Катрин Колонa – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 12:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Катрин Колонa – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француската министерка Колона во посета на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/#respond Thu, 26 Jan 2023 12:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=792283

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона денеска пристигна во Одеса, на југозападот на Украина, со цел да ја изрази поддршката на Франција за Украина пред првата годишнина од руската инвазија. „Во Одеса! За да ја одбележиме поддршката на Франција за суверенитетот на Украина, сега како и досега“, напиша Колона на Твитер. На денот на посетата на француската министерка, две клучни енергетски локации во регионот на Одеса беа оштетени во новото гранатирање на руските сили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/feed/ 0
Шефицата на француската дипломатија на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=729315

Стратешките односни меѓу Грција и Франција, случувањата во Источниот Медитеран, Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток, како и соработката во рамките на ЕУ, според грчкото МНР се очекува да бидат темите за кои попладнево ќе разговараат во Атина шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за надворешни работи на Франција освен со нејзиниот грчки колега, ќе се сретне и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Дендиас и Колона на крајот на јули се сретнаа во Париз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-francuskata-diplomatija-na-sredbi-so-micotakis-i-dendias-vo-atina/feed/ 0
Колона: Франција ќе ја зголеми воената помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolona-francija-kje-ja-zgolemi-voenata-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolona-francija-kje-ja-zgolemi-voenata-pomosh-za-ukraina/#respond Mon, 30 May 2022 16:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=683761

Француската министерка за одбрана Катрин Колона во Киев изјави дека Париз е подготвен да ја зголеми воената помош за Украина, за да и помогне да се спротивстави на руската инвазија. – Франција не е во војна со Русија, но ќе продолжи да ги зголемува испораките на оружје, истакна Колона на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеба. Колона истакна дека оружјето во Украина ќе пристигне „во текот на следните недели“. Двајцата министри разговараа и за интеграција на Украина во Европската Унија. – Ја замолив мојата француска колешка не само да ја поддржи одлуката за доделување кандидатски статус на Украина, туку и да ги убеди оние кои сè уште се сомневаат во соодветноста на овој чекор, посочи Кулеба. Колона ја посети и Буча, каде руските трупи убија стотици цивили. Таа е највисок француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на инвазијата и е предвидено и да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolona-francija-kje-ja-zgolemi-voenata-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Новата министерка за надворешни работи на Франција ја посети Буча https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/#respond Mon, 30 May 2022 11:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=683505

Новата француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, која е во посета на Украина, денеска го посети киевското предградие Буча, каде беше извршено масовно убиство на цивили за што украинските власти ги обвинуваат руските сили. По повлекувањето на руските трупи од локацијата кон крајот на март и откривањето на стотици тела на украински цивили, Буча стана симбол на воени злосторства за кои Украина ја обвинува Русија. „Ова не треба да се случува, ова никогаш не треба да се повтори“, рече француската министерка за надворешни работи. „Франција е на страната на Украинците и заедно со своите пријатели и сојузници ќе направи се за да го врати мирот“, рече Колона. Таа, исто така, го истакна придонесот на Франција во истрагата по наводните воени злосторства, наведувајќи го распоредувањето на француски експерти на лице место што ќе бидат вклучени во истрагата и идентификувањето на телата. „Ние одговоривме први“, рече Колона изразувајќи надеж дека правната постапка во врска со телата ќе биде завршена што е можно поскоро за да можат семејствата да ги погребаат своите најблиски. Колона рече дека само резултатите од истрагата спроведена од украинските власти ќе овозможи утвтрдување на идентитетот на одговорните за злосторствата, врз основа на фактите обезбедени и со помош на француските крим-техничари. Колона е највисокиот француски функционер што ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-na-francija-ja-poseti-bucha/feed/ 0