот возила низ градот. Горан Патчев, од НУ “Завод и Музеј – Охрид’ согласен дека со такво решение за паркирањето возила ќе се решат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж во тој дел од градот, но и оти тоа е само еден чекор кон решавање на вкупниот проблем со Старото градско јадро. Тој посочи на неусогласеноста меѓу одредбите содржани со Планот за управување со светско и природно наследство од 2020 година и ДУП-от по однос евентуалната катност на објектот. Патчев смета дека Планот за управување не би требало да биде пречка за изградба на таков објект, особено кога позитивно мислење за тоа дале експерти од областа на заштита на културното наследство и виделе оправданост во нејзина изградба. „Уредувањето на сообраќајот во Старото градско јадро беше една од забелешките на УНЕСКО и ова е еден чекор во позитивно решавање на тој проблем. Треба да се направи еден баланс помеѓу развојот и заштитата. Ние како институција одиме во тој правец“, додава Патчев. Како можни локации за катна гаража се посочени локации што и сега се користат како места за паркирање возила, но и други јавни површини, на периферијата од градот односно на влезот во Охрид како и на просторот пред СРЦ „Билјанини извори“. Прашањето околу изградба на катна гаража со години беше неизоставен дел од предизборните кампањи на партиите на серија изборни циклуси, без конкретна реализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/feed/ 0
Приведено лицето кое искрши 18 возила во катната гаража „Буњаковец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/#respond Fri, 22 Jul 2022 12:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=708940

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/feed/ 0
ФОТО: Околу 20 автомобили се испокршени во катната гаража „Буњаковец“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/#respond Fri, 22 Jul 2022 10:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=708879

Утринава биле уништени околу 20 автомобили во катната гаража „Буњаковец“ во центарот на Скопје. На фотографиите може да се забележи дека се искршени предни и задни шофершајбни на автомобилите, но и уништени врати и други делови од возилата. Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“. се наведува во одговорот од МВР. Повеќе фотографии може да погледнете на „Фокус“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/feed/ 0
Ослободени 36 паркинг места кои биле резервирани за привилегирани корисници во катна гаража „Беко“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=623108

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ спроведоа надзор и ослободија 36 паркинг места кои биле резервирани за непознати привилегирани корисници во катната гаража „Беко". Спроведена по насока на в.д директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, надзорот има за цел да се ослободат повеќе паркинг места што ќе може да ги користат граѓаните. Од јавното претпријатие информираат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а паркирање на тие места за граѓаните не било дозволено. Со акцијата се ослободени вкупно 36 паркинг места и се ставени во функција на корисниците. Воедно, екипите на претпријатието спроведоа акција на чистење на катот -1 со што целосно е отстранет насобраниот смет. Катната гаража „Беко“ која е лоцирана на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката под земја и шест ката над земја. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост, а три за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на катот -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. На катот -1 е поставен електричен полнач за автомобили. Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да внимаваат со своите возила да не ги узурпираат обележаните паркинг места кои се исклучиво наменети за лицата со попреченост и за родителите со мали деца, за да им се овозможи соодветна пристапност на овие лица, информираат од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/feed/ 0
Младите во Гази Баба со пародија го одбележаа 1 април: ,,Свечено отворена ветената катна гаража во Маџари’’ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mladite-vo-gazi-baba-so-parodija-go-odbelezaa-1-april-svecheno-otvorena-vetenata-katna-garaza-vo-madzari-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mladite-vo-gazi-baba-so-parodija-go-odbelezaa-1-april-svecheno-otvorena-vetenata-katna-garaza-vo-madzari-foto/#respond Thu, 01 Apr 2021 11:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=490794

Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ - Гази Баба, „свечено ја отворија“ ветената катна гаража во населеното место Маџари 2. Имено, станува збор за пародија на младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на ветувањата градоначалникот Борис Георгиевски кој што во предизборието за време на локалните избори ветуваше дека токму во ова населено место во општината Гази Баба ќе никне катна гаража. -Почитувани жители на општина Гази Баба, Од денес ќе можете да паркирате во новоотворената катна гаража во населеното место Маџари 2. Катната гаража е реализација на предизборното ветување на градоначалникот Борис Георгиевски. На отворањето на катната гаража присуствуваа и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и премиерот Заев, кои симболично пресекоа и црвена лента. Априлилили, се надеваме дека не поверувавте на оваа шега бидејќи сте свесни за ангажманот и работата на господинот градоначалник, велат во својата објава од Умс Гази Баба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mladite-vo-gazi-baba-so-parodija-go-odbelezaa-1-april-svecheno-otvorena-vetenata-katna-garaza-vo-madzari-foto/feed/ 0
Како во хорор филм: Отворен лифт среде Скопје, граѓаните без никакво предупредување во катната гаража „Смилевски конгрес“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-vo-horor-film-otvoren-lift-srede-skopje-gragjanite-bez-nikakvo-predupreduvanje-vo-katnata-garaza-smilevski-kongres-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-vo-horor-film-otvoren-lift-srede-skopje-gragjanite-bez-nikakvo-predupreduvanje-vo-katnata-garaza-smilevski-kongres-foto/#respond Wed, 13 Jan 2021 09:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=454667

