католичка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 14:10:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png католичка црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС: Идентификувани 1.002 случаи на сексуална злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=877314

Католичката црква во Швајцарија денеска ги претстави резултатите и фактите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век. Сеопфатната, долгорочна студија ги анализира случаите на сексуална злоупотреба од страна на  претставници на Римокатоличката црква во Швајцарија при што открила 1002 такви случаи од средината на 20 век. Проектот траеше една година и е спроведен од Универзитетот во Цирих. Идентификувани се 510 обвинети и 921 засегнато лице. Студијата е наменета како почетна точка за понатамошно истражување, пренесува Ватикан њуз. Извештајот, нарачан од швајцарската бискупска конференција и предводен од двајца историчари од Универзитетот во Цирих, дава длабински поглед на сексуалната злоупотреба и вознемирување што ја потресува Католичката црква низ светот во последните децении - уништувајќи ги животите на многу жртви и нивните семејства и повредување на угледот на институцијата. Авторите на извештајот во изјавата нагласија дека пронашле 1.002 „случаи на сексуална злоупотреба“, како и обвиненија против 510 лица. Според нив, 921 лице биле жртви на напад. Изворите на информации главно вклучувале тајни архиви, како и архиви на специјалистички комитети за „сексуални напади“ на швајцарската бискупска конференција и на поединечни епархии. Државните и приватните архиви (државни архиви, архиви на училишта и домови итн.) не беа земени предвид или беа само делумно испитани. Според резултатите од истрагата, најголем дел од засегнатите биле мажи или момчиња (56 отсто), а во 39 отсто од случаите засегнати лица биле жени или девојчиња. Според изворите, полот не можел јасно да се утврди во пет проценти од случаите. Со неколку исклучоци, обвинетите се претежно мажи. Речиси три четвртини од случаите (74 проценти) се однесуваат на сексуална злоупотреба на малолетници. Во 12 проценти од случаите возраста не можела јасно да се одреди. Возрасните се погодени во 14 проценти од случаите. Покрај 1.002 случаи, идентификувани се и 30 случаи на сексуална злоупотреба во кои обвинетите имаат или имале врски со швајцарска институција на Католичката црква, но самиот чин се случил во странство. Истражувачкиот тим нагласува дека пилот проектот успеал да забележи само мал дел од случаите. Спектарот се движи од проблематични гранични ситуации до најсериозните, систематски злоупотреби. Студијата исто така нагласува дека „осудените сторители генерално биле казнувани многу благо од Црквата или воопшто не биле казнувани“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/feed/ 0
Рекорден број верници во Германија ја напуштиле Католичката црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-vernitsi-vo-germanija-ja-napushtile-katolichkata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-vernitsi-vo-germanija-ja-napushtile-katolichkata-tsrkva/#respond Wed, 28 Jun 2023 13:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=850478

Над половина милион верници ја напуштија Католичката црква во Германија лани, што е најголем број на заминувања регистрирани досега, објави денеска Германската бискупска конференција во Бон. -Во 2022 година, 522.821 верник побарале официјален испис од редовите на Католичката црква, што е најголем број откако се води статистика, се вели во соопштението. Ова е значително повеќе отколку во 2021 година, кога црквата ја напуштиле 359.338 верници. Најголем број верници ја напуштија Католичката црква во најголемата надбискупија Келн и Минхен/Фрајзинг. Овие архиепископии сѐ повеќе се во центарот на јавниот интерес во последниве години поради скандалот околу прикривањето на криминалните дејствија на сексуална злоупотреба на малолетници од страна на вработените во црквата. Покрај разочарувањето од однесувањето на црковните поглавари во врска со педофилските скандали, многумина ја напуштаат црквата и поради данокот кој е задолжителен за секој верник кој плаќа данок на доход. Т.н. црковниот данок е околу девет отсто од данокот на доход. Католичката и протестантската, двете најголеми цркви во Германија, сега собираат помалку од половина од населението. Пред 20 години им припаѓало 65 отсто од населението. Минатата година и протестантската црква загуби рекорден број верници. Во моментов, околу 24 милиони германски граѓани се декларираат како католици, а околу 19 милиони како протестанти. Според експертите, масовното напуштање на двете најголеми германски цркви може да има трајни последици за германското општество. -Бавната смрт на католичката и протестантската црква не ги погодува само нив, туку и целото општество, кое губи важна социјална и образовна поддршка која нема да може да се замени... Бранот на заминување верници не е само црковен проблем, но долгорочно ќе ја промени Германија, изјави адвокатот задолжен за црковно право Томас Шулер за ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-broj-vernitsi-vo-germanija-ja-napushtile-katolichkata-tsrkva/feed/ 0
Хорор во Католичка црква: Десетици убиени во напад во Нигерија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-katolichka-crkva-desetici-ubieni-vo-napad-vo-nigerija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-katolichka-crkva-desetici-ubieni-vo-napad-vo-nigerija/#respond Sun, 05 Jun 2022 18:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=686970