Среде Скопје животот на граѓаните е загрозен. Станува збор за лифт во катната гаража Смилевски конгрес кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување. Читателите кои ни ги испратија овие фотографии се сведоци на ужасната слика која се забележува во еден од ходниците на гаражата. За среќа засега иако нема предупредување не дошло до поголема несреќа, но дали надлежните го чекаат тоа за да преземат посериозно мерки и да се фатат за работа останува да видиме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-vo-horor-film-otvoren-lift-srede-skopje-gragjanite-bez-nikakvo-predupreduvanje-vo-katnata-garaza-smilevski-kongres-foto/feed/ 0
Грда слика во центарот на Скопје: Се корнат буквите од катната гаража „Македонска фаланга“ поради нејзино преименување во „26 јули“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grda-slika-vo-centarot-na-skopje-se-kornat-bukvite-od-katnata-garaza-makedonska-falanga-poradi-nejzino-preimenuvanje-vo-26-juli-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grda-slika-vo-centarot-na-skopje-se-kornat-bukvite-od-katnata-garaza-makedonska-falanga-poradi-nejzino-preimenuvanje-vo-26-juli-foto/#respond Wed, 09 Oct 2019 14:09:53 +0000 https://kurir.mk/?p=249715

После речици цела една од донесената одлука започнаа да се корнат буквите и да се отстранува името од катната гаража „Македонска фаланга“ на улицата „Свети Кирил и Методиј“. Имено таблата од катната гаража „Македонска фаланга“ која беше преименувана со одлука на Советот на град Скопје во „26 јули“ денеска започна да се отстранува, а грдата слика од овој објект ги зачуди скопјани. Инаку освен оваа ново име доби и катната гаража „Тодор Александров“ која треба да го носи името „Беко“ но се уште не е сменета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grda-slika-vo-centarot-na-skopje-se-kornat-bukvite-od-katnata-garaza-makedonska-falanga-poradi-nejzino-preimenuvanje-vo-26-juli-foto/feed/ 0
ФОТО: Наместо катна гаража, кал до колена на Клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-katna-garaza-kal-do-kolena-na-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-katna-garaza-kal-do-kolena-na-klinika/#respond Sun, 25 Nov 2018 20:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=131794

Минатата недела на клиничкиот центар во Скопје по наредба на непозната личност до сега, а по претпоставка дека тоа е министерот за здравство Венко Филипче, се отвори уште еден простор за паркирање, пишува порталот „Здравство“. Кога министерот говореше во медиумите дека ќе го среди сообраќајниот хаос најверојатно на ова се мислеше. Поточно станува збор за заградениот со лим дел до Клиниката за Гинекологија, каде што дел од лимената ограда се отстрани и возила почнаа да се паркираат, сега тоа што во тој дел имаше повеќе кал од вообичаено и таа кал се разнесуваше низ целиот клинички, тоа е тоа, битно се отворија дополнителни места за паркирање и според кажаното од Филипче, се реши сообраќајниот хаос, колку толку, нели?, пренесува порталот. Но, тоа не е никакво соломонско решение да сега ние како пациенти бидеме неизмерно благодарни, туку напротив, до вчера се боревме со сообраќајниот хаос, сега ќе се бориме и со калта по возилата и кондурите кога ќе одиме на доктор, се дискутираше по социјалните мрежи. Откако проструија информациите за калливото решение за сообраќајниот хаос на министерот за здравство, денес и покрај тоа што пропрскува дожд, следната слика може да се забележи во клиничкиот центар во Скопје, се раскреваат огради, се расчистува теренот, се расчистува просторот. Граѓаните се надеваат дека е со цел да се започне со изградба на долго зборената и уште подолго ветената катна гаража на локација непосредно до Клиниката за Гинекологија. Социјалните мрежи пак почнаа да дискутираат, се пишуваат различни мислења- ние како граѓани во перидот што следи ќе видиме за што се спрема просторот. Ако претпоставките се точни и се започне со изградба на катната гаража, може само едно да се каже…КОНЕЧНО! – коментираат блогерите по социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-katna-garaza-kal-do-kolena-na-klinika/feed/ 0
Шилегов ќе ја преименува катната гаража Тодор Александров по белградска конфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/#respond Tue, 13 Nov 2018 11:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=127288

Откако во јавноста се појави веста дека Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за применување на две катни гаражи во центарот на градот револтирани граѓани го возвратија ударот. Имено тие му порачаа на градоначалникот на град Скопје да ги одржува двете катни гаражи кои се во катастрофална состојба и наместо да ги преименува да ги одржува и да набави нова опрема. Сликата на терен во катната гаража „Тодор Александров“ која наскоро ќе биде преименувана во „Беко“ која е кратенка од белградска конфекција е повеќе од застрашувачка. Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм. Инаку пред советниците за седницата закажана за денес е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26-ти јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/feed/ 0
Тампон зона меѓу Гинекологија и Катната гаража https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tampon-zona-megju-ginekologija-i-katnata-garaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tampon-zona-megju-ginekologija-i-katnata-garaza/#respond Tue, 06 Nov 2018 17:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=124368

Во последниве денови ГАК испрати писмо до министерството за здравство за да се преиспита одлуката за изградба на монтажна катна гаража до Клиниката за гинекологија. ГАК во писмото го потсетиле министерот дека уште во март побарале тој простор кој е во непосредна близина до неонаталната интензивна нега, да се санира и облагороди со зеленило кое ќе биде од корист и за пациентите и вработените. Оваа иницијатива во писмото најмногу потсетува за недоносените новороденчиња под чии прозори треба да никне катна гаража иако од таа страна се машините за внесување на воздух за вентилација на интензивна нега, операционите сали и на целата клиника. „За таа цел предложивме половина од површината на дупката од околу 2.800 метри која во меѓувреме се тампонираше, да се уреди со хортикултурно зеленило во вид на мини парк и да преставува „тампон зона“ меѓу гаражата и одделот на предвремено родените бебиња“, се вели во писмото до Филипче. Според одредени информации дознавме дека министерот Филипче им одговорил на писмото на ГАК дека нивната забелешка била во ред, и дека ќе има тампон зона помеѓу ГАК и новата катна гаража.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tampon-zona-megju-ginekologija-i-katnata-garaza/feed/ 0