Десетици луѓе загинаа денеска во напад на католичка црква во Нигерија, јави ДПА. Вооружени лица влегле во храмот во јужниот град Ово и почнале да пукаат врз верниците, соопштија властите. Тие не дадоа конкретни бројки, но локалниот весник објави дека има најмалку 28 загинати. Други медиуми споменуваат 50 жртви. Џихадистичките групи изведоа голем број крвави напади врз цркви во последните години во доминантно муслиманската северна Нигерија. Сепак, ова е прв напад на ваков храм во јужниот дел на земјата, каде што има претежно христијани, наведува ДПА. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот на црквата „Свети Францис“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-katolichka-crkva-desetici-ubieni-vo-napad-vo-nigerija/feed/ 0
МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за мир во Украина и светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/#respond Sat, 30 Apr 2022 12:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=670135

По предлог на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“  утре Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе одржат молитви за мир во Украина и воопшто во светот. – Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет, се наведува во соопштението. Секоја верска заедница ќе организира молитва во својот храм и со своите верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/feed/ 0
Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-ja-zapochna-prvata-oficijalna-istraga-za-zloupotreba-na-deca-vo-katolichkata-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-ja-zapochna-prvata-oficijalna-istraga-za-zloupotreba-na-deca-vo-katolichkata-crkva/#respond Thu, 10 Mar 2022 15:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=644916

Шпанските пратеници ја одобрија првата формална истрага за сексуална злоупотреба на деца во Католичката црква во Шпанија, гласајќи за формирање експертска комисија која ќе ја води истрагата. Текстот, кој предвидува формирање на независна комисија за истражување на „одвратните дејствија на поединци против незаштитени деца“, беше изгласан со 286 гласа „за“, 51 „против“ и два воздржани. Досега никогаш немало формална истрага за наводни злоупотреби од страна на свештенството – ниту од шпанската влада ниту од самата шпанска црква. Во 2018 година, весникот „Ел Паис“ започна истрага за наводите за злоупотреба и доби детали за 1.246 случаи. Црквата во Шпанија, која призна само 220 случаи во последните 20 години, никогаш не спроведе целосна истрага, тврдејќи дека има протоколи за справување со наводите за злоупотреба. Во декември, Ватикан започна внатрешна истрага откако „Ел Паис“ го предаде досието со 251 случај на наводна злоупотреба помеѓу 1948 и 2018 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-ja-zapochna-prvata-oficijalna-istraga-za-zloupotreba-na-deca-vo-katolichkata-crkva/feed/ 0
Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи по извештајот за злоупотреби на деца во Католичката црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-minhen-istrazuva-42-sluchai-po-izveshtajot-za-zloupotrebi-na-deca-vo-katolichkata-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-minhen-istrazuva-42-sluchai-po-izveshtajot-za-zloupotrebi-na-deca-vo-katolichkata-crkva/#respond Fri, 21 Jan 2022 08:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=621552

Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи на недолично однесување на првите луѓе на германската Католичка црква во врска со новиот извештај за злоупотреба во надбискупијата Минхен и Фрисинг. Портпаролката на канцеларијата Ен Леидинг за ДПА потврди дека истрагата е во тек. Леидинг изјави дека адвокатската канцеларија „Westpfahl Spilker Wastl“ (WSW), која го подготви извештајот во име на надбискупијата, доставила 41 случај до канцеларијата на јавното обвинителство во август 2021 година и уште еден во ноември 2021 година. -Тие исклучиво се однесуваат на црковните службеници кои се уште се живи и се дадени во строго анонимен формат, рече таа. Доколку по оваа основа „се појават сомнежи во врска со потенцијално криминално однесување на одговорните црковни водачи“, рече таа, релевантните документи ќе бидат побарани од адвокатската канцеларија и доколку е потребно ќе бидат доставени до релевантните јавни обвинителства. -Кои норми се прекршени според кривичното право се уште се истражува, додаде таа, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-vo-minhen-istrazuva-42-sluchai-po-izveshtajot-za-zloupotrebi-na-deca-vo-katolichkata-crkva/feed/ 0
Шпанец 18 години лажел дека е свештеник, свадбите и крштевките сепак ќе бидат признати https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanec-18-godini-lazel-deka-e-sveshtenik-svadbite-i-krshtevkite-sepak-kje-bidat-priznati/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanec-18-godini-lazel-deka-e-sveshtenik-svadbite-i-krshtevkite-sepak-kje-bidat-priznati/#respond Tue, 25 Dec 2018 10:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=144741

Мигел Анхел Ибара од Шпанија 18 години лажно се претставувал како свештеник – венчавал, крштевал деца, исповедал гревови… На крајот се дозна вистината и тој е разрешен од Католичката црква во Шпанија. Тој ги извршувал должностите на свештено лице прво во Колумбија, а потоа и во јужна Шпанија, иако никогаш не се запопил. Како што објави црквата, свадбите и крштевките ќе бидат признати, но не и исповедта што ја слушал лажниот свештеник. Ибара беше откриен откако беше уапсен во Колумбија за фалсификување документи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shpanec-18-godini-lazel-deka-e-sveshtenik-svadbite-i-krshtevkite-sepak-kje-bidat-priznati/feed/ 0
Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за сексуално малтретирање деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/#respond Sat, 28 Jul 2018 13:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=82168

Папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик од колеџот на Кардналите, откако Мекерик беше обвинет дека пред половина век сексуално малтретирал малолетник во Њујорк. Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот. Мекерик (88) ги негира обвинувањата против него. Според обвинувањата, тој две децении малтретирал еден сега 60 годишен маж од Вирџинија, кој првпат бил нападнат кога имал 11 години. Мекерик е обвинет дека имал врска и со тројца возрасни мажи. Еден од лицата кои го обвинија Мекерик е поранешен свештеник кој вели дека надбискупот редовно го канел во куќа на плажа, каде што секогаш се случувало да има повеќе поканети луѓе отколку кревети и некој морал да спие со свештеникот. Мекерик долго време беше сметан за еден од водечките дипломати на Католичката црква. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-prifati-ostavkata-na-kardinalot-obvinet-za-seksualno-maltretiranje-deca/feed/ 0
Мицкоски ќе присуствува на Светата литургија по повод Католички Божиќ во Католичката црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-prisustvuva-na-svetata-liturgija-po-povod-katolichki-bozikj-vo-katolichkata-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-prisustvuva-na-svetata-liturgija-po-povod-katolichki-bozikj-vo-katolichkata-crkva/#respond Sun, 24 Dec 2017 14:52:50 +0000 http://kurir.mk/?p=1576

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска во 21 часот ќе присуствува на Светата литургија по повод Католички Божиќ во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-prisustvuva-na-svetata-liturgija-po-povod-katolichki-bozikj-vo-katolichkata-crkva/feed/ 0